Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни комуникации

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран по комуникациски науки / Насока: Меѓународна комуникација
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Тригодишната Bachelor of Arts програма на Насоката за комуникациските науки  - Студиска програма  Меѓународни комуникации, вклучува динамични и интерактивни интердисциплинарни студии. Од овие студии се очекува да генерираат професионални резултати адаптирани на потребите на интегративниот глобален пазар, а во исто време служејќи како основа за студии на постдипломско ниво (втор циклус на студии).

Оваа тригодишна програма ги подготвува студентите за работни места во меѓународните организации и институции, индустријата на медиуми, за работни места во растечките и брзо еволуирачки комуникациски стратегии и технологии користени од корпорациите и други организации, за работни места во односи со јавноста и кадровската политика на тренинг и развој.

Наставната програма  за  Меѓународни комуникации е дизајнирана да ги задоволи сегашните и идните потреби на пазарот за работа во одредени полиња на меѓународната комуникација, во креирање на политиките на национално и на меѓународно ниво и корпоративниот развој на полето на медиумите, дигитална и интерактивна комуникација, интернет компании, развој на портали, новинарство, корпоративна и организациска комуникација и односи со јавноста, итн.

Студиската програма за Меѓународни  комуникации им нуди на студентите длабоко разбирање и знаење од областа на  меѓународните комуникациски вештини и во исто време ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во вториот циклус на студиите. За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности да учествуваат на различни работилници  организирани од локални и меѓународни научни работници.

Дополнителна предност е тоа што студентите во последниот семестар учествуваат во студентски практики, низ кои имаат можност да добијат искуство во апликативниот аспект на комуникациските науки.

Универзитетот на ЈИЕ поседува извонредна ИТ инфраструктура за реализација на предложениот курикулум на насоката за комуникациски науки со компјутерски лаборатории, интернет врска и можноста за учење од далечина, како и библиотека со он-лајн ресурси достапни за пребарување.

Последната / трета година од студиите, студентите работат на големи индивидуални или тимски проекти кои се во форма на истражувачка, развојна, конструктивна или практична работа и во блиска соработка или преку практика во домашни и  глобални компании, национални и меѓународни  општествено -политички институции и медиуми. Ова искуство култивира високо развиено техничко знаење, употреба на аналитичко размислување, квантитативно резонирање, вештини за управување со проекти, како и комуникациски вештини. Презентацијата на финалниот проект се очекува на крајот на овaа програма, односно по 6-тиот семестар.

Програмата за Меѓународна комуникација особено е соодветна за сите оние кои се заинтересирани завработување и професионална кариера во:

  • Меѓународни организации;
  • Дипломатија;
  • Мултинационални коорпорации;
  • Медиуми;
  • Канцеларии за односи со јавноста;
  • Невладини меѓународни организации, итн.
 
