COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Англиски јазик и литература (2022/2023)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: EN-240
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Професор по англиски јазик и литература
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Структурата на програмата содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на јазиците, културите и комуникациите, имплементирајќи го овој концепт преку наставната програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која е тесно поврзана со практичната примена во светот на јазикот, културата, уметноста, образованието и комуницирањето.

Главни цели се:

  • Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во образовните, културните, научните установи и организации во земјава и  насекаде низ светот.
  • Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на нивната професија во државниот, приватниот и невладиниот сектор.
  • Да понуди низа модули кои ја опфаќаат основата на знаењата за приближување кон професиите кои помалку или повеќе се поврзани со сферата на образованието и културата.
  • Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за јазикот, литературата во јавните, приватните и  во други организации.
  • Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
  • Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на општествените, образовните, културните и научните организации.
  • Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.

Програмата за додипломски студии им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на образованието и  културата, а истовремено ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во последната година на студиите.

Содржината на курикулумот е балансирана комбинација на основно знаење и специфични  професионални  вештини.  Првата  година  е  значајна  за  студентите,  бидејќи е спој на цел спектар на интердисциплинарни предмети. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална оформеност.

Англискиот е втор јазик во светот ипоради тоа постојат можности за вработуавње  на нашите дипломирани  да работаат во настава, превод, толкување, новинарство, туристички индустрии, корпоративно предвање јазици, деловно толкување, уредување и креативно пишување. 

Знаење и разбирање
  • Има теоретски и практични знаења на граматичките структури и современиот англиски вокабулар, доволни за да ги задоволат наставните потреби. 
  • Има јазична компетентност еднаква или подобра од Заедничката европска рамка на ниво Б2 во сите четири вештини (зборување, слушање, читање и пишување).  
  • Има познавање на литературата на англискиот јазик во однос на периоди, жанрови и главни автори.
  • Има основни практични преведувачки вештини по општ англиски.
  • Разбира различни стратегии на учење и подучување кои се користат во подучувањето на англискиот како странски јазик.
  • Има добро разбирање на различните аспекти на историјата и културата на земјите што зборуваат англиски. 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Е квалификуван да предава во разновидни опкружувања, согласно законот за образование на Република Северна Македонија.
  • Применува соодветна методика на подучување која што одговара на потребите на студентите.
  • Може да преведува на, и, од англиски на мајчиниот јазик за содржината на наставата.
  • Го користи англискиот јазик соодветно во однос на говор и различните типови на дискурси во различни социјални и професионални средини. 
Способност за проценка
  • Има способност да оценува литературни текстови, водејќи сметка за нејаснотиите на јазикот, книжевниот стил, симболот и метафората.
  • Може да донесе јасна и информирана одлука за прашања и дебати врз основа на јазичните, културните и книжевните знаења.
  • Има способност да ги анализира ученичките потреби и развива наставни програми со избирање на соодветни техники, како и дизајнирање на наставни програми
Комуникациски вештини
  • Може да ги артикулира јасно мислите и да ги пренесе пораките во академски и говорен англиски јазик. 
  • Има способност да произведува и организира граматички точни изрази и реченици. 
  • Владее со знаење за самоуверено читање, пишување и зборување за голем број на книжевни текстови и пишува јасни аргументи користејќи текстуални примероци со логичен прогрес и јасност на објаснување.  
  • Може дагипроценува и оценува културните трендови во Англофонскиот свет, вклучувајќи мислители и историски настани. 
Вештини на учење
  • Има независни вештини на учење во вршење на стручни задачи и може да покаже независност во примената на истите во професионалната сфера.
  • Е во состојба да развива наставни материјали во врска со неговите/ нејзините наставни практики користејќи упатства и соодветни ресурси.
  • Има капацитет да учествува во, и се прилагодува на нови јазични и културни случувања во англиските студии.
  • Може да ја искористи и практикува доживотното учење.

