Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски студии

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по германски студии
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Одделот за германски јазик постои од основањето на УЈИЕ во 2001 и функционира во рамките на Факултетот за јазици, култури и комуникациja. Од академската 2005/2006 година Одделот за германски јазик нуди и додипломски студии кои траат три академски години и се предава според ЕКТС. За студентите од вториот циклус се нуди магистерската програма по германски студии (German Studies), која траат две академски години.         

Студиите од втор циклус по германски студии во рамките на Одделот за германски јазик функционираат од академската 2008/2009 година. По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула магистер по германски студии. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и на историја на германското јазично подрачје.          Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот Оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. Во моментов во Одделот се ангажирани 7 универзитетски предавачи (еден вонреден професор, еден доцент, еден лектор и 4 предавачи од земјите во кои се користи германскиот јазик).

Соработниците на Одделот се активни и во различни асоцијации, организираат меѓународни научни конференции, развиваат заеднички научни програми и соработуваат со германисти од земјава и надвор од неа (соработка со Универзитетот за едукација од централна Швајцарија (Цуг, Луцерн Швиц), Универзитетот на Бамберг, Универзитетот Хумболт од Берлин, Универзитетот Јена, Универзитетот Ерланген од Нирнберг како и со огромен број оддели за германистика од различни земји во кои не се зборува германскиот јазик.

Во нашиот оддел се обрнува огромно внимание на мобилноста на студентите и на предавачите. Предавачите и студентите имаат можност да бидат дел од програмите за академска размена, како на пример во Универзитетот за едукација во централна Швајцарија (Зуг, Луцерн, Швиц), ДААД, БАИХОСТ, СОКРАТЕС И ЕРАСМУС како и други слични програми.

Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои им овозможуваат продолжување на студиите од третиот циклус (докторски студии) или да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и изведувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или, пак, во туризмот.

Знаење и разбирање
  • Да има знаење и разбирање во германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од додипломските студии.
  • Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
  • Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на основен, среден и висок степен.
  • Да стекнува академско знаење за независна академска работа.
 
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
  • Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
  • Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти. 
  • Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
  • Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на помладите ученици (под 12 години) или предавање бизнис германски јазик за возрасни.
 
Способност за проценка
  • Да ги разгледува различните јазични аспекти на германскиот јазик и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
  • Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии. 
  • Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германскиот јазик: образување  и време, определени / неопределени членови, идиоматски изрази, предлози и други граматички категории.
  • Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
 
Комуникациски вештини
  • Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германските јазични студии.
  • Да предаваатразлични лингвистички концепти на учениците со различни способности.
  • Да комуницираат на соодветен начин, критички да размисилуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на учениците. 
  • Да покажуваат комуникативна надлежност во училница во однос на управување на училница на основен, среден и висок степен. 
 