Знаење и разбирање
  • Стекнување со теоретска основа, знаење и разбирање на комуникациите науки воопшто, и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации;
  • Стекнување со воведни познавања за меѓународните комуникациски модели, видови комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓунаордните организации;
  • Развивање на критично мислење за меѓународната комуникација;
  • Компетентно пишување и зборувањево јавност и во приватна атмосфера;
  • Стекнување со практично искуство за меѓународна комуникација;
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да изведуваат истражувања и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација;
  • Способностда управува со програми и должности на разни меѓунардони институции и да води тренинзи и  консултации за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект;
  • Способност за менаџирање на конфлик­ти, донесување на одлуки и градење на тимови;
  • Способност за одржување односи со јавноста и развивање на односи за јавноста  маркетиншки кампањи на локално, национално и глобално ниво;
  • Способност за анализа на јавноста на локално и меѓународно ниво, разбирање заодносот меѓу општеството, медиумите, пораките, меѓунардоните институции и јавноста;
Способност за проценка
  • Помага во евалуација на конкретни проблеми поврзани со меѓународната комуникација, кои се однесуваат на планирање комуникации, менаџмент на процеси, на контрола и стратешки менаџмент;
  • Поседува способност да ја анализира медиумската конкуренцијата на пазарот;
  • Студентите ќе бидат способни да се вклучуваат во медиумски дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со објективноста во новинарството, креирање јавно мислење, етиката на медиумите, модерни трендови во современиот маркетинг и ПР;
  • Ќе може да проценуваат кои се најпогодните стратегии и тактики кои би требале да се применат во конкретна кампања за односи со јавност на локално и глобално ниво;
Комуникациски вештини
  • Прави презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација;
  • Напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво;
  • Да се ангажираат  на ефикасен и конструктивен начин во соодветните професионални области од меѓународната комуникација;
  • Да даваат јасна и кохерентна презентација за некоја тема или задача употребувајќи референтни примери и реше­нија;
  • Да користат напредни извори за понатамош­но усовршување и имплементација на стекнатите знаења;
  • Јасно и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да се стекнат со вештини за јавно говорење;
  • Студентите ќе учествуваат во создавањето правилата и карактеристики на дебатите, и активно ќе  дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации;
Вештини на учење
  • Умее да бара и детектира извори на учење;
  • Поседува способност да прави анализиод областа на меѓународната комуникацијаи да користи научна литература и преглед од други автори;
  • Умее да прави индивидуално и тимско учење;
  • Понатамошно унапредување на нивното знаење преку вештини на интерактивно учење, учење со изработка на комуникациски практични проекти, критичко размислување и анализа на содржини на меѓународни медиуми.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Вовед во комуникациски науки
    По завршувањето на предметот Вовед во комуникациски науки, од студентите ќе се очекува да можат да се снајдат во едноставни конверзации , да можат да ги аплицираат знаењата за Шеноновата и Виверовата шема да ги совладуваат основите на лингвистичките модели на комуникација. Исто така, од студентите ќе се очекува да може самостојно да ги употребат овие знаења во понатамошните нивни потреби, но исто така и како основа за усовршување на истиот.
  • [6 ЕКТС] Вовед во меѓународна и меѓукултурна комуникација
    Студентите ќе може да ја дефинираат меѓукултурната комуникација, да ги идентификуваат и да ги објаснат меѓукултурните политики, а знаењето и разбирањето ќе го применат во изработка на меѓукултурни стратегии со способност за проценка на идентификаторите на идентитетот на различните култури што егзистираат во Р. Македонија и во светски рамки.
  • [6 ЕКТС] Вовед во меѓународни односи
    Студентите се запознаваат со најзначајните поими, идеи и институции на меѓународните односи. Предметот претставува истражување на основните концепти на дисциплината, со тенденција да ги запознае студентите со актуелната сцена на МО и со современите светски проблеми, како и со иднината на МО дискутирајќи ги новите агенди. Во завршувањето на предметот студентите би требало да бидат во состојба/ спремни да: * владеат едно разбирање/ знаење за концептите и темите на дисциплината на МО; * научат водечките сили и случки, влијанија и идеи што ја изградиле еволуцијата на МО; * артикулираат и анализираат темите на МО од различни перспективи
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански јазик /македонски јазик
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Теории на комуникации
    По завршувањето на Теорија на комуникација, од студентите се очекува да достигнат соодветни знаења и напредна во полето на психолошките модели на комуникација. Освен тоа, од студентите се очекува да станат поавтономни во изучувањето на истите модели и да преземат одговорност за своето учење. По завршувањето на Теорија на комуникација, студентите ќе бидат оспособени да разработат и осмислат примери од Фројдовските модели, теорија на анксиозноста, и поведение и ќе бидат во можност да размислуваат критички на различни теми и сами да донесуваат заклучоци врз основа на прочитаните текстови, како и да стекнат способност за напредна писмена и усна комуникација во полето на различните психолошки теории на комуникација.
  • [6 ЕКТС] Вовед во политички науки
    Овој предмет има за цел да ги воведе студентите во основите на политичките науки. Ќе се презентираат главните политички концепти, поими, идеи и институции. Предметот е дизајниран како еден вовед во природата и студирањето на политиката вклучувајќи го испитувањето на основните концепти на дисциплината: власта, авторитетот, легитимноста. Сувереноста, нацијата, државата, видови на режими. Посебно ќе се студираат и главните идеологии во политичката теорија.
  • [6 ЕКТС] Медиумски студии
    Цели на предметната програма (компетенции) се: * Да ги воведе студентите во основните функции на медиумите и средствата за масовна комуникација, * Да ги запознае со нивното влијание и значење во општеството, * Да ги воведе во новинарската професија, * Функциите и видовите на новинарството и на новинарските производи.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански јазик/македонски јазик
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Комуникациски методи на истражување
    Како научна дисциплина на комуникациските науки, предметот Комуникациски методи на истражување има за цел да изврши анализа на најразвиените теоретско-методолошки пристапи во современите комуниколошки истражувања, како и објаснување на искуствените (емпириски) методи и техники во испитувањето на комуникациските појави. Целта е студентите да може да ги објаснат и да ги разликуваат главните квалитативни и квантитативни методи (начини, постапки) и главните техники (алатки) во комуниколошките истражувања, да ги идентификуваат и применат одделните фази во комуникацискиот проект и да го разберат начинот на пишувањето на истражувачкиот извештај. Студентите ќе го применат знаењето и разбирањето во изработка на идејна скица за комуникациско истражување со сите нејзини фази кои ќе најде апликативна примена во аплицирање на проекти за значајни области од општествено -политичката, културолошката, професионалната, масовната и бизнис - комуникација, особено кај организациите од граѓанскиот сектор.
  • [6 ЕКТС] Дипломатија
    Предметот ги воведува студентите во теоретското објаснување на основите на дипломатските односи, дава преглед на развојот, улогата и значењето на дипломатијата во меѓународната комуникација со теоретска и практична апликација на значајните дипломатски вештини и техники во надворешното презентирање на државите на политички,економски и на културолошки план.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Меѓународни медиуми
    • Европски студии
    • Компјутерски апликации во комуникации
    • Меѓународни комуникации и културен идентитет
    • Развој на професионалната кариера
    • Принципи и практики на интервјуирање

