COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Архитектура и дизајн (2020/2021)

Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус (300 ECTS - 10 семестри)
Циклус на студии: Прв и втор циклус (Интегрирани Студии)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: AD3+2
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер инженер архитект
ЕКТС: 300 (5 години) Aкредитација
Решение:

Оправданоста за воведување на новата студиска програма произлегува од следењето на препораките на Болоњската декларација и на процесите за имплементација на досегашните акредитирани програми. Имајќи ја потребата за овозможување поширок избор на компатибилни студиски програми, истовремено оправдувајќи го концептот на мобилност на насоките и студентите, со оваа програма се овозможува сeлекција и избор на насока според афинитетите и способностите на секој поединечен студент.
Насоката „Архитектура и дизајн“ е предвидено да одговори на барањето за поголема компатибилност со европските и со другите светски центри и универзитети на кои се изучува оваа студиска програма, истовремено прилагодувајќи ја на конкретните пазарни услови. Посебно, што структурата на предложената студиска програма води од заеднички, кон посебни, концентрирани предмети кои ја дефинираат насоката врз основа на осознаени практики и знаења, а не врз основа на произволен избор. Постепеното совладување на материјалот континуирано го разделува вниманието од архитектонско-инженерскиот кон ликовно-визуелниот и историско-филозофскиот домен во образованието, како втор фактор на избор.

Со завршување на оваа студиска програма, дипломираниот има  пристап до професијата архитект, односно право да биде носител на изработка на проектна и планска документација

Знаење и разбирање

Покажува знаења и разбирање во полето на студирање кое се надоградува врз општото средно образование и квалификациите за влез во повисоко образование.
Покажува знаење и разбирање потребно да се анализираат архитектонските и урбанистичките проблеми и да се синтетизираат во проектантски и планерски решенија за различни степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.
Покажува знаење и разбирање за фунционалните, психолошките и сетилните односи што постојат меѓу луѓето и внатрешниот простор и улогата на формата, бојата, материјалите и новите технологии во обликувањето на ентериерот.
Покажува знаење и разбирање на принципи кои се однесуваат на материјалите, конструкциите, инсталациските системи и енергетските биланси и на нивна соодветна примена во проектирањето и изградбата на објектите.
Покажува знаење и разбирање потребно за воспоставување соодветен однос кон градителското наследство во неговата заштита и ревитализација.

Примена на знаењето и разбирањето

Стекнатите знаења и разбирањето на стручните проблеми може да ги примени во подготвување основни или други видови детални проекти или документација, од сите домени на архитектонско или урбанистичко планирање.

Применува знаења и разбирање кои се темелат на познавањата на различните концепти од теоријата и историјата на архитектурата и градот и на современата теорија и практика во процесот на обликување на објектите, градовите и околината, имајќи ги предвид естетските барања, општествените потреби, како и барањата поврзани со животната средина.

Способност за проценка

Покажува способност за прибирање, анализирање, оцена и презентирање информации, идеи и концепти од целосни, некомплетни или ограничени релевантни податоци, за клучните подрачја во процесот на планирање, проектирање и реализација на објектите и просторот.
Покажува способност за избор на соодветни методи, алатки и вештини соодветни на конкретните услови и на различните степени на комплексност, размер и тип на објекти и простори.

Комуникациски вештини

Покажува способност за комуникација и умеење да се употребат графичките, напишаните и усните комуникации во служба на пренесување на сопствените идеи и потребите на корисникот во процесот на создавање и реализацијата на проекти во областите на архитектурата и урбанизмот, како и во подрачјето на заштита и ревитализација на градителското наследство.
Покажува способност за учество во стручни дискусии, користи консултации за специфични проблеми од комплементарни подрачја и умее да преземе професионална одговорност во тимот.

Вештини на учење

Покажува способност за самостојно идентификување на своите потреби за континуирана едукација и професионален развој, се вклучува во современите форми на учење и запознавање со технолошките иновации и може критички да ја оцени соодветноста на методите за учење, нивното влијание врз знаењето, вештините, компетентноста и врз практиката релевантни за неговиот професионален развој.

