Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албанолошки студии

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по албанолошки студии / Oбласт: Jазик или Литература
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Преку последипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.

Дипломираните студенти ќе може да се вработат во низа полиња на професионалниот и општествениот живот: 
- Настава: во јазичните школи, гимназии, основните и средните  училишта, универзитет.
- Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации
Знаење и разбирање

Преку оваа програма кандидатот стекнува разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како за еднодисциплинарни така и за интердисциплинарни. Со ова тој стекнува понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето
Корпусот на знаења му овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.
 
Способност за проценка

Има способност да состави и оценува наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование. Може да ја оцени реализацијата на наставен час по јазик. Има способност да оцени и да спореди преведувања од еден јазик на друг. Може да оцени редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Има способност да биде член во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги процени најдобрите  јазични и литературни студии. Има способност да се вклучи во истражувачки тимови, да состави литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници.

Комуникациски вештини
Владее професионална вештина за држење часови по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со план-програмите за основните и  средните  училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Може да учествува на локални и меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења, може да презентира свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Може да напише рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Може да направи независни истражувања и да преземе одговорност за резултатите. Може да издава научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.
 
Вештини на учење
За да постигне подобри резултати, може да презентира нови знаења, може да ги тренира другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; може да одржи обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложи новини кои недостасуваат во некоја институција како што се  отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложи методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира и во институцијата каде што работи и надвор од неа.
 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањата на индивидуалната истражувачка научна работа со своите специфични карактеристики.
  • [6 ЕКТС] Балканска димензија на албанскиот фолклор
    Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот
  • [6 ЕКТС] Албанска цивилизација
    Се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
  • [6 ЕКТС] Дијалектологија - микросистем во контакт
    Главните теми се од историскиот развој на дијалектите, класификацијата на дијалектите и поддијалектите во сите земји каде што се зборува албанскиот јазик, промените на дијалектите од фонетски, морфолошки, синтксички, лексисчки и фразеолошки аспект; транскрибирање на дијалекти.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Албанска модерна литература
    Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на маките, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани.
  • [6 ЕКТС] Анализа на литературниот текст
    Детално се презентираат литературните текстови и нивните претставници, од анализа на различни теми и мотиви, прашања од стилистиката и начините на толкување на книжевниот текст.
  • [6 ЕКТС] Етнолингвистика
    Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др.
  • [6 ЕКТС] Експериментална фонетика
    Предметот ја опфаќа историјата на фонетиката, експерименталната фонетика, фонолошките компоненти, фонемите, нивното формирање и начинот на одвојување по групи и подгрупи, улогата на фонолошките елементи, разликата меѓу стариот албански јазик и денешниот стандарден албански јазик.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Експериментална фонетика
    Во рамките на предметот се опфаќаат теоретскиот и практичниот дел и основните концепти кои се однесуваат на односот на јазикот и општеството, односно со начинот на кој јазикот го користиме во различни општествени контексти, како и за основните причини на јазичните варијации. Функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонталната и вертикалната стратификација на јазикот, социолектната диференцијација, јазичната политика и нормирањето на стандардизацијата
  • [6 ЕКТС] Студии на современата албанска проза
    Особини на современата албанска проза со еден осврт и квалитетен производ во современото време. Култот на убавото во уметноста, почетокот на една епоха и култивација на уметничките и литературните вредности. Определување и номинирање на стилските концепти.
  • [6 ЕКТС] Студии на современата албанска поезија
    Избор на песни од најистакнатите современи албански поети со критички осврт за нивното творештво. Појавата на феноменот на интимната лирика во поетското творештво, смислата и значењето што го има новиот поетски глас во современата албанска поезија. Улогата на поезијата како оглас на општествено релевантните состојби и проблемот на творештвото воопшто. Преку помошната литература и критичкиот коментар, студентите ги прошируваат своите знаења во врска со современата албанска поезија.
  • [6 ЕКТС] Стилистика и прагматика
    Содржина: прагматичко знаење, разбирање скриени пораки, начин на постигнување цели во процесот на комуникација, употребување елементи како: содржани пораки, имплицитни пораки и претпоставки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Современа албанска критика
    • Книжевни теории и методи
    • Јазиците во контакт

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни методи.
Google+