Целта на студиската програма од втор циклус по Криминалистика и безбедност е да ги подготви студентите за успешна кариера во полицијата, правосудните институции, органите на државната управа, како и за академска и истражувачка работа во областа на криминалистиката и безбедносните науки.
Преку внимателно дизајнирани предмети, студентите ќе стекнат продлабочени теоретски знаења и стручни вештини за решавање на комплексни безбедносни предизвици. Тие ќе развијат темелно разбирање за функционирањето на правосудниот систем и агенциите за спроведување на законот, како и експертиза во областа на форензичката наука.
Особено значаен дел од програмата претставува практичната обука, која се реализира во современо опремената Форензичка лабораторија при Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа. Таму студентите активно учествуваат во практични активности како испитување на биолошки траги, рапидно тестирање на дрога, симулација на увид на местото на настан, дактилоскопија и примена на различни форензички техники.
Овие активности им овозможуваат на студентите да развијат напредни вештини во форензичката анализа и истражните процеси, со што се подготвуваат за нивната идна професионална улога во справувањето со криминалот и унапредувањето на безбедноста и правдата во општеството.
Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено договори за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на националната и меѓународната безбедност, со посебен акцент на професиите во органите на безбедносниот систем во земјава.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност;
- Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста;
- Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста;
- Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста;
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Способност за проценка
- Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
- Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
- Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба;
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во нивната професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при обука на лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[MCSS1011]
[6 ЕКТС]
Kриминалистика
Целта на предметот е студентите да:
• Стекнат напредни знаења за концептите, методите и техниките на криминалистиката кои се користат во кривични истраги.
• Развијат практични и аналитички вештини за собирање, зачувување, анализа и интерпретација на материјални докази.
• Се оспособат за примена на научни методи при документирање и реконструкција на местото на настанот.
• Усвојат професионална етика и законски норми во криминалистичката работа.
• Бидат подготвени за индивидуална и тимска работа, применувајќи критичко размислување и интердисциплинарен пристап при решавање на форензички случаи.
-
[MCSS2030]
[6 ЕКТС]
Полициско право
Целите на предметот се подготовка и оспособување на студентите, како идни полициски службеници, да поседуваат основни знаења за прашањата поврзани со полицијата воопшто, а особено за овластувањата и ограничувањата што ги имаат при извршувањето на своите надлежности во конкретното поле на делување. На ова прашање ќе му се посвети особено внимание, бидејќи практиката покажала дека, не ретко, токму поради недоволното познавање на оваа област, полициските службеници биле осудувани и изведувани пред суд, при што се соочувале и со последици од дисциплинска или кривична природа.
-
[CM157]
[6 ЕКТС]
Применето кривично право
Кривичното право, како гранка на позитивното право, претставува систем на норми со кои одредени човекови однесувања се прогласуваат за казнени дела, за тие дела се пропишуваат казни и други присилни санкции од страна на државата и се утврдуваат условите и начините за нивна примена. Целта на предметот е студентите да се запознаат со казнено- правните институти и норми, како и со принципите врз кои се темели кривичното право.
-
[MCCR3020]
[6 ЕКТС]
Организиран криминал
Целта на предметот „Организиран криминал“ е студентите да стекнат напредни знаења и аналитички вештини за професионално разбирање и справување со феноменот на организираниот криминал, како на национално, така и на меѓународно ниво. Предметот има за цел развој на компетенции за структурна анализа на криминалните групи, препознавање на нивните активности, како и евалуација на институционалните и правните механизми за превенција и санкционирање.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[CM159] Малолетничка деликвенција
По успешно завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да:
1. Го објаснат историскиот развој и основните начела на кривичната правда за деца, преку анализа на релевантното национално и меѓународно законодавство;
2. Идентификуваат и категоризираат деца согласно одредбите од Законот за правда за децата во Република Северна Македонија;
3. Ја анализираат феноменологијата и етиологијата на детското престапништво, преку поврзување на индивидуалните, социјалните и културните фактори;
4. Применуваат знаења за кривичните санкции и воспитните мерки за деца, во согласност со важечката регулатива;
5. Ги оценуваат превентивните мерки и кривичната постапка против деца, со цел заштита на нивниот најдобар интерес;
6. Ги објаснат начелата на ресторативната правда и нејзината примена во системот на правда за деца;
7. Интерпретираат меѓународни инструменти за правда за деца, со посебен фокус на Конвенцијата на ОН за правата на детето и други релевантни документи.
