Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис и економија

Насока: Претприемништво
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: EP-180
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран во бизнис и економија / Насока: Претприемништво
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма Бизнис и економија, насока: Претприемништво претставува балансирана комбинација на основно теоретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на тригодишната програма опфаќа студии кои по природа се динамични и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди теми од областа на претприемништвото, имплементирајќи го овој концепт преку наставна програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: претприемачката теорија, употребата на претприемачкиот менаџмент, финансиите, корпоративното претприемништво, иновациите, креативноста и др.

Студиската програмата има за цел да ги подготви студентите за започнување и менаџирање сопствени претпријатија и бизниси, за иницирање и развој на иновативни производи и услуги, како и за стекнување менаџерски позиции во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и светот.
- Да ги примени принципите за претприемништво во разни ситуации во реалниот свет.
- Да демонстрира детално и применливо знаење за претприемачки концепти и алатки.
- Да се користат соодветни алатки за решавање сложени автентични деловни проблеми во претприемништвото.
- Да спроведе пазарно-ориентирани истражувања и критички да ги евалуираат податоците и да формираат аргументи во претприемачки ситуации.
- Да се демонстрира сопствениот развојот и способноста да се работи добро во тимови.
- Да ги предизвикува професионално трудовите и податоците на другите студенти со конкретни фактички информации.
- Да комуницираат ефикасно на англиски јазик во усна и писмена форми во бизнис-ориентирани контексти.
За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со  што ќе се оспособуваат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа.

Студиската програма Бизнис и економија, насока: Претприемништво e подготвена врз претходно истражување од професионален тим на најдобрите програми по претпримеништво кои се нудат нуз светот, како и преку директна посета и соработка со Центарот за претприемништво Волф, Универзитетот Хјустон, Тексас, САД, и Бизнис-академијата во Архус, Универзитетот за применети науки, Архус, Данска. Предметните програми се компатибилни со наставната програма на најдобрите светски образовни институции кои нудат наставни програми по претприемништво. Овие институции се подготвени да дадат поддршка за реализација на програмата преку обука на кадарот, литература, предметни програми, наставни планови, испити и примери на видеопредавања.

Студиската програма ќе им овозможи на студентите:
- Да добијат соодветно образование во дисциплините што ставаат акцент на теоријата и практиката на претприемаштвото и иновациите.
- Сеопфатно да ја проучат надворешната и внатрешната околина, што им овозможува да имаат критичен поглед на прашањата поврзани со претприемачките потфати.
- Да го разберат претприемаштвото како концепт со широка општествена основа и како мултидисциплинарна област.
- Да се запознаат со соодветните алатки за решавање проблеми на претприемачките бизниси.
- Да имаат средина каде што ќе можат да ги развијат своите интерперсонални и комуникативни вештини.
- Да имаат цврста основа за понатамошно студирање, самовработување и вработување како корпоративни претприемачи.    

Знаење и разбирање

- Ги има потребните знаења за следниве деловни функции: економија, менаџмент, финансии, бизнис и менаџмент во глобален контекст, принципи на сметководство, корпоративно управување, стратешки менаџмент, управување со човечки ресурси и маркетинг.
- Има знаење за функционалните области на економија и менаџмент, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врз теоријата и практиката.
- Има знаење и разбирање за националната, регионалната и за глобалната економска ситуација на пазарот.
- Има познавање за менаџерските теории, анализата и известувањето.
- Стекнува силна основа за тоа како да се развие економијата и да се биде подготвен за кариера или за постдипломски студии поврзани со економија и менаџмент, менаџмент или со сродни полиња.
- Има разбирање за различни алатки за донесување менаџерски одлуки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за професионално пишување и за понатамошно развивање задачи во економија и менаџмент и нивно спроведување во реалниот живот.
- Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведување на општи менаџерски планови и стратегии.

Способност за проценка

- Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на економски проблеми.
- Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните менаџерски можности.

Комуникациски вештини

- Покажуваат разбирање на индивидуалната и групната динамика во организациите.
- Функционираат ефикасно во тимската работа.
- Ефективно се справуваат со луѓе од различно социјално, економско, културно и верско потекло.
- Покажуваат разбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
- Ги прикажуваат бизнис-идеите на ефективен начин.
- Демонстрираат клучни преговарачки вештини.
- Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.