Вештини на учење
  • Да иницира и да извршува независно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
  • Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Да стекнува сознанија во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.
 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите почетници им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [6 ЕКТС] Теорија на валентност
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со структурата на германскиот јазик според теоријата на валентноста. Исто така ќе се дискутира за нејзините суштински прашања. Во првиот дел на овој научен настан ќе се води разговор околу историјата на теоријата на валентност како и за нацртот за размислувањата околу валентноста опишани во работата на Тесниере и нејзините недостатоци и контрадикторности. Ќе се третираат и следниве теми:валенција, субјект – валентен и депедентен, основни прашања на теоријата на валенција и носителите на валентност. Во вториот дел ќе биде третирано прашањето по разликувањето на актантите и циркумстантите (Ergänzungen und Angaben bzw. Aktanten und Zirkumstanten). Долго време дискусијата околу валенцијата се третираше одделно од прашањето, но и по барањето на конкретните критериуми за разграничување на овие два поима, при што постои стремеж, валенцијата да не се разбере како дихотомен, туку како постепен феномен. На предавањето ќе бидат дискутирани и претставени различните пристапи и процеси. Во третиот дел на предметот ќе се третира прашањето околу моделот на реченици и валентност на другите видови зборови (придавките и особено на именките).
  • [6 ЕКТС] Применета лингвистика
    Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со најважните концепти на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите.
  • [6 ЕКТС] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
    Се очекува широко знаење и разбирање на терминологијата на германската книжевност низ епохите почнувајќи од периодот од XV до XVII век. Да ги применуваат своите литературни знаење и разбирање во нивната појавa, процеси и дела од периодот од XV до XVII век. Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на германската книжевност за горенаведениот период. Се очекуваат дискусии за германската книжевност од овој период и работење со конкретни примери од избраните авторски дела. Да ги развиваат вештините за учење кои им се релевантни и потребни за понатамошно самостојно едуцирање во областа на германската книжевност од горенаведена област. Овој предмет содржи: читање литература, книжевна анализа, подготвување писмени и усни тези на реферати и дискусија во врска со развојната научната литература за најеминентните автори (со избрани дела), на германската литература, почнувајќи од крајот на германската книжевност на средновековието, па до епохата на класиката на германската книжевност (среден век: Hartman von Auer, Volfram fon Eschenbach, Gottfried von Strassburg, од ренесанса до 18 век: Grifius, Grimmelshausen, Viland, Goethe, Schiller, Heine, Büchner, Kleist, Novalis, Tik, Hoffman, Aeichendorf, Arnim, Brentano, Hajne, Keller, Stifter, Meier, Hebel, Hauptmann; Fontane).
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Социолингвистика
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со теоретскиот и практичниот дел на социолингвистика. Теоретскиот дел ги опфаќа основните концепти на: односот на јазикот и општеството, односно начинот на кој јазикот го користиме во различни општествени контексти, како и основните причини за јазични варијации, функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонтална и вертикална раслоеност на јазикот, социолектна диференцијација, јазична политика, стандардизација на јазикот итн. Во практичниот дел спаѓаат подготовката на сопствено социолингвистичко портфолио, семинарска работа врз основа на истражувањата што ќе се спроведат на социолингвистичка тема по сопствен избор и во договор со професорот, како и нејзино презентирање и критичко анализирање и коментирање. Социолингвистичките теми се поврзуваат и со другите дисциплини, посебно со психолингвистиката и прагмалингвистиката.
  • [6 ЕКТС] Развојни тенденции на современиот германски јазик
    Германскиот јазик е во прогресија. Доколку не би подлежел на промени, би бил мртов јазик. Овој предмет има за цел студентите да се запознаат со најновите тенденциите на германскиот јазик посматрани од различни аспекти. Во прилог по прашањата од областа на јазичните промени ќе се дискутира за стандардите на јазикот. Притоа ќе се дискутираат најбитните промени од областа на морфологијата, синтаксата и германскиот вокабулар. Внимание ќе се посвети исто така на некои избрани теми како на пр. позајмените зборови од англискиот јазик во современиот германски јазик како и актуелната употреба на јазикот во избрани комуникациски области (јазикот во рекламата, јазикот во медиумите). Теоретскиот вовед ќе биде практично демонстриран и потпомаган со реферати.
  • [6 ЕКТС] Методи на литературната критика и интерпретација
    Главна цел на овој предмет е опширно и интегративно знаење, разбирање и применување на методи на литературната критика, интерпретација и наука, како и нивните насоки и автори. Конкретни примери од историјата на германската литература е главна тематска содржина на овој предмет. Изучување на основите на филологијата и текст-критиката, како и видовите на интерпретација: стилистичка, реторичка и естетска анализа, социопсихолошка, културолошко- историска, ментално-историска, како и интерпретација во контекст на историјата на емоционалноста, на рационалноста, на цивилизациски ритуали и процеси итн.
