Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политехника (2023/2024)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран по политехника
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Факултетот за современи науки и технологии при УЈИЕ – Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство, бизнис-информатиката, податочните науки, софтверското инженерство, архитектонските науки и политехничките науки. Оправданоста за воведување на новата студиска програма произлегува од следењето на препораките на Болоњската декларација и на процесите за имплементација на досегашните акредитирани програми. Имајќи ја предвид потребата за овозможување поширок избор на компатибилни студиски програми, истовремено оправдувајќи го концептот на мобилност на насоките и студентите, со оваа програма се овозможува селекција и избор на насока според афинитетите и способностите на секој поединечен студент.

Насоката е предвидено да одговори на барањето за поголема компатибилност со европските и со другите светски центри и универзитети на кои се изучува оваа студиска програма, истовремено усогласувајќи ја на конкретните пазарни услови. Посебно, што структурата на предложената студиска програма води од заеднички, кон посебни, концентрирани предмети кои ја дефинираат насоката врз основа на осознаени практики и знаења, а не врз основа на произволен избор. Постепеното совладување на материјалот континуирано го разделува вниманието од архитектонско-инженерскиот кон ликовно-визуелниот и историско-филозофскиот домен во образованието, како втор фактор на избор.

Студентите кои успешно ќе ја завршат програмата ќе можат да обезбедат искусни услуги за обука на техничари, професионалци и истражувачи преку релевантни програми во различни области на знаење, можат да вршат научни и технолошки истражувања, да промовираат иновации и да промовираат врски и контакти со продуктивните и социјалните сектори да придонесат за развојот на земјата, технолошкиот, економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот развој.

Знаење и разбирање
  • Стекнување на знаења и разбирање во теоретските и практичните аспекти во областа на политехничките науки.
  • Знаењето ги вклучува главните области како што се математиката за инженерство, статика, јакост на материјали, електрично инженерство.
  • Знаење и разбирање на различни програмерски методологии во сценарија на практично решавање на проблемите (проектирање, перспектива итн.)
  • Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од компјутерски помогнато проектирање.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информационите системи во вообичаено работните задачи при дизајнирање на архитектонски решенија.
  • Способност да се управуваат и одржуваат проекти, со користење на различни развиени методологии, средини и практики.
  • Способноста за дизајн и имплементација на архитектонски проекти почнувајќи од мали и средни размери.
  • Способност за организирање на начин за да се решаваат различни социјални, економски, инженерски и / или технолошки задачи.
  • Да се предложат решенија за инженерски системи на почетно и средно ниво, вклучувајќи анализа, развој на дизајн и репортирање.
Способност за проценка
  • Способност да се соберат и да се анализираат материјали со цел предлагање решенија.
  • Способност да се оценуваат разни проектирања и развиени средини.
  • Способност да се оценуваат различни архитектонски решенија.
Комуникациски вештини
  • Способност да се следат напредоците во полето на политехничкото инженерство, способност брзо да се научат новите технологии, алатки и рамки.
  • Способност да се применуваат вештините за учење во наставата и обуките по политехнички системи во училиштата или во организациите.
  • Способност да се применуваат вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.
Вештини на учење
  • Способност да се следат напредоците во полето на политехничко инженерство, способност брзо да се научат новите технологии, алатки и рамки.
  • Способност да се применуваат вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
  • Способност да се применуваат вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.

