Студиите од вториотциклус Примена на ИКТ во настава - 60 ЕКТС е кохезивна програма на студии наменета за подобрување на знаењетои навештините и за професионален развој на наставниците и другите заинтересирани со најсовремените пристапи за усвојување нови знаења. Овие магистерски студии се фокусираат на ефективно користење на технологија во образованието и наставата. За време на овие студии се стекнуваат нови знаења за тоа како да се дизајнира програма базирана на технологија, како и за: користење на информатичкитетехнологии за подготовка и одржување на часовите, користење и развивање платформи за учење, креирање дигитални едукативни содржини, е-учење, образовен софтвер, мултимедијални проекти во наставата. Притоа се обезбедува професионален развој на наставниците и на другите заинтересирани за студии вообразованието. Студиите се базират на најновите истражувања и практики зае-учење и подобрување на учењето преку ИКТ. Се развиваатпрактични вештини и аналитички разбирања на ИКТ и е-учење и на нејзината улога во професионалната практика.
Студентите кои ќе го завршат овој циклус ќе бидат обучени:
- Да имплементираат ИКТ во процесот на образование и евалуација - контрола.
- Да дизајнираат модерни курсеви (предмети).
- Да дизајнираат курсеви (предмети) за ученици со посебни потреби.
- Да ги следат и да ги разбираат развојните трендови на ИКТ и нејзината примена во современата настава.
Знаење и разбирање
- Има способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи со цел обезбедување квалитет во наставата.
- Има способност за примена на ИТ-вештини и знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика со цел организирање интерактивна настава во образованието.
- Имазнаење и разбирање од областите компјутерски науки, инженерство и информатика (програмирање, веб технологии, дата-бази, основи на мрежи, компјутерски и информациони системи и мултимедија)
- Имазнаење од една или повеќе предметни области кои што може да да го окваливикуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати околини или околини за кои нема претходно искуство во образованието. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областана образованието,но и креирање и имплементација на соодветни интерактивни материјали, мултимедијални материјали,алатки за учење и он-лајнтестирање преку игра.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање проблеми поврзани со целите и материјалите во соодветната област.
Способност за проценка
- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области во образованието, како и администрирање на обрзовниот процеси евалуација на учениците со примена на ИТ-алатки наменети и креирани за одредена проблематика. Креирање едукативни процеси со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични едукативни процесите кои произлегуваат во реално време во образованието.
- Способност за идентификација на соодветни специјализирани области вообразованието и донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози преку нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност зазаедничките резултати.
- Водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување,самостојно и автономно во вообичаените информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Е - учење 2.0 - теорија и практика
Во рамките на овој предмет студентите:
- Ќе стекнат знаење за дизајнирање модерна технолошко-базирана настава и програми за учење.
- Ќе ги развијат вештините поврзани со потенцијалот за дизајнирање на наставата преку специфични технолошко-базирани алатки;
- Ќе стекнат знаење за модерните технолошко-базирани алатки за учење, вклучувајќи компјутер, мултимедијални технологии и комуникациски технологии, и како да ги користат за подобрување на учењето;
- Ќе знаење за тоа како различни технолошко-базирани наставни дизајни може да го подобрат начинот на учење;
- Ќе развијат план за проектирање и развој на модул за е-учење;
- Ќе ги идентификуваат карактеристиките за моделот за е-учење;
- Ќе спроведуваат наставни анализи;
- Ќе интегрираат стратегии за учење и настава во планирањето на дизајнот и развојот на модулот.
-
[6 ЕКТС]
Вовед во бази на податоци
Цели на предметната програма (компетеnции):
- Презентирање на концептуалниот модел и моделот базиран на ентитети и врски, концептуално моделирање, E-R дијаграмот;
- Презентирање релацион модел;
- Вовед во SQL јазикот;
- Нормализација на шемата на базата на податоци;
- Вовед во системите за управување со базите на податоци, алатките за дефинирање, користење и одржување на базата, алатките за креирање форми и извештаи.
