Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Информациски и комуникациски технологии – Компјутерско инженерство (2012/2013)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран по компјутерско инженерство
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Факултетот за современи науки при УЈИЕ-Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење на високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, комјутерското инженерство, бизнис информатиката и животната средина.

План-програмата за комјутерското инженерство е заснована врз усвоениот Болоњски модел на организирањето на студиите 3+2. Специфични области на Факултетот за современи науки и технологии за програмата за Информациски и комуникациски технологии (компјутерско инженерство): компјутерски хардвер и системски софтвер, вградливите компјутерски системи со проектирање и програмирање  на истите, основните концепти на компјутерското инженерство, основите на електротехниката и електрониката, системите за автоматско управување и системите на управување во реално време, компјутерските жичани и безжични мрежи, „Грид“ пресметувањето и дистрибуираните компјутерски системи, мултимедијата и мултимедиските системи, преносот на податоците и телекомуникационите мрежи, базите на податоци, информационите системи и нивното проектирање и др. Овие дисциплини имаат голем потенцијал за подигање на квалитетот на образованието.

Реорганизацијата на наставата е проектирана така што ги исполнува барањата на локалниот пазар (анализирајки ги барањата на ИТ фирмите и организациите во РМ) истовремено овозможувајќи модерна и глобална перспектива.

Наставни цели на програмата:

  • Да им овозможи на студентите да се стекнат со пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини
  • Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на информациско-комуникациските технологии , и истиве да ги ги применува во реалниот живот и нивната професионална пракса.
  • Да  ги оспособува  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  имплементација на  различни решениа во областа на информациско-комуникациските технологии
  • Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можаат да бидат: научно – истражувачки, развојни и практична работа.
  • Да  им  овозможи  добра  основа  за  понатамошно  адаптирање  кон  новите  технолошки/пазарни промени и нивна примена
  • Да овозможи вештини за подршка при организирање, реализирање и имплементирање на методи и процедури во други области

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да бидат вработени во различни ИТ области, каде што ќе можат ефикасно да користат различни технологии кои се присутни во областа на информатичка технологија, компјутерски системи, компјутерски мрежи, информациските системи, автоматизирана контрола, дигитална мултимедијална и телекомуникациски системи, да ги тестираат и валидираат истите, да ги оценуваат различните платформи како и да развијат оптимални решенија.

Тие ќе бидат способни да: дизајнираат, креираат и одржуваат компјутерски базирани системи и компјутерски мрежи како и применуваат хардверски ориентирани решенија; одржуваат системски софтвер; ги одржуваат автоматските системи за контрола; да развијат мултимедијални системи; менаџираат информациски и телекомуникациски системи.

Знаење и разбирање
  • Покажуваат познавање и разбирање во областа на  компјутерски науки, информатичка технологија и основите на електротехника.
  • Покажуваат познавање и разбирање од областа на информатичка технологија, компјутерски хардвер и системски софтвер, компјутерски мрежи, информациски системи, системи за контрола, Мултимедија и телекомуникациски системи.
  • Имаат напредно познавање на англиски јазик.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Дизајнирање, креирање и одржување на некои компјутерски базирани системи, како и применување хардверски ориентирани решенија.
  • Дизајнирање, имплементација и сервисирање на компјутерски мрежи и комуникациски системи.
  • Реализирање и одржување на системите за контрола, вградени системи, мултимедијални системи и информациските системи.
  • Спроведување на применливи решенија за хардвер-софтвер-ориентиран проблеми почнувајќи од фазата на анализа, дизајнирање и имплементирање на сцената на вршење, тестирање, анализа на перформанси и одржување.
Способност за проценка
  • Оценување, контекстуализација и донесување одлуки за соодветен хардверски и софтверски решенија.
  • Користење на техники за решавање на проблеми за ефикасно обезбедување ИКТ решенија.
  • Одлучува за користење на соодветни развојни алатки.
Комуникациски вештини
  • Учество и организирање на групна работа.
  • Презентирање, документирање и комуницирање на техничката документација.
  • Оценување, аргументирање и пријавување на решенија за различни прашања, проблеми и идеи во областа на ИКТ.
  • Наоѓање, организирање и класификација на информациите во областа на ИКТ (хардвер / софтвер документи, прирачници).
Вештини на учење
  • Е способен да ги учи и користи новите хардверски компоненти.
  • Стекнување и користење на нови и ажурирани системски софтвери.
  • Оценување, учење и  користење на  новите алатки за креирање и/или одржување на хардверски-софтверски решенија.
  • Докажување на  вештини за работилници и лаборатории.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Математика 1
    Студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимите: за функција ( како посебно пресликување ), начините на задавање на една функција, непрекинатоста на основните функции. Да се оспособат за изнаоѓање на гранична вредност на функција (лимес ), изводи, интеграли , определен интеграл и решавање на проблеми во врска со наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции.
  • [6 ЕКТС] Структурно програмирање
    Ова е предмет во кој се презентираат основните концепти на програмирање кои понатака служат како вовед во структурно програмирање. Целта е студентите да напишат јасни и ефикасни C++ програми применувајќи широк спектар на програмирачки текники, со посебен акцент на примери од бизнисот.
  • [6 ЕКТС] Основи на електротехника
    Цел на предметот е запознавање со основните поими и појави од електростатиката и нивно објаснување и со основните закони и теореми во теоријата на електрични кола, со основните поими од теоријата на електрични мрежи, со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. Студентот ќе биде оспособен за користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет: албански / македонски јазик 1
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет: Англиски Јазик 1
    • Академско пишување на англиски јазик