Семестар 1

  • [C2023] [6 ЕКТС] Основи на проектирање
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со процесот на архитектонското проектирање и анализа. Студентот ќе се запознаат со основните поими на архитектонска форма и простор, начинот на графичко претставување и нормативите на димензионирање на основните елементи на проектирање.
  • [C2024] [6 ЕКТС] Нацртна геометрија
    Цели на предметот: Совладување на современи графички методи кои се користат при решавање на инженерски, технички и дизајнерски проблеми. Развој на просторна перцепција на тридимензионални форми на предмети и способност да се прикажат различни меѓусебни односи на нивните геометриски карактеристики во дводимензионална рамнина.
  • [C2361] [6 ЕКТС] Математика за инженери 1
    Цели на предметот: Да се усвојат поимите од низи и лимес на низи од реални броеви, функции со една реална променлива, лимес на функции, диференцијално сметање на функција од една реална променлива кои се неопходни за проучување на техничките науки.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски азик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [????-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [???PP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [C2028] [6 ЕКТС] Принципи на проектирање
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со основната методологија на архитектонското проектирање и анализа преку изучување на системите на архитектонскиот објект/простор: просторно-функционален, конструктивен, циркулационен и обвивен систем. Студентот се запознава со основните принципи на композиција на архитектонскиот простор како: оска, симетрија, хиерархија, датум, ритам, трансформација.
  • [C2029] [6 ЕКТС] Перспектива
    Целта на овој предмет е студентите да развијат способност за претставување на визуелното доживување со техничка просторна репрезентација на цртеж. Принципите на перспектива и тродимензионално претставување ќе се изучуваат со цел студентите да се оспособат графичките архитектонски проекти да ги претстават на тродимензионален јасен и читлив начин за неархитектонската публика.
  • [C2368] [6 ЕКТС] Математика за инженери 2
    Цели на предметот: Студентите да се запознаат со интегрално пресметување и примена, обични диференцијални равенки, нивно решение и примена во технички науки, функции со повеќе променливи, двојни и тројни интеграли и нивна примена на решавање проблеми од областа на техничките науки.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски азик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 3

  • [C2362] [6 ЕКТС] Вовед во статика
    Цели на предметот: Запознавање со основните поими на принципите на статиката како алатка за разбирање најелементарните конструктивни системи. Основно аналитичко и практично запознавање со начелата и физичките концепти на статиката.
  • [C2037] [6 ЕКТС] Компјутерски помогнато проектирање
    Главната цел на овој предмет е да ги запознае студентите со основите на компјутерски потпомогнат дизајн (computer aided design-CAD). Користејќи CAD програмски пакети, студентот ќе подготви целосна тридимензионална архитектура на приказ. Системите со компјутерски потпомогнат дизајн овозможуваат повеќе можни решенија, оценувајќи ги и по потреба коригирајќи го дизајнот. Елементи на 2D и 3D графика, елементи на тридимензионални слоеви на компјутерска слика, основни графички елементи проекции, погледи, пресеци, трансформации, ротација и перспектива ќе бидат дел од овој предмет како и користење алатки за цртање на структурни елементи.
  • [EBE-408] [6 ЕКТС] Управување со проекти
    Целта на предметот е студентите да се вклучат во светот на современите проекти и да се соочат со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
  • [C2363] [6 ЕКТС] Физика 1
    Цели на предметот: Запознавање на студентите од студиската програма политехника со основните концепти на физиката кои ќе им помогнат во професионалното развивање во согласност со компетенциите на студиската програма.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 4

  • [CCE-101] [6 ЕКТС] Основи на електрично инженерство
    Предметот претставува вовед во основните концепти на електротехника. На студентите им овозможува разбирање на основни закони, принципи и феномени од областа на електротехниката. Исто така, преку теоретски и практичен пристап на студентите ќе им се овозможи да ги применат стекнатите знаења и вештини во другите професионални предмети. Паралелно ќе бидат третирани и електрицитетот и магнетизмот, електрична струја, кола на едносмерна струја, синусоидална струја, RLC-кола, основни и сложени електрични кола, како и методи за решавање на електрични мрежи и електрични инсталации.
  • [C2364] [6 ЕКТС] Стратешки менаџмент
    Цели на предметот Предметот Стратегиски менаџмент е конципиран на начин да им овозможи на студентите да ги оценат и применат клучните елементи на стратегиската анализа избирајќи вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Целта на предметот е студентите да стекнат вештини да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни: - да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент; - да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент; - да ги интегрираат добиените знаења од одделните функционалности; - да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.
  • [C2042] [6 ЕКТС] Компјутерски 3D моделирање и виртуелна реалност
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат темелна применета основа во практиката на 3D моделирање и неговата употреба во виртуелната реалност. Студентите ќе научат како да дизајнираат и генерираат 3D содржина за VR користејќи најсовремени алатки и техники. Студентите ќе научат да спроведуваат практики на работа во 3Д моделирање и да управуваат со процесот на рендерирање. Ќе се изучуваат различни техники на моделирање од рачно рендерирање, 3Д скулптура до автоматско прикажување на објекти од мали и големи размери. Студентите ќе научат како да се развиваат за VR средини, да генерираат напредни сцени и да ги распоредат овие VR средини.
  • [C2365] [6 ЕКТС] Физика 2
    Цели на предметот: Запознавање на студентите на студиската програма политехника со основните концепти на физиката кои би им помогнале во професионалното развивање во рамките на компетенциите на студиската програма како продолжение на знаењата стекнати во Физика 1.
  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2