Семестар 1

  • [CEL-105] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 1
    Цели на предметот: Знаење и разбирање: Има знаење и разбирање за: точната употреба на глаголските времиња, споредувањето на придавките, релативните клаузули, индиректниот говор, инфинитивот и логичните претпоставки. Има компетенции во однос на граматичкиот и вокабуларниот аспект да учествува во дискусии во врска со различни социјални теми и содржини. Примена на знаење и разбирање: Е способен да го применува своето знаење во различни комуникативни околности и да одговара со високо ниво на лингвистичка прецизност на различни теми за дебатирање. Има знаење да праша и да изразува интерес, да спротивставува и да креира идеи, да предлага и да побива идеи, како и да сугерира. Комуникациски вештини: Студентот е способен да иницира и да задржува дискусија со задоволителна доза на заплетканост. Има знаење и компетенција за пишување доброорганизиран параграф, како и доброорганизирана писмена кореспонденција. Студентот има развиени вештини за самостојно ефективно читање. Проценување: Студентот е способен правилно да користи различни граматички форми, како: времињата, глаголските конструкции, идиомите и др., способен е за изразување доброорганизирани мисли на различни теми на дебатирање. Вештини на учење: Студентите имаат развиени вештини за независно учење со помош на различни интерактивни алатки. Тие се способни да најдат ресурси за понатамошно учење и за подобрување на четирите вештини (читање, слушање, пишување и зборување).
  • [C2199] [6 ЕКТС] Англиска литература 1: Британска литература
    Цели на предметот: Знаења и разбирања на студентите: • Употребуваат поезии и прози од претходните студии во своите критики на драми. • Го поврзуваат развојот на англиската драма со нејзината историска и културна основа. Примена на знаење и познавање: • Употреба на соодветната критичка терминологија при пишување и зборување. • Проверување на значајните карактеристики на спецификациите на полето. Способност за процена: • Анализирање драмски дела како литературни дела и како иzведби. • Детектирање, анализирање и интерпретирање на поголемите разлики меѓу големите драмски автори. Комуникациски вештини: • Читање на делата на оригинален англиски јазик. • Споредување истражување и пишување есеј и негова презентација. • Формулирање, претставување, поддршка на критички мислења од текстот во дискусии со предавачот и со колегите. Вештини на учење: • Читање на делата како текст и изведба. • Соодветно дискутирање на час, лична интерпретација и независен интражувачки есеј. • Примена на информативни способности, влијание и задлабочено текстуално разбирање.
  • [ETTE04] [3 ЕКТС] Академско пишување на англиски јазик
    Предметот има за цел да ги оспособи студентите да ги употребуваат јазични вештини во контекст на академско пишување кое вклучува пишување на академски параграф и есеј, како и есеи во кои се образложува проблем и се предлага решение, се споредуваат и контрастираат ситуации и проблеми и се образложува поставена теза или мислење. Понатаму, студентите треба да се способни да слушаат и читаат и да ја разберат суштината и деталите, и успешно да напишат параграф и есеј во кој го аргументираат нивното мислење. Треба да ги изнесат своите ставови и мислења кои ќе бидат образложени во дадениот параграф или есеј. Исто така, треба да ги организираат своите идеи и успешно да напишат параграф и есеј во кои образложуваат проблем и предлагаат решение, при што даваат детали, факти и аргументи, цитираат и наведуваат извори. Тие треба да се во состојба да ги идентификуваат главните идеи и детали во текст, цели и пораки на текст, како и начини на организирање на текст и да ги применат во пишување. Во понапредните фази, од студентите се очекува да преминат на пишување на посложени академски задачи, како што е академски труд со преглед на литература, истражување, заклучоци и препораки.
  • [CEL-103] [6 ЕКТС] Фонетика и фонологија
    Во фокусот на предметот се основните фонолошки концепти, како што се инвентарот и дистрибуцијата на англиските фонеми, алофони, нивните карактеристики, морфофонологијата, слоговната структура и прозодиските карактеристики. Исто така, во фокусот е акустичната, артикулационата и аудитивната фонетика, вклучувајќи го и описот и класификацијата на англиските согласки и простите и сложените самогласки.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 2

