COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни комуникации (2022/2023)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-COMMIC
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Дипломиран по меѓународни комуникации
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Студиската програма  Меѓународни комуникации, вклучува динамични и интерактивни интердисциплинарни студии. Од овие студии се очекува да генерираат професионални резултати адаптирани на потребите на интегративниот глобален пазар, а во исто време служејќи како основа за студии на постдипломско ниво (втор циклус на студии). Оваа програма ги подготвува студентите за работни места во меѓународните организации и институции, индустријата на медиуми, за работни места во растечките и брзо еволуирачки комуникациски стратегии и технологии користени од корпорациите и други организации, за работни места во односи со јавноста и кадровската политика на тренинг и развој.

Наставната програма  за  Меѓународни комуникации е дизајнирана да ги задоволи сегашните и идните потреби на пазарот за работа во одредени полиња на меѓународната комуникација, во креирање на политиките на национално и на меѓународно ниво и корпоративниот развој на полето на медиумите, дигитална и интерактивна комуникација, интернет компании, развој на портали, новинарство, корпоративна и организациска комуникација и односи со јавноста, итн.

Студиската програма за Меѓународни комуникации им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на меѓународните комуникациски вештини и во исто време ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во вториот циклус на студиите. Дополнителна предност е тоа што студентите во последниот семестар учествуваат во студентски практики, низ кои имаат можност да добијат искуство во апликативниот аспект на комуникациските науки.

Универзитетот на ЈИЕ поседува извонредна ИТ инфраструктура за реализација на предложениот курикулум на насоката за комуникациски науки со компјутерски лаборатории, интернет врска и можноста за учење од далечина, како и библиотека со он-лајн ресурси достапни за пребарување. 

Последната година од студиите, студентите работат на големи индивидуални или тимски проекти кои се во форма на истражувачка, развојна, конструктивна или практична работа и во блиска соработка или преку практика во домашни и  глобални компании, национални и меѓународни  општествено -политички институции и медиуми. Ова искуство култивира високо развиено техничко знаење, употреба на аналитичко размислување, квантитативно резонирање, вештини за управување со проекти, како и комуникациски вештини. Презентацијата на финалниот проект се очекува на крајот на овaа програма.

Програмата за меѓународна комуникација особено е соодветна за сите оние кои се заинтересирани за вработување и професионална кариера во: меѓународни организации, дипломатија, мултинационални корпорации, медиуми, канцеларии за односи со јавноста, невладини меѓународни организации, итн.

Знаење и разбирање
  • Стекнување со теоретска основа, знаење и разбирање на комуникациите науки воопшто, и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации
  • Стекнување со воведни познавања за меѓународните комуникациски модели, видови комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓународните организации.
  • Развивање на критично мислење за меѓународната комуникација.
  • Компетентно пишување и зборување во јавност и во приватна атмосфера.
  • Стекнување со практично искуство за меѓународна комуникација.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да изведуваат истражувања и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација.
  • Способност да управува со програми и должности на разни меѓународни институции и да води тренинзи и консултации за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект.
  • Способност за менаџирање на конфликти, донесување на одлуки и градење на тимови
  • Способност за одржување односи со јавноста и развивање на односи за јавноста маркетиншки кампањи на локално, национално и глобално ниво
  • Способност за анализа на јавноста на локално и меѓународно ниво, разбирање за односот меѓу општеството, медиумите, пораките, меѓународните институции и јавноста. Зборови кои не се пронајдени во базата:
Способност за проценка
  • Помага во евалуација на конкретни проблеми поврзани со меѓународната комуникација, кои се однесуваат на планирање комуникации, менаџмент на процеси, на контрола и стратешки менаџмент;
  • Поседува способност да ја анализира медиумската конкуренцијата на пазарот.
  • Студентите ќе бидат способни да се вклучуваат во медиумски дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со објективноста во новинарството, креирање јавно мислење, етиката на медиумите, модерни трендови во современиот маркетинг и ПР.
  • Ќе може да проценуваат кои се најодржанитестратегии и тактики кои би требале да се применат во конкретна кампања за односи со јавност на локално и глобално ниво.
Комуникациски вештини
  • Прави презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација.
  • Напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво.
  • Да се ангажираат  на ефикасен и конструктивен начин во соодветните професионални области од меѓународната комуникација.
  • Да даваат јасна и кохерентна презентација за некоја тема или задача употребувајќи референтни примери и реше­нија. 
  • Да користат напредни извори за понатамош­но усовршување и имплементација на стекнатите знаења.
  • Јасно и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да се стекнат со вештини за јавно говорење.
  • Студентите ќе учествуваат во создавањето правилата и карактеристики на дебатите, и активно ќе  дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации
Вештини на учење
  • Умее да бара и детектира извори на учење;
  • Поседува способност да прави анализи од областа на меѓународната комуникација и да користи научна литература и преглед од други автори;
  • Умее индивидуално и тимски да  учи;
  • Понатамошно унапредување на нивното знаење преку вештини на интерактивно учење, учење со изработка на комуникациски практични проекти, критичко размислување и анализа на содржини на меѓународни медиуми.