Семестар 5

  • [C2366] [6 ЕКТС] Јакост на материјали
    Цели на предметот: Стекнување способности за анализа на состојбата на напрегања и деформации кај линиски елемeнти со елементарни сложени напречни пресеци изложени на различни видови оптоварувања. Димензионирање на хомогени пресеци според теорија на дозволени напрегања.
  • [C2033] [6 ЕКТС] Дизајн студио I
    Цели на предметот: Учењето на просторот преку: постапки на забележување, разбирање и анализа на архитектонскиот простор, постапки на замислување, знаења за составните елементи и за контекстот на архитектонскиот проект, елементи од теоријата на архитектурата, историја и архитектонска култура, познавање и вежбање на средствата на претставување на архитектонскиот простор.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [C2031] Историја на архитектура и уметност
    • [C2224] Визуелно изразување
    • [E2592] Дигитален маркетинг
    • [E2519] Графички дизајн
    • [E2518] Материјали, методи и производи
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [C2031] Историја на архитектура и уметност
    • [C2224] Визуелно изразување
    • [E2592] Дигитален маркетинг
    • [E2519] Графички дизајн
    • [E2518] Материјали, методи и производи
    • [EFB-03] Лични финансии

Семестар 6

  • [C2367] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Дипломската работа претставува рамка за сублимација на стекнатите знаења во текот на студиите. Се работи со конкретна проектантска програма во конкретен физички контекст. Предложеното решение на реалниот проектантски проблем треба да е иновативно и да е составено од хармонични целини, теоретски и практични. Овој труд има за цел да ги поттикне истражувањето и пронаоѓањето на личното проектантско изразување, како и начинот на комуникација и претставување на конкретен целосен проект.
  • [C2038] [6 ЕКТС] Дизајн студио II
    Основна цел на предметот е да им овозможи на студентите да ги анализираат и дијаграмски да ги претстават забележливите карактеристики на одредено место – предмет на истражувачкиот интерес. Да ги разберат, како и да научат да ги применуваат различните етапи на креативниот процес на мислење на еден архитектонски проект. Воедно, цел на предметот е студентите да се оспособат да анализираат дадена програма, од која подоцна треба да развијат јасен архитектонски концепт. Да покажат разбирање за тоа како проектирањето на архитектонската форма и простор се директно поврзани со психолошките, физиолошките, социолошките и културните потреби на луѓето. Да научат повеќе различни техники на истражување на сопствените проектни стратегии (преку скицирање, дијаграмирање и изработка на аналогни и дигитални студиски модели). Да научат да подготват различни форми на презентациски цртежи и модели преку кои ќе го претстават завршниот проект.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [C2298] Трудово право
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ecs-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [cbe-103] Принципи на менаџмент
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [C2031] Историја на архитектура и уметност
    • [C2224] Визуелно изразување
    • [E2592] Дигитален маркетинг
    • [E2519] Графички дизајн
    • [E2518] Материјали, методи и производи
    • [EFB-03] Лични финансии
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [C2031] Историја на архитектура и уметност
    • [C2224] Визуелно изразување
    • [E2592] Дигитален маркетинг
    • [E2519] Графички дизајн
    • [E2518] Материјали, методи и производи
    • [EFB-03] Лични финансии
Google+