Преку студиската програма Јавна администрација студентите стекнуваатменаџерски, советодавни, политички, аналитички, правни знаења, вештини и компетенции, кои би биле применливи во владини и во невладини организации.
Студиите по јавна администрација овозможуваат исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите да ја започнат својата професионална кариера во: државните и локалните владини агенции, општините, јавните институции, училишните администрации, непрофитабилни организации, универзитети и претпријатија.
Знаење и разбирање
- Има напредни знаења за теориите во јавната администрација, истражувањето и практиката.
- Има познавање и разбирање на компаративната јавна администрација на западните земји.
- Има длабоки разбирања за организацијата и функционирањето на јавната администрација во земјите членки на ЕУ.
Примена на знаењето и разбирањето
- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за процена во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста меѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Способност за проценка
- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за процена во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста меѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Комуникациски вештини
- Учествува во јавни дебати и медиуми, користејќи вокабулар соодветен на професионално ниво.
- Пишува, предлага и раководи со истражувачки проекти во областа на јавната администрација.
- Ги користи модерните алатки за комуникација и нови теџнологии кога се работи со различни институции.
Вештини на учење
- Способен е да ги идентификува личните потреби за автономна студија и неа да ја реализира на атономен начин во областа на компаративната јавна админитрација.
- Може да помогне во обука и развој на поединци за политички и административни позиции во јавниот сектор.
- Покажува способност да ги разгледа моделите и да ги класифицирање на информациите, концептите и теориите во јавната политика и администрацијата.
- Може да дизајнира нов начин на работа во македонската јавна администрација, користејќи ги компаративните предности.
- Има способност за планирање и организирање на функционирањето на јавна администрација и институциите во согласност со современите демократски системи.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за концептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[6 ЕКТС]
Компаративни политички системи
Преку предметот Компаративни политички системи студентите стекнуваат знаења за најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите кои ја опкружуваат Република Македонија како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Овој предмет е дел од додипломските и постдипломските студии на најголемиот број факултети од областа на јавната администрација, правните факултети и факултетите по политички науки. Во текот на целиот предмет ќе се прават паралелизми и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со случајот на политичкиот систем на Република Македонија во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Апликативна економија во јавниот сектор
Економијата во целина влијае врз тоа колку ефикасно се грижиме за нашава планета, врз иднината која сакаме да бидеме дел од неа, врз ресурсите кои ги имаме на располагање, врз тоа до кој степен се грижиме за сиромашните и за богатите. Но треба да се потенцира дека економските принципи и концепции без разлика на нивото на развиеноста на економијата не се менуваат. Економија на јавниот сектор има за цел да ги дефинира економијата и улогата на државата во економијата, улогата на јавните институции во економијата. Има за цел да ја дефинира агрегатната понуда и агрегатната побарувачка, влијанието на фискалната и монетарната политика врз пазарите.
-
[6 ЕКТС]
Споредбени аспекти на јавната администрација во земјите на ЕУ
Предметот претставува вовед во компаративната јавна администрација. Целта на предметот е студентот да се запознае со структурата, однесувањето и со процесите на јавната администрација од компаративен аспект. Ќе се посвети посебно внимание на истражувањето на улогата на административните системи во однос на пошироките политички и демократски рамки во кои тие се воспоставени и функционираат. Вниманието ќе биде концентрирано и на изучување и на истражување на поединечни управни и политички системи, со фокус на системот на либералните демократии.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Квалитативна и квантитативна анализа
Фокусот на предметот е на два општи приоди кон анализа на податоците - квантитативна и квалитативна. Во однос на квантитативна анализа предметот е фокусиран на употреба на статистичката анализа во однос на квалитативна анализа која се однесува на оние пристапи во кои не се вклучени квантитативните пристапи - или пристапи кои не користат нумеричка манипулација. Исто така, во рамките на овој предмет ќе се анализираат и преку студии на сучај ќе се презентираат методите на истражување, деловите на општественото научно истажување, приодите за истражувачки дизајн, спроведувањето емпириски дизајн како и мултиваријабилната анализа.
-
[6 ЕКТС]
Јавен финансиски менаџмент
Преку овој предмет на студентите им се претставуваат стандардите и практиките во финансиското работење на ГОи, методите на користење фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на организации и и опфаќа преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност меѓу теоријата и практиките, прелгед на различни студии на случај.
-
[6 ЕКТС]
Управно право
Основна цел на предметот е совладување на материјата за подобро и полесно да се разберат организацијата и функционирањето на управата од национален и од меѓународен аспект како и подобро запознавање со правните акти, видовите акти, како и со методологијата за креирање алатки и инструменти за контрола на администрацијата.
