Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Упрaвување и менаџмент во јавниот сектор (2026/2027)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: GMPS60
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер на науки по упрaвување и менаџмент во јавниот сектор
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма „Управување и менаџмент во јавниот сектор“ има за цел да обезбеди високообразовни квалификации преку мултидисциплинарен пристап што ги интегрира јавната администрација, јавните политики, управувањето, правото и социоекономските науки. Преку современа наставна програма која ги поврзува теоретските знаења со практичните вештини, програмата подготвува кадри способни да се справат со комплексноста на управувањето во јавниот сектор, како и со современите предизвици поврзани со дигитализацијата, отчетноста, транспарентноста и доброто владеење.

Студентите се оспособуваат да ги разбираат и анализираат клучните принципи на јавниот менаџмент, административните процеси, креирањето и спроведувањето на јавните политики, како и улогата на јавниот сектор во современото демократско општество. Програмата поттикнува развој на истражувачки, аналитички, стратешки и управувачки компетенции преку активно учество во студии на случај, проекти и академски истражувања.


Како академска програма од втор циклус, таа претставува значаен чекор кон унапредување на капацитетите на јавниот сектор на национално и на регионално ниво, преку создавање професионален кадар подготвен да одговори на предизвиците во глобалниот, европскиот и локалниот контекст. Воведувањето на оваа програма е оправдано и неопходно, имајќи ја предвид зголемената побарувачка за квалификувани кадри способни да придонесат кон реформирање и модернизација на јавната администрација.

Преку студиската програма студентите се подготвуваат за:

- Управување и менаџирање во организационите системи во јавниот  сектор;
-  Да можат да ги применат професионални знаења во исполнувањето за менаџирање со процеси, човечки ресурси, буџети во институциите во јавниот сектор, невладиниот сектор и во приватните организации;
- Да развијат критичко мислење за бирократскиот модел и да поттикнат и да изградат капацитети за апликација на принципите на новиот јавен менаџмент во институциите во јавниот сектор;
- Да развијат компетенции за менаџирање на проектниот циклус, со посебен осврт на  менаџирање засновано врз резултати и аплицирање на принципите на добро управување;
- Да бидат оспособени аналитички да ја развијат улогата на државата и јавната администрација во последниве децении во Република Северна Македонија и во државите во регионов;
- Да ги распознаваат современите трендови и дејствувања во државата во јавните институции и јавното менаџирање во земјите во развој и во развиените земји.
- Да можат да преземаат иницијатива за идентификување и за адресирање на потребите за учење за државните институции и јавната администрација;
- Да поседуваат компетенции вештини за стратешко планирање, акциони планови, пишување на апликации за предлог проекти, евалуација на проектите;
- Да поседуваат компетенции и вештини за  стратешко планирање во јавниот сектор;

Знаење и разбирање

         Има мултидисциплинарни знаења и разбирање на главните елементи на студирање во областа на јавната администрација и менаџирањето, правото, социоекономските науки;

         Ги опишува и ги идентификува основните концепти, начелата, административните и законските процеси, теориите во јавната администрација, како што се оние поврзани со човечкото и институционално однесување, процесот на јавните политики, економијата во јавниот сектор и менаџирањето на јавните и невладините организации;

        Ги разбира различните системи на јавната администрација - државната администрација, јавното менаџирање и интеракцијата на политичките институции и процеси, владините и административни политики;

       Има знаења за процесите на интеграција во Европската унија од јавната и државната администрација и за институционалните аспекти.

Примена на знаењето и разбирањето

Ги применува знаењата кои се однесуваат на комплексната работа на државата и јавната администрација и применува соодветни правила и процедури;

                Работи како државен службеник и административен службеник во нормативно и административни работи;

                Менаџира институции од Јавен и невладин сектор;

                Може да демонстрира способност да подготвува административни документи, да помага во планирањето и координацијата на меѓу институционалната работа, архивирање, регистрацијата на управни предмети преку  употреба на информацискиот систем;  

Апликација на финансискиот јавен менаџмент;

                Пишува проекти и еваулуира проекти во јавен сектор и невладин сектор;

                Применува професионални знаења во исполнувањето на работните задачи во институциите на државата и на јавната администрација, во приватните организации и граѓанскиот сектор.

Способност за проценка

Има способност да размислува критички и активно да се вклучува во тековните политичките прашања на централно и на локално ниво;

Реализира квалитативна анализа на процесот на јавни проекти;

Ги оценува проектите врз заедницата;

Проценува проекти во невладиниот сектор;

Ги разликува различните феномени поврзани со политичката култура на одредена заедница;

Критички  ги споредува политичките тенденции во општествово и  во државава;

Има влијание врз евроинтеграциските процеси во земјава.