Семестар 1

  • [C2023] [6 ЕКТС] Основи на проектирање
    Запознавање со основните поими на архитектонската форма и простор, како и со принципите на создавање од елементарни кон сложени просторни системи. Студентот развива способност да ги препознае елементите и да ги воочи нивните меѓусебни односи, оспособувајќи се да створи концептна архитектонски објект. Преку анализирање на содржината и контекстот студентот стекнува способност за разбирање и вреднување наосновните начела на организација и обликување на просторот.
  • [C2024] [3 ЕКТС] Нацртна геометрија
    Како базична дисциплина нацртната геометрија има основна цел да ја развие способноста на студентите за согледување на тродимензионалните просторни форми и нивните меѓусебни односи како и нивното претставување на дводимензионален цртеж, согласно со меѓународните стандарди на универзалниот јазик на техничкиот цртеж. Од друга страна, оваа дисциплина овозможува јасна презентација на сопствените идеи за организација на просторните форми преку создавање на сопствен технички цртеж, како основна претпоставка за постоењето и егзистирањето на било која инженериска дисциплина.
  • [C2025] [3 ЕКТС] Математика
    - Запознавање на студентите со основните пресметки. - Презентирање на основните функции и математички методи во разрешувањето на разни математички проблеми. - Запознавање на студентите со тригонометриската и векторската математика. - Поттикнување на студентите да се здобијат со солидни познавања од областа на математиката преку презентирање на теоретски и практични аспекти на предметната материја.
  • [C2026] [3 ЕКТС] Компјутерски апликации
    Во овој предмет студентите ќе ги научат основните концепти и поими за информациската и комуникациската технологија, ќе ја изучат најновата верзија на оперативниот систем Windows 10, како и работата со апликации и датотеки на компјутерите кои го користат. Исто така, ќе научат да го користат најпопуларниот уредувач на текст – апликацијата Microsoft Office Word 2020. Во последниот дел од курсот студентите ќе имаат можност да научат како професионално да го користат Интернет прегледувачот Internet Explorer 11 и апликацијата за примање и испраќање на електронски пораки – Microsoft Office Outlook 2020.
  • [C2022] [6 ЕКТС] Основи на дизајн студио
    Поставување на дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целовит, интегрален архитектонски проект, развивање на чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.
  • [3 ЕКТС] Албански/Mакедонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Англиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2516] Визуелно изразување I

Семестар 2

  • [C2032] [2 ЕКТС] Практична настава 1
    Целта на ‘практичната настава 1’ е студентите по завршениот втор семестар, да поминат 20 работни дена во регистрирана проектантска фирма – биро и да се запознаат со начинот на функционирање на фирмата, законските одредби според кои работи фирмата и запознавање со начините и методите за реализирање (развивање) на проектна докуметација.
  • [C2031] [3 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност I
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните теориски поставки, како и со развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот од нивните почетоци, па се до појавата на Ренесансата на културната и уметничката сцена во Европа. Во програмата се застапени сите позначајни историски и стилски периоди, единичните стилови како продукти на степенот на развој на технологијата, науката и културата како особено значаен за развојот на севкупната архитектура и уметност.
  • [C2030] [3 ЕКТС] Статика во архитектура
    Запознавање со основни поими на принципите на статиката како орудие за разбирање најелементарните конструктивни системи. Основно аналитичко и практично запознавање соначелата и физичките концепти на статиката.
  • [C2028] [6 ЕКТС] Принципи на проектирање
    Целта на предметот е запознавање на студентите со основната методологија на проектирање преку изучување на процесот на проектирање со помош на методите на анализа, синтеза, верификација и инплементација, а во согласност со проектантските принципи и стандарди. Се изучува и функционалната организација на просторот во зависност од неговата намена и содржина. Исто така се изучуваат и влијанијата на надворешните фактори, основната законската регулатива. Се изучуваат и вертикалните комуникации како посебно значаен дел во архитектонското проектирање. При работењето на графичките вежби студентите ќе се оспособуваат за совладување на аналитичкиот дел од проектантскиот процес.
  • [C2027] [6 ЕКТС] Принципи на дизајн студио
    Поставување на дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целовит, интегрален архитектонски проект, развивање на чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.
  • [C2029] [3 ЕКТС] Перспектива
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните принципи на централното проицирање преку програма која опфаќа методи и постапки на цртање на перспективни слики. Оспособување за изработка на перспективни слики, како и изработка на перспектива, анимација и визуелизација на елементите од архитектурата.
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Англиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2617] Визуелно изразување II