-
[MCCR3050] Судска медицина
Целта на овој предмет е студентите да се информираат за улогата на судската медицина во расветлувањето и докажувањето на различните криминални ситуации како и за поврзаноста на овој предмет со криминалистиката, улогата на судскиот лекар во текот на увид на местото на настанот, обдукција и сл.
-
[EMSS3030] Компјутерски криминалитет
Предметот има за цел студентите да стекнат практични и теоретски знаења за идентификација, анализа и превенција на кривични дела извршени преку информациска технологија. Фокусот е на разбирање на сајбер - криминалот, примена на истражни алатки, спроведување на релевантна легислатива и институционална соработка за заштита од дигитални закани.
-
[EMCL1011] Семејно насилство
Целта на предметот „Семејно насилство“ е студентите да стекнат напредни и интердисциплинарни знаења за разбирање, анализа и справување со феноменот на семејното насилство од правен, криминолошки, виктимолошки и институционален аспект. Предметот има за цел студентите да развијат аналитички и практични вештини за препознавање на формите на семејно насилство, анализа на причините и последиците, како и проценка на ефикасноста на законските и заштитните мерки за жртвите.
-
[EM515] Еколошки криминалитет
Целта на предметот е студентите да стекнат напредни знаења за формите и последиците од кривичните дела што ја оштетуваат животната средина; да развијат способност за идентификување, анализа и оценка на криминалните ризици кон средината; да ја разберат националната и меѓународната правна рамка за заштита на животната средина; како и да поттикнат критички и практичен пристап во истрагата, кривичниот прогон и превенцијата на еколошкиот криминалитет.
-
[EM156] Сообраќајна криминалистика
Предметот има за цел развивање на теоретски и практични знаења за истражување на кривични дела во сообраќајот, оспособување за анализа на местото на настанот, примена на техничко-тактички криминалистички методи, проценка на кривичната и административната одговорност, како и поттикнување на професионалната етика и критичкото размислување во истражните.
-
[MCCR3040] Споредбено кривично право
Предметот има за цел студентите да се запознаат со карактеристиките, сличностите и разликите во начинот на уредувањето на кривичното право во различити држави. Во рамките на предметот се разгледуваат основните прашања на кривичното право, како што се: основните институти, принципите, субјектите за преземање на процесните дејствија, докажувањето и доказните средства, мерките за обезбедување присуство на лица и предмети, како и особеностите на фазите низ кои минува постапката – нејзиното поведување, текот и завршувањето како и системот на уредување на правните лекови.
По завршувањето на овој предмет студентите се стекнуваат со знаења за другите правни системи од различни држави.
-
[MCCR2030] Меѓународно кривично право
Цели на предметот:
● Да им обезбеди на студентите солидно разбирање на потеклото, развојот и основните принципи на меѓународното казнено право во рамките на меѓународното јавно право.
● Да ја зајакне способноста на студентите за анализа и оценка на правни текстови, судски одлуки и правна аргументација на меѓународните и хибридните казнени трибунали.
● Да ги развие истражувачките, писмените и аналитичките вештини на студентите поврзани со меѓународните кривични постапки.
● Да ги унапреди нивните способности за формулирање и презентација на аргументирани правни ставови во писмена и во усна форма.
● Да поттикне интердисциплинарен и компаративен пристап во справувањето со современите правни, политички и етички предизвици поврзани со меѓународната казнена одговорност.