  • [6 ЕКТС] Историја на германската култура и цивилизација
    Преку овој предмет студентите ќе се оспособат за: * Самостојно обработување на теориите на цивилизацијата, односно културата. * Разбирање на основните елементи на цивилизациските системи, процеси и развитоци. * Определување конкретни настани, личности и достигнување според цивилизациско и културното значење. * Научно сознание и познавање на германскојазичната цивилизација / култура во европски и глобални рамки. Содржина на предметот: * Преглед на германскојазичната цивилизација и култура * Определување на германскојазичната цивилизација и култура во европски рамки * Улогата на германскојазичната цивилизација и култура во светски рамки. * Странски влијанија на германскојазичната цивилизација и култура. * Епохите на германскојазичната цивилизација и култура * Парадигматските настани на германскојазичната цивилизација и култура * Егземпларни личности и нивните дела/ достигнувања * Теории на цивилизација и култура и обид на применување на германскојазичната историја
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Контрастивна лингвистика
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најважните концепти на контрастивната лингвистика. Контрастивната лингвистика се занимава со сличностите и разликите меѓу различни јазици (интерлингвална перспектива) и внатре во еден јазик (интралингвална перспектива; на пр.: аспекти на германскиот јазик во Германија, Австрија и во Швајцарија). Принципиелно можат да се појават кои и да било јазични парови и карактеристики од сите области на јазичната структура (фонологија, морфологија, синтакса, прагматика, лексикон итн.). Предавањето дава еден преглед за различните фази и полиња за истражувањето на контрастивната лингвистика и ова ја поврзува со една критична рефлексија на нејзината улога во јазичната дидактика. Потоа за јазичните парови германски–албански и германски–македонски преку примери ќе се споредуваат најбитните фонолошки, морфолошки, синтактички и прагматични структури. Покрај тоа ќе се дискутира за користењето на стекнатите знаења за прашањата на општата лингвистика, теоријата на изучувањето на јазик и на дидактиката. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
  • [6 ЕКТС] Теориите на изучувањето на јазикот
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со проблемите на теоријата на изучувањето на странските јазици, со различните аспекти на изучувањето на јазикот како и со методолошкото знаење на емпириското истражување во полето на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој предмет ќе се објаснуваат битните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пр. контролирано-неконтролирано контролирано-мешано), начини на билингвизам, односно на повеќејазичноста; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2-стадиум на изучување на јазиците итн. социолингвистички пристап (симплифициран регистар, codeswitch итн.); индивидуални варијабли како возраста или когнитивен стил; проширени концепти како на пр. психологијата на споредба на култури. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
  • [6 ЕКТС] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со најважните концепти и модели на методиката и дидактиката на германскиот како странски јазик на универзитетско ниво. Исто така ќе се читаат и ќе се дискутираат најактуелните и на најважните методолошко-дидактички дебати на денешницата. На крајот на семестарот студентите ќе можат: * Да покажат широко знаење и разбирање за развојот, тековите и за актуелните тенденции на методиката на наставата по германски како странски јазик, односно за корелација и интеграција на содржини од компатибилни наставни предмети: јазик, лингвистика, културологија, литература и други помалку компатибилни наставни содржини. * Да ги применуваат своите знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и да ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа од методика на наставата по германски како странски јазик. * Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област. * Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област. * Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
  • [6 ЕКТС] Современа литература на германското јазично подрачје
    Целта на предметот е да се оспособи студентите за: * Самостојно обработување на теоретските основи на модерната литературна интерпретација. * Моделно обработување на интерпретациски парадигми според разните жанрови на модерната литература. * Парадигматски истражувања на избрани автори и дела на модерната германскојазична литература од филозофска, социолошка, психолошка, херменевтичка и естетско-поетолошка гледни точки. Предметна содржина: * Преглед на модерната германскојазична литература и дискусија за избор на егземпларните автори и дела. * Преглед на жанровските аспекти. * Преглед на поетолошките основи, односно теории на авторите. * Вовед во референтните науки на литературната наука. * Парадигматски анализи и интерпретации. * Карактеристики и лоцирања на модерната германскојазична литература во европските и светските рамки. * Меѓународни односи и рецепции на модерната литература.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Прагматика
    • Интеркултурна комуникација
    • Јазична политика и мултилингвализмот во Европа

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+