Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Енергија, економија и животна средина (2026/2027)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: EEE-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран економист - Насока: Eнергија, економија и животна средина
ЕКТС: 240 (4 години)
Решение:

Целта на зелената економија е да воспостави одржлив систем кој ефикасно ги користи природните ресурси и има помало влијание врз животната средина, преку развој на нови, одржливи модели на производство и потрошувачка, за да се обезбеди просперитет и висок квалитет на живот за идните генерации. Растечките закани за одржливоста ги водат владите и деловните субјекти кон истражување на различните елементи на зелената економија, вклучувајќи ги обновливата енергија и зелената технологија. Транзицијата кон зелена економија опфаќа премин кон зелено производство и потрошувачка, намалување на исцрпувањето на природните ресурси и на деградацијата на екосистемите предизвикани од економската активност, како и зголемување на снабдувањето со „чиста“ енергија со ниско ниво на јаглерод, што придонесува кон ублажување на климатските промени.

Енергијата, економијата и животната средина, како комплексен концепт, доаѓаат до израз на сите политички, управувачки и претприемнички нивоа. Ваквиот концепт корелира и со целите на Зелениот договор на Европската Унија, кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. За постигнување на оваа цел предложен е Европски закон за клима, кој правно наложува акции во сите економски сектори:

• Декарбонизација на енергетскиот сектор и обезбедување сигурност;
• Енергетски ефикасно градење нови и реконструкција на постојните згради;
• Иновативна индустрија (мобилизација на индустријата за циркуларна економија);
• Паметен транспорт;
• Чиста и нетоксична животна средина.

Самиот Зелен договор повикува на насоченост и кохерентност на европските политики кон одржливиот развој и т.н. зелено финансирање. Во наши услови, од аспект на ублажување на климатските промени, ова би значело приоретизација на политиките за кои веќе постојат научни проценки дека, покрај економските, имаат и позитивни ефекти врз животната средина или имаат потенцијал за креирање зелени работни места. Преку анализа на политиките и мерките кои водат до понискојаглероден и климатски поотпорен раст, се даваат насоки и за приоретизација на идните финансиски текови од различни извори – буџет, приватни и странски инвестиции итн. Со програмата ќе се едуцираат кадри кои ќе помогнат во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западен Балкан, потпишана во ноември 2020 година како дел од Берлинскиотпроцес.

Со програмата ќе се креираат кадри кои ќе помогнат во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западен Балкан, потпишана во ноември 2020 година како дел од Берлинскиот процес. Преку стратегијата „Европа 2020“ (Europe 2020 Strategy), како и преку пакетот за енергија и клима 2030 и долгорочните цели за климатска неутралност до 2050 година, Европската комисија го одреди правецот на Европската Унија и стави акцент на паметниот, одржлив и инклузивен раст. Севкупната развојна програма во голема мера е заснована на принципите на одржливиот развој, односно на зелената економија, од која се очекува создавање работни места и намалување на сиромаштијата преку одржливо и одговорно управување со природните ресурси. Некои од поставените цели се: зголемување на процентот на обновлива енергија во финалната потрошувачка на енергија за 20%, зголемување на енергетската ефикасност за 20% итн. Според Европската комисија, дополнителните мерки за зголемување на продуктивноста на користените ресурси за 30% до 2030 година би можеле да го поттикнат БДП-то за 1%, при што би се создале 2 милиони дополнителни работни места. Според ова, дипломираните кандидати ќе имаат можности за вработување во енергетскиот, економскиот и еколошкиот сектор, сродни истражувачки институти, јавни органи, како и во компании и организации кои се занимаваат со иновативни активности во енергетиката, економијата и животната средина.

Знаење и разбирање

• Да добијат цврста основа за концептите, теоријата и практиката во енергетиката, економијата и одржливиот развој, како и разбирање на нивното значење и меѓусебна поврзаност;
• Способност за развој и примена на оригинални и креативни идеи за да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот и управувањето во областите на енергетиката, економијата и одржливиот развој;
• Способност за примена на знаењата и демонстрирање напредни вештини и компетенции за: системи за енергетска анализа, технологии за обновливи извори на енергија, напредни чисти технологии, одржливо производство и потрошувачка, управување со енергијата и подобрување на енергетската ефикасност итн.;
• Стекнување на неопходните аналитички и практични вештини за професионално дејствување на полето на локалниот, регионалниот и националниот развој.

