-
Албански јазик за почетници 1
Курсот Албански јазик за почетници 1 е задолжителен предмет кој носи три кредити. Подготвен е со цел на студентите кои не располагаат со елементарни знаења од албанскиот јазик да им се овозможи да се запознаваат со карактеристиките на овој јазик, да се стекнат со знаења за јазичната структура на албанскиот јазик, да совладуваат еден скромен фонд на зборови кои ќе им овозможаат наједноставна комуникација. Имајќи предвид дека станува збор за курс за почетници, курсот е замислен да биде флексибилен и да се прилагоди кон можностите и интересот на студентите. Во овој курс студентите ќе се здобијат со најнеопходни знаења од граматиката на албанскиот јазик, на систематски начин ќе се работи на проширување на фондот на зборови, почнувајќи од имиња на предмети, бои, броеви итн., со помош на активности кои ќе помагаат во развојот на јазичните компетенции на студентите.
-
Албански јазик за почетници 2
Курсот Албански јазик за почетници 2, е задолжителен предмет кој носи три кредити. Истиот е подготвен со цел на студентите кои располагаат со елементарни знаења од албанскиот јазик да им се овозможи да ги прошират и аплицираат нивните знаења здобиено од претходниот семестар во секојденвни ситуации, со помош на кои истовремено ќе се стекнат со знаења за јазичната структура на албанскиот јазик, ќе совладуваат еден скромен фонд од различни лексико-граматички категории кои ќе им овозможаат едноставни конверзации. Иако станува збор за второ ниво на курс за почетници, курсот е замислен да биде флексибилен и да се прилагоди кон можностите и интересот на студентите.
-
Албански јазик за почетници 3
По завршувањето на ниво 3, од студентите ќе се очекува да можат по слободно да комуницираат, да ги аплицираат знаењата за редот на зборовите во реченицата, да ги совладуваат најпотребните граматички правила потребни во конверзации, да можат да во едноставни параграфи да опишуваат читана книга, посетено место, да можат да напишат кратка биографија, да препознаваат разлика помеѓу формалните и неформалните електронски пораки, да можат писмено и усмено да се изразат за дадена тема, итн.. Исто така, од студентите ќе се очекува да може самостојно и со употреба на речник да ги употребат овие знаења во понатамошните нивни потреби во конверзации, но исто така и како основа за понатамошно усовршување на истиот јазик.
-
Македонски јазик 1
Програмата за предметот македонски јазик 1 е прилагодена за потребите на студентите со албански јазик на студирање и пред с# е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставата по овој предмет се изведува со 2 часа неделно и носи 3 (три) кредита. Наставните содржини се однесуваат на основите на македонскиот правопис. На почетокот се обрнува внимание на поделбата на јазиците и местото на македонскиот јазик и останатите балкански јазици во рамките на Индоевропското јазично семејство. Посебно внимание се обрнува на Балканската јазична заедница и структурните сличности меѓу балканските јазици, а пред с# меѓу македонскиот и албанскиот јазик. Понатаму се продолжува со изучување на Правописот на македонскиот јазик, преку што студентите во огромна мера ја зголемуваат способноста за правилна употреба на македонскиот јазик во писмената и усна комуникација. Наставата по македонски јазик 1 се изведува интерактивно со целосна ангажираност и учество на студентите. Тоа е пред се поради фактот дека се посветува поголемо внимание на практичната употреба на македонскиот правопис со што студентите се мотивирани на самиот час да си ги проверат и да ги покажат своите знаења.
-
Македонски јазик 2
Програмата за предметот македонски јазик 2 е прилагодена за потребите на студентите со албански јазик на студирање и пред се е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставата по овој предмет се изведува со 2 часа неделно и носи 3 (три) кредита. Наставните содржини се однесуваат на основите на граматиката на македонскиот јазик. На почетокот на семестарот се посветува внимание на морфологијата на македонскиот јазик со посебен акцент на категориите кај именките, придавките и глаголите. Посебно внимание се обрнува на сложените глаголски форми кои коренсподираат со оние во албанскиот јазик преку што студентите во огромна мера ја зголемуваат способноста за правилна употреба на македонскиот јазик во писмената и усната комуникација. Наставата по македонски јазик 2 се изведува интерактивно со целосна ангажираност и учество на студентите. Тоа е пред се поради фактот дека се посветува поголемо внимание на практичната употреба на граматиката на македонскиот јазик со што студентите се мотивирани на самиот час да си ги проверат и да ги покажат своите знаења.
-
Македонски јазик 3
По завршувањето на предметот Македонски јазик 3 од студентите се очекува да ги продлабочат и да ги зајакнат своите способности за напредно писмено и усно изразување на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на предметот Македонски јазик 3, студентите ќе бидат оспособени да читаат, да пишуваат и да разбираат различни видови текстови на македонски јазик. Исто така ќе стекнат знаења и вештини за успешен писмен и устен превод од македонски на албански јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми, како и да стекнат способност за напредна писмена и усна комуникација на македонски јазик во една мултијазична и мултикултурна средина. Предметот Македонски јазик 3 е фокусиран на јазичните вештини: читање, пишување и зборување, со посебен акцент на писмен и устен превод на различни видови текстови од областа на јазикот, културата, традицијата и мултикултурните вредности неопходни за секојдневните животни, академски и професионални околности.
