Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Медиумска информатика

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Програмата за додипломски студии Медиумска информатика им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на компјутерските науки специфично фокусирано во областа на комуникациските науки и медиумите, а истовремено ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во вториот циклус на студиите. За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности за практична работа (internship), со  што ќе се оспособуваат да ги применат нивните стекнати знаења и вештини во областа Медиумска информатика.

Универзитетот моментално поседува извонредна ИТ-инфраструктура за реализација на предложениот курикулум во насоката Медиумска информатика со компјутерски лаборатории, интернет пристап и можноста за далечинско учење (distance learning), како и библиотека со он-лајн ресурси достапни за пребарување.

Составеноста на курикулумот има цел балансирана комбинација на основно знаење и специфични  професионални  вештини.  Првата  година  е  значајна  за  студентите,  бидејќи спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети со практична имплементација од двете полиња, медиумите и информатиката. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална оформеност.

Наставни цели на програмата

  • Да им овозможи на студентите независно истражување, навлегувајќи во оние области од Медиумската информатика кои не биле опфатени со наставната програма;
  • Да развиваат способности за критички, аналитички и функционален пристап, споредбени способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во областите на Комукиацистите наукки (медиумите) и информатиката;
  • Да нуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување;
  • Да се понуди можност за запознавање и стекнување на први работни искуства во реална работна околина од областа на студирањето преку практична работа и стажирање;
  • Да   се   потенцира   повеќејазичната   настава   и   да   се   промовира   меѓуетничкиот  и меѓукултурниот дијалог;
  • Да се  стекнат познавања и вештини од основните дисциплини од Медиумската информатика: Програмирање, Веб-програмирање, основни концепти од медиуми и комуникациски науки, мултимедија и медија продукција како и нивните имплементации во сродните области;
 
 
  
Знаење и разбирање
  • Поседување на знаење и разбирање од областите комуникациски науки и информатика (мас-медиуми, медиа продукција, веб технологии, мултимедија и мултимедиски апликации, програмирање, компјутерски и информациони системи) сразмерно проширено во однос на студиите од прв циклус.
  • Способност за развој и примена на оригинални и креативни идеи во околини кадешто се преклопуваат или се взаемно поврзани областите на Медиумска информатика.
  • Способност за примена на интердисциплинарно знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од медиумската информатика.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање на проблеми во нови или околини за кои се нема претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална мас-медиумска или организациска околина.
  • Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во доменот на мас-медиуми имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
  • Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од медија процесите и со соодветно користење на компјутерски алатки и околина базирани на дефинирани техники за истражување и испитување.
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со медија процесите со користење на компјутерски алатки и техники. 
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со медија процесите, за идентификација на соодвети специјализирани инстанци во медија доменот и информатиката за донесување издржани проценки во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
  • Способност за јасно и недвосмислено комуницирање на закључоци, резултати, студии и знаење на специјалисти од двете: медија и информатички области со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување за не специјалисти.
  • Компетентност за критични, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење на нови хипотези.
  • Способност за иницирање, водење и преземање на одговорност за индивидуи и групи во случаи каде комуникациските (медиумските) и информатичките компетенции се од суштинска важност.
 