Примена на знаењето и разбирањето

Кандидатите ќе развијат способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со изразена оригиналност во нови или непознати средини, дури и без претходно искуство во индустријата. Програмата овозможува вештини за планирање, управување и процена на независни истражувања во областа на енергетиката, економијата и одржливиот развој, вклучувајќи примена на соодветни алатки за тестирање, симулација и имплементација. Се поттикнува креативност и оригиналност во интерпретацијата на научните знаења за решавање сложени проблеми поврзани со целите на управувањето со енергетските и економските системи. Дополнително, студентите ќе го интегрираат разбирањето за пазарот, државата и граѓанското општество, согледувајќи како овие чинители се позиционирани во теоријата и практиката на енергетиката, економијата и одржливиот развој.

Способност за проценка

Кандидатите ќе развијат способност за креативно интегрирање и синтетизирање на знаењата од повеќе области на енергетиката, економијата и животната средина. Ова вклучува вештини за управување со административни процеси и системи преку користење на наменски ИТ-алатки, како и креирање образовни процеси со помош на современи компјутерски техники. Програмата овозможува оспособување за справување со сложени прашања поврзани со специфични енергетски и економски процеси. Дополнително, студентите ќе развијат способност за идентификување соодветни специјализирани случаи и вештина за донесување одлуки дури и кога недостасуваат целосни информации, водејќи се од лични, социјални и етички принципи, како и од одговорноста која произлегува од примената на стекнатите знаења.

Комуникациски вештини

Кандидатите ќе стекнат способност за јасна и недвосмислена размена на заклучоци и предлози, поткрепени со рационални аргументи, во комуникација со стручни лица и со пошироката јавност. П развива подготвеност за преземање значајна одговорност за заедничките резултати, како и вештини за водење и иницирање нови активности. Студентите ќе оспособат за презентирање стручни студии и сознанија преку прилагодување на стилот и формата на изразување соодветно на публиката. Исто така, ќе развијат компетентност за спроведување критички и независни истражувања, евалуација на методологии и предлагање на нови хипотези. Особено значајна е способноста за лидерство во ситуации каде бизнис и информатичките компетенции се од суштинска важност, како и вештината за презентирање резултати и деловни планови пред работни групи и сите засегнати страни.

Вештини на учење

Кандидатите ќе развијат способност за идентификување на сопствените потреби за понатамошно автономно дообразование, како и вештини за негово самостојно спроведување во областа на информациските системи и управувањето со квалитет. Програмата овозможува преземање одговорност за идни истражувања во специјализирани области на современата економија, со фокус на енергетиката и животната средина. Исто така, студентите ќе бидат оспособени самостојно да го водат својот професионален развој и континуирано да се усовршуваат во својата кариера.