Семестар 1

  • [CCM-101] [6 ЕКТС] Вовед во комуникациски науки
    По завршувањето на предметот Вовед во комуникациски науки, од студентите ќе се очекува да можат да се снајдат во едноставни конверзации, да можат да ги аплицираат знаењата за Шеноновата и Виверовата шема да ги совладуваат основите на лингвистичките модели на комуникација. Исто така, од студентите ќе се очекува да може самостојно да ги употребат овие знаења во понатамошните потреби, но исто така и како основа за усовршување.
  • [CCM-102] [6 ЕКТС] Вовед во меѓународна и меѓукултурна комуникација
    Студентите ќе може да ја дефинираат меѓукултурната комуникација, да ги идентификуваат и да ги објаснат меѓукултурните политики, а знаењето и разбирањето ќе го применат во изработка на меѓукултурни стратегии со способност за проценка на идентификаторите на идентитетот на различните култури што егзистираат во РСМ и во светски рамки.
  • [CCM-103] [6 ЕКТС] Вовед во меѓународни односи
    Студентите се запознаваат со најзначајните поими, идеи и институции на меѓународните односи. Предметот претставува истражување на основните концепти на дисциплината, со тенденција да ги запознае студентите со актуелната сцена на МО и со современите светски проблеми, како и со иднината на МО дискутирајќи ги новите агенди. По завршувањето на предметот студентите би требало да бидат во состојба/ подготвени да: - имаат разбирање/ стекнат знаење за концептите и темите во дисциплината на МО; - научат водечките сили и случувања, влијанија и идеи што придонеле за еволуцијата на МО; - ги анализираат темите на МО од различни перспективи.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Macedonian Language for Beginners 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 2

  • [CCM-202] [6 ЕКТС] Теории на комуникации
    По завршувањето на предметот Теорија на комуникација, од студентите се очекува да достигнат соодветни напредни знаења во полето на психолошките модели на комуникација. Покрај тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на истите модели и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметот Теорија на комуникација, студентите ќе бидат оспособени да разработат и да осмислат примери од Фројдовските модели, теоријата на анксиозноста и поведението и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и да стекнат способност за напредна писмена и усна комуникација во полето на различните психолошки теории на комуникација.
  • [C2184] [6 ЕКТС] Комуникација и социјална теорија
    Цели на предметот: Теориите ни помагаат да го разбереме светот околу нас. Без оглед на нивниот опсег, сите теории го обликуваат начинот како ја согледуваме реалноста, односите, околностите и одлуките во нашите животи. Овој предмет е дизајниран да ги воведе класичните и актуелните теории кои се однесуваат на природата на општественото влијание. Ќе се опфати широка перспектива, земајќи ги предвид прашањата што обично се вклучени во рубриката „убедување“, како и влијанието преку невербални канали и влијанието во контекстите на мас медиумите. Социјалната теорија мора да ги земе предвид специфичните промени поврзани со интернетот, бидејќи тие претставуваат нови и трајни начини на кои сме станале предмет на повеќе насочени политички пораки и начини да се ангажираме со нив (политика), повеќе поврзани едни со други и информации (култура) и до поголема он-лајн и мала потрошувачка (економија), со цел подобро подготвување за да има смисла за комуникативните аспекти на светот околу себе. Главната цел на овој предмет е да се размислува и анализира комуникацијата на систематски начин (т.е. на теоретски начин!). Потоа, полето на комуникацијата заедно со други општествени науки ги разбира разновидните придонеси за знаењето/практиката на човечка интеракција. Се прави анализа на феноменот на комуникација од различни перспективи (општи теоретски гледишта и специфични теории). Препознавање и објаснување на главните теории за комуникација, но и примена на знаење за теории на комуникација за прашања од „реалниот свет“. Овој предмет овозможува специфичен пристап до подобрување на социјалните јазични вештини, за да се изгради разбирање за основните вештини за социјална комуникација.
  • [CCM-203] [6 ЕКТС] Вовед во политички науки
    Овој предмет има за цел студентите да се запознаат со основите на политичките науки. Ќе се презентираат главните политички концепти, поими, идеи и институции. Предметот е дизајниран како еден вовед во природата и студирањето на политиката вклучувајќи го испитувањето на основните концепти на дисциплината: власта, авторитетот, легитимноста. Ќе се разгледуваат сувереноста, нацијата, државата, видовите на режими. Посебно ќе се студираат и главните идеологии во политичката теорија.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Macedonian Language for Beginners 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2
  • [6 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 3