Вештини на учење
  • Способност за идентификација на личните потреби и насоки  за индивидуално и автономно дообразование и негово самостојно и автономно изведување во вообичаените комуникациски и информатички области.
  • Способност за преземање на одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Калкулус и линеарна алгебра
    Главна цел на предметот е да им се даде на студентите практично знаење околу основните поими од предметот калкулус. Во првите две-три недели се учи за поимот функција како основен поим во овој предмет. Значи се оди кон дефинирањето на разни функции преку две различни нумерички множества, се задаваат функции на различни начини ( табеларно, дијаграми, аналитички, графички и др). Потоа се пресметува граничната вредност, изводот, диференцијалот и интегралот на една нумеричка функција и се оди кон примената на овие познавања во практичниот живот и во другите природни науки. Исто така, последните три недели се резервирани за учење на некои поими од теоријата на линеарната алгебра.
  • [6 ЕКТС] Компјутерски апликации во комуникации
  • [6 ЕКТС] Вовед во комуникациски науки
    По завршувањето на задолжителниот предмет Вовед во комуникациски науки, од студентите ќе се очекува да можат да се снајдат во едноставни конверзации , да можат да ги аплицираат знаењата за Шеноновата и Виверовата шема да ги совладаат основите на лингвистичките модели на комуникација. Исто така, од студентите ќе се очекува да може самостојно да ги употребат овие знаења во понатамошните нивни потреби, но исто така и како основа за усовршување на истиот.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански/македонски јазик 1
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик 1
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Социјални мрежи и медиумски информациони системи
  • [6 ЕКТС] Мултимедиални системи и апликации
    Студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимите: W3C-технологиите како што се XML, SVG, SMIL, KML и MPEG. Програмирање од страна на серверот преку PHP за динамично генерирање на XML-базирани мултимедија објекти, Social computing, Веб – технологии 2.0, ремиксирање на податоци и веб-услуги, архитектура и дизајн на мултимедијални системи.
  • [6 ЕКТС] Вовед во медиумски студии
    Предметот ги дефинира, определува и разјаснува улогата, функциите, карактеристиките и видовите на медиумите особено низ примери од практиката. Покрај традиционалните медиуми, ќе бидат третирани и новите on-line медиуми со специфичните карактеристики и мултимедијалноста на интернетот и интерактивноста на социјалните мрежи. Цели на предметот се: * Да ги воведе студентите во основните функции на медиумите и средствата за масовна комуникација, * Да ги запознае со нивното влијание и значење во општеството, * Да ги воведе во новинарската професија, * Функциите и видовите на новинарството и на новинарските производи.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик 2
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански јазик 2 / македонски јазик 2
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Медиуми и општество
    Медиуми и општество преставува вовед на студентите во дисциплина која ги изучува комплексните односи меѓу медиумите и општеството, улогата на масовните медиуми како посредувачка технологија при масовното и глобалното комуницирање. Посебна цел на предметот се политичките, економските, социјалните и културните импликации на медиумите врз општеството.
  • [6 ЕКТС] Веб технологии
    Целта на овој предмет е да обезбеди на студентот сеопфатно разбирање на повеќе алатки и методологии за решавање на проблеми поврзани со теми од веб технологиите и креирање на ефективни веб -страници. Иако ќе се користат конкретни алатки, како HTML и VisualStudio (ASP.NET), нашиот примарен фокус ќе бидат техниките за решавање на проблеми и за собирање информации, кои ќе го надживеат секој посебен програмски јазик. Предавањата ќе се фокусираат на општите концепти и синтакса, додека вежбите ќе се фокусираат на имплементација и практики.
  • [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да се здобијат со потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се учи како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување на соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци идр. Исто така целта е да се учат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на медиумската информатика.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик за специфични цели 1
    • Англиски за посебни намени 1
    • Англиски за посебни намени 2

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Основи на програмирање
    Ова е предмет во кој се презентираат основните концепти на програмирање кои понатака служат како вовед во структурно програмирање. Намерата е да се учат студентите да напишат јасни и ефикасни C++ програми применувајќи широк спектар на програмирачки техники, со посебен акцент на примери од комуникациските и компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Медиумско пишување и известување
    Овој предмет е наменет за унапредување на практични вештини на студентите за новинарско пишување и известување во печатените и електронските медиуми. Овој предмет ќе им дава на студентите практични упатства за основните техники на медиумското пишување. Студентите ќе се оспособат да пишуваат за весниците, радиото и телевизијата. Исто така студентите ќе се фокусираат како да ги собираат, верификуваат, организираат и презентираат вестите пред широката јавност.
  • [6 ЕКТС] Политичка комуникација
    Предметот Политичка комуникација има за цел да ја студира, објаснува и анализира политичката комуникација, која има историја од кога постои политичката заедница, меѓутоа не се занимава со историската страна , сакајќи да се задржи на модерните времиња и на политичката актуелност. Предметот исто така има и заеднички точки со проблемите на јавното мислење, но повеќе се задржува на природата на односот помеѓу политичарите и медиумите. По завршувањето на истиот, студентот ќе биде во состојба да разбира и спроведува ставови во врска со политичкото оформување и комуникацијата и начинот на присвојувањето на идеите и ставовите. Тие треба да ја разберат опасноста на психологијата на масите и нивната етимологија, со помош на примери од блиското до далечното минатото.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик за специфични цели 2
    • Англиски за посебни намени 1
    • Англиски за посебни намени 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Е – трговија
    • Организациска комуникација и др.