-
[6 ЕКТС]
Европска унија: институции, политики и право
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со комплексноста и со развојот на европската интеграција, а со самото тоа и со развојот на: институциите (политички и правни), нивната природа и посебностите, легислативата и политиките. Воедно, основната цел е запознавање на студентите со главните теоретски толкувања на развојот на Европската унија и согледување на сегашните и можни идни предизвици со кои ЕУ се соочува, пред сè, во однос на нејзините институции, политики и право.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Контрола на администрацијата
Основна цел на предметот Контрола на администрацијата ќе биде студентите да стекнат знаења за контролата и надзорот, субјектите на надзорот, видовите надзор, постапката за вршење надзор, внатрешната и надворешната контрола над органите на државната администрација, политичката контрола со сите правни инструменти за нејзино реализирање (пратенички прашање, интерпелација, доверба на влада, анкетни комисии, усвојување на буџетот како значаен инструмент на политичката и правната контрола, контрола од јавниот обвинител, Омбудсманот, општествената контрола, судката контрола преку постапките пред административните судови. Сите овие институции ќе се проучуваат компаративно.
-
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент
Преку овој модул студентите се бидат обучени да користат алатки, можности и рамки за спроведување ефективни стратегии кај организациите Различните теми вклучуваат концептуални рамки за разбирање на улогата на стратегиското лидерство, аналитички вештини за развој и оцена на стратегии и пристапи за работа со различни групи на интерес, како и методи за водење кон и постигнување на промени. Исто така, ова е мултидициплинарен предмет кој се однесува и на историското, политичкото, правното, етичкото и социјалното опкружување во кое функционираат ГОи. По правило, секоја ГО треба да има независен управен орган (собрание или, пак, управен одбор (УО), кој ја управува организацијата и ги носи стратегиските одлуки. Овој предмет се однесува и на улогата на менаџерот, односно извршниот директор (ИД) во организацијата, процесот на носење одлуки и раководење со персоналот, согласно со законските норми, како и согласно со мисијата и стратегиските цели на организацијата. Понатаму, предметот ја опфаќа врската меѓу УО и ИД и нивното влијание врз развојот на организацијата.
-
[6 ЕКТС]
Анализа на јавни политики
Во рамките на предметот се дефинира и се илустрира анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и во трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање проблеми и притоа се користат сознанија од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
-
[6 ЕКТС]
Евалуација на програми во јавниот сектор
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со техниките за анализа на ефективноста на организациите во јавниот сектор. Студентите ќе стекнат вештини за: формулирање на евалуционите прашања, селектирање на примерок, планирање и собирање на податоци, анализа на резултатите на евалуација, дизајнирање на буџет за евалвација, известување и комуницирање на резултатите на евалуацијата до разните засегнати страни, развој на компетенции за етичките и политичките прашања поврзани со евалуацијата.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Политички менаџмент
Основни цели на предметот се:
* Стекнување основни знаења за поимот политика и менажмент
* Да се запознае со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различити критериуми.
* Стекнување на адекватни знаења за подготовка на анкета и теренскокто работење.
* Примена на стекнати знаења од другите предмети и надградување на посебна методологија за изработка на есеи-семинарска работа.
* Да се анализират изборните процеси и начинот на изведување.
* Да се подготви политички говор и да се симулира појава на политички настан.
* Способност за активна учество во дебата организирани од студенската унија.
* Способност да се подготви и да учествува во истраживачки пројекти, како и презентирање на резултатите на научно истражувачката дејност.
* Да детерминира ралзичити начини и употребата на научните извори, дучи да чита селективно и компаративно да ги аналиѕира политичките процеси.
-
Лидерство и организациски развој
Наставата по предметот Лидерство и организациски развој се воведува како дел од студиската програма по јавна администрација. Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да научат како лидерите и раководителите ги развиваат и ги спроведуваат мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; развивање вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и нивна примена преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите лично се вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат; начинот како организацијата ги спроведува својата мисија и визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
-
Политичка етика: национална, меѓународна и дипломатска
* Има знаења и ги разбира семантиката и концептите на моралот, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
* Развива став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
* Формира јасни ставови за правата и одговорностите на вработениот во јавната-државната администрација.
* Способен да се соочи со етички проблематични ситуации.
* Информиран е преку литературата за етиката во сферата на јавната администрација.
* Подготвен е да употребува комуникативни алатки и да ги почитува етичките стандарди во работата со државните институции и јавните актери.
-
Глобализацијата како феномен во современото општество
* Ќе имаат подлабоко концептуалното разбирање на глобализацијата како феномен кој го изедначува светот (Фридман).
* Имаат визија за себеси и за општеството во услови на глобализација.
* Способни се да дебатираат на интелигентен начин глобализацијата во различни димензии: економска, политичка, културна и социопросторна.
* Способни се да ја идентификуваат позадината на глобализацијата и проблематичните рефлексии (на пример антиглобализација).
* Спремни се споредат различни перспективи на глобализацијата и на нејзините влијанија национално, регионално и меѓународно.
* Ќе бидат во можност да развијат структурирана студија на „производ" или (епи)феномен на глобализацијата.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.