Вештини на учење

- Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
- Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
- Имаат способност да употребуваат научна литература и да прават анализа на размислувањата и оцените на други автори.

Семестар 1

  • [EP-102] [6 ЕКТС] Креативност и иновација
    Цели на предметната програма: • Практично да ги применуваат концептите на претприемништв. • Да го разбираат современиот претприемачки начин на размислување што бара вклучување на креативноста и иновативноста. • Да работат во тимови за да можат да го применат своето учење преку 3 проекти за „Дизајнирано размислување“. • Да креираат виртуелен деловен модел. • Да го применат стекнатото знаење преку стартен капитал за да продадат одреден производ / услуга. • Ефикасно да презентираат бизнис-идеја пред одредени инвеститори.
  • [EP-103] [0 ЕКТС] Камп за обука (Boot Camp)
    Кампот за обука (Boot Camp) надвор од кампусот им овозможува на студентите да се здружат со колегите студенти од програмата за решавање на вистински деловни проблеми. Кампот за обука (Boot Camp) е задолжителен предмет за кој не се добиваат ЕКТС- бодови и се организира 2-3 дена во текот на ориентационата недела.
  • [EP-101] [6 ЕКТС] Економија за претприемачи
    Цели на предметната програма: • Разбирање на основните концепти на микроекономија и макроекономија; • Идентификување на улогата на претприемачот како фактор на производството во пазарната економија; • Подлабоко познавање на улогата на претприемачот при генерирањето приходи, расходи и при максимизацијата на профитот; • Мерење на економското богатство (БДП, невработеност); • Разбирање на улогата на Владата (фискална политика) и улогата на Централната банка (монетарна политика) во создавањето на националниот потенцијал за економски раст; • Способност да се применува знаењето во вистински студии на случај.
  • [PM-201] [6 ЕКТС] Менаџмент и лидерство
    Цели на предметната програма: • Стекнување знаења за основите на менаџмент и лидерство; • Испитување на начините и однесувањето на ефективните менаџери и лидери; • Разбирање на сличностите и разликите меѓу менаџментот и лидерството; • Разлики меѓу различните стилови на менаџмент и лидерство; • Техники на учење за справување со притисоците со кои се соочуваат менаџерите и лидерите, како што се управување со времето и решавање на проблемите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-01] Деловно право и права на интелектуална сопственост
    • [EEP-02] Информациони и комуникациски технологии (ИКТ) за претприемачи
    • [EBA034] Локален економски развој
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-01] Деловно право и права на интелектуална сопственост
    • [EEP-02] Информациони и комуникациски технологии (ИКТ) за претприемачи
    • [EBA034] Локален економски развој

