Преку програмата Компаративна јавна администрација на ЕУ при УЈИЕ, студентите ќе се стекнат со вештини, знаењa и компетенции потребни за нивен конструктивен придонес во општеството преку нивните кариери како идни менаџери, советници, политички аналитичари во владини и непрофитабилни организации.
Едногодишната последипломска програма по јавна админстрација е дизајнирана со цел да ги подготви студентите во областите како што е менаџментот, консалтингот, политиката, анализата, правото, способности и вештини за да можат да се вработат во високите нивоа на јавниот и невладиниот сектор.
Знаење и разбирање
- Има напредни знаења за теориите во јавната администрација, истражувањето и практиката.
- Има познавање и разбирање на компаративната јавна администрација на западните земји.
- Има длабоки разбирања за организацијата и функционирањето на јавната администрација во земјите членки на ЕУ .
Примена на знаењето и разбирањето
- Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
- Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
- Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
- Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Способност за проценка
- Оценува и расудува за различните практики во владините организации.
- Расудува за проблемите кои постојат во државната администрација, како што се корупцијата, непотизмот и политичките влијанија.
- Може да користи образложени аргументи за проценување на докази базирани врз компаративна студија во јавната политика и јавниот менаџмент.
- Може да развие критичко размислување за компаративни аспекти на јавна администрација и ги оценува предностите и слабостите на административните системи одделно.
Комуникациски вештини
- Учествува во јавни дебати и медиуми, користејќи речник соодветен на професионално ниво.
- Пишува, предлага и раководи со истражувачки проекти во областа на јавната администрација.
- Ги користи модерните алатки за комуникација и нови теџнологии кога се работи со различни институции.
Вештини на учење
- Е способен да ги идентификува личните потреби за автономна студија и истата да ја реализира на втономен наќин во област ана компаративната јавна админитрација.
- Да помогне во обука и развој на поединци за политички и административни позиции во јавниот сектор.
- Дакажува способност да ги разгледа моделите и класифицирање на информациите, концептите и теориите во јавната политика и администрацијата.
- Може да диајнира нов начин на работа во македонската јавна администрација користејќи ги компаративните предности.
- Има способност за планирање и организирање на функционирањето на јавна администрација и институциите во согласност со современите демократски системи.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студентите кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за концептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[6 ЕКТС]
Споредбени аспекти на иавната администрација во земјите на ЕУ
Преку предметот Споредбени аспекти на администрацијата во ЕУ студентите ќе се здобијат со знаења за основните карактеристики на јавната администрација во земјите на ЕУ. Основна цел е да се истражуваат видовите како форми на дејствување на институциите на јавната администрација во разни општества со цел студентите да се здобијат со нови знаења и концепти за јавната администрација. Преку овој предмет, студентите ќе бидат запознати со значењето на јавната администрација во различни држави, преку запознавање со различните организациски административни системи на државите. Исто така, на студентите ќе им биде овозможено да ги разберат организациската структура и функционирањето на институциите извршно-административно, но и на другите форми и институциите на јавната администрација. Ова знаење за студентите е значајно особено во однос на глобализацијата и важноста на интеграцијата.
Предметот на истражување се состои во: поими и основни знаења за принципите и институциите на јавната администрација; структури и функционирање на јавната администрација во разни држави, новиот јавен менаџмент, глобализацијата како и чекорите штоРепублика Македонија ги презема за зачленување во Европската унија.