  • [CCM-301] [6 ЕКТС] Комуникациски методи на истражување
    Како научна дисциплина на комуникациските науки, предметот Комуникациски методи на истражување има за цел студентите да ги анализираат најразвиените теоретско-методолошки пристапи во современите комуниколошки истражувања и да ги објаснат искуствените (емпириски) методи и техники во испитувањето на комуникациските појави. Целта е студентите да може да ги објаснат и да ги разликуваат главните квалитативни и квантитативни методи (начини, постапки) и главните техники (алатки) во комуниколошките истражувања, да ги идентификуваат и применат одделните фази во комуникацискиот проект и да го разберат начинот на пишувањето на истражувачкиот извештај. Студентите ќе го применат знаењето и разбирањето во изработка на идејна скица за комуникациско истражување со сите фази кои ќе имаат примена во аплицирање на проекти за значајни области од општествено - политичката, културолошката, професионалната, масовната и бизнис - комуникација, особено кај организациите од граѓанскиот сектор.
  • [CCM-201] [6 ЕКТС] Медиумски студии
    Цели на предметната програма (компетенции) се студентите: - Да се запознаат со основните функции на медиумите и средствата за масовна комуникација, - Да се запознаат со нивното влијание и значење во општеството, - Да ги воведе во новинарската професија, - Да ги запознаат функциите и видовите на новинарството и на новинарските производи.
  • [C2185] [6 ЕКТС] Култура, идентитет и глобализација
    Цели на предметoт: Студентите треба да бидат во можност: - Да го разберат влијанието на глобализацијата врз културниот идентитет; - Да се запознаат со различните аспекти на културниот идентитет (личен, етнички, социјален, национален); - Критички да го воочат и да го разберат влијанието на популарната култура и глобализацијата во формирањето на идентитетот; - Да се запознаат со начините на вербална и невербална комуникација во различни култури преку одредени примери и студии на случај.
  • [CCM-302] [6 ЕКТС] Дипломатија
    Предметот ги воведува студентите во теоретското објаснување на основите на дипломатските односи, дава преглед на развојот, улогата и значењето на дипломатијата во меѓународната комуникација со теоретска и практична апликација на значајните дипломатски вештини и техники во надворешното презентирање на државите на политички,економски и на културолошки план.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 4

  • [ECS093] [6 ЕКТС] Семиотика на масовната комуникација
    Цели на предметот: Да се запознаат студентите со поимите семиотика и масовна комуникација.
  • [CCM-402] [6 ЕКТС] Односи со јавноста: Принципи и практики
    Запознавање со основните начела, законитостите и развојот на односите со јавноста. Стекнување на знаење за концептот на односите со јавноста, дефиницијата и историскиот развиток, новата улога на односите со јавноста во согласност со процесот на менаџментот и новите теории за односите со јавноста.
  • [C2186] [6 ЕКТС] Медиуми и културна политика во Европската унија
    Цели на предметот: Студентите да се запознаат со медиумската култура во Европската унија, влијанието на масовните медиуми во формирањето на европските вредности, насоките во критиките на масовната култура како и со основите на европските стандарди и критериуми во креирањето на медиумската култура. Студентите ќе имаат можност да ги анализираат европските регулативи и националните практики во медиумската култура на земјите членки како и на земјите кандидати за членство во Европската унија.
  • [CCM-403] [6 ЕКТС] Меѓународни организации
    Во фокусот на овој предмет е изучувањето на историјата, структурите и функциите на меѓународните организации како и начинот на комуницирање со меѓународните организации и внатрешните комуникациски системи во самите организации. Ќе се разгледуваат актите на основање, општите принципи на правните одговорности и функционирање на меѓународните организации и самите држави членки на тие организации како и начинот и системот на комуницирање на Обединетите нации, НАТО, ЕУ, ОБСЕ, Совет на Европа, итн.
  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [ESS-01] Англиски јазик за општествени науки 1
    • [ESS-02] Англиски јазик за општествени науки 2