Семестар 2

  • [EP-202] [6 ЕКТС] Претприемништво и мали и средни претпријатија
    Цели на предметната програма: • Разбирање на клучните концепти за претприемништво и за МСП; • Да се изгради начин на размислување фокусиран на развој на нови и уникатни пристапи кон можностите на пазарот; • Разбирање на компонентите на претприемачкото менаџирање и на особините и однесувањата кои го поткрепуваат ефективното менаџирање; • Разбирање на процесот на градење нов бизнис и избегнување на неговите замки; • Споредба на различните видови деловна сопственост и одредување на соодветниот тип потфат за новиот бизнис; • Предвидување на главните ограничувања на ресурсите кога се отвораат нови бизниси; • Пишување бизнис-план и презентирање идеи на ефикасен начин пред другите.
  • [EP-203] [6 ЕКТС] Претприемнички маркетинг
    Цели на предметната програма: • Идентификување на врските меѓу концептите на маркетинг и претприемништво и нивната практична примена; • Идентификување на претприемачките можности во новите трендови кои се појавуваат во маркетинг-практиката; • Совладување на елементите на маркетинг-миксот во претприемачки услови; • Развивање маркетинг план за одредена претприемачка идеја; • Дизајнирање маркетинг-тактики базирани врз ограничените ресурси на новиот потфат.
  • [EP-204] [6 ЕКТС] Апликативна деловна математика и статистика
    Цели на предметната програма: • Извршување процентуални приспособувања за општи, стандардни комерцијални ситуации, вклучувајќи пресметки за амортизација и оние за кои е потребна алгебарска манипулација со формулите; • Анализирање и интерпретирање на правилен начин на различните графци и нивно применување во деловното донесување одлуки и дискутирање за значајните карактеристики на нелинеарни графикони; • Идентификување на улогата на статистиката во бизнисот и аналитичките алатки достапни за донесување деловни одлуки; • Демонстрирање на правилна употреба на мерките на централна тенденција и мерките на дисперзија за да се опишат податоците и да се изврши анализа на податоците врз основа на резултатите од овие мерки; • Користење на мерките за асоцијации за да се оценат статистичките односи помеѓу различните фактори и да се утврди валидноста на овие резултати; • Примена на пресметки за веројатност и техники на нормална дистрибуција за да се пресметаат веројатностите за бизнис сценаријата.
  • [EP-205] [0 ЕКТС] Практикум
    Практикум е суштинска компонента за искуството за учење на студентите. Практикумот е активност од 4-неделено искуствено учење надвор од кампусот со цел на студентите да им се овозможи да се запознаат со вистинските и потенцијалните работни средини за да ја поврзат теоријата со практиката. Во овој контекст, практикумот се стреми да го пренесе знаењето на студентите преку искуството што го стекнуваат и луѓето што ги среќаваат во текот на практикумот и да ги применат вештините научени во училницата во практичното опкружување. Конечно, Практикумот има за цел да им обезбеди на студентите можност за мрежно поврзување и ориентација за идните кариерни одлуки и вработувања.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-03] Ефективни бизнис комуникации
    • [EEP-04] Мобилни апликации и развој на веб страни
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-03] Ефективни бизнис комуникации
    • [EEP-04] Мобилни апликации и развој на веб страни
    • [EBEF-704] Пазар на трудот

Семестар 3

  • [EP-301] [6 ЕКТС] Анализа на пазарот и однесување на потрошувачите
    Цели на предметната програма: • Разбирање на методологијата и процесот на истражување на пазарот; • Концептуализирање теории за тоа како потрошувачите донесуваат одлуки, обработуваат информации, развиваат параметри и прават избор; • Примена на основни статистички алатки за да го разберат однесувањето на потрошувачите во локален контекст; • Зголемување на потрошувачките согледувања преку спроведување маркетинг истражување на терен; • Размислување за сопственото однесување на студентот како потрошувач и да ја подобри чувствителноста на студентите за влијанијата на маркетингот врз однесувањето на потрошувачите; • Ефикасно работење во тимови, бидејќи случајот би бил во вистинска ситуација на работа; • Разбирање на етичките прашања кои произлегуваат како резултат на користењето на размислувања на потрошувачите при донесувањето претприемачки одлуки.
  • [EP-302] [6 ЕКТС] Деловна етика и корпоративна општествена одговорност
    Цели на предметната програма: • Да се запознаваат со принципите на етиката и корпоративната општествена одговорност и да бидат во можност да ги применуваат во реалниот свет. • Да се запознаат со комплексноста, придобивките и со предизвиците за вклучување на општествената одговорност во корпоративната стратегија. • Да се разбере односот меѓу етичките принципи и одлуките на поединците во управувањето. • Да оценат како се донесуваат одлуките во деловната етика. • Да ги разберат правата и обврските на вработените во организацијата и прашањата околу групата на засегнати страни. • Да дискутираат и ги оценуваат прашањата кои произлегуваат од односот помеѓу деловните организации и потрошувачите; • Да ги идентификуваат клучните етички елементи во однос на снабдувачите и конкурентите. • Критички да ги евалуираат концептите на деловната етика. • Да ја применат етиката во решавање на проблемите преку студии на случај.
  • [CBEM-502] [6 ЕКТС] Менаџмент на човечки ресурски
    Цели на предметната програма: • Разбирање за тоа што подразбира менаџментот на човечки ресурси (МЧР) и како тој се однесува на ефективни и успешни организации, особено во контекст на стартап компании и МСП; • Разбирање на улогата и важноста на клучните функции и области на МЧР во современото работно место; • Разликување помеѓу различните типови стратегии, модели, алатки, теории и пристапи за човечки ресурси и апликативно знаења за ефективно адресирање и управување со активностите на МЧР; • Артикулирање на критичните прашања и предизвици кои се вклучени во современото управување со човечките ресурси и апликативните знаења, критичкото размислување и решавањето на проблемите поврзани со оваа област; • Артикулирање на важноста на професионалното здравје и безбедност и етиката за ефикасно управување со луѓето и нивно опишување како тие се применуваат во практиката; • Демонстрирање на разбирање на релевантните локални закони и меѓународните стандарди кои влијаат врз функцијата на МЧР.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-05] Социјално претприемништво
    • [EEP-06] Е-бизнис
    • [EEP-11] Индустриска политика
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-05] Социјално претприемништво
    • [EEP-06] Е-бизнис
    • [EEP-11] Индустриска политика