  • [CEL-205] [6 ЕКТС] Современ англиски јазик 2
    Цели на предметот: Знаење и разбирање: Да има знаење и разбирање за граматичките структури како пасивот, условните реченици, сврзниците, структурите, клаузулите итн. Исто така да има способности во однос на граматичкиот и вокабуларниот аспект да учествува во дискусии поврзани со различни социјални теми и содржини како на пример: животна средина, екологија, технологија, наука, мода итн. Примена на знаењата и разбирањата: Студентот може да го применува своето знаење во различни комуникациски околности и да одговара со високо ниво на лингвистичка прецизност на различни теми за дебатирање. Има знаење да искажува интерес и грижа, да искажува претпоставка, да прашува и да изразува интерес, да се жали, да се извинува, да повторува и да потврдува. Комуникациски вештини: Студентот е способен да иницира и да задржува дискусија со задоволителна доза на комплицираност. Има знаење и компетенција за пишување доброорганизиран есеј, како и доброорганизирана писмена кореспонденција. Студентот има развиени вештини за самостојно ефективно читање. Способност за проценка: Студентот е способен правилно да користи различни граматички форми, како: времињата, глаголските конструкции, идиомите и др. Способен е за изразување доброорганизирани мисли на различни теми на дебатирање, како на пр. криминал, мода, временски прилики, екологија, технологија итн. Вештини на учење: Студентите имаат развиени вештини за независно учење со помош на различни интерактивни алатки. Тие се способни да најдат ресурси за понатамошно учење и за подобрување на четирите вештини (читање, слушање, пишување и зборување).
  • [CEL-202] [6 ЕКТС] Морфологија
    Во фокусот на предметот се морфолошките карактеристики на англискиот јазик. Исто така се вклучени и граматичките категории и другите функции на зборовите на мајчиниот јазик на студентите како што се: именки, заменки, придавки, прилози, предлози, определен и неопределен член, сврзници, броеви и извици. Со посебно внимание се третираат формите и функциите на горенаведените делови на говорот.
  • [C2200] [6 ЕКТС] Англиска литература 2: Американска литература
    Цели на предметната програма: Знаења и разбирања: • Користење и разбирање на соодветен критички речник поврзан со поезија и поетски модели. • Вклучување критички способности во интерпретација на поетските текстови. • Демонстрација на разбирање на историскиот развој на поетите, нивните животи, нивните стилови и нивните достигнувања. Примена на знаењата и сознанијата: • Запознавање и евалуација на развојот на англиската поезија од Чосер и од Ларкин. • Идентификување слични теми во поезиите и анализирање различни пристапи. • Поврзување специфични жанрови, стилови и движења со соодветни култури и во посебни хронолошки периоди. Способност за процена: • Одредување различни нивоа на отстапување во поетското пишување. • Генерирање и артикулирање толкувани пофалби од песните. • Процена на соодветноста на метричката форма на која се однесува. Комуникациски вештини: • Да ги прочитаат делата во нивната оригинална форма на англиски јазик. • Да направат внимателно истражување во писмен есеј и да го презентираат на час. • Да се вклучат во дискусија од критички и естетски аспект на материјали обработувани со предавачот и со други колеги од групата. Вештини на учење • Да ги прочитат и да ги интерпретират уметничките дела на напреден англиски јазик. • Да ги поврзат критиките за делата обработувани на предавањата и да ги вклучат најубедливите критики со сопствена интерпретација на студентот. • Стекнување невобичаено и технички речник од контекст и пример.
  • [CELT08] [3 ЕКТС] Англиски за специфични потреби
    Предметот има за цел студентите да се запознаат со англискиот јазик за специфични цели како еден сосема поинаков јазик кој се разликува од општиот англиски кој го зборуваат и изучуваат; историскиот развој и појавата на ваквиот јазик и неговата класификација, како и главните карактеристики кои го прават посебен, како што се на пример: различните жанрови, нивните поинакви одлики и публиката (луѓето за кои е наменет). Понатаму, во рамките на предметот ќе разработува конкретен вокабулар и дискурс карактеристичен за главните видови на англиски за специфични цели како на пример: за бизнис, за право, за медицина, трговија, дизајн и слично. Оваа цел ќе се спроведе преку работа на автентични материјали за да можат студентите да ги осознаат спецификите на јазикот на различните професии со кои ќе имаат контакт во иднина, било како предавачи или преведувачи/толкувачи.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 3