Семестар 3

  • [C2033] [6 ЕКТС] Дизајн студио I
    Дизајн Студио I се впишува во континуитетот на предметите Основи на дизајн студио и Принципи на дизајн студио од прва година и претставува една етапа на припрема за подоцнежните тематски циклуси на учењето на архитектурата. Домените на учењето на просторот се идентични со оние од првата година: постапка на забележување, разбирање и анализа на архитектонскиот простор, постапка на замислување, знаења за составните елементи и за контекстот на архитектонскиот проект, елементи од теорија и доктрини на архитектонскиот проект, историја и архитектонска култура, познавање и вежбање на средствата на претставување на архитектонскиот простор.
  • [C2034] [6 ЕКТС] Проектирање на објекти за едносемејно домување
    Целта на предметот е да овозможи на студентите основно разбирање на принципите и методологијата на архитектонското планирање, програмирање и проектирање на објекти од едносемејно домување. Да развие утилитарен , естетски и структурален поглед на просторот. Да ги научи основни концепти на едносемејното домување и нивниот сооднос со современиот контекст. Да ги разбере основните детерминанти на проектниот процес на станбената архитектура, просторните, социјалните, културните, економските аспекти. Да ги познава станбените модели поврзани со современата глобална пракса.
  • [C2035] [6 ЕКТС] Конструктивен дизајн во архитектура I
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со елементите на конструкции, материјалите од кои се изведуваат конструкциите, како и конструктивно решавање на едноставни архитеконски основи, пресеци, изгледи и др. Со предностите и недостатоците на бетонските конструкции, различните видови на малтери, дрвените меѓукатни конструкции и решетки.
  • [C2036] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност II
    Оспособување на студентите за: - активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонското, урбанистичкото) и уметничкото наследство; - постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока; - прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.
  • [C2037] [4 ЕКТС] Компјутерски помогнато проектирање
    Цел на предметот е да создаде основи за користење на компјутерите во секојдневна работа на студентите. Целта е студентите да стекнат елементарни знаења за процесот на програмирање во програмските јазици кои наоѓаат примена при изготвување на пакети за компјутерско графичко комуницирање. Со изучувањето и со примената на најновите верзии на CAD програмските пакети (AutoCAD и ArchiCAD), студентот ќе изготви целосен дводимензионален приказ на зададен архитектонски објект.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2518] Материјали, методи и производи

