COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Граѓанско право (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWCIV60C
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по правни науки / Насока: Граѓанско право
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение:

Целта на студиската програма по Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на РСМ, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е признаена од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судството и јавното обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). 

Знаење и разбирање
  • Има детални сознанија за граѓанското право, како материјално така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
  • Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
  • Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
  • Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство (вклучувајќи работа како судија, адвокат, нотар), откако ќе стекне квалификации кои се потребни според законодавството на РСМ.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јурисдикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
  • Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на доживотно  учење ангажирајќи се при обука на лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [CM168] [6 ЕКТС] Граѓанско право и стварно право (применета програма)
    Целта на предметот Граѓанско право и стварно право (применета програма) е: • Студентите да се запознаат со значењата на поимот граѓанско право, со критериумите за определување на поимот граѓанско право, односно предметот и методот на граѓанското право, со субјективитетот на физичките и правните лица, со начинот на вршење на граѓанските субјективни права и начинот на однесување на носителите на правата во определен граѓанско-правен однос. • Студентите ќе се запознаат со основни институти на граѓанското право како што се застапништвото, застареноста и преклузивноста. Ќе се разгледува и заштитата на граѓанските субјективни права во рамките на националното и меѓународното законодавство. • Студентите ќе се запознаат со правото на сопственост и другите стварни права како што се: службеностите, залогот, реалниот товар, долготрајниот закуп. • Студентите ќе се запознаат со граѓанските и стварните субјективни права уредени со позитивното право на РСМ, нивната содржина, начин на стекнување, формите на заштита на субјективните права и престанокот на субјективните права. Преку наставната програма, студентите ќе имаат можност да се запознаат и со компаративното право од оваа област на земјите од соседството и на земјите членки на Европската унија, како и со англосаксонското право.
  • [CM162] [6 ЕКТС] Семејно право (применета програма)
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења за современите форми на семејните односи, национално и меѓународно регулирање на овие односи, новите механизми за алтернативно решавање на семејно-правните спорови – семејна медијација, новите институти на семејно право (Новите репродуктивни технологии и нивното влијание врз семејството: Вештачка инсеминација, Ин витро оплодувањето, сурогат мајчинство, „Техника на раѓање на дете од тројца“, Кородителски аранжмани, Раѓањето на деца од сама жена со донација на генетскиот материјал, Постхумна репродукција; Институтот на заедничко родителство по развод на бракот; Брачен договор; Правен статус на семејниот дом (брачен дом). Студентите во овој предмет исто така ќе ги изучуваат и реформите во семејното законодавство на Република Северна Македонија.
  • [CM161] [6 ЕКТС] Трговско право (применета програма)
    Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се запознаат со правните правила за извршување на некоја дејност. Начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговецот поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање на некој деловно правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштита на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојалната конкуренција, начините на заштита на потрошувачите, и др.
  • [CM160] [6 ЕКТС] Облигационо право (применета програма)
    Целта на предметот е студентите да ги добијат основните знаења од облигационото право, потребни за склучување на облигационо-правен однос; студентите да ги добијат основните знаења за начинот на склучување на договори и применување на истите во облигационо правните институти. Преку учењето на овој предмет студентите ќе се оспособат да склучуваат одредени договори како извори во облигационото право и ќе бидат во можност да разликуваат за каква одговорност се работи, кој треба да одговара и под кој услови.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM517] Трудово право (применета програма)
    • [EM518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
    • [EM519] Споредбено родителско право
    • [EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
    • [EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
    • [EMCL1010] Право на осигурување
    • [EM522] Стечајно право
    • [EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
    • [EM521] Договорно Право
    • [EM525] Алтернативно решавање на спорови
    • [MCCL2023] Споредбено граѓанско право
    • [EM526] Земјишно право
    • [EM527] Запишување права на недвижности
    • [EM528] Родова еднаквост и недискриминација
    • [EMCL-07] Нотарско Право
    • [EMCL05] Правна клиника - граѓанско право
    • [MCL-0301] Судир на законите

Семестар 2

  • [EMSET-304] [6 ЕКТС] Пишување на магистерски труд
    Цели на предметот: - Oспособување на студентите за постојано трагање по објективната вистина, посебно во користењето на истражувачките методи, техники и инструменти; - Oспособување на студентите за критичко следење и интерпретирање на резултатите од истражување и нивната применливост во специфични ситуации; - Примена на основните методи на истражување, постапките за собирање на податоци и нивната статистичка обработка; - Оспособување на студентите за примена на основните методолошки правила при пишување на стручни и научни трудови.
  • [CM107] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право (применета програма)
    Цели на предметoт: - Студентите да стекнат продлабочени знаења од извршното и вонпарничното право и да развиваат специфични вештини за нивно спроведување во практиката. - Студентите да стекнат теоретски знаења за поимите и институциите на извршното и вонпарничното право, како што се: поимот за судска постапка воопшто, видовите судски постапки и нивните односи, принципи на извршното и вонпаричното право, субјекти на постапката за извршување и вонпарничната постапка, процесни дејствија и рокови за нивно извршување, одлуки во постапката за извршување и во вонпарничната постапка, средствата за побивање на одлуките итн. - Да ги информира студентите со корпусот на прашања и проблеми поврзани со концептот на извршното и вонпарничното право, како и со патот на историскиот развој на нивните институции. - Да ги оспособи студентите да ги препознаат и да ги анализираат клучните институции на извршното и вонпарничното право за спроведување во контекст на законските и теоретски референци во споредба со европските и пошироките законски и теоретски референци. Поттикнување на аналитичко и критичко размислување кај студентите за проблемите со кои се соочуваат денес, извршното и вонпарничното право во Република Северна Македонија. - Да ги оспособи студентите да направат теоретски и практични разлики во поимите и појавите на извршното и вонпарничното право во правниот систем на Република Северна Македонија, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја истакнат нивната важност и функционирањето во практиката.
  • [EM190] [18 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+