Семестар 1

  • [C2639] [6 ЕКТС] Mатематика за бизнис
    Целта на предметот е запознавање со основните и напредните поими од елементарната и линеарната алгебра и нивната примена во бизнисот и економијата, како и со низите, лимесите на низи, бројните редови, примената на геометриските редови и финансиската математика. Студентите ќе се оспособат за користење на методите на линеарната алгебра, низите, бројните редови и финансиската математика. Предметот овозможува разбирање на потребата од примена на математичките методи при решавањето бројни проблеми од областа на бизнисот и економијата. Исто така, целта е студентите да развијат квантитативно-аналитичка способност за понатамошно учество во практични истражувања.
  • [C2645] [6 ЕКТС] Вовед во право за животна средина
    Преку овој предмет студентите ќе ги стекнат најважните знаења од областа на еколошкото право, почнувајќи од националното право до меѓународното. Особено, ќe стекнат знаења за сложената рамка на законските прописи за животната средина и стандардите што треба да се почитуваат во оваа област. Така, еколошкото право се изучува како академска дисциплинa и да се проучуваат перспективи, концептуални теоретски и практични проблеми во спроведувањето на еколошкото право. Целта е да се стекнат знаења од областа на еколошкото право и да ги развијат своите знаења во оваа област.
  • [C2638] [6 ЕКТС] Основи на економија и бизнис
    Примарната цел на предметот е развивање основно разбирање на главните економски концепти и теории што се користат во анализата на економските прашања. Овој предмет е дизајниран да им овозможи на студентите да стекнат знаења за основните принципи и техники во економијата како наука. По завршувањето на предавањата, студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Предметот опфаќа истражување на принципите на микроекономијата и макроекономијата, со фокус на примената на знаењето при донесување одлуки во глобален амбиент. По завршувањето на предметот, студентите треба да се оспособат да го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдуваат влијанието на нивните промени врз цената и количината, да го дефинираат БДП и да ги пресметуваат неговата големина, употреба и ограничувања како мерка за економска благосостојба, да ја дефинираат и пресметуваат инфлацијата, запознавајќи се со нејзините последици и начините за приспособување, како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [C2641] [6 ЕКТС] Принципи на маркетинг
    Преку овој предмет им нуди на студентите ќе добијат преглед на маркетинг функциите , со акцент создавање на вредност преку маркетинг, истражување на пазарот, однесувањето на потрошувачите, стратегии на цените, маркетинг-канали и дистрибуција, и методи на промоција. Студентите ќе можат:  да ја разберат улогата на маркетинг во рамките на општеството и во рамките на економскиот систем;  да ја научат виталната улога на маркетингот во рамките на една фирма и потребните односи помеѓу маркетингот и другите функционални области на бизнисот;  да сметаат на различни области на одлуки во рамките на маркетинг и на алатки и методи кои се користат од страна на маркетинг менаџерите за донесување на одлуки;  да ги научат клучните маркетинг принципи, терминологијата и концептите;  да оценат како маркетиншкиот аспект е важен во нивниот личен и професионален развој.
  • [CBE-203] [6 ЕКТС] Микроекономија
    Основна цел на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните знаења за основните принципи и концепти на микроекономија. Преку овој предмет студентите ќе се подготват за бизнис економија со аналитички инструменти за неопходно анализирање и решавање на релевантните микроекономски прашања. Всушност, економската наука како општествена научна дисциплина го изучува ефикасното алоцирање на ресурсите преку основните и пазарните механизми за да се постигне максимално задоволување на потребите на општеството. Во рамките на микроекономија студентите ќе ги изучуваат основите на пазарните механизми и улогата на пазарот во алокација на ресурсите во економија. Преку понудата и побарувачката и пазарна рамнотежа како базични инструменти во економската анализа, студентите ќе го изучуваат начинот на кој купувачите и продавачите ги остварат своите цели т.е., како се постигнува пазарна ефикасност. Исто така, во предметот микроекономија студентите ќе се стекнат со знаења за пазарните структури и државната регулација и потребата на државата за интервенција на одделни пазари. Како еден од значајните цели на предметот ќе биде студентите да добијат можност да употребуваат соодветни техники за да ги анализираат и применуваат проблемите поврзани со микроекономијата.
  • [C2292] [6 ЕКТС] Калкулус
    Целта на предметот е студентите: - Да стекнат способности за да ги применуваат своите знаења од функциите со реална променлива за решавање на различни проблеми во бизнисот и економијата; - Да применуваат диференцијално пресметување за решавање различни проблеми во бизнисот и економијата; - Да применуваат интегрално пресметување за решавање на различни проблеми во бизнисот и економијата.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 3