  • [C2202] [6 ЕКТС] Историја и култура на Велика Британија
    Целта на предметот е студентите: • Да се запознаат со разновидните аспекти на историјата и културата на англофонските земји со фокус на Велика Британија; • Да анализираат разни перспективи од историјата на Англија како процеси наместо само како хронолошки след на нештата; • Да ги проценуваат особините на мултиетничките општества; • Да можат критички да дискутираат за општествената историја (економска, демографска, политичка и културна) на Англија.
  • [C2203] [6 ЕКТС] Англиска литература 3: Ирска литература
    Преку овој предмет се испитува една од главните литературни култури на англискиот јазик: пишувањето во Ирска. Не се студира пишувањето на ирски јазик. Во рамките на предметот се проучува една од главните земји и култури кои придонесуваат за литература на англиски јазик во светот.
  • [CTTA56] [6 ЕКТС] Синтакса
    Цели на предметот се студентите: Дa ги совладуваат клучните поими и категории на синтаксата на англискиот јазик со нагласок на педагошката примена; нивното теоретско и практично знаење на синтаксата на англискиот јазик да биде на соодветно ниво со потребите на наставата на англискиот јазик; Да можат да го владеат англискиот јазик не само како комплексни серии на синтактички и лексички образци, туку и да се оспособат со јазична компетенција со која ќе ги препознаваат и употребуваат тие образци во соодветни социо- културни контексти; Да имаат познавања на извори на литература за синтаксата на англискиот јазик; Да бидат обучени со знаења и вештини за да вршат компарација за разликите и сличностите помеѓу мајчиниот и англискиот јазик;
  • [CEL-802] [6 ЕКТС] Семејство и општество
    Цели на предметот: - Студентите ќе стекнат продлабочени знаења за општествените услови во кои се развиваат образованието, семејството и општество. - Специфичностите на семејството и општество како социолошка дисциплина. - Нееднаквостите во образованието. - Ќе можат да направат прoдлабочени анализи на семејството и општество и на односите на социјалните фактори во нив. - Развиваат критички и творечки однос кон образовната теорија и практика во едно конкретно општествено мислење. - Иницирање и комплетирање независна истражувачка работа. - Способност за адаптација во однос на различни културни и меѓучовечки односи и околности. - Демонстрирање способност за пренесување знаење во врска со комплексноста на социолошките, антрополошки и на социолошkи реперкусии на комуникациските технологии. - Способност за развивање елоквентна дискусија.
  • [C2201] [3 ЕКТС] Современ англиски јазик 3
    Студентите преку овој предмет ќе ги збогатат своите јазични искуства со: Знаење и разбирање: - Примена на комплексни граматички структури, како зависни реченици и индиректни прашања; развој на чувствителност кон англо културите и англискиот стил на комуникација. Примена на знаењето: - Прекинување и на учтив начин и давање свој придонес во дискусиите на час; оформување точни граматички и стилски речници кои покажуваат точна примена на глаголските форми, споредби и описен јазик. Комуникациски вештини: - Изразување предност, незадоволство, намери, чувства и жалби; пишување есеи и формална кореспонденција, развој на течно зборување и пишување. Способност за процена: - Ревидирање на пишувањето, читањето и слушањето за главен мотив и детали, користење соодветен јазик во дадена ситуација, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на академски и секојдневни изрази. Вештини на учење: - Збогатување на нивното културно искуство и знаење cо користење на изразните текстови и сценарија за поттикнување на самостојно учење; управување со јазични ресурси како што се веб и библиотечни услуги; користење на англискиот јазик за решавање проблеми за учење.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Course objectives: - To gain knowledge about the writing process (stages in creating a text). - To approve the standard language norms. - To achieve an academic level for written expressions in Albanian, Macedonian or English, which will apply the previously acquired knowledge of the standard language. - Encourage student motivation for written expressions regardless of text types and forms. - To approve the criteria of textuality, which are essential for a text. - Acquisition of materials search skills (libraries and online resources).
