Целта на последипломската програма по Студии за безбедност е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на областа на овие студии со цел професионално оспособување за базичните професии кои се поврзани со областа како и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на безбедносните системи како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на националната и меѓународната безбедност, со посебен акцент во вршење на професиите во органите на безбедносниот систем во земјава.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност.
- Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста.
- Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста.
- Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста.
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Способност за проценка
- Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
- Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
- Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
* Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
* Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
* Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
* Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
* Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Криминологија
Стекнување напредни знаење за предметот на проучување на криминологијата и на главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и со жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
-
[6 ЕКТС]
Кривично материјално право
Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и клиничкиот метод.
-
[6 ЕКТС]
Транснационален криминал и меѓународен тероризам
Предметот се однесува на основните поими за транснационалниот криминал и на меѓународниот тероризам и облиците преку кои тие се манифестираат, нивниот меѓусебен однос, како и начините за справувањето со нив во рамките на меѓународната политичка сцена, но и од аспект на меѓународното и домашното кривично право. Притоа, студентите активно се вклучени во утврдувањето на одделните инструменти на политичка моќ кои се користат на меѓународен план за справувањето со транснационалниот криминал и со меѓународниот тероризам.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во рамките на предметот Реторика на албанскиот јазик и литература се комбинираат јазикот и литературата. Целта на овој предмет е совладување на слободното изразување, без грешки во писменото и во усното изразување. Конкретно, опфатени се елементи од историјата на реториката, од минатото до сега. Посебно поглавје е базирано на историјата на концептот на реторика, фокусирајќи се на различни толкувања на пристапот кој се состои само од елити кои имаат солидна интелектуална и социјална подготовка. Во другото поглавје студентите се запознаваат со нормативите на стандардниот албански јазик и со системот за решавање проблеми во мешани средини. Прозодијата и карактеристиките на прозодијата, акцентот, физичките карактеристики, акустичните карактеристики и интонацијата на стандардниот албански ќе бидат истакнати елементи во рамките на овој предмет. Еден дел од материјалот е за стереотипите и за предрасудите, билингвизмот во некои европски држави, факторите за социолингвистика, релацијата устен и писмен јазик, разликите во дијалектот кои влијаат на разликите во јазикот во урбаните и во руралните средини итн. Студентите преку овој материјал ќе го стекнат потребното знаење и ќе имаат јасен концепт за реториката и за академското пишување.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Општа криминалистика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
[6 ЕКТС]
Кривично процесно право
Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка како и да се оспособат за нивна практична примена.
-
[6 ЕКТС]
Организиран криминал
Организираниот криминалитет како нова дисциплина ги проучува формите, причините и мерките за спречување и за сузбивање на криминалитетот од сите видови и области. Особено значење се придава на теориите за oрганизиран криминалитет, криминалните организации како и облиците на манифестација.
-
[6 ЕКТС]
Полицијата и човековите права
Во рамките на овој предмет ќе се обработува следново: систематизирање на материјата од областа на човековите права (меѓународни документи, национална легислатива); анализа на специфичната улога што ја има полицијата во демократското општество во смисла на почитување и заштита на човековите права и слободи; систематизирање на поимите и знаењата за полицијата, како и интегрирање на знаењата од другите науки, коишто се однесуваат на полициската организација и дејност, за полесно совладување на другите правни, полициски, безбедносни, криминолошки и криминалистички науки.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во рамките на предметот Реторика на албанскиот јазик и литература се комбинираат јазикот и литературата. Целта на овој предмет е совладување на слободното изразување, без грешки во писменото и во усното изразување. Конкретно, опфатени се елементи од историјата на реториката, од минатото до сега. Посебно поглавје е базирано на историјата на концептот на реторика, фокусирајќи се на различни толкувања на пристапот кој се состои само од елити кои имаат солидна интелектуална и социјална подготовка. Во другото поглавје студентите се запознаваат со нормативите на стандардниот албански јазик и со системот за решавање проблеми во мешани средини. Прозодијата и карактеристиките на прозодијата, акцентот, физичките карактеристики, акустичните карактеристики и интонацијата на стандардниот албански ќе бидат истакнати елементи во рамките на овој предмет. Еден дел од материјалот е за стереотипите и за предрасудите, билингвизмот во некои европски држави, факторите за социолингвистика, релацијата устен и писмен јазик, разликите во дијалектот кои влијаат на разликите во јазикот во урбаните и во руралните средини итн. Студентите преку овој материјал ќе го стекнат потребното знаење и ќе имаат јасен концепт за реториката и за академското пишување.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Виктимологија
Проблематиката на жртвата, процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подложни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се главните теми на овој предмет, бидејќи виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество.
-
[6 ЕКТС]
Полициско право
Во рамките на предметот полициското право се проучуваат: државјанството, надзорот и заштитата на државната граница, работите на општа безбедност на лицата и имотот, полициските работи, патните исправи, странците, функциите на полицијата, начелата за вршење на полициските овластувања, јавните собири, организацијата и функционирањето на полицијата во РМ, организацијата и надлежноста на МВР, државните граници, странците и правото на азил, како и приватната заштита. Во овој предмет низ систематизиран и интердисциплиниран пристап се изучуваат напредните теоретски и практични аспекти на примената на полициското право, тактиката и современите методи во примена на полициските овластувања за остварување ефикасна и ефективна полициска функција во современото општество, како и контрола врз полицијата.
-
[6 ЕКТС]
Криминалистичка техника и тактика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
[6 ЕКТС]
Криминалистичка психологија
Оваа дисциплина има помошен карактер за другите кривично-правни науки со цел психолошко вреднување и оценување на вистината и лагата во судското постапување кон обвинетите, сведоците и кон другите лица во кривично-судската постапка, преку психолошка оцена на нивните искази и дејствија.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Компјутерски криминалитет
Студентите ќе стекнат напредни сознанија за најновите облици на кривичните дела кои се вршат преку компјутерот и преку интернет-мрежите како и за современите начини на спречување на ваквиот криминалитет кој се развива сѐ повеќе во денешните дигитални општества. Ќе се проучуваат кривичните дела од типот на компјутерска измама, фалсификување компјутерски софтвер и други облици на злоупотреба на Интернетот за криминални цели. Ќе се анализира домашното скоро реформирано законодавство, а ќе се добиваат сознанија и за светските стандарди и текови во оваа област.
-
Етика во криминалистика
Криминалистичката етика е дел од општата етика која го проучува прашањето како со превентивни и репресивни мерки да се заштити заедницата од криминалитетот на професионален и ефикасен начин, а истовремено да се почитуваат и уставните и законските начела за слободите и правата на граѓаните. Таа е важна бидејќи полициската работа се третира како професија и етиката и етичките стандарди играат голема улога во начинот на вршењето на професијата.
-
Криминалистичка медицина
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни сознанија за форензичката наука во однос на кривичните дела против животот и здравјето на луѓето и за основната терминологија која ќе биде како упатство за координација и комуникација меѓу истражните и судските оддели. Преку овој модул студентот ќе биде во можност да ги формулира барањата, налозите и другите писма помеѓу судот и вештаците за судска медицина за издавање наредби за телесна повреда, вештачење, налози за идентификација на живи личности, тела и скелетни остатоци.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд (изборен)
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.