-
[MCSS3040] Етика во криминалистика
Целта на предметот „Етика во криминалистика“ е студентите:
• Да ги разберат и анализираат основните концепти на професионалната етика во контекст на криминалистичките активности;
• Да развијат вештини за етичка проценка на истражни ситуации и идентификација на морални дилеми;
• Да се оспособат за почитување на интегритетот, правичноста, објективноста и човековите права во истражните постапки;
• Да бидат свесни за улогата на етиката во градењето доверба кај јавноста кон истражните институции;
• Да покажуваат етичка независност и критичко размислување во професионални предизвици.
-
[MCCR2010] Пенологија
Предметот има за цел да им овозможи на студентите продлабочено теоретско и практично разбирање на системот на извршување на кривичните санкции и на современите пристапи во третманот и ресоцијализацијата на осудените лица.
По успешно совладување на предметот, студентите ќе бидат оспособени да:
– Ги анализираат целите и функциите на казнувањето во современите казнено-правни системи;
– Го разберат функционирањето на установите за извршување на санкции (затвори, воспитно-поправни домови, пробациски служби и сл.);
– Ги проценуваат различните модели на третман на осудени лица и нивната ефикасност во процесот на ресоцијализација;
– Ги применуваат меѓународните стандарди и принципи за заштита на човековите права на лица лишени од слобода;
– Ги анализираат ризиците од рецидивизам и улогата на пенолошките мерки во неговото намалување;
– Развиваат критички пристап кон казнената политика и реформите во системот на извршување на санкции;
– Поврзуваат теоретски знаења со практични ситуации преку анализа на случаи и институционални практики.
Семестар 2
-
[CM158]
[6 ЕКТС]
Кривично процесно право (применета програма)
Казненото-процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредуваат положбата и овластувањата на процесните странки и на другите субјекти што учествуваат во кривичната постапка, како и видот, формата и условите за преземање на процесните дејствија. Предмет на изучување на оваа научна дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки. Студентите ќе стекнат подлабоко разбирање за начелата на кривичната постапка и ќе решаваат практични примери и задачи, ќе изведуваат вежби, ќе подготвуваат конкретни акти и ќе симулираат случаи.
-
[MCSS2031]
[6 ЕКТС]
Криминалистички техники и тактики
Предметот има за цел студентите:
• Да ги разберат и критички да ги анализираат криминалистичките техники и тактики кои се применуваат во кривичните истраги;
• Да стекнат вештини за собирање, обезбедување и документирање на докази на структуриран и стандарден начин;
• Да применуваат оперативни мерки и тактички дејствија за расветлување на кривични дела;
• Да покажуваат професионално однесување и етика при соработка со вклучени страни во истрагата;
• Да бидат способни за индивидуална и тимска работа во симулирани или реални криминалистички ситуации.
-
[CM298]
[6 ЕКТС]
Криминалистичка методика
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со криминалистичките дејствија што се преземаат за откривање, разјаснување и докажување на кривични дела од различен карактер. Секое кривично дело се одликува со специфични карактеристики, па затоа криминалистичката методика нуди специјализирани пристапи кои овозможуваат ефикасно и диференцирано третирање на истите.