Семестар 5

  • [ECM-603] [6 ЕКТС] Меѓународни политики
    Преку овој предмет ќе се изучуваат современите политички системи, методологијата на истражување на политичките феномени на меѓународен план, типологизацијата и современите квалификации на меѓународните политики преку научен пристап во политичката анализа на структура, организација и функционирање на меѓународните политички системи.
  • [CCM-502] [6 ЕКТС] Политичка комуникација
    Преку предметот Политичка комуникација се објаснува и се анализира политичката комуникација, која има историја од кога постои политичката заедница, меѓутоа не се занимава со историската страна, сакајќи да се задржи на модерните времиња и на политичката актуелност. Предметот, исто така, има и заеднички точки со јавното мислење, но повеќе се задржува на природата на односот помеѓу политичарите и медиумите. По завршувањето студентот ќе биде во состојба да разбира и спроведува ставови во врска со политичкото оформување и комуникацијата и начинот на присвојувањето на идеите и ставовите.
  • [C2188] [6 ЕКТС] Медиумски и новинарски жанрови
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со видовите и функцијата на медиумите, ќе ги разберат професионалните стандарди и норми во нивното работење, да може да ги разликуваат новинарските жанрови според структурата на медиумската порака, а особено значајно е да ги идентификуваат влијанието и ефектите врз публиката во насока на формирање на јавното мислење и определбите што го дефинираат новинарскиот производ како манипулација на јавното мислење. Во насока на примена на теоретските поставки, студентите ќе можат да разликуваатт вест од коментар, односно информативни од аналитички жанрови со примена на професионални стандарди и критериуми.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2643] Кризни комуникации и односи со медиумите
    • [E2642] Глобална и интеркултурна комуникација
    • [CCM-401] Меѓународни комуникациски системи
    • [CCM-501] Медиумско пишување и известување
    • [ECM-303] Европски студии
    • [ECM-604] Американски студии
    • [E2644] Стратешка комуникација и социјални промени

Семестар 6

  • [C2187] [6 ЕКТС] Глобална комуникација и социјални промени
    Предметот е дизајниран студентите да развијат професионални вештини и критичко разбирање за улогата на медиумите и комуникацијата во олеснувањето на процесите на општествени промени. Глобалната комуникација игра клучна улога во донесувањето промени во светот околу нас, без разлика дали станува збор за промени во општествените норми, економскиот развој или широките општествени промени што влијаат на јавните политики. Преку овој предмет студентите ќе ги испитаат критички теориите за комуникација, социјалните промени и економскиот развој и др. Медиумите и комуникацијата на граѓаните опфаќаат социјални, културни и политички процеси кои имаат потенцијал да бидат трансформативни. Овие пристапи и процеси често не се добро разбрани од главната развојна политика и практика, што резултира со слаба имплементација. Сепак медиумите и комуникацијата на граѓаните се повеќе се обликува од внесување разновидни гласови во плуралистичката политика: придонесува за процесите на социјална и културна конструкција, редефинирање на ексклузивните норми и односите на моќта. Локалното учество, сопственост и контрола можат да им овозможат на луѓето да ги преобликуваат просторите во кои нивниот глас наоѓа израз.
  • [CCM-603] [6 ЕКТС] Комуникација и лидершип
    Во рамките на овој предмет ќе се истражува историјата на теориите на лидершипот со примарно внимание на трансформациското лидерство. Студентите ќе се мотивираат за учество во лидерството со посебно внимание на можностите да се комуницира трансформациското лидерство.
  • [CCM-504] [6 ЕКТС] Професионална практика
    Целта на предметот е студентите да стекнат вештини во делот на практичната работа, за да ги зголемат своите можности за вработување по завршувањето на студиите. Студентите ќе можат полесно да ги идентификуваат опциите за развојот на нивната професионална кариера, но и да стекнат знаења за стратегиите и техниките за истражување на пазарот на трудот во регионов и пошироко.
  • [6 ЕКТС] Изборен од друга единица
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Општ изборен (од СП)
    • [E2643] Кризни комуникации и односи со медиумите
    • [E2642] Глобална и интеркултурна комуникација
    • [CCM-401] Меѓународни комуникациски системи
    • [CCM-501] Медиумско пишување и известување
    • [ECM-303] Европски студии
    • [ECM-604] Американски студии
    • [E2644] Стратешка комуникација и социјални промени
Google+