Семестар 4

  • [C2038] [6 ЕКТС] Дизајн студио II
    Основна цел на предметот е да ги оспособи студентите по архитектура да ги анализираат и дијаграмски да ги претстават забележливите карактеристики на одредено место – предмет на истражувачкиот интерес. Да ги разберат, како и да научат да ги применуваат различните етапи на креативниот процес на мислење на еден архитектонски проект. Да ги оспособи студентите да анализираат дадена програма, од која подоцна треба да развијат јасен архитектонски концепт (хипотеза). Да покажат разбирање за тоа како проектирањето на архитектонската форма и простор се директно поврзани со психолошките, физиолошките, социолошките и културните потреби на луѓето. Да научат повеќе различни техники на истражување на сопствените проектни стратегии (преку скицирање, дијаграмирање и изработка на аналогни и дигитални студиски модели (2D и 3D). Да научат да подготват различни форми на презентациски цртежи и модели преку кои ќе го претстават завршниот проект.
  • [C2039] [6 ЕКТС] Проектирање на објекти за повеќесемејно домување
    Целта на предметот е да овозможи на студентите продлабочено познавање и применување на принципите на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објектите за повеќесемејно домување. Да развие утилитарен, естетски и структурален поглед на просторот кај објектите за повеќесемејно домување. Да ги научи основни концепти на повеќесемејно домување и нивниот сооднос со современиот контекст. Да ги разбере основните детерминанти на проектниот процес на станбената архитектура, просторните, социјалните, културните, економските аспекти, поврзани со современата пракса.
  • [C2040] [6 ЕКТС] Конструктивен дизајн во архитектура II
    Запознавање на студентите со принципите и методите за анализа на одредени архитектонски проблеми посочени во тематските подрачја на предметот низ проектиран архитектонски детаљ, со посебен акцент на неговото значење низ процесот на проектирање и развивање на архитектонски проекти (ниво на графичка презентација во основен архитектонски проект и проект за изведба).
  • [C2041] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност III
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со теоријата и развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот на индустриската епоха, на дваесеттиот век и новите тенденции во дваесет и првиот век. Со програмата е предвидено изучување на овој период преку запознавање со работата на големите школи, мајстори и дела. Делата на светски познатите современи архитекти, дизајнери и уметници, единечно ќе бидат претставувани интегрално низ програмата.
  • [C2042] [4 ЕКТС] Компјутерски 3D моделирање и виртуелна реалност
    Целта е откако студентите ќе се стекнат со знаења од предметот ’Компјутерски помогнато проектирање’ и друго графичко компјутерско комуницирање, да можат да пристапат кон тридимензионално моделирање-визуелизирање со проектирање. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите во проектирање на објектите потребно е претходно целосно да се запознае со компјутерската поддршка ориентирана кон графичко и проектно изразување. Со изучувањето и со примената на CAAD програмските пакети (3DStudio и Artlantis), студентот треба да изготви целосна визуелизација и тродимензионален приказ на моделираниот архитектонски објект и изучи методи на влијание на истиот при архитектонското проектирање.
  • [C2043] [2 ЕКТС] Практична настава 2
    Целта на ‘практичната настава 2’ е студентите по завршениот четврт семестар да поминат 20 работни дена во регистрирана градежна фирма и да се запознаат со законските одредби според кои работи фирмата, функционирањето на градилиштето, да имаат увид во одредени делови од проектната документација за градење, процесите и постапките за реализирањето на градењето и фазите на градењето согласно одредбите на Законот за градење.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2519] Графички дизајн

Семестар 5

  • [C2044] [6 ЕКТС] Дизајн студио III
    Целта на предметот е да овозможи на студентите продлабочено изучување и применување на принципи на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објектите за колективно домување: домување во трето животно доба, домување и образование, архитектура и околина за деца. Да ги научи основните типови на колективно домување, нивни историски и современи контексти.
  • [C2048] [4 ЕКТС] Основни принципи на внатрешно уредување
    Целта на овој предмет е да се воведат студентите во внатрешната организација на просторот и просторно функционалнитеи и визуелно-естетските барања, факторот човек (антропометрија) и динамиката на неговите активности како четврта димензија од просторот. Предметната програма опфаќа изучување на организација на станбени простори преку креирање на решенија со разни техники на презентација.
  • [C2047] [4 ЕКТС] Историја на архитектура и уметност IV
    Оспособување на студентите за: - активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонско, урбанистичко и уметничкото) наследство - постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока -прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.
  • [C2045] [6 ЕКТС] Проектирање на објекти од колективно домување
    Целта на предметот е да овозможи на студентите основно познавање и применување на принципите на архитектонско планирање, програмирање и проектирање во комплексни програмски, просторни, социјални ситуации на примерот на објекти за колективно домување - хотели. Да ги развие основните принципи на архитектонско проектирање на објекти за колективно домување, развој на вештината на архитектонско проектирање на комплексни програмски и контекстуални ситуации, кај објектите за колективно домување - хотели.
  • [C2046] [6 ЕКТС] Детал во архитектурата
    Целта на овој предмет е совладување на фазите на проектирање и начинот на изведба на сите градежно занаетчиски работи кои следуваат после завршувањето на конструкцијата на објектите се до комплетирањето на објектот во единствена функционално естетска целина.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2520] Урбанистичко планирање I