-
[EM511]
[6 ЕКТС]
Криминална политика
Општата цел на предметот „Кривична политика“ е студентите да стекнат напредни теоретски и практични знаења за концептите, стратегиите и механизмите на кривичната политика во демократско општество. Предметот има за цел студентите да развијат компетенции за критичка анализа на казнените мерки, алтернативите на казнување, ефективноста на санкциите и превентивните политики. Студентите ќе бидат способни да ги оценуваат законодавните и институционалните пристапи кон криминалитетот во социјално-правен контекст.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[CM159] Малолетничка деликвенција
По успешно завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да:
1. Го објаснат историскиот развој и основните начела на кривичната правда за деца, преку анализа на релевантното национално и меѓународно законодавство;
2. Идентификуваат и категоризираат деца согласно одредбите од Законот за правда за децата во Република Северна Македонија;
3. Ја анализираат феноменологијата и етиологијата на детското престапништво, преку поврзување на индивидуалните, социјалните и културните фактори;
4. Применуваат знаења за кривичните санкции и воспитните мерки за деца, во согласност со важечката регулатива;
5. Ги оценуваат превентивните мерки и кривичната постапка против деца, со цел заштита на нивниот најдобар интерес;
6. Ги објаснат начелата на ресторативната правда и нејзината примена во системот на правда за деца;
7. Интерпретираат меѓународни инструменти за правда за деца, со посебен фокус на Конвенцијата на ОН за правата на детето и други релевантни документи.
-
[MCCR3050] Судска медицина
Целта на овој предмет е студентите да се информираат за улогата на судската медицина во расветлувањето и докажувањето на различните криминални ситуации како и за поврзаноста на овој предмет со криминалистиката, улогата на судскиот лекар во текот на увид на местото на настанот, обдукција и сл.
-
[EMSS3030] Компјутерски криминалитет
Предметот има за цел студентите да стекнат практични и теоретски знаења за идентификација, анализа и превенција на кривични дела извршени преку информациска технологија. Фокусот е на разбирање на сајбер - криминалот, примена на истражни алатки, спроведување на релевантна легислатива и институционална соработка за заштита од дигитални закани.
-
[EMCL1011] Семејно насилство
Целта на предметот „Семејно насилство“ е студентите да стекнат напредни и интердисциплинарни знаења за разбирање, анализа и справување со феноменот на семејното насилство од правен, криминолошки, виктимолошки и институционален аспект. Предметот има за цел студентите да развијат аналитички и практични вештини за препознавање на формите на семејно насилство, анализа на причините и последиците, како и проценка на ефикасноста на законските и заштитните мерки за жртвите.
-
[EM515] Еколошки криминалитет
Целта на предметот е студентите да стекнат напредни знаења за формите и последиците од кривичните дела што ја оштетуваат животната средина; да развијат способност за идентификување, анализа и оценка на криминалните ризици кон средината; да ја разберат националната и меѓународната правна рамка за заштита на животната средина; како и да поттикнат критички и практичен пристап во истрагата, кривичниот прогон и превенцијата на еколошкиот криминалитет.
-
[EM156] Сообраќајна криминалистика
Предметот има за цел развивање на теоретски и практични знаења за истражување на кривични дела во сообраќајот, оспособување за анализа на местото на настанот, примена на техничко-тактички криминалистички методи, проценка на кривичната и административната одговорност, како и поттикнување на професионалната етика и критичкото размислување во истражните.
-
[MCCR3040] Споредбено кривично право
Предметот има за цел студентите да се запознаат со карактеристиките, сличностите и разликите во начинот на уредувањето на кривичното право во различити држави. Во рамките на предметот се разгледуваат основните прашања на кривичното право, како што се: основните институти, принципите, субјектите за преземање на процесните дејствија, докажувањето и доказните средства, мерките за обезбедување присуство на лица и предмети, како и особеностите на фазите низ кои минува постапката – нејзиното поведување, текот и завршувањето како и системот на уредување на правните лекови.
По завршувањето на овој предмет студентите се стекнуваат со знаења за другите правни системи од различни држави.
-
[MCCR2030] Меѓународно кривично право
Цели на предметот:
● Да им обезбеди на студентите солидно разбирање на потеклото, развојот и основните принципи на меѓународното казнено право во рамките на меѓународното јавно право.
● Да ја зајакне способноста на студентите за анализа и оценка на правни текстови, судски одлуки и правна аргументација на меѓународните и хибридните казнени трибунали.
● Да ги развие истражувачките, писмените и аналитичките вештини на студентите поврзани со меѓународните кривични постапки.