Семестар 4

  • [EN-402] [6 ЕКТС] Корпорациско однесување и психологија
    Цели на предметната програма: • Разбирање на основите на корпорациското однесување; • Идентификување на клучните аспекти на корпорациското однесување и нивна примена во конкретни ситуации врз основа на резултати од терен; • Способност да се применува знаењето на коpпорациското однесување за да се анализираат процесите и ситуациите во вистински бизнис-практики; • Стекнување знаења за основите, обемот и за сложеноста на претприемачката психологија • Разбирање на специфичните карактеристики на личноста на претприемачите; • Разбирање на функционирањето на мозокот и неговото влијание врз претприемачкото однесување; • Идентификување фактори кои влијаат врз претприемачкото ефективно/неефективно одлучување; • Разбирање на феноменот на работниот стрес, неговите ефекти и неговото управување од претприемачите.
  • [EP-403] [6 ЕКТС] Операции и управување со ланецот на снабдување
    Цели на предметната програма: • Разбирање на клучните аспекти на управувањето со операциите; • Анализирање на главните техники на работа (прогнозирање, инвентар, продуктивност, капацитет и одлуки за локација); • Разбирање на важноста на ефективна стратегија за производство и операција на една организација; • Концептуализирање на дизајнот на синџирот на снабдување, кои се усогласени со бизнис моделите за производствени и услужни компании; • Конфигурирање логистички мрежи и оцена на нивните влијанија врз ефикасноста и нивоата на услуги; • Ефикасно управување со инвентарот и согледување на ризиците на инвентарот низ времето, производите, каналите и географијата; • Дизајнирање стратегии за е-набавки за портфолиото на набавки на производи и услуги на фирмата.
  • [CBE-201] [6 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Цели на предметната програма: • Разбирање и анализа на билансот на успех, билансот на состојба, извештајот на паричните текови и сопственичкиот капитал користејќи техники за финансиска анализа; • Учење како да се користат финансиските показатели за да се оцени финансиската состојба на фирмата; • Разбирање на секој дел од циклусот на финансиско сметководство; • Дискутирање за влијанието на системите и методите за резерви на финансиските извештаи; • Примена на методите за амортизација; • Покажување на способноста за успешно работење во тимови; • Ефективно комуницирање на англиски јазик во усна и писмена форма за теми поврзани со сметководството.
  • [EP-401] [6 ЕКТС] Корпоративно претприемништво
    Цели на предметната програма: • Развивање основни познавања за корпоративното претприемништво и како тоа е слично или различно од стартап претприемништво; • Развивање вештини за воведување, анализирање и за управување со иновативни производи, услуги и процеси во рамките на постојните компании; • Примена на претприемачкиот процес во работењето на одделот или функционалната област во рамките на постојните компании; • Надминување на пречките за претприемништво и формулирање корпоративни цели и стратегии кои го поддржуваат претприемачкото однесување во постојните компании; • Разбирање на начините за финансирање на иновациите во постојните компании.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-07] Претприемнички семејни бизниси
    • [EBA087] Менаџмент на осигурување
    • [EBEM-602] Теорија на игри