-
Македонски јазик 4
Предметот Македонски јазик 4 е продолжување на претходниот предмет – Македонски јазик 3 и е фокусиран на проширување на знаењата на студентите за напредно писмено и усно изразување на македонски јазик во една мултикултурна и мултијазична средина. По завршувањето на предметот Македонски јазик 4, студентите ќе бидат оспособени да читаат, да пишуваат и да разбираат различни видови текстови на македонски јазик. Исто така ќе стекнат знаења и вештини за успешен писмен и устен превод од македонски на албански јазик и ќе бидат во можност да размислуваат критички, како и да дискутираат и дебатираат на различни теми од нивниот секојдневен и професионален живот.
-
Македонски јазик за почетници 1
Програмата за предметот македонски јазик за почетници 1 е прилагодена за потребите на студентите со албански јазик на студирање, кои не го познаваат македонскиот јазик, и пред се е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставата по овој предмет се изведува со 2 часа неделно и носи 3 (три) кредита. Наставните содржини се однесуваат на почетно изучување на македонскиот јазик. На почетокот на семестарот се обрнува внимание на совладување на азбуката, правилно читање, изговарање и пишување на македонски јазик. Посебно внимание се обрнува на совладување на основната комуникација на македонски јазик, т.е. запознавање, поздравување, претставување и на крајот снаоѓање во време и во простор. Наставата по македонски јазик за почетници 1 се изведува интерактивно со целосна ангажираност и учество на студентите со што тие се мотивирани на самиот час да си ги проверат и да ги покажат своите знаења.
-
Македонски јазик за почетници 2
Програмата за предметот македонски јазик за почетници 2 е прилагодена за потребите на студентите со мајчин јазик албански, кои не го познаваат македонскиот јазик, и пред се е насочена кон практичното изучување на македонскиот јазик. Наставата по овој предмет се изведува со 2 часа неделно и носи 3 (три) кредита. Наставните содржини опфаќаат материјал кој се надоврзува на веќе стекнатите знаења од првиот семестар. На почетокот на семестарот се обрнува внимание на употребата на придавките во секојдневниот живот, а со тоа се изучува и употреба на посложени реченици во македонскиот јазик. Во текот на семестарот преку дијалози студентите ги усовршуваат стекнатите знаења со што во голема мера ја зголемуваат способноста за правилна употреба на македонскиот јазик во усната и писмената комуникација. Целта на овој предмет е студентите да се оспособат правилно да зборуваат и да пишуваат на македонски јазик. Наставата по предметот македонски јазик за почетници 2 е интерактивана со постојано надградување на веќе стекнатите знаења.
-
Македонски јазик за почетници 3
По завршувањето на предметот Македонски јазик за почетници 3, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и способности за комуникација на македонски јазик. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на јазикот. По завршувањето на предметот студентите ќе бидат оспособени да читаат едноставни текстови на македонски јазик и да пишуваат параграфи на македонски јазик, а исто така ќе бидат оспособени за писмена и усна комуникација на македонски јазик. Предметот е фокусиран на јазичните вештини: читање, пишување и зборување, со посебен акцент на комуникациските вештини на студентите неопходни за секојдневните животни околности.
-
Македонски јазик за почетници 4
Македонски јазик за почетници 4 претставува продолжување на Македонски јазик за почетници 3 и е фокусиран кон понатамошно продлабочување на јазичните вештини на студентите. По завршувањето на предметот студентите ќе бидат оспособени да читаат подолги текстови на македонски јазик и да пишуваат текстови на одредени теми на македонски јазик, а исто така ќе бидат оспособени за писмена и усна комуникација на македонски јазик. Како и претходното ниво 3 и овој предмет е фокусиран на јазичните вештини: читање, пишување и зборување, со посебен акцент на комуникациските вештини на студентите неопходни за секојдневните животни околности.
-
Академско пишување на македонски јазик
Програмата за предметот академско пишување на македонски јазик е прилагодена за потребите на студентите со македонски јазик на студирање и пред се е насочена кон подобрување на вештините за пишување на македонскиот јазик. Наставата по овој предмет се изведува со 2 часа неделно и носи 3 (три) кредита. Наставата се фокусира на процесите на писмено изразување преку планирање, припрема, пишување, ревизија, корекција, па се до финалниот продукт - пишување на параграф. Првите часови се посветени на терминологијата на академско пишување: параграф, есеј, портфолио, семинарска работа, а исто така и интерференции меѓу говорниот и пишаниот македонски јазик, со што на студентите ќе им се овозможи да станат поефикасни во однос на правилната употреба на писмениот македонски јазик. Потоа, наставата продолжува со обука за пишување параграфи и за структурата на параграфот во македонскиот јазик. Последните часови се посветени на процесот на пишување на параграф по зададени теми со користење на стекнатите знаења во однос на правописните правила. Наставата по академско пишување на македонски јазик се изведува интерактивно со целосна ангажираност и учество на студентите.