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Теории на комуникации
    По завршувањето Теорија на комуникација 1 , од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна во полето на психолошките модели на комуникација. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на истите модели и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Теорија на комуникација 1, студентите ќе бидат оспособени да разработат и осмислат примери од Фројдовските модели, теорија на анксиозноста, и поведение и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и да стекнат способност за напредна писмена и усна комуникација во полето на различните психолошки теории на комуникација.
  • [6 ЕКТС] Мултимедија програмирање
    Студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимите од областа на мултимедијално програмирање како што се: креирање на и програмирање на интерактивни презентации преку разни XML јазици како што е SMIL, употреба на алатки за манипулација на звукот, самплирање, енвелопирање, бит-длабочина на звукот. Основни концепти на растерската графика: слоеви, филтери, патишта и др. Коцепти на векторска графика и употреба на алатки за 2-Д и 3-Д векторска графика, компјутерско моделирање и анимација. Инкопорирање на мултимедијални анимации во веб средини.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на информациони системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5.2
    • Податочно рударство
    • Преговарање
    • Принципи и практики на интервјуирање
    • Меѓукултурна комуникација и др.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5.1
    • Податочно рударство
    • Преговарање
    • Принципи и практики на интервјуирање
    • Меѓукултурна комуникација и др.

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Медиумска продукција и ко-продукција
    Предметот има за цел да ги запознае студентите со техниките, организацијата и структурата на медиумските прoизводи применети во весниците, радиото и ТВ со помош на компјутерската технологија. Студентите ќе се стекнат со знаења и вештини за производство и емитување на Радио и Тв емисии, документарни програми и конкретни медиумски прилози од различни тематски области и новинарски жанрови, нивна радио и Тв монтажа, креирање на станица во весник со компјутерска технологија. Практичните знаења ќе ги применат во креирање на Радио и Тв програми, а ќе може и критички да размислуваат и да ги определуваат димензиите и ефектите од производство до дистрибуција на конкретни медиумски производи.
  • [6 ЕКТС] Веб инженерство
    Со завршување на предметот студентите ќе бидат способни да: * Анализараат процесот на развивање на веб софтверски солуции и да го изразат суштината концизно и прецизно; * Дизајнираат структура на модул за решавање на проблемот, како и проценка на алтернативи; * Програма и спроведување на веб софтверски модул така што ќе го извршува ефикасно и правилно; * Работа во мали тимови, соработуваат на различни аспекти на развој на веб апликации, и размена на идеи во конструктивна и софтвер за управување со проекти организиран начин; * Ги ценат развојните вештини и методолошки прашања во развој на софтвер, како што се важноста на мислељето на корисникот како фидбек, работа со ограничени ресурси, одржливоста, тестирањето, и менаѓирањето на развојниот софтверски тим.
  • [6 ЕКТС] Меѓународна комуникација
    Студентите ќе може да ја дефинираат меѓународната комуникација, да ги идентификуваат и да ги објаснат европскиот медиумски простор и европската медиумска култура, а знаењето и разбирањето ќе го применат во изработка на национални и европски аудиовизуелни политики и регулативи со способност за проценка на одредени комуникациски ситуации врз основа на применетите европски стандарди и критериуми во комуникациските содржини и критичка размисла на структурата на европските комуникациските системи како средства за нивно изразување.
  • [6 ЕКТС] Дипломска работа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6
    • Веб-програмирање
    • Бизнис и професионална комуникација
    • Новинарски жанрoви
    • Медиумско право и регулатива
Google+