Целта на последипломската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во Р. Македонија како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
- Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративно казнено право и на казнено процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензични науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
- Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
- Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа..
Вештини на учење
- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
* Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
* Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
* Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
* Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
* Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Кривично материјално право
Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и Кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и методот на клиничка настава.
-
[6 ЕКТС]
Криминологија со пенологија
Преку овој предмет студентите ќе стекнат напредни знаење за предметот на проучување на: Криминологијата и пенологијата и главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Меѓународно кривично право
По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци.
-
Кривично процесно право
Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка и да се оспособат за нивна практична примена.
-
Малолетничка деликвенција
Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социопатолошки појави, како: наркоманијата, алкохолизмот и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот, а за жал се присутни и во нашава земја. Затоа, основната цел на оваа дисциплина е да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава и да се објаснуваат причините за нивно присуство со цел да се предложат соодветни мерки за превенција и репресија.
-
Криминалистика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
Судска психологија
Оваа дисциплина има помошен карактер за другите кривично-правни науки со цел психолошко вреднување и оценување на вистината и лагата во судското постапување кон обвинетите, сведоците и другите лица во кривично-судската постапка, преку психолошка оцена на нивните искази и дејствија.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободeн изборен предмет 1
-
Трговија со луѓе
Трговијата со луѓе претставува посебна форма на организираниот криминалитет и се карактеризира како ропство на современото време. Овој сериозен вид криминал претставува длабоко кршење на најсуштинските права и слободи на човекот, па затоа е забранет и гонет со меѓународни договори и со национални закони и механизми за сузбивање. Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со напредните теоретски и практични аспекти на овој феномен преку анализирање на најбитните меѓународни конвенции, домашни закони и механизми од оваа област, како и преку разбирање на домашната судска практика што се однесува на случаите со трговија со луѓе.
-
Oдбрани поглавја од ИТ апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.