  • [C2204] [3 ЕКТС] Современ англиски јазик 4
    Студентите преку овој предмет ќе ги збогатат своите јазични искуства со: Комуникациски вештини: Испраќање сметка, купување работи, раскажување искуства, контраст на идеи, изразување чувства, следење дискурс; создавање и одговарање на предлози, изразување веројатност, предности/недостатоци, одлучување за храна/пијалаци и изразување согласување/несогласување. Примена на знаењето: Одобрување идеи; изразување навреденост / симпатија, одбивања, давање предлози, прифаќање / одбивање / донесување одлуки; давање комплименти, алтернативи; претпоставки; создавање повеќе грамaтички и стилистички точни реченици кои покажуваат точна употреба на глаголските форми и пасивните форми. Способност за процена: Ревидирање на пишување, читање и слушање на главни детали, на различни контексти, употребувајќи соодветен јазик во дадена ситуација, вклучувајќи академски и социјални изрази. Знаење и разбирање: Примена на комплексни граматички структури, како допусни клаузули, модални глаголи, пасиви, квантификатори, индиректни прашања; употреба на вокабулар поврзан со областа на криминалистиката, еволуција на образованието, наследноста, просторот и храната; развојот на чувствителност во англо културите и англиски стил на комуникација. Вештини на учење: Збогатување на нивното културно искуство и знаење cо користење на текстови и сценарија за поттикнување на самостојно учење; стратешка и истражувачка способност, управувајќи со јазични ресурси како што се веб-страници и библиотечни услуги; користење на англискиот јазик за решавање проблеми со учењето.
  • [CEL-504] [6 ЕКТС] Преведување 1
    Во рамките на предметот се истражуваат методи, техники, пристапи и теории на преведување. Се даваат инструкции за успешно преведување и за истовремено, непрекинато толкување. Фокусот е на преведување на литературни текстови како проза и поезија и други документи и се анализираат и преведуваат статии во весници, официјални документи и професионални текстови од полето на бизнисот, правото и администрацијата. Преку овој предмет се истражува етиката, моралот и одговорностите при преводот.
  • [EEL-301] [6 ЕКТС] Вовед во усвојување на вториот јазик
    Овој предмет им овозможува на студентите вовед во полето на усвојување на странски јазик (УСЈ). Студентите добиваат добра основа во теоријата на УСЈ и обука за едни од најновите методолошки помагала во ова поле. Значителен временски период ќе биде посветен на сличностите и разликите помеѓу усвојувањето на мајчиниот и на странскиот јазик и студентите ќе имаат прилика да се рефлектираат на своите искуства во учењето. Вклучени теми се: процесот на УСЈ влијанието на возраста на ученикот, мотивација, став, можност за учење, индивидуални стратегии на учење во овој процес, улогата на мајчиниот и на странскиот јазик во учењето, комуникациски вештини, грешки и анализа на грешки, хипотеза на критичен период, обука на стратегии.
  • [C2205] [6 ЕКТС] Историја и култура на САД
    Преку овој предмет студентите ќе: - Стекнат знаење за различните аспекти од историјата и културата на земјите од англиското говорно подрачје. - Ги анализираат различните перспективи на американската историја, повеќе како процес отколку како консекутивни хронолошки случувања. - Ја разберат интеракцијата меѓу политичкиот и економскиот развој и општествените промени (на пример во областа на правата на жените, граѓанските права итн.), а ќе научат и да ги ценат факторите кои се вклучени во развојот на САД како мултикултурно општество. - Бидат способни критички да се вклучат во дискурсна анализа на општествената историја на САД (економска, демографска, политичка, културна).
  • [LCC-803] [6 ЕКТС] Инклузија на учениците со посебни потреби
    Целта на предметот е инклузија на сите студенти кои во својот развој имаат помал степен на некои ментални или физиолошки аномалии. Поранешната идеја дека тие требале да учат во посебни паралелки досега не даде резултати, па токму затоа овие студенти би можеле повеќе да добиваат знаења заедно со своите врсници. Тие студенти треба да се третираат со големо внимание и да се работи со нив со посебни форми и методи. Значи тие може да имаат хендикеп во однос на видот, слухот, церебрална парализа и сѐ друго што е определено од нивниот лекар.