  • [EBE-410] [6 ЕКТС] Трговско право
    Студентите треба да поседуваат знаења и вештини за: • Разбирање и толкување на основните концепти на трговското право, вклучувајќи ги договорите и правните односи помеѓу трговските субјекти; • Примена на знаењата од граѓанското право и правото на правните лица во трговски контекст; • Анализа и оценка на правните односи и обврски во трговската дејност и секојдневниот бизнис; • Решавање конкретни правни проблеми поврзани со трговската дејност и владеењето на правото во оваа област.
  • [C2148] [3 ЕКТС] Зелена и одржлива енергија
    Цели на изучувањето на предметот се: Подобрување на разбирањето на студентите за одржливоста на животната средина; Креирање свест кај студентите за општествената одговорност на компаниите; Разбирање на улогата на зелените извори на енергија и технологии во ублажувањето на влијанието на стакленичките гасови како резултат на глобалното затоплување; Студентите ќе бидат подготвени да ги пресметаат перформансите на ниво на системот, вкупната ефикасност, трошоците и процената на влијанието врз животната средина на интегрираните системи за зелена енергија.
  • [CBE-303] [6 ЕКТС] Макроекономија
    Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус, инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната економија; - макроекономијата, кои ќе им овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети.
  • [CBE-201] [6 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Целта на предметот е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството; да ги научат основите на сметководство, концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, целта е студентите да стекнат знаење и разбирање на финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на книжење на сметководствените податоци, општо прифатените сметководствени принципи и слично.
  • [CBE-301] [6 ЕКТС] Статистика
    Преку предметот студентите ќе стекнат разбирање за основите на дескриптивната и инференцијалната статистичка анализа. Целта на предметот е студентите да се оспособат да ги користат основните статистички методи при решавањето на бизнис-проблемите. Со примена на статистичката методологија, студентите успешно ќе ги спознаваат, откријат и објаснуваат законитостите и односите помеѓу економските појави и феномени.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2

Семестар 4

  • [CBE-402] [6 ЕКТС] Финансиско сметководство
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и вештини за процесот на евидентирање, сумирање и известување на деловните трансакции на трговските друштва, во согласност со Законот за сметководство во РСМ и Меѓународните сметководствени стандарди (МСС). Посебен акцент се става на изготвувањето и толкувањето на финансиските извештаи, вклучувајќи: Биланс на состојба и Биланс на успех, Даночен биланс – Данок на добивка и на вкупни приходи, како и други извештаи согласно Законот за водење сметководство во РСМ.
  • [C2642] [3 ЕКТС] Бизнис информациски системи
    Во фокусот на овој предмет е стратешката примена на информациските системи во современите деловни потфати преку детално изучување на основите на информатичката технологија и анализа на клучните прашања поврзани со тоа каде зошто и како вработените во една компанија треба да ги користат компјутерски базираните системи за поддршка на бизнис - стратегиите и оптимизација на основните деловни процеси при што студентите развиваат капацитети за разбирање и вреднување на информатичките системи како алатки за постигнување организациска ефикасност и индивидуална продуктивност која води кон стекнување значајна конкурентска предност на пазарот бидејќи во денешната глобална економија правилната улога на ИТ мора внимателно да се планира во рамките на секое претпријатие со цел да се обликуваат нови производи услуги па дури и цели индустрии имајќи предвид дека технолошките промени претставуваат еден од најмоќните фактори за трансформирање на правилата на конкуренција и директно го детерминираат успехот на секоја организација.
  • [C2632] [6 ЕКТС] Управување со човечки ресурси и организациско однесување
    Овој предмет има за цел студентите да стекнат основни и напредни знаења од областа на менаџментот на човечки ресурси и организациското однесување. Во фокусот на предметот се развој на практични вештини за ефективно управување со луѓе, вклучувајќи мотивација, комуникација и лидерство во организациите. Исто така, целта на предметот е студентите да стекнат способност за анализа и решавање на конкретни организациски ситуации преку примена на современи концепти и теории. По завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да:  Ги објаснат и да ги толкуваат клучните концепти од менаџментот на човечки ресурси и организациското однесување;  Ги анализираат меѓучовечки односи и динамиката на групите во организациите;  Ги применуваат техниките и практиките за управување со вработените, вклучувајќи регрутирање, селекција и евалуација на перформанси;  Ги оценуваат организациските ситуации и да донесуваат одлуки базирани на принципите на ефективен менаџмент.  Развиваат критички и аналитички вештини за решавање проблеми во организациски контекст.
  • [CBE-401] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Студентите ќе се запознаат со сложената проблематика на управување со производството сфатено како процес на планирање и организирање на производството, но и како контрола на функционирањето на производството како систем, за да се остварат целите на производството на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на производствениот менаџмент: производството како систем, планирање на системот на производството, производ- дизајн на производот, производ - квалитет на производот, производ - производствена програма, локација на производството, производствен капацитет, производствена опрема, фабрички згради, планирање на фабричкиот простор, производствени процеси, планирање и следење на производството во време, контрола на залихите, системот на складирање и внатрешен транспорт, одржување на опремата и градежните објекти и обезбедување на производството со енергија, контрола на трошоците и организациска структура на производството.
  • [C2646] [6 ЕКТС] Јавни политики
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите полесно да ја разберат и да ја совладаат јавната политика како нова научна дисциплина и односот со другите општествени науки. Исто така, преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основните принципи на јавната политика, креирање на конкретна политика, нејзината анализа, имплементација и евалуација. Преку практичната настава студентите ќе се запознаваат со различните видови на јавни политики како и со нивните носители или креатори во практиката, така што ќе бидат во можност да се уверат во улогата и значењето на партиципацијата на граѓаните во процесот на одлучување за најважните општествени прашања.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски 2

