Програмата Студии по дипломатија е дизајнирана да го развие концептуалното разбирање на студентите за практиките и процедурите на модерната дипломатија и да им помогне ефективно да работат во дипломатската заедница. Таа е дизајнирана за дипломати, високи службеници во различни министерски претставништва во странство, членови на меѓународни и регионални организации и за службеници во невладини организации и мултинационални корпорации. Оваа програма, исто така, е наменета за оние кои во иднина сакаат да развијат дипломатска кариера или да работат во други владини сектори или мултинационални компании. Оваа програма е комбинација од академски студии и професионален тренинг. Областа на меѓународните и културните комуникации, меѓународното право и меѓународната економија се надополнуваат со академските дисциплини кои се изучуваат. Професионалните предметиќе ги предаваат дипломати, политичари и високи владини службеници кои ќе предаваат како визитинг-професори. Програмата се состои од 120 ЕКТС, а се врши преку редовни студии трае четири семестри (Секој семестар носи 30 кредити).
Студентите кои ќе ја следат оваа програма ќе можат да работат во министерствата за надворешни работи, во владиниот сектор и на полето на меѓународната дипломатија. Некои можат да работат во: бизнис-секторот, правниот сектор, полиција, банки, новинарството, консултантски менаџмент, библиотекарството и да бидат предавачи.
Знаење и разбирање
- Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.
- Има специфични знаења за преговорите, медијацијата и за другите начини за решавање конфликти.
- Има одредени знаења за улогата на меѓународните организации во дипломатијата.
- Има јасни знаења и разбирања за надворешната политика и за главните актери (државни и недржавни) кои ја сочинуваат динамичната мрежа на министерството за надворешни работи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Може да се вклучува успешно во мали дипломатски задачи, да работи во дипломатски претставништва или во сектори за надворешни работи во рамките на различни министерства и да биде член на меѓународни трговски организации и на други институции.
- Може да работи како член на тимот за развој на преговарачките позиции за меѓународни правни прашања.
- Може да ја толкува теоретската перспектива во меѓународните односи во одредени случаи.
- Ја опишува улогата на дипломатијата во светската политика.
Способност за проценка
- Расудува за тековната дипломатија и за процесите на меѓународно ниво.
- Оценува статии со различна комплексност за меѓународни теми.
- Има способност да интерпретира релевантни податоци за расудување кои се одраз на релевантни дипломатски прашања.
- Може да направи критично размислување и да дава критички ставови за работата на дипломатските организации како што е министерството за надворешни работи и за работат на дипломатските мисии.
Комуникациски вештини
- Може да пишува писма во рамките на соодветно дипломатско комуницирање.
- Може да пишува и да презентира научни трудови и да подготви истражувачки проекти од областа на дипломатијата.
- Може да презентира на аудиториум форми на решавање специфични проблеми во меѓународните односи и дипломатијата.
- Може да развие соодветна дипломатска комуникација и да користи соодветна терминологија со претставници на дипломатските мисии во Македонија.
Вештини на учење
- Може да ги зголеми професионалните знаења работејќи во дипломатските претставништва.
- Способен е да ги идентификува личните потреби за натамошни знаења и да продолжи со индивидуално учење за глобалните прашања.
- Може да преземе и да примени нов транспарентен начин во македонската дипломатија со цел да се реализира евроатлантската перспектива на земјава.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за концептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни институции
Преку овој предмет се опфаќаат теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на нивната улога во решавање на колективните прашања и на проблемите во глобалната политика. Фокусот е поставен на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е врз главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
-
[6 ЕКТС]
Историја на дипломатијата
Преку предметот ќе се обезбедат теоретски и методолошки способности за разбирање на дипломатијата и на дипломатските односи од историски аспект и на современ план. Студентите ќе бидат квалификувани за независна и продлабочена научна и истражувачка работа во најширока смисла на дипломатијата, што ќе им овозможи трансмисија на теоретските, научните и на истражувачките сознанија во општествената практика.
-
[6 ЕКТС]
Споредбени политички системи
Преку предметот Споредбени политички системи студентите стекнуваат знаења за најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите што ја опкружуваат Република Македонија како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Овој предмет е дел од додипломските и постдипломските студии во најголемиот број факултети од областа на јавната администрација, правните факултети и факултетите по политички науки. Во текот на целиот предмет ќе се прават паралелизми и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со политичкиот систем на Република Македонија во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни односи
Преку предметот студентите треба да се поттикнат да размислуваат за тоа што се случува во светот, да ги совладаат теориите и случувањата кои се однесуваат на меѓународните односи, да се запознаат со теоретските компоненти во меѓународните односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, особено со основните концепти, актерите во меѓународните односи, надворешната политика, моќта во меѓународните односи. Предавањата ќе бидат фокусирани и на: меѓународната политичка економија и политиката на глобална благосостојба, постојните и идните проблем во меѓународниот систем, вклучувајќи ги вооружените конфликти, економијата, демографијата и животната средина.
