Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Финансии (2012/2013)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Магистер по економски науки / Насока: Финансии
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение:

Целите на програматасе :

  • Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
  • Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
  • Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
  • Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

Дипломираните од овој профил ќе поседуваат општи и посебни компетенции, вклучувајќи го капацитетот за анализа и синтеза, основното знаење од областа на студирањето. Ќе имаат способност да ги интерпретираат деловните податоци, економските индикатори, да интерпретираат проспекти, извршни  извештаи, резимеа, физибилити студии, да планираат, да организираат, да донесуваат одлуки, да контролираат и да ги разгледуваат деловните одлуки во организацијата, да мотивираат со цел да ги постигнат деловните цели; способност  да применуваат квантитативни методи, истражувачки методи, теоретски методи со цел да решаваат деловни проблеми и ќе имаат способност да развиваат деловни планови /стратешки планови (краткорочни, среднорочни и долгорочни), да управуваат со организациите во периодот на транзиција и ќе има способност да создаваат услови за локален економски развој, правејќи разлика во конкурентните предности за посебни области на студирање.

Знаење и разбирање
  • Има познавање и разбирање на теоретските и практичните аспекти на финансии, особено на: корпоративните финансии, портфолио и управување со ризик, менаџмент, трошоци и финансиско¬ сметководство, меѓународни финансии;
  • Има познавање и разбирање на функциите на финансискитеинституции, пари и банки, и финансиски менаџмент;
  • Има знаење и вештини за планирање, капитално буџетирање, организирање и инвестирање на финансиски средства и соодветна употреба на финансиски инструменти во приватниот и јавниот сектор.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Активно учествуваатво задачи и активности поврзани со финансии во различни институции;
  • Сумираати анализираатрелевантни финансиски информации за локалните и регионалните власти за донесување на одлуки;
  • Применуваат теоретски и практични знаења и вештини за анализирање, предвидување, и донесување на одлуки за капитални инвестиции, дивиденда политика и структурата на капиталот, управување со ризик во врска со финансиите;
Способност за проценка
  • Донесување на одлука за финансиските пазари и институции и бизнис како на пример: финансиска анализа и планирање, портфолиоменаџмент, финансиски извештаи;
  • Оценка на финансиските стратегии и планови за инвестиции и проценкa на ризикот;
Комуникациски вештини
  • Презентираат различни финансиски теми во приватниот и јавниот сектор и  користат современи алатки за донесување на одлуки;
  • Изразауваати аргументираат своите идеи и заклучоци  допо широка публика;
  • Подготвуваат финансиски извештаи за приватниот и јавниот сектор;
  • Водаттимови во различни проекти со цел на решавање на клучните политички проблем во врска со финансиски и економски прашања.
Вештини на учење
  • Применуваат методи на учење и анализа на алатки развиениза понатамошно проучувањеи подобрување на своите знаења;
  • Идентификуваат соодветни алатки и патеки на учењето за да развијат свои културни и специфични знаења  како и професионални вештини.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Квантитативни и квалитативни методи на истражување и нивната примена во студиите по економија и бизнис, истражувања и нивна анализа, студии на случај, регресивна анализа, користење статички софтвер како SPSS и Mikrofiti.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни финансии
    Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции, итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци. Знаењата од овој предмет претставуваат основа за оние студенти кои очекуваат да најдат работни места поврзани за меѓународните инвестиции, меѓународното банкарство и мултина¬ционалните деловни активности.
  • [6 ЕКТС] Анализа на финансиски извештаи
    Овој предмет ги опфаќа следниве теми: основи на финансискa аанализа, видови финансиска анализа, аналитичка рамка за анализа нафинансиски извештаи, систем на финансиско известување, основни финансиски извештаи,сметководствена добивка и средства,анализа на паричните текови, финансиските показатели и финансиската анализа, интегрирана анализа,анализа на долгорочни средства, анализа н афинансиски обврски, анализа на финансиски извештаи, синтеза, анализа на структурата на капиталот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Јавни финансии
    • Пари и банкарство
    • Финансиски пазари и институции
    • Менаџмент на информациони системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Јавни финансии
    • Пари и банкарство
    • Финансиски пазари и институции
    • Менаџмент на информациони системи

Семестар 2

  • [24 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Финансии
  • [6 ЕКТС] Слободно изборен предмет 1
    • Менаџмент на вкупен квалитет
    • Меѓународен бизнис
    • Oдбрани поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Апликации за статистичка обработка на податоци
Google+