-
[6 ЕКТС]
Апликативна економија во јавниот сектор
Економијата во целина влијае врз тоа колку ефикасно се грижиме за нашата планета, врз иднината која што сакаме да бидеме дел од неа, врз ресурсите кои што ги имаме на располагање, врз тоа до кој степен се грижиме за сиромашните и за богатите. Но треба исклучиво да се потенцира дека економските принципи и концепции без разлика на нивото на развиеноста на економијата не се менуваат. Економија на јавниот сектор има за цел да ја дефинира економијата и улогата на државата во економијата, улогата на јавните институции во економијата. Има за цел да ја дефинира агрегатната понуда и агрегатната побарувачка, влијанието на фискалната и монетарната политика врз пазарите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Управно право
Програмата за работа по овој предмет овозможува знаења и достигнувања во однос на управното право во три компоненти, и тоа:
* Прво, управното право како гранка на правната наука и неговиот однос со другите науки;
* Второ, управното право како гранка на правниот систем (позитивно право) на Република Македонија - особено позитивните права;
* Трето, управното право, национално и позитивно, согласно со меѓународните аспекти, вклучувајќи случаи на административно право.
Посебно внимание ќе се посвети на позитивната легислатива на полето на управното право како и на работата на студентите во:
* Организација на државата и јавната администрација;
* Владата и јавните сервиси;
* Административните акти во администрацијата;
* Контролата на административните органи од страна на Парламентот, јавниот правобранител, невладините организации итн.
-
Анализа на јавни политики
Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ја дефинираат и илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето и трансформирањето на информациите релевантни за политиките. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со ова поле и критички да ги анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Анализа на јавните политики е дисциплина за решавање на проблеми кои извлекува знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
-
Стратегиски менаџмент
Овој модул е дизајниран за да ги обучи студентите да користат алатки, можности и рамки за спроведување на ефективни стратегии кај ГОи. Различните теми вклучуваат концептуални рамки за разбирање на улогата на стратешкото лидерство, аналитички вештини за развој и оценка на стратегии и пристапи за работа со различни групи на интерес, со цел мобилизирање на посветеност, како и методи за водење кон и постигнување на промени. Исто така, ова е мултидициплинарен модул кој ги истражува историското, политичкото, правното, етичкото и социјалното опкружување во кое функционираат ГОи. По правило, секоја ГО треба да има независен управен орган (собрание или пак управен одбор (УО), кој ја управува организацијата и ги носи стратешките одлуки. Овој модул се занимава со улогата на менаџерот, односно извршниот директор (ИД) во организацијата, процесот на носење на одлуки и раководење со персоналот, согласно законските норми, како и согласно мисијата и стратешките цели на организацијата. Понатаму, модулот ја опфаќа врската помеѓу УО и ИД и нивното влијание во развојот на организацијата
-
Споредбени политички системи
Предметот „Споредбени политички системи“ има за цел снабдување на студентите со знаења околу најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите што ја опкружуваат Република Македонија како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Овој предмет е дел од додипломските и постдипломските студии во најголемиот број на факултети од областа на јавната администрација, правните факултети и факултетите по политички науки. Во текот на целиот предмет ќе се прават паралелизми и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со случајот на политичкиот систем на Република Македонија во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободно изборен предмет 1
-
Менаџмент на информатички системи
Преку предметот се дава опширен вовед за информациските системи, од организациска и од општествена призма.Целта е студентите да стекнат соодветен баланс на техничките и организациските перспективи, кои ќе служат како основа за понатамошните студии во оваа област.
-
Јавно лидерство и организациски развој
Наставата на предметот Јавно лидерство и организациски развој се воведува како дел од студиската програма по Јавна администрација. Предметот има за цел да им овозможи на студентите начинот како лидерите и раководителите го развиваат и спроведуваат постигнувањето на мисијата и визијата на одредена организација во јавниот сектор; развивање вредности кои се неопходни за долгорочниот успех и нивна примена преку соодветни активности и навики; како лидерите и раководителите се лично вклучени во обезбедувањето сигурност дека системите за управување со организацијата ќе се развиваат и ќе се спроведуваат. Исто така за начинот како организацијата ја спроведува својата мисија и визија преку јасна стратегија заснована на мислењата на сите заинтересирани страни, поддржана преку сите релевантни политики, планови, цели и процеси.
-
Oдбрани поглавја од ИТ апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ- апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.