COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Кривично право (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWPEN120C
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по правни науки / Насока: Kривично право
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правнитепрофесии кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во РСМ како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). 

Знаење и разбирање
  • Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалот.
  • Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративно-казнено право и на казнено-процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензички науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
  • Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка,а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РСМ).
  • Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
  • Има развиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јурисдикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
  • Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [CM157] [6 ЕКТС] Кривично право (применета програма)
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со казнените институции и норми, со принципите врз кои се темели казненото право. Предметот кривично право, како гранка на позитивното право, претставува систем од норми со кои определени човекови поведенија се прогласуваат за казнени дела, за тие дела се пропишуват казни и други присилни санкции од страна на државата и се утврдуваат условите и начините за нивна примена.
  • [MCCR2030] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јурисдикцијата на меѓународните казнени инстанци.
  • [MCCR1040] [6 ЕКТС] Криминологија
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаењa за предметот преку проучување на криминологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
  • [MCCR2040] [6 ЕКТС] Криминалистика
    Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство - судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM512] Европско кривично право
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [EM513] Економски криминалитет
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EM511] Криминална политика
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EM514] Медицинско казнено право

Семестар 2

  • [CM158] [6 ЕКТС] Кривично процесно право (применета програма)
    Кривично процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредува положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти кои учествуваат во кривичната постапка, видот, формата и условите за преземање на процесните дејствија. Предмет на изучување на оваа научна дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки.
  • [MCCR2010] [6 ЕКТС] Пенологија
    Целта на овој предмет е да се проучи начинот на кој се извршува кривичното право, односно начинот на кој се извршуваат кривичните санкции. Преку предметот се изучува постапката за спроведување на казната затвор, како и извршувањето на другите не-затворски санкции преку проучување на Законот за извршување на санкциите и Законот за пробација.
  • [MCCR3030] [6 ЕКТС] Прекршно право
    Целта на предметот е студентите да стекнат напредни знаења за прекршочното право како научна дисциплина, за материјалниот и процедуралниот дел на прекршочното право како и за законското регулирање на прекршоците според Законот за прекршоци.
  • [CM159] [6 ЕКТС] Малолетничка деликвенција
    Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социо-патолошки појави, како: наркоманијата, алкохолизмот и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот, а за жал се присутни и во нашава земја. Затоа, основната цел на оваа дисциплина е да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава и да се објаснат причините за нивно присуство со цел да се предложат соодветни мерки за превенција и репресија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM512] Европско кривично право
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [EM513] Економски криминалитет
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EM511] Криминална политика
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EM514] Медицинско казнено право

Семестар 3

  • [MCCR3040] [6 ЕКТС] Споредбено кривично право
    Во рамките на предметот се проучуваат кривичните системи на различните држави, преку системска анализа на решенијата од кривичните закони во контекстот на постојните општествени услови, фактори, развојните тенденции, нивелизирањето на кривичното законодавство и неговото хармонизирање со кривичното право во рамките на ЕУ.
  • [MCCR3010] [6 ЕКТС] Виктимологија
    Целта на овој предмет е да ја анализира положбата на жртвата на кривичното дело од разни аспекти. Ќе се проучува виктимолошката феноменологија и етиологија, формата, обемот, структурата и динамиката на виктимизацијата, како и разните фактори кои влијаат на неа.
  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да дадат критички осврт. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат стекнатите вештини и знаења во своите тези.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM512] Европско кривично право
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [EM513] Економски криминалитет
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EM511] Криминална политика
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EM514] Медицинско казнено право
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM512] Европско кривично право
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [EM513] Економски криминалитет
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [EM511] Криминална политика
    • [EMCR-02] Правна клиника - кривично право
    • [EM514] Медицинско казнено право

Семестар 4

  • [MCCR4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача – пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметот има единствен повратен резултат – да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+