Програма: |
Финансии (2022/2023) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Бизнис и економија |
| Код на програмата: | N-MBAFIN60C |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по економски науки / Насока: Финансии |
| ЕКТС: | 60
(1 годинa)
Aкредитација
|
| Решение: |
Решение за почеток со работа
|
Целите на програмата се:
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развојна современиот менаџмент;
- Оспособување и развој на современ профил на менаџери: претприемачи, подготвени да преземаат делувања, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21.век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро-економската политика;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националната економија.
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
Овозможувањеразвој на лични способности, комуникациски,истражувачки и други значајни вештиникои се потребни за вработување.
Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.
Вештини на учење
Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[CMBA01]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и да ги разберат различните научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
-
[CM186]
[6 ЕКТС]
Финансиско моделирње
Предметот е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на финансиско моделирање. Креирањето на програмата е инспирирано да им се овозможи: - развивање кариера во инвестициски фондови за истражување, инвестирање во банкарство и други различни компании; финансии на проектот; бизнис-анализа; - запознавање со Ексел-моделирање за анализирање, оценување различни компании и предвидувања; - подготовка на финансиски истражувања, прегледи и оцена на различни сектори; - примена на вештини од финансиско моделирање во менаџерска пракса.
-
[CM196]
[6 ЕКТС]
Меѓународни финансии
Овој предмет ја опфаќа меѓународната димензија инвестициите и на корпоративните финансии. Развива стратегии за меѓународно инвестирање, вклучително и хеџинг на ризик од девизен курс, приспособување кон преференциите на клиентот и домашните валути, процена на перформансите, процена на изложеноста на корпорацијата на реален курс на ризик, стратегии за заштита од ризик или динамично приспособување на шоковите и причините за заштита на корпорацијата. Опфаќа и меѓународно буџетирање на капитал, мултинационални цени на трансфери и меѓународно управување со готовина.
-
[CM154]
[6 ЕКТС]
Финансиска економија
Главните цели на предметот Финансиска економија се темите поврзани со Математички финансии. Преку предметот студентите ќе се запознаат со основните идеи и алатки развиени во оваа област. Централна цел е да се демонстрира употребата на овие алатки во контексти каде што тие се незаменливи и широко експлоатирани. Извонредна карактеристика на Математичките финансии е тоа што нејзините теоретски врвни точки (како што е формулата Блек-Сколс) се покажаа како исклучително важни во пракса. Тие создадоа нови пазари во суштина засновани на концепти развиени од академици. Преку предметот студентите ќе стекнат знаења квантитативни техники и теорија кои ќе бидат корисни за секој актер во финансиската индустрија - менаџер на портфолио, консултант за управување со ризик или финансиски аналитичар.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [CM198] Истражување на пазарот
- [EM619] Теорија на игри и бизнис стратегија
- [EM620] E-трговија
- [EM621] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
- [EM618] Одржливо претпријатије
- [EM622] Лидерство, тимска работа и разновидност
- [EM623] Сметководствени информациони системи
- [EM624] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
- [EM625] Принципи на меѓународни финансии
- [EM626] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
- [EM627] Меѓународни сметководствени стандарди
- [EM628] Управување бизнис - процеси
- [EM629] Квантитативни финансии
- [EM630] Дигитален бизнис
- [EM631] Државно сметководство и сметковдство на непрофитни организации
- [EM632] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
- [EM633] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
- [EM634] Веб и аналитика на социјални медиуми
- [EM635] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
- [CMBA19] Менаџмент на проект
- [EM554] Применета економија
- [EM636] Монетарна економија
Семестар 2
-
[BE-MA-THESIS]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