-
[6 ЕКТС]
Методологија за истражување
Во рамките на овој предмет се обезбедува сеопфатен вовед во истражувачките методологии, основните истражувачки теории и протоколи и во пишувањето истражувачки предлози. Студентите во текот на овој предмет ќе стекнат сознанија за цикличната природа на применето истражување и на итеративниот процес на истражувачко пишување, за тоа како: да идентификуваат тема за студија, да формулират прашања, да организират преглед на литература и да изберат соодветни истражувачки проекти и методологии. До крајот на предметот, студентите ќе завршат предлог кој вклучува вовед, преглед на проблемот (значењето на студијата), преглед на литература, секција за методологијата, референци и распоредот на проектот.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Компјутерски системи
По завршувањето на овој предмет, студентите треба:
- Да ги разбираат основите на компјутерските системи и нивната организација;
- Да знаат да интерпретираат различни нумерички системи;
- Да ја разбираат Буловата алгебра и нејзината примена;
- Да ги разбираат основите на компјутерската архитектура;
- Да разликуваат различни оперативни системи и нивна примена;
- Да ги разбираат основите на компјутерски мрежи.
-
Мултимедија во образованието
Цели на предметната програма (компетенции):
Студентите да стекнат основни познавања и вештини од мултимедијалната област, како и теоретски и практични знаења во областа на мултимедијата и истите овие техники и методологии да ги имплементираат во нивната настава. Да се оспособат студентите да ги прошират и да ги продлабочат општите знаења за мултимедијалните концепти (текст, слика, аудио и видео) и да ги користат во дизајнирањето на наставниот процес. Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можаат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
-
Професионална етика на информациони технологии
Предметот овозможува стекунвање на сознанија за етичките и моралните вредности воопшто, а посебно при користење на информационите технологии. Исто така, предметот претставува вовед во креирање и примена на ИТ-професионални етички кодекси во јавни и приватни институции. Се анализираат и се дискутираат етичките дилеми при професионално користење информациони технологии. Преку конкретни примери се опфаќаат и се изучуваат сите области поврзани со етиката при користење на инфромационите технологии.
-
Помошни технологии за ученици со посебни потреби
Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да научат како да ја користат технологијата за подобра и полесна едукација на деца со посебни потреби. Овој предмет опфаќа информации за употреба на технологии за низа хендикепи како: слепило, глувост, студенти со моторни пречки итн. Предметот опфаќа широк преглед на употреба на современа технологија и електронските извори кои можат да се употребат за да им се помогне на студентите во нивните секојдневни задачи предвидени во наставниот план.
-
Софтвер наменет за образование
Цели на предметната програма (компетеnции):
- Дефинирање на образовниот софтвер, значењето на употребата на разни софтвери во процесот на образование, начини на употреба, вреднување на придобивките на употреба на образовните софтвери;
- Презентирање разни образовни софтвери, слободни и комерцијални софтвери;
- Употреба на образовни софтвери за учење на некој предмети (на пр. предметите од природните науки, јазикот итн.);
- Принципите за дизајнирање и инженеринг на образовниот софтвер.
-
Вовед во едукaтивни технологии
Цели на предметната програма (компетеnции):
- Да демонстрираат знаење, вештини и концепти поврзани со технологија и компјутери.
- Да ги користат тековните и новите технологии за подобрување и интегрирање на наставата, за инструкции, предавања и учење;
- Да ја идентификуваат и да ја оценуваат / да ја разгледаат соодветноста на компјутерски софтвери за наставна употреба, како и соодветноста и приспособливоста за ученици со посебни потреби;
- Да идентификуваат и да користат соодветни / погодни интернет сајтови и ресурси за подобрување на наставата и учењето;
- Да демонстрираат употреба на компјутери за да се создадат наставни материјали и за користење детски софтвери за поддршка и за подобрување на учење за сите возрасти на ученици;
- Да направат соодветни технолошки избори во наставата, учењето, оценувањето и во евалвацијата;
- Да развијат активности низ развојни области кои инкорпорираат употреба на технологијата и за да се обезбеди приспособување за сите ученици.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
- Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.