Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBAMAN120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по економски науки - Насока: Mенаџмент
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политикита;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации

Семестар 1

  • [MCBA1018] [6 ЕКТС] Финансии за менаџери
    Целта на предметот е да се обезбедат теоретски и практични знаења на студентите од областа на менаџирањето со финансиите на деловните субјекти. Студентите (потенцијални менаџери) се запознаваат со финансиските информации за да можат да ги анализираат и да ги протолкуваат финансиските податоци, во евентуалните инвестициони и финансиски одлуки. Целта е и да се овозможи студентите да развијат способности за вреднување на деловниот субјект како и за менаџирање со разните форми на финансирање на деловните активности и за предвидување при донесувањето одлуки за инвестирање сега и во иднина.
  • [MCBA1011] [6 ЕКТС] Напредна економија
    Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
  • [MCBA1019] [6 ЕКТС] Напреден стратегиски менаџмент
    Целта на предметот на последипломските студии е студентите да ги продлабочат своите знаења од областа на стратегискиот менаџмент преку анализа на конкретните случувања од оваа област во Република Македонија и во светот. Во овој правец предметот целта е да се разработат на подетално ниво сите релевантни теми од областа на стратегискиот менаџмент и да се надополнат со случаи од практиката на деловните организации.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMBA01] Напреден маркетинг-менаџмент
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CMBA1024] Корпоративно управување
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [EFIN0109] Меѓународен бизнис
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCBA1025] [6 ЕКТС] Менаџмент и лидерство
    Предметот да ги подгототвува студентите за предизвиците со кои ќе се соочат во текот на нивниот работен век, особено доколку работат на некоја менаџерска позиција. Во рамките на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења општо за менаџментот, но и за важноста и улогата на лидерството во управувањето со современите претпријатија посебно. Значи предметот ќе биде поделен на два дела. Во рамките на првиот дел студентите ќе се запознаат со општите теоретски рамки на менаџментот. При тоа ќе се обрне внимание на историскиот развој на менаџментот, процесот на менаџмент, односно главните менаџерски функции, како и современите правци во развојот на менаџментот. Во рамките на вториот дел на предметот, студентите ќе се запознаат со природата на лидерството. Притоа, ќе бидат опфатени и теориите за лидерство, како и улогата на лидерите во сèвкупното управување со претпријатијата.
  • [EMBA1021] [6 ЕКТС] Теорија на игрa
    Целта на овој предмет е да ја подобри стратешка способност за донесување одлуки во конкурентни ситуации во кои оцената за исходот од акцијата не зависи само од изборот што ќе се направи, туку и од направениот избор од другите. Ние се концентрираме на аналитичкиот метод кој произлегува од теоријата на играта, која предвидува ригорозна аналитичка рамка за структурирање конкурентни ситуации, идентификување на алтернативи и за изборот меѓу нив. Нашиот основен пристап ќе биде да се пробие комплексноста во делови, преку користењето на теоријата на играта за анализа на деловите. Нашата цел е да се стане подобар стратешки донесувач на одлуки во однос на конкурентни предизвици. Главни цели ќе биде да се користи теоријата на играта, да се идентификуваат, да се дијагностицираат и да се анализираат предизвици со кои се соочуваат фирмите во динамичната индустрија и да ја применуваат теоријата на играта, концептите и алатките за развивање стратегии за конкурентната предност. Сето ова ќе биде направено со анализа на различни игри.
  • [MCMG2021] [6 ЕКТС] Менаџмент на човечки ресурси
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со целокупноста на процесот на управување со човечките ресурси во претпријатието. Притоа, тие треба да се здобијат со проширени знаења за секоја од фазите на процесот на менаџмент на човечките ресурси, започувајќи од анализата на работните места и согледувањето на потребите за промени во структурата на човечките ресурси во претпријатието, преку регрутацијата и селектирањето на кандидатите, па сè до воведувањето на работниците на работното место, нивното наградување и мотивирање и се разбира нивното пензионирање или предвремено отпуштање од работа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMBA01] Напреден маркетинг-менаџмент
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CMBA1024] Корпоративно управување
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [EFIN0109] Меѓународен бизнис
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [BE0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [MCMG3021] [6 ЕКТС] Менаџмент на мал бизнис и претмприемништво
    Тргнувајќи од фактот дека малите и средните претпријатија се најзастапени во вкупниот број на претпријатија, во овој предмет се обработува значењето, суштината, начинот на функционирање, формите на организација на малите претпријатија во економијата. Во рамките на овој предмет се укажува на круцијалната улога на малиот бизнис во целокупната економија, на основните разлики помеѓу малите и големите претпријатија, начинитена подготвување на бизнис плановите за малите и средните претпријатија, организацијата на малите и средните претпријатија, можните извори на финансирање на овие претпријатија, замките, успесите и неуспесите на малите и средните претпријатија, нивното етичко работење и општествена одговорност како и тесната врска помеѓу претприемништвото и малите и средните претпријатија.
  • [MCMG3022] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се контролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMBA01] Напреден маркетинг-менаџмент
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CMBA1024] Корпоративно управување
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [EFIN0109] Меѓународен бизнис
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMBA01] Напреден маркетинг-менаџмент
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [CMBA1024] Корпоративно управување
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EFIN0107] Менаџмент на информациони системи
    • [EFIN0109] Меѓународен бизнис

Семестар 4

  • [BE-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент.
Google+