Семестар 5

  • [C2125] [6 ЕКТС] Стратегиски маркетинг
    Овој предмет има за цел подетално да се обработат клучните теми од стратегијата на маркетингот. Стратегијата на маркетингот се фокусира на управување со клиентите со цел максимизирање на профитот на компанијата. Акцентот на предметот е ставен на стратешкиот пристап во управувањето со процесите на таргетирање, стекнување, задржување и развој на клиентите. Дополнително, предметот го опфаќа управувањето со стратегијата и организацијата со цел создавање и развој на вредни клиенти кои придонесуваат за растот и профитабилноста на компанијата. Во секој модул ќе се анализира студија на случај поврзана со реален проблем на една компанија, со цел студентите да ги применат стекнатите знаења и да предложат соодветни стратегии за дадените ситуации.
  • [EBEE-604] [3 ЕКТС] Економија на животната средина
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со областа на економијата на животната средина. Прво ќе се анализира како пазарите, без интервенција на политиката, не успеваат да ги зафатат надворешните влијанија на животната средина. Ќе се продолжи со анализа на можните регулаторни мерки и инструментите на политиките што се на располагање за да се поправат ваквите неуспеси на пазарот, што може да биде социјално оптимално ниво на загадување. Потоа, ќе се воведат разни техники за процена на животната средина кои помагаат во идентификување на трошоците и придобивките од контролирање на надворешните влијанија на животната средина.
  • [C2151] [3 ЕКТС] Чисти технологии, одржливо производство и потрошувачка
    Целта на програмата е студентите да генерираат знаења за значењето на терминот „климатски технологии“, јаглероден отпечаток, што е тоа одржлив производ, како да се постигне одржливо производство, кои се алатките да се пресмета одржливоста итн. Во моментот, најголемите инвестиции на светско ниво се во следните три технолошки области: инфoрматички технологии, биотехнологии и климатски или чисти технологии. Генерално, климатските технологии се развиваат во две насоки: • Климатски технологии за ублажување или митигација (Clean Tech); • Климатски технологии за прилагодување или адаптација (Climate Tech). Климатските чисти технологии (Clean Tech) (чиста енергија, ефикасност, складирање на енергија, транспорт, чиста индустрија, воздух и животна средина, вода и земјоделство) претставуваат различни производи, услуги и процеси, кои што имаат за цел да го намалат или елиминираат негативното влијание врз животната средина и да ја подобрат одговорната употреба на природните ресурси.
  • [CBM-502] [6 ЕКТС] Финансии на корпорации
    Преку овој предмет се дава вовед во основите на финансиите, нагласувајќи ја нивната примена во широк спектар на реални ситуации кои опфаќаат лични финансии, корпоративно одлучување и финансиско посредување. Клучните концепти и апликации вклучуваат: временска вредност на парите, размена на ризик-поврат, цена на капитал, каматни стапки, заштеди во пензија, финансирање на хипотека, буџетирање на капитал, проценка на средства, анализа на дисконтиран проток на готовина (DCF- discounted cash flow analysis), нето сегашна вредност, внатрешна стапка на поврат, период на отплата, итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проекти
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
    • [E2997] Економија на здравиот разум
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици

