Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целите на програматасе :

  • Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
  • Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
  • Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
  • Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:

  • Индивидуално и групно да работаат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението.   
  • Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата. 
  • Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономскатаи микроекономската  политика
  • Да бидат информирании да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
  • Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
  • Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
  • Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
  • Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
  • Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
  • Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.
Вештини на учење
  • Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
  • Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [6 ЕКТС] Напредна економија
    Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
  • [6 ЕКТС] Стратегиски менаџмент
    Целта на предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Предметната материја овозможува, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практицираат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Применета статистика
    • Организациско однесување
    • Маркетинг менаџмент
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Пазар на трудот

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Менаџмент и лидерство
    Предметот да ги подгототвува студентите за предизвиците со кои ќе се соочат во текот на нивниот работен век, особено доколку работат на некоја менаџерска позиција. Во рамките на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења општо за менаџментот, но и за важноста и улогата на лидерството во управувањето со современите претпријатија посебно. Значи предметот ќе биде поделен на два дела. Во рамките на првиот дел студентите ќе се запознаат со општите теоретски рамки на менаџментот. При тоа ќе се обрне внимание на историскиот развој на менаџментот, процесот на менаџмент, односно главните менаџерски функции, како и современите правци во развојот на менаџментот. Во рамките на вториот дел на предметот, студентите ќе се запознаат со природата на лидерството. Притоа, ќе бидат опфатени и теориите за лидерство, како и улогата на лидерите во сèвкупното управување со претпријатијата.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на човечки ресурси
    Целта на предметот е да ги запознае студентите со целокупноста на процесот на управување со човечките ресурси во претпријатието. Притоа, тие треба да се здобијат со проширени знаења за секоја од фазите на процесот на менаџмент на човечките ресурси, започувајќи од анализата на работните места и согледувањето на потребите за промени во структурата на човечките ресурси во претпријатието, преку регрутацијата и селектирањето на кандидатите, па сè до воведувањето на работниците на работното место, нивното наградување и мотивирање и се разбира нивното пензионирање или предвремено отпуштање од работа.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на вкупен квалитет
    Целта на предметот е да ги оспособи студентите да ја сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни од неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, како кај производите, така и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теориите во менаџментот на вкупен квалитет, почнувајќи од класичните, западните, како и и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџмент на вкупен квалитет. Понатаму, ќе се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет за да на крај се изучува начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет како и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Применета статистика
    • Организациско однесување
    • Маркетинг менаџмент
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Методологија на наставата
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Пазар на трудот

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Менаџмент на информациони системи
    Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени теми од областа на собирањето, обработката и користењето на информациите од страна на претпријатието. Фокусот ќе биде ставен на самата важност на информациите за менаџирањето со современите претпријатија. Информационите технологии ќе бидат опфатени, меѓутоа само од аспект на нивната улога за обработка на информациите на претпријатието односно поддршка на сèвкупниот процес на управување со истите. Во тие рамки, ќе се посвети внимание на следните аспејкти: вовед во менаџментот на информационите системи, основни типови на менаџмент на информациони системи, информациската технологија и менаџментот на информационите системи, изградба на менаџмент информациони системи во претпријатието.
  • [6 ЕКТС] Менаџмент на мал бизнис и претмприемништво
    Тргнувајќи од фактот дека малите и средните претпријатија се најзастапени во вкупниот број на претпријатија, во овој предмет се обработува значењето, суштината, начинот на функционирање, формите на организација на малите претпријатија во економијата. Во рамките на овој предмет се укажува на круцијалната улога на малиот бизнис во целокупната економија, на основните разлики помеѓу малите и големите претпријатија, начинитена подготвување на бизнис плановите за малите и средните претпријатија, организацијата на малите и средните претпријатија, можните извори на финансирање на овие претпријатија, замките, успесите и неуспесите на малите и средните претпријатија, нивното етичко работење и општествена одговорност како и тесната врска помеѓу претприемништвото и малите и средните претпријатија.
  • [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни: * Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. * Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се конролираат производството и услугите. * Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. * Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. * Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
    • Теорија на игрa
    • Корпоративно управување
    • Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • Дизајн и управување со производ
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Теорија на игрa
    • Корпоративно управување
    • Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • Дизајн и управување со производ

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент.
Google+