Семестар 5

  • [CEL-603] [6 ЕКТС] Преведување 2
    Предметот овозможува нови информации поврзани со предавање и учење на вокабулар во EFL училница. Вклучува опис на тоа како се усвојува вокабуларот, како се употребува во говор и пишување, и дискусии за моментални најдобри пракси за предавање на вокабулар. Специфични прашања вклучени во овој предмет се: што значи да се знае збор, колку зборови има, кои зборови треба да бидат научени, експлицитно наспроти случајно учење на вокабулар, значењето на читањето во учењето на вокабулар, стратегии за учење на вокабулар, техники за предавање на вокабулар и тестирање на вокабулар.
  • [C2206] [6 ЕКТС] Применета лингвистика: ЕLТ 1
    Овој предмет има за цел студентите да се запознаат со основните работи за наставата по англиски како странски јазик, како и со основите на планирањето на часовите и управувањето со училницата. Притоа, ќе се нагласат принципите зад изборот и примената на разни техники и постапки за предавање јазични вештини, изговор, вокабулар и структури. Преку овие вежби студентите ќе стекнат искуство во давање и справување со повратни информации за другите и нивните наставни перформанси. Исто така, студентите треба да рефлектираат за секоја единица со цел да ја зголемат и развијат својата вештина за критичко размислување како многу важна вештина во наставата. Различни наставни активности за подучување млади ученици ќе им бидат претставени на студентите со цел подобро имплементирање во идната наставна кариера.
  • [CEL-503] [6 ЕКТС] Тестирање и оценување
    Овој предмет има за цел студентите да ги распознаат основните принципи потребни за изготвување и применување на процесот на евалуација. Преку овие принципи студентите ги идентифицираат и главните видови на евалуација, разликата помеѓу стандардна и алтернативна евалуација. Важен аспект во овој процес е валидноста и доверливоста на инструментите на евалуација. Во текот на семестарот студентите исто така ќе се запознаат со разни видови тестови, видови на прашања и задачи потребни при дизајнирање на тестови и имплементацијата на процесот на евалуација и оценување.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [C2212] Обезбедување на квалитет
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [E2656] Модерни трендови во образованието: CEFR
    • [EEI-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-502] Предавање на англиски јазик на младите

Семестар 6

  • [CEL-602] [6 ЕКТС] Анализа на потребите и дизајнирање на предмет
    Овој предмет има за цел студентите да ги запознаат основните принципи потребни за изготвување и применување на модерни академски предмети. Преку запознавање со овие принципи студентите можат да ги разликуваат разните видови предмети зависно од потребите на студентите но и на пазарот. Многу важен елемент во овој процес е проверување на валидноста и проверливоста на инструментите употребени во процесот на евалуација изготвување на предмет и имплементација на стандарди и принципи познати во академијата и во педагогијата.
  • [C2207] [6 ЕКТС] Применета лингвистика: ЕLТ 2
    Предметот има за цел да им помогне на студентите да истражуваат понатамошна настава по англиски јазик. Исто така, предметот ќе им помогне на студентите да ги применат принципите на методи на настава по јазик и пристапите за планирање на часови со презентација на мини-лекција. Студентите исто така ќе имаат шанса да развијат материјали зa учeње и единици за работа, да ги решат проблемите со наставата и да учествуваат и рефлектираат во училницата и да дадат повратни информации за своите врсници. До крајот на предметот, студентите ќе бидат изложени на различни техники на предавање на англиски како странски јазик кои можат да се користат во различни средини за учење и на развивање на нивните вештини за критичко размислување што можат да им помогнат да ги користат во идната наставна кариера.
  • [C2211] [6 ЕКТС] Практикум
    Предметот има за цел да ги подготви студентите за предавање на практиката EFL / ESL на учениците во средно училиште преку работилници (и), набљудувања на искусен наставник во акција и практични вежби во училница со актуелни ученици на англиски јазик. Акцент е ставен на набљудувања, размислување за набљудувања, наставни демонстрации и подготовка на планови за часови. Сите овие активности се направени за да им помогнат на учениците да развијат сопствена наставна филозофија. Се што ќе се изработи во рамките на овој предмет е дизајнирано за да ги подобри студентските вештини за учење, да им го олесни времето во училницата и да ги подготви да ги подобрат своите наставни вештини на континуирана основа откако ќе завршат со часот.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [C2212] Обезбедување на квалитет
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [E2656] Модерни трендови во образованието: CEFR
    • [EEI-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-502] Предавање на англиски јазик на младите