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Основи на електрониката
    Цел на предметот е запознавање со принципите на работа на електронските елементи, на линеарните и дигиталните електронски склопови. Студентот ќе биде оспособен за следење и решавање на проблемите во автоматиката и компјутерското инженерство со помош на реални електронски кола. Ќе се применуваат и практични вежби преку кои студентите ќе имаат директен пристап за експериментирање со истите компоненти посебно на компоненти од дигитална електроника.
  • [6 ЕКТС] Математика 2
    Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со некои математички концепти кои што имаат директна примена во областа на компјутерското инженерство. Значи единиците кои ќе се изучуваат во овој предмет ќе се користат како алатка за решавање на различни проблеми од областа на компјутерското инженерство. Во склоп на ова овој предмет има за цел да ги запознае студентите со основните и авансираните концепти од линеарната алгебра. Да разберат и да се оспособат за решавање на некои типови на диференцијални равенки. Да разберат и се оспособат да решаваат различни проблеми кои што вклучуваат редови. Да разберат и применат поими во врска со комплексните функции како и да бидат оспособени да ја користат Лапласовата трансформација.
  • [6 ЕКТС] Објектно ориентирано програмирање
    Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и сакаат тие знаења да ги применат во C++. Цел на предметот е студентите да се здобијат со знаења и разбирање од областа на објектно-ориентирано програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се обучат студентите да пишуваат јасна и ефикасна C++ програма користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање ефикасни бизнис-апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредена објектно-ориентирана солуција, и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-ориентирано програмирање реализирани во C++.
  • [6 ЕКТС] Проектирање на логички кола
    Предмет на студии е бинарната логика, потребата и важноста за имплементација на дигитални системи. Се изучува дизајнирање на различни комбинациски и секвенциални логични кола и анализа на постоечки едноставни и комплексни логични кола. Преку различни програми се симулира и функционалноста на компјутерски логични кола. Посебно последниот дел од курсот претставува вовед во практична реализација, преку разгледување на процедури за практична реализација на логични кола. Курсот претставува поврзување помеѓу теорија и пракса, што е од посебна бажност за стекнување на самодоверба, каде студентите од идејните проекти на лабораториски услови стигнуваат до конкретна практична реализација на едноставни комбинациски и секвенциални логични кола.
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет: албански / македонски јазик 2
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет: Англиски Јазик 2
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Предметот е вовед во концептите и принципите на компјутерските мрежи. Се разгледуваат различните мрежни компоненти и нивното меѓусебно вклопување. Се обезбедува детален поглед на мрежните архитектури и нивниот дизајн. Курсот го потенцира дизајнот и имплементацијата на Податочниот слој и МАС подслојот. Се илустрираат концептите на битните мрежни архитектури и протоколи во мрежите Internet и Ethernet. Детално се проучуваат локалните мрежи. Последниот дел од курсот ги обработува межумрежното поврзување, комутаторските елементи и виртуелните локални мрежи. Студентите постануваат фамилијарни со мрежните комутаторски елементи , нивното почетно поставување ( set-up ) и практичен дизајн на локалните компјутерски мрежи.
  • [6 ЕКТС] Математика 3
    Целта на овој предмет е снабдување на учениците со математички знаења во главно од областа на дискретните структури со ставање на акцентот за примена на овој материјал во областа на компјутерското инженерство. Во овој контекст целта е да се учи за основните поими на математичката логика и нивната примена во компјутерските науки. Понатаму има за цел учење на некои концепти од теоријата на множествата со нивната примена. Исто така има за цел да ги разберат предикатите и истите да ги применат. Да разберат концептите од теоријата на броеви и истите да ги применат. Исто така има за цел да ги запознае студентите со буловата алгебра и како да ја применат истата.
  • [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Вовед во основните принципи и техники на современите компјутерски архитектури и машинско програмирање. Развој на компјутерските архитектури и перформанси Компјутерски системи: Структура, организација и перформанси.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен Предмет од Англиски Јазик
    • Академско пишување на англиски јазик