Семестар 6

  • [CBEF-602] [6 ЕКТС] Јавни финансии
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат знаења за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како потсистем на еден економски систем на земјата. - Да стекнат знаење за јавните добра и расходните екстерналии, распределбата на општествените приходи, алокација и ре-алокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Северна Република Македонија, нивните трендови и предизвици, фискалната децентрализација итн. - Да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво. - Да го разберат функционирањето на еден фискален систем, од аспект на различните фискални теории со кои ќе можат да извршат компаративна разлика и да ги најдат заедничките точки на функционирање на овие системи во различните земји. - Да се запознаат со главните индикатори на фискалната политика во РСМ, со креирањето на реална база на податоци во поглед на долгорочните фискални трендови на РСМ, поттикнувајќи ги студентите да работат независни семинарски работи и есеи од областа на фискалната политика.
  • [C2634] [3 ЕКТС] Енергија, економија и екологија
    Цели на предметот се студентите: • Да добијат цврста основа во економијата, со посебен акцент на одржливиот развој и поврзаноста меѓу енергијата и животната средина. • Да се оспособат критички да ги анализираат односите помеѓу економскиот раст, енергетскиот сектор и еколошката одржливост. • Да ги развијат вештините за оценување на ефикасноста, перформансите и влијанијата врз животната средина на енергетските системи.
  • [C2153] [3 ЕКТС] Меѓународно право за животната средина
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат најважните знаења за меѓународното еколошко право. Особено, ќе стекнат знаења во врска со меѓународната рамка на еколошките законски регулативи и правните стандарди кои мора да се почитуваат во оваа област. Така, законот за животна средина ќе се изучува како академска дисциплина и перспективи или пристапи, потоа се изучуваат идејните и теоретските проблеми како што се: Поимот, целите и содржината на меѓународното право за животна средина; Извори на правото за животна средина; Улогата на меѓународните организации во оваа област; Меѓународни стандарди за законот за животна средина, итн. Целта е да се здобијат со напредно знаење за законот за животна средина и да им се помогне на студентите да го развијат своето знаење во оваа област. Истражувачкиот труд е задолжителен дел од академската имплементација на овој предмет.
  • [C2150] [6 ЕКТС] Географски информациски системи (GIS)
    Географските информациски системи (ГИС) се алатки за управување, опишување, анализа и презентирање на информации за односите помеѓу карактеристиките (локација, големина и форма). Бидејќи овие техники дозволуваат претставување на социјалните и еколошките податоци како мапа, ГИС стана важна алатка во различни области, вклучувајќи планирање, архитектура, инженерство, јавно здравство, наука за животна средина, епидемиологија и бизнис. Исто така, ГИС стана важен политички инструмент што им овозможува на заедниците и регионите графички да ги раскажуваат своите приказни. Предметот има за цел студентите да се запознаат со оваа моќна алатка и неговата примена на многу полиња за истражување.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проекти
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
    • [E2997] Економија на здравиот разум
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици

