Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Економија

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.  
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата.
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската  политика
- Да бидат информиран и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
 

Знаење и разбирање

Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.

Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка
  • Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.

Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини
  • Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење
  • Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.

Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [6 ЕКТС] Напредна економија
    Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
  • [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент
    Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Предметната материја овозможува, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практицираат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Применета статистика
    • Одржлив развој
    • Менаџмент на вкупен квалитет
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Меѓународна економија
    Основната цел на овој предмет е да се претстават модерните тенденции во меѓународната економија и нивното влијание врз националните економии. Кратка содржина на предметот: вовед во меѓународната економија, современи тенденции на глобализација на меѓународните економски текови, технолошкиот развој и структурните промени во светското стопанство, теоретските основи на меѓународната економија, политиката на меѓународните економски односи, проблемот на презадолженоста на земјите во развој, макроекономската политика во услови на отворена економија, меѓународните економски проблеми на земјите во транзиција, местото на Република Македонија во меѓународната економија.
  • [6 ЕКТС] Јавна економија
    Основната интенција на наставата на предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на разликите помеѓу јавниот и приватниот сектор. Во тие рамки, да се објасни исто така и логиката, организацијата и начинот на функционрање на јавниот сектор во светот и во Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Монетарна економија
    Предметот е ги вклучува основните монетарни концепти и политики, развојот на монетарната рамка, макроекономска и монетарна анализа и користење на регресиона анализа.Тој треба да им овозможи на студентите (концептуално и методолошки) да ги анализираат различните монетарни политики, врската помеѓу монетарните агрегати и макроекономските варијабли, како и улогата на различните монетарни и финансиски институции во процесот на понуда на пари.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Применета статистика
    • Одржлив развој
    • Менаџмент на вкупен квалитет
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Јавни финансии
    Во овој предмет се презентираат и анализираат теоретските и практичните аспекти на јавните финансии и нивното значење во понудата на јавните добра, аспектите на уредување на ефикасен даночен систем, улогата на фискалната политика во економската стабилизација, ефектите на буџетскиот дефицит и јавниот долг и уредувањето на фискалниот федерализам. Кратка содржина на предметот: јавен сектор, алокација, дистрибуција и јавен извор, оданочувањето и распределбата на доходот, микроекономски ефекти од оданочувањето, фискална политика и економска стабилизација, буџетски дефицит и јавен долг, фискалниот федерализам, фискалниот систем и фискалната политика во Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Финансиски пазари и институции
    Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да ги запознаат основните принципи на функционирањето на финансиските пазари (пазари на пари, пазари на капитал, девизни пазари, итн.) и финансиските институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови, итн.) кои претставуваат извонредно важен дел од секоја национална економија, како и на светската економија во целина. Финансиските пазари и институции не само што влијаат на нашиот секојдневен живот, туку исто така се занимаваат со трансфер на големи износи на средства кои потоа влијаат на профитите на фирмите, производството на стоки и услуги и на економската благосостојба на нашата и странските економии. Во последните десетина години се случија фундаментални, револуционерни промени на финансиските пазари и институции во светски рамки. На свој начин, низ драматични промени минаа и македонските финансиски пазари и институции. Овој предмет ќе ги запознае студентите со главните насоки и содржината на тие промени. Но со оглед на тоа што е извесно дека интензитетот на промените нема да се намали во иднина, тој е фокусиран кон тоа да им обезбеди на студентите такви знаења и аналитички орудија, кои ќе им бидат потребни да ги разберат финансиските иновации што сигурно ќе се случат кога тие професионално ќе се занимаваат со финансискиот бизнис.
  • [6 ЕКТС] Економија на работната сила
    Економијата на работната сила е подрачје што станува критична компонента на јадрото на аналитичката економија. Ефикасноста на трудот како ресурс во поширока смисла директно ја детерминира продуктивноста и конкурентноста на одделните индустрии или националните економии на меѓународните пазари. Невработеноста станува еден од централните економски и социјални проблеми на современите економии. Тој е заснован на апликација на стандардната економска анализа. Економијата на труд е подрачје на економијата што ги изучува организацијата, функционирањето и резултатите на пазарот на трудот, одлуките на потенцијалните и сегашните учесници на пазарот на труд и разните мерки што се однесуваат на вработеноста и плаќањето на ресурсите на труд.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Теорија на игрa
    • Урбана економија
    • Современите макроекономски концепти и политики
    • Корпоративно управување
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Теорија на игрa
    • Урбана економија
    • Современите макроекономски концепти и политики
    • Корпоративно управување

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Претприемништво и локален економски развој.
Google+