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Микропроцесорски системи
    Овој модул има за цел да им даде на студентите темелно разбирање на микропроцесорските архитектури и како тие можат да се програмираат. Преку длабока анализа на 8-битни и 16-битна архитектура, има за цел да им обезбеди на студентите основите на изградба на микропроцесори и принципите за нивна еволуција. Преку анализа на различни формати на инструкции, начини на адресирање и модели на програмирање, има за цел да им обезбеди на студентите методологија за програмирање во асемблер. Исто така, се учат различни контексти на употреба на микропроцесорите и нивната комуникација со надворешни интегрирани кола.
  • [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Предметот е вовед во концептите на бази на податоци и системите на бази на податоци. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет, ќе може да ги користи моделите и концептите на дизајнирање бази на податоци. Ќе биде во можност да употреби и да дизајнира едноставни и конкретни бази на податоци базирани на релацискиот модел на бази на податоци. Користење на системот MS SQL Server за менаџирање на бази на податоци (DBMS), SQL јазикот и реализација на прашалници (queries).
  • [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Главна цел на овој предмет е да им понуди на студентите перспектива за оперативни системи и клучните концепти. Овој предмет ги проучува поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник помеѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Овој курс ќе започне со краток вовед во „главните концепти на оперативни системи“ и продолжува со евалуација на овие концепти и анализа во детали. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги покрие процеси и теми, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста меѓу другите. Следниот дел на курсот се занимава со презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарт картичка оперативни системи. На крајот на концепти на мобилни оперативни системи ќе бидат претставени, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Широкопојасни мрежи
    Вовед во технологиите и услугите на широко појасните мрежи, пристапните технологии, како и архитектура на мрежите. Широко појасните технологии како АДСЛ, кабловските и оптичките мрежи, фиксен и мобилен ВиМакс и соодветни стандарди.
  • [6 ЕКТС] Вградливи компјутерски системи
    Овој модул има за цел да им обезбеди на студентите еден општ вовед околу вградливите системи, нивната употреба како и принципите за нивно дизајнирање. Дизајнирањето на вградливи системи бара темелно разбирање на различни нивоа, почнувајќи од основните хардверски специфики до програмирање на највисоко ниво. Студентите ќе се запознаат со различни микроконтролерски архитектури и нивно програмирање во асемблер и C јазик. Исто така, студентите се запознаваат со различни оперативни системи кои се употребуваат за реализација на вградливи системи како и принципите за програмирање на апликации базирани на таквите оперативни системи.
  • [6 ЕКТС] Системи на управување
    Цел на предметот е запознавање со основните на теоријата за системите, нивно моделирање и претставување, системи на автоматско управување, основни спреги, преносна функција, основни закони на управување, анализа во временски и фреквентен домен, анализа на работни состојби, алгебарски и фреквентни методи за стабилност, претставување со модели во простор на состојби, добивање решение на матрична состојбена равенка на движење во просторот на состојби, , запознавање со некои од основните структурни особини кај системите: управливост и набљудливост. Студентот ќе биде оспособен за: претставување и моделирање на систем за автоматско управување, избор и примена на разни управувачки стратегии, анализа и синтеза на САУ.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5.2
    • Мрежни апликации
    • Сигурност на мрежите
    • Алатки за моделирање хардверски системи
    • Вештачка интелигенција
    • Алгоритми и структури на податоци
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5.1
    • Мрежни апликации
    • Сигурност на мрежите
    • Алатки за моделирање хардверски системи
    • Вештачка интелигенција
    • Алгоритми и структури на податоци

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Безжични компјутерски мрежи
    Предметот е вовед во основните концепти и принципи на безжичните компјутерски мрежи. Ги објаснува различните компоненти на мрежата и како овие компоненти се вклопуваат заедно. Предметот е наменет да им помогне на студентите да ја разберат безжичната LAN (WLAN) технологија во длабочина и да им помогне на студентите да се подготват за сертификација за CWNA (PW0-100). Сертификатот CWNA е средно ниво на сертификација кој го подготвува кандидат да имплементира и да одржи мали, средни и големи безжични мрежи.
  • [6 ЕКТС] Системи на реално време
    Овој предмет им нуди на студентите специфично знаење во врска со проектирање на системи за управување во реално време, различните модели на синхронизација и комуникација помеѓу конкурентни процеси. Главните концепти кои се покриваат со овој предмет се конкурентност помеѓу различни компоненти на системот, реактивност на програмот во однос на влезните податоци и реалното време. Фокусот е насочен кон реални системи од практиката коишто се во употреба во различни индустриски гранки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6.1
    • Софтверско инженерство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Менаџирање на компјутерски мрежи
    • High-Speed Процесирање
    • Програмирање мобилни уреди
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6.2
    • Софтверско инженерство
    • Тестирање и одржување на софтвер
    • Менаџирање на компјутерски мрежи
    • High-Speed Процесирање
    • Програмирање мобилни уреди
  • [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност за дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на компјутерското инженерство. Студентите треба да подготват проект, вообичаено едно поврзување помеѓу хардверот и софтверот, да ја изработат структурата на проектот, да изведат истражување и да го напишат техничкиот извештај. Теоретски, овие проекти претставуваат комплетен систем или пак производ, интегрирана анализа, мерења, симулација или користење на софтвер или хардвер доколку е соодветно.
Google+