-
[6 ЕКТС]
Европска унија: институции, политики и право
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со комплексноста и со развојот на европската интеграција, а со самото тоа и со развојот на: институциите (политички и правни), нивната природа и посебностите, легислативата и политиките. Воедно, основната цел е запознавање на студентите со главните теоретски толкувања на развојот на Европската унија и согледување на сегашните и можни идни предизвици со кои ЕУ се соочува, пред сè, во однос на нејзините институции, политики и право.
-
[6 ЕКТС]
Дипломатија и дипломатски методи
Во рамките на овој напреден премет се проучуваат: функциите на дипломатијата, создавањето и прекинувањето на дипломатските односи, релациите меѓу дипломатските и надворешните политики, дипломатските тајни служби и шпионирањето и принципите, практиките и проблемите на дипломатскиот имунитет. Се проучува организацијата на дипломатските мисии надвор од земјава, улогата на амбасадорите и другите дипломатски службеници, вклучувајќи ја нивната одговорност спрема нивните влади, како и нивниот однос со владите на земјите во кои тие се назначени. Се врши анализа на тоа како дипломатијата е поврзана со комуникациите, конфликтот, менаџментот, преговорите и се дискутира за специјализираната дипломатија и за влијанието на технологијата на дипломатијата. Преку предметот се нуди специјализиран тренинг за структурата и механизмите на дипломатијата со екстензивно користење на симулационите техники. Се развиваат: нагласените способности за пишување и зборување, професионалната етика, преговарачките техники и се проучува бирократска организација. Притоа студентите се оспособуваат за подготвување фактички и аналитички извештаи и меморандуми, предлог-политики и формална дипломатска коресподенција како и аспекти на односи со јавноста, јавни изјави за политиката и конференции за печат.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно јавно право
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Мирно решавање спорови
Во рамките на предметот се проучуваат судските и вонсудските процедури за решавање спорови меѓу државите. Притоа се обработуваат улогата на преговорите, медијацијата и помирувањето и улогата на Обединетите нации за мирно решавање меѓународни спорови. Се проучува и системот на меѓудржавната арбитража: ад хок, и тоа во рамките на веќе создадените трибунали како Иран-УСА, Трибуналот Клејмс и ИЦСИД. Ќе бидат изучувани практиките и процедурите на Меѓународниот суд за правда и негови капацитети, како и механизмот за решавање меѓународни спорови за човекови права, во трговското право и во поморското право.
-
[6 ЕКТС]
Глобализацијата како феномен во современото општество
* Ќе имаат подлабоко концептуалното разбирање на глобализацијата како феномен кој го изедначува светот (Фридман).
* Имаат визија за себеси и за општеството во услови на глобализација.
* Способни се да дебатираат на интелигентен начин глобализацијата во различни димензии: економска, политичка, културна и социопросторна.
* Способни се да ја идентификуваат позадината на глобализацијата и проблематичните рефлексии (на пример антиглобализација).
* Спремни се споредат различни перспективи на глобализацијата и на нејзините влијанија национално, регионално и меѓународно.
* Ќе бидат во можност да развијат структурирана студија на „производ" или (епи)феномен на глобализацијата.
-
[6 ЕКТС]
Политички менаџмент
Основни цели на предметот се:
* Стекнување на основни знаења за поимот политика и менажмент
* Да се запознае со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различити критериуми.
* Стекнување на адекватни знаења за подготовка на анкета и теренскокто работење.
* Примена на стекнати знаења од другите предмети и надградување на посебна методологија за изработка на есеи-семинарска работа.
* Да се анализират изборните процеси и начинот на изведување.
* Да се подготви политички говор и да се симулира појава на политички настан.
* Способност за активна учество во дебата организирани од студенската унија.
* Способност да се подготви и да учествува во истраживачки пројекти, како и презентирање на резултатите на научно истражувачката дејност.
* Да детерминира ралзичити начини и употребата на научните извори, дучи да чита селективно и компаративно да ги аналиѕира политичките процеси.
-
[6 ЕКТС]
Анализа на надворешна политика
Преку овој предмет преку анализа на трудови објавени за надворешната политика студентите ќе се оспособат за тоа како надворешнополитичките средства може да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат за надворешнополитичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и за нивната поврзаност со дипломатските методи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Политичка етика: национална, меѓународна и дипломатска
* Има знаења и ги разбира семантиката и концептите на моралот, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
* Развива став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
* Формира јасни ставови за правата и одговорностите на вработениот во јавната-државната администрација.
* Способен да се соочи со етички проблематични ситуации.
* Информиран е преку литературата за етиката во сферата на јавната администрација.
* Подготвен е да употребува комуникативни алатки и да ги почитува етичките стандарди во работата со државните институции и јавните актери.
-
Анализа на јавни политики
Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ја дефинираат и да ја илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со ова поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање проблеми кои извлекува знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
-
Лидерство и организациски развој
Наставата по предметот Лидерство и организациски развој се воведува како дел од студиската програма по јавна администрација.Предметот има за цел да им овозможи на студентите да научат како лидерите и раководителите го развиваат и спроведуваат постигнувањето на мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; да развијат вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и истите да ги применат преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите лично се вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат. Исто така и за начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.