Семестар 5

  • [EP-502] [6 ЕКТС] Претприемничко искуство I
    Цели на предметната програма: • Способност да синтетизираат учење од семестрите 1-4 за да се состави одржлив бизнис-план; • Користење на менторските односи изградени од претходното учење за да ги испитаат деловните проблеми и да создадат вистинско деловно решение; • Добивање извонредна доверба во презентацијата и привлекувањето внимание на аудиториумот со фокус на склопување на бизнис-идејата со соодветна леснотија и способност; • Работа со менторот и почитување на роковите за подготовка на деловите и целокупниот бизнис-план; • Одлична способност за професионално комуницирање во тимови и со менторот за да се создаде изводлив бизнис-план.
  • [EP-503] [6 ЕКТС] Стратешки дилеми во претприемништвото
    Цели на предметната програма: • Демонстрирање значително продлабочување во тековните истражувања во стратегиското претприемништво; • Разбирање на формулирањето и примената на новите деловни стратегии за независни стартап и нови вложувања во рамките на постојните компании; • Демонстрирање способности и вештини за интегрирање на знаењето и анализирање, оценување и справување со сложени појави, прашања и ситуации поврзани со стратегиското претприемништво, дури и со ограничени информации; • Решавање стратешки проблеми и спроведување аналитички вештини за претприемништво во различни средини.
  • [EP-501] [6 ЕКТС] Претприемничко финансирање и финансии
    Цели на предметната програма: • Примена на алатки и техники за финансиско управување кои им се на располагање на претприемачите во различни фази од животниот циклус на деловниот потфат; • Објаснување на тоа како се управуваат и надгледуваат различните финансиски ресурси на претприемачка фирма; • Опишување инвестициски модели во однос на фазата, големината, индустријата, пазарите и сл. од различни извори на финансирање; • Синтетизирање на ризиците поврзани со барањето и вреднувањето на капиталот; • Учење на процесот на преговори со различни извори на финансирање; • Покажување на разбирање и вештини за прашања поврзани со продажбата на претприемачка фирма.
  • [EBEM-506] [6 ЕКТС] Управување со ризик
    Цели на предметната програма: • Разбирање на условите и стандардите за спецификација поврзани со управувањето со ризик; • Користење финансиски деривати за хеџинг на ризиците на портфолиото/корпоративниот ризик; • Примена на анализи за управување со ризици во различни деловни индустрии; • Идентификување и евалуација на инвестициските портфолија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-08] Продажби и деловни преговори
    • [EEP-10] Инвестиционен менаџмент

Семестар 6

  • [EP-601] [9 ЕКТС] Дипломски проект
    Цели на предметната програма: • Поврзување на претходните резултати од учењето со применетото учење во програмата за претприемништво; • Способност да се синтетизираат информациите во конкретен академски извештај; • Применување на теоретските знаења кои се научени за применети деловни практики; • Тесна соработка со менторот во текот на временската рамка на предметот за да се подготви и да се достави дипломскиот проект; • Достоинствена презентација на дипломскиот проект и спременост да одговорат на прашањата поврзани со дипломскиот проект.
  • [EP-602] [9 ЕКТС] Агилен менаџмент на проекти
    Цели на предметната програма: • Да демонстрираат длабоко разбирање на принципите, концептите и процесите кои се потребни за успешна имплементација на агилни проекти и начинот на нивно применување во различни индустрии. • Да бидат запознаени со механиката Scrum и начинот на преведување на други агилни рамки како што се SAFe, Disciplined и LeSS. • Да направат споредба на агилното управување Scrum со проекти со традиционално управување со проекти; • Да ги применат принципите и техниките на Scrum во проектите за развој на софтвер. • Да го планирате проектот Scrum со проценување на кориснички приказни, составување напроектот и мерење на напредокот. • Да ги зголемат способностите за комуникација со стејкхолдерите/засегнатите страни. • Да ги подобрат придобивките од проектот со иновации и пристапи кои го ослободуваат потенцијалот на тимот; • Да станат агилни практичари и да бидат способни да ги споделат практиките и алатките поврзани со агилното управување со проекти.
  • [EP-603] [6 ЕКТС] Претприемничко искуство II
    Цели на предметната програма: • Спроведување на учењето од претходните семестри во сопствен стартап на студентот или во постоечка компанија; • Создадавање можност за вмрежување и вработување во постоечка компанија или користење на универзитетскиот инкубаторски простор за развивање на стартапот; • Ефикасно работење во тимови за да се создаде ефикасност во извршувањето на бизнисот; • Креирање доверливост и убедување при презентацијата пред студентите во усното испитување на совладаниот материјал.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EEP-09] Меѓународно претприемништво
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
Google+