Програма: |
Криминалистика и безбедност (2025/2026) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Правен |
| Код на програмата: | CS60 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по криминалистика и безбедност |
| ЕКТС: | 60
(1 годинa)
Aкредитација
|
| Решение: |
Решение за почеток со работа
|
Цел на студиската програма од втор циклус (магистерски студии) по Криминалистика и безбедност е студентите да се подготват за успешна кариера во полицијата и другите органи на државната управа. Преку понудените предмети во оваа програма студентите ќе имаат можност да:
- Стекнат продлабочени теоретски знаења и да развијат стручни вештини за решавање на комплексни безбедносни предизвици;
- Имаат увид и разбирање за функционирањето на правосудниот систем и на агенциите за спроведување на законот;
- Стекнат продлабочени знаења од форензичката наука.
Во рамките на програмата е понудена теоретска обработка на предметите, која е комбинирана со уникатна практична обука во Форензичката лабораторија на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, каде студентите стекнуваат практично искуство во форензичка анализа.
Во лабораторијата, студентите активно учествуваат во различни практични активности од областа на форензичката наука, како што се: испитување на биолошки траги, рапид тестирање на дрога, симулација на увид на местото на настанот, дактилоскопија и примена на други форензички техники. Преку овие вежби, студентите развиваат напредни вештини во форензичката анализа и истражните активности, што е од суштинско значење за нивното идно вработување како и за нивниот придонес во справувањето со криминалитетот и одржувањето на правдата.
Покрај тоа, преку програмата студентите ќе бидат подготвени и за истражувачка работа во областа на криминалистиката и безбедносните науки преку што ќе им се отвори пат за академска кариера
Дипломираните на магистерската програма по Криминалистика и безбедност студии имаат напредни знаења и практични вештини кои им отворат можности за кариера во јавниот и во приватниот сектор. Тие можат да започнат кариера во агенциите за спроведување на законот, фирми за безбедност, разузнавачки агенции и владини организации кои се занимаваат со превенција и сузбивање на криминал и национална безбедност. Дополнително, постојат можности во лаборатории за форензика, приватни истражувачки услуги, правно советување, управување со ризик и компании за сајбер безбедност. Дипломираните можат да се вработат и во меѓународни организации кои се фокусираат на кривична правда, човекови права и транснационален криминал. Со експертиза во анализата на криминално однесување, истражување на места на злосторства и безбедносно управување, тие се добро подготвени да се соочат со комплексни предизвици во областа на кривичната правда и безбедноста.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност;
- Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста;
- Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста;
- Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста;
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Способност за проценка
- Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
- Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
- Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба;
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива Правилник за истражувачка работа кој се употребува во професијата.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[MCCR2040]
[6 ЕКТС]
Криминалистика
Основната цел на овој предмет е студентите да ги научат основите на Криминалистиката како самостојна наука и да стекнат напредни знаења за науката за откривање и докажување на криминалот. Во рамките на овој предмет се изучуваат основните принципи на Криминалистиката, нејзините методи и главните гранки, како што се криминалистичката техника, тактика и методика. Преку овој предмет студентите се оспособуваат да ги идентификуваат и анализираат проблемите поврзани со оваа наука. Студентите ќе стекнат знаења во врска со Трасологија, Дактископија, Балистика и Криминалистичка техника за регистрација. Покрај тоа, ќе стекнат теоретски и практични знаења во однос на тактичките истражни активности, оперативните активности и методологијата за откривање на различни форми на криминалитет.
-
[MCSS2030]
[6 ЕКТС]
Полициско право
Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за организацијата на полицијата, полициските овластувања, правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, согласно позитивната национална и меѓународна правна рамка. Целите на предметот се состојат во тоа што студентите ќе: • Стекнат основни познавања за полициското право, изворите на полициското право, правната рамка, надлежностите на полицијата и внатрешната организација на полицијата во РСМ; • Имаат подетални знаења за полициското право во Република Северна Македонија како и компаративни сознанија за полициското право во други држави; • Имаат свое критичко мислење; • Бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за одделни концепти и настани релевантни за полициското право; • Имаат способност за презентирање на резултати од истражување, за работа во тим и за дебата; • Ќе бидат во состојба теоријата да ја применат врз практични случаи во реалниот живот.
-
[CM253]
[6 ЕКТС]
Применето кривично право
Со изучување на предметот Применето кривично право студентот ќе се запознае со казнените институти и норми, со принципите врз кои се темели казненото право. Кривичното право како гранка на позитивното право, претставува систем од норми со кои определени човекови однесувања се прогласуваат за казнени дела, за тие дела се пропишуваат казни и други присилни санкции од страна на државата и се утврдуваат условите и начините за нивна примена.
-
[MCCR3020]
[6 ЕКТС]
Организиран криминал
Целта на овој предмет е студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за организираниот криминал како правно - казнена наука. Предмет на проучување е организираниот криминал како нова научна дисциплина и појавата и развојот на организираниот криминал. Областите на проучување на организираниот криминал ги вклучуваат појавата, формите, причините и последиците од организираниот криминал, како и општествените и државните регулативи како начини за борба против организираниот криминал. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со значењето, предметот и методологијата на науката за организираниот криминал. Ќе ги разликуваат различните теории за организираниот криминал и неговите причини, како и криминалната форма и типологија. Тие ќе ги научат криминолошките аспекти на организираниот криминал, како и етиологијата или причините за организираниот криминал.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени: • Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. • Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. • Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. • Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези. • Како да избегнат плагијаторство. • Да имаат напредни знаења за истражувачките методи во правните науки како и стандардите на цитирање.
-
[CM296]
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистерската теза. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската теза. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