Комуникациски вештини

Во состојба е да учествува во дебата, во  посредување и  во преговори, обезбедувајќи аргументирана анализа за политичкиот дискурс;

Поседува кохерентна способност за пишување на административни акти, предлог- проекти, анализи, концепт документ;

Покажува способност за професионална комуникација со повеќемина во тимска атмосфера и преку инклузивен пристап.

Вештини на учење

Може да ја дефинира и да  ја утврди улогата на политиката за општество базирано на знаења;

Може да преземе иницијатива за идентификување нa интересите на групи и државни институции во рамките на процесот на јавни политики;

Има вештини да спроведе доживотно учење и само- едукација во областа на политички науки;

Способен е да ги обучува граѓаните за институциите во јавниот сектор  и за демократското општество како и за невладиниот сектор.

Семестар 1

  • [MCDP1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за концептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Во фокусот на предметот се проблемите на квантитативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези. Потоа, од значење се и темите за дескриптивна и каузална интерференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студии на случај. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [CM138] [6 ЕКТС] Современи проблеми во јавните политики
    Целта на предметот е да се разјаснат теориите на менаџирањето на јавниот сектор со фокус на класичните теории на бирократија па се до современите теории во контекст на јавната администрација. Посебно внимание ќе се посвети на организацијата, хиерархијата, авторитетот, координацијата, централизацијата и децентрализацијата, делегирањето и надзорот. Студентите ќе можат да ги препознаваат фундаменталните аспекти на јавниот менаџмент како научна област и како професија со што ќе бидат во состојба да направат анализа на активностите на владата од правна, менаџерска и политичка перспектива.
  • [CM299] [6 ЕКТС] Е-управување
    Предметор има за цел да ги развие компетенциите на студентите за разбирање и критичко ангажирање со дигиталната трансформација на јавната администрација. Ги опремува студентите со знаење за анализа на модели на е-влада, креирање на стратешки дигитални политики и проценка на влијанието на дигиталните технологии врз испораката на јавни услуги, транспарентноста и вклученоста на граѓаните. Студентите ќе добијат интердисциплинарен увид во правните, административните и технолошките аспекти на е-владата и ќе се запознаат со клучни алатки како што се е-услуги, системи за дигитален идентитет и платформи за отворени податоци. По завршување на предметот, студентите ќе можат да ги оценуваат националните и меѓународните иницијативи за е-влада, да идентификуваат можности за дигитални иновации во јавниот сектор и да се справуваат со предизвиците поврзани со заштитата на податоци, етиката и инклузивноста. Тие ќе бидат способни да придонесуваат или да водат дигитални проекти во јавни институции, користејќи аналитички и практични вештини за поддршка на ефикасно, транспарентно и граѓански ориентирано управување.
  • [CM137] [6 ЕКТС] Напредено стратешко планирање
    Во овој предмет се анализира ефективниот начин и современите модели на планирање во јавната администрација. Во фокусот на овој предмет се стратешкото управување во јавниот сектор, каде што ќе се анализира процесот на стратешко планирање, дефинирање на мисијата на организацијата, проценка на внатрешното и надворешното опкружување на организацијата. Ќе се идентификуваат стратешки прашања и стратегии во организацијата и студентите ќе научат како да ги имплементираат и проценат овие планови и стратегии.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен
    • [EM483] Евалуација на јавни политики: теории, модели и процеси
    • [EM484] Етика во јавната администрација
    • [EM485] Циклус на менаџирање на проекти: напреден предмет
    • [EM487] Теории и практики на меѓународно управување
    • [MCPA2020] Јавен финансиски менаџмент
    • [MCPA3010] Контрола на администрацијата

Семестар 2

  • [MCPA4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Целите на магистерскиот труд се: • Развивање на истражувачки вештини: Покажува дека студентот може да формулира истражувачки проблем, да дизајнира методологија, да собира и анализира податоци, како и да ги интерпретира резултатите. • Придонес кон знаењето: Треба да обезбеди нови сознанија, наоди или подлабоко разбирање на одредена тема во соодветната област. • Примена на теоретско знаење: Ги поврзува академските теории и концепти изучени во текот на студиите со реални или теоретски истражувачки проблеми. • Покажување критичко размислување: Студентот треба критички да ја оценува литературата, методите и наодите, а не само да ги опишува. • Подготовка за професионална или академска кариера: Развива компетенции корисни за понатамошни истражувања (докторски студии) или напредна професионална пракса. Накратко, магистерскиот труд е истовремено процес на учење и научен продукт што ја докажува подготвеноста на студентот за самостојна работа на напредно академско ниво. Понатаму, активноста има за цел да ги подобри истражувачките техники и стилот на пишување на магистерскиот труд, при што строго се почитуваат принципите на академски интегритет и се избегнува користење на неовластени средства, како што се плагијат и повреда на авторски права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+