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Меѓународни комуникациски системи
    Запознавање со традиционалните и современите меѓународни комуникациски системи. Стекнување знаење за комуникациските системи кои имаат значење за современото проучување на комуникациските процеси во општеството, од традиционалните, па се до современите медиумски системи на различни земји (особено во европскиот простор). Станува збор за комуникациски системи и модели развиени во рамките на социолошките, политиколошките, психолошките и други теории и школи чие внимание е насочено на комуникациските процеси во глобалното општество. Тежиштето е на интердисциплинарен приод во истражување на сложените комуникациски процеси и воспоставување интеграција на различни научни дисциплини.
  • [6 ЕКТС] Односи со јавноста: Принципи и практики
    Запознавање со основните начела, законитостите и развојот на односите со јавноста. Стекнување на знаење за концептот на односите со јавноста, дефиницијата и историскиот развиток, новата улога на односите со јавноста во согласност со процесот на менаџментот и новите теории за односите со јавноста.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни организации
    Овој предмет се фокусира во изучувањето на историјата, структурите и функциите на меѓународните организации како и начинот на комуницирање со меѓународните организации и внатрешните комуникациски системи во самите организации. Преку разгледување на актите на основање, општите принципи на правните одговорности и функционирање на меѓународните организации и самите држави членки на тие организации. Ќе се разгледа начинот и системот на комуницирање на Обединетите нации, НАТО, ЕУ, ОБСЕ, Совет на Европа, итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет I (Англиски јазик за специјални намени)
    • Англиски за посебни намени 1
    • Англиски за посебни намени 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Интерперсонална комуникација
    • Културолошки студии
    • Убедување
    • Пишување вест