● Да ги унапреди нивните способности за формулирање и презентација на аргументирани правни ставови во писмена и во усна форма.
● Да поттикне интердисциплинарен и компаративен пристап во справувањето со современите правни, политички и етички предизвици поврзани со меѓународната казнена одговорност.
-
[MCSS3040] Етика во криминалистика
Целта на предметот „Етика во криминалистика“ е студентите:
• Да ги разберат и анализираат основните концепти на професионалната етика во контекст на криминалистичките активности;
• Да развијат вештини за етичка проценка на истражни ситуации и идентификација на морални дилеми;
• Да се оспособат за почитување на интегритетот, правичноста, објективноста и човековите права во истражните постапки;
• Да бидат свесни за улогата на етиката во градењето доверба кај јавноста кон истражните институции;
• Да покажуваат етичка независност и критичко размислување во професионални предизвици.
-
[MCCR2010] Пенологија
Предметот има за цел да им овозможи на студентите продлабочено теоретско и практично разбирање на системот на извршување на кривичните санкции и на современите пристапи во третманот и ресоцијализацијата на осудените лица.
По успешно совладување на предметот, студентите ќе бидат оспособени да:
– Ги анализираат целите и функциите на казнувањето во современите казнено-правни системи;
– Го разберат функционирањето на установите за извршување на санкции (затвори, воспитно-поправни домови, пробациски служби и сл.);
– Ги проценуваат различните модели на третман на осудени лица и нивната ефикасност во процесот на ресоцијализација;
– Ги применуваат меѓународните стандарди и принципи за заштита на човековите права на лица лишени од слобода;
– Ги анализираат ризиците од рецидивизам и улогата на пенолошките мерки во неговото намалување;
– Развиваат критички пристап кон казнената политика и реформите во системот на извршување на санкции;
– Поврзуваат теоретски знаења со практични ситуации преку анализа на случаи и институционални практики.
Семестар 3
-
[EM513]
[6 ЕКТС]
Економски криминалитет
Целта на предметот е студентите да се запознаат со економскиот криминалитет од криминолошки и криминолошки аспект. Стекнувањето на ова знаење ќе им послужи на студентите да имаат солиден преглед на овој вид криминалитет, неговото влијание врз економско-политичката стабилност, благосостојбата на општеството, факторите кои влијаат на овој вид криминал, формите на настанување, начинот на неговото извршување, карактеристиките на сторителите, методите за спречување и борбата против овој вид криминал и сл.
-
[MCCR3010]
[6 ЕКТС]
Виктимологија
По успешно завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да:
1. Покажат напредно разбирање за историскиот развој, основните поими и научната област на виктимологијата како посебна дисциплина во рамките на кривично-правните науки.
2. Ја анализираат правната и социјалната положба на жртвите на кривични дела, вклучително и нивните потреби, права и пристап до надомест, како и нивната улога во кривичната постапка.
3. Критички се вклучат во современите виктимолошки прашања и дебати, идентификувајќи ги клучните предизвици со кои се соочуваат жртвите во современите системи на правда.
4. Ги применат виктимолошките теории и концепти во анализа и решавање на хипотетички и реални случаи поврзани со жртвите на кривични дела.
5. Ја користат стручната виктимолошка терминологија ефикасно во академски дискусии, пишани анализи и професионални дијалози.
6. Развијат напредни истражувачки вештини преку идентификација, проценка и примена на примарни извори и научна литература од областа на виктимологијата.
-
[MCCR1040]
[6 ЕКТС]
Криминологија
Целта на предметот е студентите да стекнат продлабочено знаење за природата, причините и формите на криминалитетот преку теоретски, емпириски и интердисциплинарен пристап. Студентите ќе стекнат вештини за анализа на социо-психолошки и структурни фактори на криминално однесување, како и критичка проценка на казнените политики и улогата на правосудниот систем.