Семестар 6

  • [C2049] [6 ЕКТС] Дизајн студио IV
    Студентите се обучуваат за практична примена на знаењата од архитектонско проектирање на специфичните објекти од областите на административните (канцелариски) згради и зградите за образование.
  • [C2050] [6 ЕКТС] Проектирање на јавни згради
    Студентите се стекнуваат со продлабочени професионални и академски сознанија за јавните згради, новите параметри и методи на проектирање преку кои се совладуваат или генерираат новите типови на јавни објекти како комплексни проектантски задачи.
  • [C2051] [6 ЕКТС] Композиција за архитектура и дизајн
    Предметот има за цел да ги воведе студентите во запознавање со тројната природа на архитектонскиот простор, појавно, појмовна и симболичка, и основните принципи на негово обликување- компонирање, кои произлегуваат од неа. Нивна конкретна апликација како онтолошки апроксимации, кутуролошки обрасци, композиција како методологија.
  • [C2052] [4 ЕКТС] Внатрешна архитектура
    Целта на овој предмет е да се воведат студентите во внатрешната организација на нестанбените простории, како логичен след во методологијата на проектирање на ентериери. Овој предмет опфаќа изучување на принципи , стандарди и нормативи за проектирање и уредување на работни простори.
  • [C2053] [4 ЕКТС] Управување со трошоците - Архитекти како претприемачи
    1. Воведување на студентите во сегментот на стандардите и методите за организирање на процесите со управување на инвестициски проекти , законитостите, проблемите и процедурите кои се во непосредна врска со финансирањето и економијата во градењето како значаен пазарен фактор на управување и реализација на проекти 2. Економско-финасиски аспекти и нивно менаџирање.
  • [C2054] [2 ЕКТС] Практична настава 3
    Целта на ‘практичната настава 3’ е студентите по завршување на шестиот семестар да поминат 20 работни дена во регистрирана градежна фирма и да се запознаат со законските одредби според кои работи фирмата, функционирањето на градилиштето, да имаат увид во одредени делови од проектната документација за градење, процесите и постапките за реализирањето на градењето и фазите на градењето согласно одредбите на Законот за градење.
  • [4 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2521] Урбанистичко планирање II

Семестар 7

  • [C2058] [6 ЕКТС] Документирање и истражување на архитектонското наследтсво
    Запознавање на студентите со значењето и улогата на архитектот во заштитата на културното наследство (особено недвижното градителско наследство). Оспособување на студентите за: - активен однос кон градителското наследство преку теоретски и практични постапки во процесот на неговата заштита - правилен (аналитички и конструктивен) пристап при проектирањето во историска средина.
  • [C2057] [6 ЕКТС] Внатрешна архитектура на јавни објекти
    Запознавање на студентите со дисциплината на внатрешната архитектура. Хронолошки развиток на различните концепти на обликување на внатрешните архитектонски простори.
  • [C2056] [6 ЕКТС] Проектирање на стопански објекти
    Оспособување на студентите со познавања од областа на планирање и проектирање на стопанските објекти, нивната типологија и услови за нивно програмско организирање. Запознавање со нови типологии на објекти за чување на животните [урбани фарми]. Анализирање на новите просторни и функционални концепти [хибридни содржини].
  • [C2055] [6 ЕКТС] Дизајн студио V
    Студентите се обучуваат за практична примена на знаењата од архитектонско проектирање на специфичните објекти од областите на културата (објекти за визуелни, музички и перформативни уметности, библиотеки и др.).
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет од Архитектура и дизајн
    • Осветлување во архитектурата
    • Боја, дизајн и архитектура