Семестар 7

  • [C2647] [6 ЕКТС] Животната средина и климатски промени
    Цели на предметот: • Студентите сеопфатно да ги разберат еколошките предизвици, климатските промени и одржливиот развој. • Да се објаснат физичките, хемиските и биолошките ризици поврзани со природните катастрофи. • Студентите да се запознаат со глобалните и регионалните политики и рамки поврзани со климатските промени. • Да се претстават алатки и методи (на пр., нумеричко моделирање и проценка на ризик) кои се користат во индустријата и владините институции за донесување одлуки. • Да развијат критичко размислување за оценување на сложените компромиси при ублажување на ризиците и спроведување на одржливи политики. • Да поттикнат практична примена на теоретските концепти преку студии на случај, теренска работа и истражувачки проекти.
  • [C2139] [3 ЕКТС] Даноци и одлучување
    Преку предметот се истакнува пристапот на донесување одлуки, се воведуваат сите даночни теми и се опфатени основните оданочувања на сите оданочени лица: физички лица, корпорации, партнерства и фидуцијарни субјекти, нагласувајќи рамнотежа помеѓу концептите и деталите. Во предметот се содржани доволно технички детали за да можат студентите да стекнат основа за идна пракса во оданочувањето и консултантски услуги, додека не го оптоварува студентот со детали што ретко се среќаваат.
  • [C2155] [3 ЕКТС] Економија на одржлив развој
    Целта на овој предмет е студентите да добијат разбирање за примената на економската анализа на клучните теми во одржливоста на животната средина и економскиот развој и да ги научат алатките потребни за анализа и критичко дискутирање на размените помеѓу економскиот раст, социјалната правичност и одржливоста на животната средина. Во рамки на предметот сепроценува врската помеѓу макроекономските политики, сиромаштијата и животната средина; теоријата и мерењата на одржливоста над БДП; поврзаноста население-сиромаштија- животната средина; ефектите од меѓународната трговија и економската глобализација врз животната средина и развојот; улогата на меѓународните договори за животна средина; и политиките за зелена економија и за климатски промени. Генерално, овој модул ќе им понуди на студентите заинтересирани за економија на животната средина и / или развојна економија сеопфатен вовед во овие области.
  • [CBEE-603] [6 ЕКТС] Економетрија
    Целта на предметот Економетрија е студентите да стекнат знаења и вештини за примена на статистички и математички методи во анализа на економски податоци. Предметот развива компетенции за конструирање и интерпретација на економетриски модели, тестирање на хипотези и изработка на прогнози. Резултати од учењето: Студентите ќе ги разберат теоретските основи на економетријата и нејзината врска со економијата. Ќе можат да конструираат и интерпретираат модели на линеарна регресија. Ќе стекнат практични вештини за користење на статистички софтвер во економетриска анализа. Ќе бидат способни да применат економетриски методи за анализа и донесување одлуки во економија и финансии.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици

Семестар 8

  • [C2142] [6 ЕКТС] Претприемништво
    Цели на програмата:  Да ги разберат концептите и принципите на претприемништвото.  Да развијат вештини за идентификување на бизнис можности и ризици.  Да применуваат методи за управување и иновации во претприемништвото.  Да го зајакнат креативното и аналитичкото размислување при решавање на проблеми. Резултати од учењето:  Студентите ќе можат да создадат бизнис-идеја и акционен план.  Студентите ќе идентификуваат пазарни можности и ќе анализираат ризик.  Студентите ќе користат алатки за управување во своите претприемачки проекти.  Студентите ќе покажат креативност и иновативни решенија на проблемите.
  • [E2643] [6 ЕКТС] Интегрирани маркетинг комуникации
    Цели на програмата се студентите: ● Да ги разберат основните принципи на интегрираната маркетинг комуникација и нејзиното значење во градење на бренд. ● Да развијат вештини за планирање, координација и имплементација на стратегии за комуникација. ● Да ја анализираат и евалуираат ефективноста на различни канали за комуникација (рекламирање, односи со јавноста, дигитални медиуми, итн.) ● Да поттикнат тимска работа во развој на ИМК кампањи.
  • [C2648] [6 ЕКТС] Урбанистичко планирање
    Целта на предметот е студентите да стекнат основни знаења од областа на урбанизмот; да се запознаат со особеностите на градот, неговиот развој и трансформацијата од почетокот до денес (прединдустриски, индустриски и постиндустриски град); да се запознаат со елементите што го сочинуваат градот, ситуациите и контекстот на градот; да развијат перцепција за просторите во градот. Цел на предметот е и студентите да се запознаат со методите и техниките на урбанистичка анализа и урбанизмот и да стекнат основни знаења за урбанистичкото планирање.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [E2601] Наука за животната средина
    • [E3092] Бихевиористичка економија
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [E2998] Меѓународен бизнис
    • [E2999] Управување со производ
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2588] Аналитика на финансиски податоци
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
    • [E3000] Менаџмент на ризици
Google+