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе можат:
Ги применат главните правни методи и другите методи на истражување.
Критички и креативно да истражуваат материјали што се релевантни и селективно цитирани од авторите во нивните одговори.
Да го разбњерат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научно истражување и да бидат способни да ги критикуваат.
Да го изучуваат односот помеѓу правната теорија и истражувачката пракса.
Да ги применат вештините и знаењата што ги стекнале преку нивните тези.
Да го избегнат плагијаризмот.
Да имаат напредно познавање на методите на истражување во правните науки, како и на стандардите за цитирање.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[CM159] Малолетничка деликвенција
По успешно завршување на предметот, студентите ќе бидат способни да:
1. Го објаснат историскиот развој и основните начела на кривичната правда за деца, преку анализа на релевантното национално и меѓународно законодавство;
2. Идентификуваат и категоризираат деца согласно одредбите од Законот за правда за децата во Република Северна Македонија;
3. Ја анализираат феноменологијата и етиологијата на детското престапништво, преку поврзување на индивидуалните, социјалните и културните фактори;
4. Применуваат знаења за кривичните санкции и воспитните мерки за деца, во согласност со важечката регулатива;
5. Ги оценуваат превентивните мерки и кривичната постапка против деца, со цел заштита на нивниот најдобар интерес;
6. Ги објаснат начелата на ресторативната правда и нејзината примена во системот на правда за деца;
7. Интерпретираат меѓународни инструменти за правда за деца, со посебен фокус на Конвенцијата на ОН за правата на детето и други релевантни документи.
-
[MCCR3050] Судска медицина
Целта на овој предмет е студентите да се информираат за улогата на судската медицина во расветлувањето и докажувањето на различните криминални ситуации како и за поврзаноста на овој предмет со криминалистиката, улогата на судскиот лекар во текот на увид на местото на настанот, обдукција и сл.
-
[EMSS3030] Компјутерски криминалитет
Предметот има за цел студентите да стекнат практични и теоретски знаења за идентификација, анализа и превенција на кривични дела извршени преку информациска технологија. Фокусот е на разбирање на сајбер - криминалот, примена на истражни алатки, спроведување на релевантна легислатива и институционална соработка за заштита од дигитални закани.
-
[EMCL1011] Семејно насилство
Целта на предметот „Семејно насилство“ е студентите да стекнат напредни и интердисциплинарни знаења за разбирање, анализа и справување со феноменот на семејното насилство од правен, криминолошки, виктимолошки и институционален аспект. Предметот има за цел студентите да развијат аналитички и практични вештини за препознавање на формите на семејно насилство, анализа на причините и последиците, како и проценка на ефикасноста на законските и заштитните мерки за жртвите.
-
[EM515] Еколошки криминалитет
Целта на предметот е студентите да стекнат напредни знаења за формите и последиците од кривичните дела што ја оштетуваат животната средина; да развијат способност за идентификување, анализа и оценка на криминалните ризици кон средината; да ја разберат националната и меѓународната правна рамка за заштита на животната средина; како и да поттикнат критички и практичен пристап во истрагата, кривичниот прогон и превенцијата на еколошкиот криминалитет.
-
[EM156] Сообраќајна криминалистика
Предметот има за цел развивање на теоретски и практични знаења за истражување на кривични дела во сообраќајот, оспособување за анализа на местото на настанот, примена на техничко-тактички криминалистички методи, проценка на кривичната и административната одговорност, како и поттикнување на професионалната етика и критичкото размислување во истражните.
-
[MCCR3040] Споредбено кривично право
Предметот има за цел студентите да се запознаат со карактеристиките, сличностите и разликите во начинот на уредувањето на кривичното право во различити држави. Во рамките на предметот се разгледуваат основните прашања на кривичното право, како што се: основните институти, принципите, субјектите за преземање на процесните дејствија, докажувањето и доказните средства, мерките за обезбедување присуство на лица и предмети, како и особеностите на фазите низ кои минува постапката – нејзиното поведување, текот и завршувањето како и системот на уредување на правните лекови.
