Програма: |
Албански јазик и литература (2012/2013) |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Јазици, култури и комуникација |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Магистер по филолошки науки - Насока: Јазик / Литература |
| ЕКТС: | 60
(1 годинa)
Aкредитација
|
| Решение: |
Последипломската програма по Албански јазик и литература е дизајнирана така што студентите се здобиваат со знаењакои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието,како ивештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоаво јовниот и приватниот сектор.
Дипломираните студенти ќе може да се вработат во низа полиња на професионалниот и општествениот живот:
-Настава: во јазичните школи, гимназии,основните и средните училишта, универзитет.
-Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и приватниот сектор, преведувач/интерпретатор во меѓународните организации
Знаење и разбирање
Со оваа програма кандидатот се стекнува со разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како за оние дисциплинарни така и за оние интердисциплинарни. Со ова тој се стекнува со понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните и литературните проблеми.
Примена на знаењето и разбирањето
Корпусот на знаења му овозможува различни вработувања кои опфаќаатголем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат во образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвисиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работат како преведувачи и толкувачи на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации идр.
Способност за проценка
Има способност да состави и оценува наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и за високо образование.Може да ја оцени реализацијата на наставен час по јазик.Има способност да оцени и спореди преведувања од еден јазик во друг. Може да оцени редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации,оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композиционален аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Има способност да биде член во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги процени најдобрите јазични и литературни студии. Има способност да се вклучи во истражувачки тимови, да состави литературни и публицистички текстови, лексичкии различни други речници.
Комуникациски вештини
Владее професионална вештина за држење на часовиполитература и граматика на мајчиниот јазик, во соовпаѓање со планпрограмите за основните, средните и универзитетските училишта. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература од странци. Може да преведува научно лингвистички и литературни дела, и тоа од јазиците во контакт на мајчин јазик и обратно. Може да учествува на локални и меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења, може да презентира свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисиплини.Може да напише реценсии за изадени дела од областа на литературата и јазикот, реценсии за издавање на литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Може да направи неависни истражувања и да превземе одговорност за општените резултати.Може да издава научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.
Вештини на учење
Има способност да се избере како асистент во различни албанолошки институции и да помогне во научни тимови;може да се пријави како лидер во определени пројект од областа на литературата и јазикот и да иницира ралики во различни институции.За да постигне подобри резултати, може да презентира нови знаења, може да ги тренира другите одржувајќи курсеви од определени области како : правопоис,лекторирање на литературен текст,употреба на нови методи и техники во настава идр.;може да одржи обуки како се подготвува пројект, како се пишува научен труд идр.Може да прдложи новини кои недостасуваат во некоја институција како што се отварање на ралични литературни и јаични секции,отварање библиотека,промоција на некое литературно и јазично дело идр.Може да предложи методи за учене на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е , треба да продолжи се своето понатаможно учење и надградување и новите знаења да ги презентира и во институцијата каде што работи и надвор.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Материјата во оваа програма се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански Јазик и Литература. Во суштина тука се опфатени, методите, Формите, текниките, организирањата на индивидуалната истражувача научна работа со своите специфични карактеристики.
-
[6 ЕКТС]
Албанска цивилизација
Се откриват најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни бласти, анализирајќи го на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
-
[6 ЕКТС]
Балканска димензија на албанскиот фолклор
Е доста богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот нерв н анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои ја претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и народите на Балканот.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни методи.
- [6 ЕКТС] Слободен исборен предмет 1