Семестар 8

  • [C2059] [6 ЕКТС] Дизајн студио VI
    Основна цел на предметот е студентите да се соочат со реалната комплексност на градскиот феномен, да ги совладаат интердисциплинарните методи и техники за снимање и анализа на една градска ситуација и да ги употребат урбанистичките методи, техники и инструменти да создадат урбанистичко решение кое ќе овозможи хармоничен просторен развој на делот од градот.
  • [C2060] [6 ЕКТС] Проектирање и урбанистичко обликување
    Целта на предметот е студентите да се соочат со реалната комплексност на урбанистичкото обликување и градскиот феномен, да ги совладаат интердисциплинарните методи и техники за снимање и анализа на една градска ситуација и да ги употребат урбанистичките методи, техники и инструменти да создадат урбанистичко решение кое ќе овозможи хармоничен просторен развој на делот од градот.
  • [C2061] [6 ЕКТС] Детали во внатрешно уредување
    Запознавање на студентите за основната природа на внатрешниот архитектонски простор која релационистичкиот модел го зема како основа.
  • [C2062] [6 ЕКТС] Конзервација и реставрација на архитектонското наследство
    Стекнување на основни знаења за: - причините за деградација и пропаѓање на објектите и целините - видови на методи за конзервација и реставрација и нивна примена -теориско- практичните пристапи за консолидација и обновување на објектите и целините, заради нивна соодветна современа намена
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет од Архитектура и дизајн
    • Современиот град и градското планирање
    • Индустриски дизајн

Семестар 9

  • [C2063] [6 ЕКТС] Дизајн студио VII
    Воспоставување на методологија при проектирање или реупотреба на индустриски објекти и комплекси и основни постапки при разработка на проектната програма преку анализа на различни работни средини и услови. Анализирање на технолошкиот процес-промет и други функционални потреби од аспект на архитектонското проектирање.
  • [C2064] [6 ЕКТС] Проектирање на индустриски објекти
    Продлабочување на знаењата и вештините за планирање, програмирање и проектирање на индустриските комплексни и објекти. Предметот ја изучува проектирањето на индустриските објекти, кое содржи индустриски згради, индустриски објекти од индустриската инфраструктура. Целта на предметот е запознавање и едуцирање на студентите со архитектурата на индустриското наследство. Запознавање со принципите и методите за анализа, вреднување и пристап во проектирањето при интервенции врз зградите или објектите со потврдена архитектонска вредност. Архитектурата на индустриско наследство во рамки на предметот се изучува во контекст на техничката историја и архитектонската и архитектонско урбанистичка пракса.
  • [C2065] [6 ЕКТС] Дизајн на мебел
    Предметот има за цел да ги воведе студентите во процесот на проектирање на мебел за станбени простори преку запознавање на истиот како и поимите функција, конструкција, ергономија, економичност, обликување.
  • [C2066] [6 ЕКТС] Енергетски eфикасни објекти
    Подобрување на енергетските карактеристики, како за нови така и за постоечки објекти, преку економско оправдани мерки. Заштеда на енергија преку планиран развој на проекти, кои на структурен и ефикасен начин, со добро разработени методи и алатки за енергетска оцена и управување со проекти, ќе им овозможат на студентите добиените знаења за принципите и методите за анализа на одредени архитектонски проблеми, посочени во тематските подрачја на предметот, истите успешно да ги имплементираат во процесот на проектирањето изведбата и реконструкцијатата на објектите. Запознавање со новите технологии и материјали кои се употребуваат за остварување на новите цели поставени на ниво на ЕУ за смалување на потрошувачката на енергија и емисијата на стакленичките гасови.
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет од Архитектура и дизајн
    • Параметрички и информатички модели во архитектурата
    • Планирање на градскиот сообраќај

Семестар 10

  • [C2067] [6 ЕКТС] Еколошки eфикасни објекти
    Запознавање на студентите со основните аспекти и принципи на дисциплините на: еколошките објекти, улогата на еколошките објекти за заштита на животната средина, одржлива архитектура, биоклиматска архитектура, енвајронментална архитектура.
  • [C2068] [24 ЕКТС] Магистерска теза (проект и теорија)
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+