По завршувањето на овој предмет студентите се стекнуваат со знаења за другите правни системи од различни држави.
-
[MCCR2030] Меѓународно кривично право
Цели на предметот:
● Да им обезбеди на студентите солидно разбирање на потеклото, развојот и основните принципи на меѓународното казнено право во рамките на меѓународното јавно право.
● Да ја зајакне способноста на студентите за анализа и оценка на правни текстови, судски одлуки и правна аргументација на меѓународните и хибридните казнени трибунали.
● Да ги развие истражувачките, писмените и аналитичките вештини на студентите поврзани со меѓународните кривични постапки.
● Да ги унапреди нивните способности за формулирање и презентација на аргументирани правни ставови во писмена и во усна форма.
● Да поттикне интердисциплинарен и компаративен пристап во справувањето со современите правни, политички и етички предизвици поврзани со меѓународната казнена одговорност.
-
[MCSS3040] Етика во криминалистика
Целта на предметот „Етика во криминалистика“ е студентите:
• Да ги разберат и анализираат основните концепти на професионалната етика во контекст на криминалистичките активности;
• Да развијат вештини за етичка проценка на истражни ситуации и идентификација на морални дилеми;
• Да се оспособат за почитување на интегритетот, правичноста, објективноста и човековите права во истражните постапки;
• Да бидат свесни за улогата на етиката во градењето доверба кај јавноста кон истражните институции;
• Да покажуваат етичка независност и критичко размислување во професионални предизвици.
-
[MCCR2010] Пенологија
Предметот има за цел да им овозможи на студентите продлабочено теоретско и практично разбирање на системот на извршување на кривичните санкции и на современите пристапи во третманот и ресоцијализацијата на осудените лица.
По успешно совладување на предметот, студентите ќе бидат оспособени да:
– Ги анализираат целите и функциите на казнувањето во современите казнено-правни системи;
– Го разберат функционирањето на установите за извршување на санкции (затвори, воспитно-поправни домови, пробациски служби и сл.);
– Ги проценуваат различните модели на третман на осудени лица и нивната ефикасност во процесот на ресоцијализација;
– Ги применуваат меѓународните стандарди и принципи за заштита на човековите права на лица лишени од слобода;
– Ги анализираат ризиците од рецидивизам и улогата на пенолошките мерки во неговото намалување;
– Развиваат критички пристап кон казнената политика и реформите во системот на извршување на санкции;
– Поврзуваат теоретски знаења со практични ситуации преку анализа на случаи и институционални практики.
Семестар 4
-
[MCCR4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Целите на магистерскиот труд се:
• Развивање на истражувачки вештини: Покажува дека студентот може да формулира истражувачки проблем, да дизајнира методологија, да собира и анализира податоци, како и да ги интерпретира резултатите.
• Придонес кон знаењето: Треба да обезбеди нови сознанија, наоди или подлабоко разбирање на одредена тема во соодветната област.
• Примена на теоретско знаење: Ги поврзува академските теории и концепти изучени во текот на студиите со реални или теоретски истражувачки проблеми.
• Покажување критичко размислување: Студентот треба критички да ја оценува литературата, методите и наодите, а не само да ги опишува.
• Подготовка за професионална или академска кариера: Развива компетенции корисни за понатамошни истражувања (докторски студии) или напредна професионална пракса.
Накратко, магистерскиот труд е истовремено процес на учење и научен продукт што ја докажува подготвеноста на студентот за самостојна работа на напредно академско ниво.
Понатаму, активноста има за цел да ги подобри истражувачките техники и стилот на пишување на магистерскиот труд, при што строго се почитуваат принципите на академски интегритет и се избегнува користење на неовластени средства, како што се плагијат и повреда на авторски права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.