Семестар 7

  • [MCEL3030] [6 ЕКТС] Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик
    Преку предметот се нуди анализа на прашања кои се однесуваат на предавањето англиски јазик од лингвистичка и културна / социјална перспектива. Од лингвистички аспект се обработуваат темите што вклучуваат социјални, културни и структурни аспекти на јазикот и интерјазична и детална анализа на јазичниот во процесот на учење на странски јазици. Се зема предвид улогата на јазикот и дополнителните јазични фактори кои го регулираат внатрешниот развој на јазичните системи и која е и улогата на Ј1 (мајчиниот јазик на студентот) во процесот на развој на Ј2 (целниот јазик). Во однос на културно-социјалните аспекти се анализираат контроверзиите со кои се соочува образовниот систем денес. Во овој предмет се истражуваат актуелни теми за предавањето англиски јазик и студентите се охрабруваат да оценат како овие прашања се поврзуваат со педагошките норми и практики на јазичното образование. Оваа анализа ќе послужи да се нагласат предизвиците и пречките со кои се соочуваат наставниците по странски јазици и да се идентификуваат релевантните прашања за наставниците за когнитивните процеси, мултикултурно образование и критичката педагогија.
  • [C2209] [6 ЕКТС] Теории на усвојување на вториот јазик
    Преку овој предмет ќе се истражува процесот на учење и употреба на вториот јазик. Истражувањето на усвојување на вториот јазик е мултидисциплинарно по природа, што ја одразува сложената природа на учење и употребата на јазик за возрасни. Лингвистички, психолошки и социјални процеси кои се основата на учењето и употребата на јазикот и тековните наоди од истражувањето ќе се испитаат од перспектива и на професорот по настава по јазик и на истражувачот на оваа област. Студентите ќе добијат увид во сложеноста на процесот на усвојување на вториот јазик, обработката и употребата на јазикот. Тие ќе можат да развијат критички пристап кон теориите на усвојување на вториот јазик и мотивација за спроведување независно истражување во оваа област.
  • [MCEL1040] [6 ЕКТС] Културните аспекти во ЕLТ
    Целта на предметот е да се подготват идните наставници да предаваат ефективно во мултикултурни училници и средини. Предметот е составен од пет теми: што е култура; улогата на јазикот во културата; култура на предавањето; интеркултурна комуникација и градење социолингвистички компетенции.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [C2212] Обезбедување на квалитет
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [E2656] Модерни трендови во образованието: CEFR
    • [EEL-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-502] Предавање на англиски јазик на младите
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕLТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување

Семестар 8

  • [C2210] [6 ЕКТС] Теорија и пракса на настава по англиски јазик
    Главната цел на овој предмет е да им помогне на студентите да го продлабочат своето знаење за предметот методологија за настава по странски јазици. Студентите ќе се запознаат со принципите и техниките на различни наставни методи што се користат за настава по англиски како странски јазик за млади и за возрасни ученици. Дискусиите во училница ќе бидат најважниот елемент на предметот и студентите ќе се поттикнат да ги извлечат своите искуства од контекстите на предавање и да истражуваат во врска со тековната теорија и пракса.
  • [MCEL2041] [6 ЕКТС] Изучување на јазик со помош на компјутер (CALL)
    Компјутерите стануваат сѐ повеќе и повеќе интегрирани во нашето секојдневие. Тоа е од витално значење за наставниците по странски јазик за да ја разбираат нивната улога во предавањата за изучување јазик. Без ова разбирање, тешко е да се донесат одлуки за тоа како да се интегрираат компјутерите во изучувањето на јазикот, со цел студентите да се чувствуваат поангажирани при изучување на јазикот на ефикасен и ефективен начин. Предметот ќе послужи како основа за наставници заинтересирани за примена на технологијата во изучување јазик. Преку предметот се воведуваат тековните теории и практики на КАЛЛ. Во рамките на предметот се вклучени: историја и принципи на КАЛЛ, софтвер за евалуација, дизајн и веб-базирани предмети за јазик, компјутерски посредувана комуникација, хипермедиуми и корпус за јазикот. Покрај тоа, ќе се воведе употребата на компјутерите во развојот на одредени јазични вештини: читањето, пишувањето, говорот, комуникацијата / изговорот. Исто така, во рамките на предметот се испитуваат тековните теории за изучување јазик со посебен акцент кон КАЛЛ апликациите.
  • [C2208] [6 ЕКТС] Дигитална писменост и хуманистички науки
    Областа на дигитална писменост опфаќа аспекти на образованието преку дигитален медиум. Дигиталната писменост има за цел да ги подготви студентите со вештини што им се потребни за живеење, учење и делување во услови во кои сите начини на комуникација се преку дигитални технологии.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [EEL-409] Критичко мислење и мултикултурно образование
    • [EEL-306] Преведување од областа на мас медиумите
    • [C2212] Обезбедување на квалитет
    • [EEL-603] Предавање на вокалбулар
    • [E2656] Модерни трендови во образованието: CEFR
    • [EEI-505] Симултано преведување
    • [EEL-703] Учење и осознавање во наставниот процес
    • [EEL-502] Предавање на англиски јазик на младите
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет (од насоката)
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕLТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
Google+