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Политичка комуникација
    Преку предметот Политичка комуникација се објаснува и се анализира политичката комуникација, која има историја од кога постои политичката заедница, меѓутоа не се занимава со историската страна , сакајќи да се задржи на модерните времиња и на политичката актуелност. Предметот исто така има и заеднички точки со проблемите на јавното мислење, но повеќе се задржува на природата на односот помеѓу политичарите и медиумите.. По завршувањето на истиот, студентот ќе биде во состојба да разбира и спроведува ставови во врска со политичкото оформување и комуникацијата и начинот на присвојувањето на идеите и ставовите. Тие треба да го разберат опасноста на психологијата на масите и нивната етимологија, со помош на примери од блиското о далечното минатото.
  • [6 ЕКТС] Глобализација
    Основна цел на Наставната програма по курсот Глобализација и културен идентитет е студентите да ги упати на некои од централните прашања поврзани со комплексната проблематика на глобализацијата и културниот идентитет. Студентите ќе може да ги објаснат економските, политичките и културните аспекти на глобализацијата и последиците врз современата цивилизација и критички да придонесат во расветлување на отворени прашања како современи ракурси- европеизација, американизација или космополизација на културните вредности. Ќе може да пишуваат, да креираат комуникациски пораки и да дебатираат за феноменот модерно општество и модерна комуникација низ улогата и влијанието во стандардизацијата на европските и светските вредности и во негување и развивање на сопствените културни идентитети.
  • [6 ЕКТС] Медиумско пишување и известување
    Овој предмeт е наменет за унапредување на практични вештини на студентите за новинарско пишување и известување во печатените и електронските медиуми. Овој предмет ќе им дава на студентите практични упатства за основните техники на медиумското пишување. Студентите ќе се оспособат да пишуваат за весниците, радиото и телевизијата. Исто така студентите ќе се фокусираат како да ги собираат, верификуваат, организираат и презентираат вестите пред широката јавност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Меѓународен менаџмент
    • Коресподенција во дипломатијата
    • Етика во комуникациите
    • Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • Меѓународна комуникација во Европа
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Меѓународен менаџмент
    • Коресподенција во дипломатијата
    • Етика во комуникациите
    • Меѓукултурна комуникација: Културолошки содржини и стратегии
    • Меѓународна комуникација во Европа

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Главен проект и професионална практика
    Ова e aктивност на дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на меѓународните комуникации. Од студентите се бара да завршат еден проект поврзан со нивната дипломска работа, да ја структурираат истата, да истражуваат и да ја развиваат методологијата за проектот на дипломската работа. На крајот на проектот студентите се ангажирани при професионалното позиционирање во форма на практичната работа во една организација или институција во секторот на меѓународните комуникации.
  • [6 ЕКТС] Преговори
    Предметот нуди можност да се научат техниките на преговарање, препознавање на не-фер тактиките со цел креирање на реципрочно корисни ситуации. Курсот се фокусира на теоријата на преговарање со нејзината практична примена. Нагласокот е во јазикот на телото, типовите на личност, регионални и меѓународни разлики, како и скриеното значење на зборовите.
  • [6 ЕКТС] Комуникација и лидершип
    Овој предмет ја истражува историјата на теориите на лидершипот со примарно внимание на трансформацискиот лидершип. Се мотивира партиципација во извршување на лидершипот со посебно внимание на можностите да се комуницира трансформацискиот лидершип.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5
    • Бизнис и професионална комуникација
    • Медиуми и општество
    • Меѓународни политики
    • Американски студии
    • Аргументирање и дебатирање
    • Планирање на комуникациите
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6
    • Бизнис и професионална комуникација
    • Медиуми и општество
    • Меѓународни политики
    • Американски студии
    • Аргументирање и дебатирање
    • Планирање на комуникациите
Google+