Целите на програматасе :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
Студиите по менаџмент гледаат во теоријата и практиката на управување, земајќи ги во предвид области како што се бизнис и економија, човечки ресурси, операциски и информациските системи, како и допирање на теми како што се етиката и управување во национален и меѓународен контекст. Степенот обично се обработува заедно со други предмети за да им даде на студентите увид во техниките и теориите на менаџментот во различни индустрии или професии, како што се меѓународниот бизнис, маркетинг, патување и угостителство, јазици, науката, инженерството и технологијата. Дипломираните по Менаџмент работат во опсег на професии, вклучувајќи маркетинг, продажба, финансии и малопродажба.
Знаење и разбирање
- Има познавање и разбирање на концептите на управувањето, прашања во приватниот и јавниот сектор, бизнисите и институциите;
- Има познавање во областа на општо управување (стратешки менаџмент, проект менаџмент, управување со човечките ресурси, менаџмен на вкупен квалитетот, процесот на донесување одлуки; организациско однесување, корпоративното управување, менаџмент на мал бизнис, бизнис планирање, деловна комуникација, менаџмент на информациони системи),финансиски проблеми поврзани со управувањето; маркетинг проблеми поврзани со управувањето;
- Има разбирање на бизнис прашања како деловна етика и општествена одговорност, деловното право, ефект на макро и микро економски феномени врзуправувањето напроцесот на донесување одлуки, меѓународните деловни проблеми и локален и регионален економски развој.
Примена на знаењето и разбирањето
- Има можност да пишува успешен бизнисплан (за маркетинг и финансиски), краткорочен, среднорочен и долгорочен.
- Имаможност да пишува есеи во областа на менаџментот,
- Има способност да управуваат со приватните фирми, јавни установи, различни сектори како маркетинг, истражување и развој, човечки ресурси, планирање и контрола.
- Има способност да управува со различни видови на проекти.
- Има можност да применува статистички податоци во управувањетона донесување одлуки.
Способност за проценка
- Оценува конкретни проблеми во управувањето.
- Го оценува процесот на управувањето.
- Донесува бизнис одлуки.
- Пишува и применува бизнис тактики и стратегии.
Комуникациски вештини
- Презентира нови идеи, производи и услуги.
- Протолкува деловни податоци, економски индикатори.
- Протолкува проспекти, извршни извештаи, резимеа, физибилити студии.
- Користисоодветни стратегии за преговори.
- Презентира резултати од различни студии; комуницира бизнис планови за работните тимови и заинтересираните страни.
- Презентирање во научни и стручни конференции, семинари и работилници.
Вештини на учење
- Пребарува и открива ресурси и алатки за учење.
- Е во состојба за индивидуално и тимскоучење,
- Поседува знаење за да научинапредни концепти и емпириските наоди во областа на менаџментот и сродни области.
- Е во состојба данаправи аналитичкастудија и оценување, вештини за решавање на проблеми, донесување одлуки,квантитативна анализа, вклучувајќи госамо-управувачкото и кооперативнотоучење.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Квантитативни и квалитативни методи на истражување и нивната примена во студиите по економија и бизнис, истражувања и нивна анализа, студии на случај, регресивна анализа, користење статички софтвер како SPSS и Mikrofiti.
-
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент
Целта на предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Предметната материја овозможува, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практицираат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на вкупен квалитет
Целта на предметот е да ги оспособи студентите да ја сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни од неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, како кај производите, така и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теориите во менаџментот на вкупен квалитет, почнувајќи од класичните, западните, како и и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџмент на вкупен квалитет. Понатаму, ќе се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет за да на крај се изучува начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет како и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Менаџмент на човечки ресурси
Целта на предметот е да ги запознае студентите со целокупноста на процесот на управување со човечките ресурси во претпријатието. Притоа, тие треба да се здобијат со проширени знаења за секоја од фазите на процесот на менаџмент на човечките ресурси, започувајќи од анализата на работните места и согледувањето на потребите за промени во структурата на човечките ресурси во претпријатието, преку регрутацијата и селектирањето на кандидатите, па сè до воведувањето на работниците на работното место, нивното наградување и мотивирање и се разбира нивното пензионирање или предвремено отпуштање од работа.
-
Менаџмент на мал бизнес
Целта на наставата по овој предмет е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето и суштината, функционирањето и организацијата на малите претпријатија во економијата.
-
Оперативен менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни:
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите.
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се конролираат производството и услугите.
* Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите.
* Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент.
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите.
-
Менаџмент на информациони системи
Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени теми од областа на собирањето, обработката и користењето на информациите од страна на претпријатието. Фокусот ќе биде ставен на самата важност на информациите за менаџирањето со современите претпријатија. Информационите технологии ќе бидат опфатени, меѓутоа само од аспект на нивната улога за обработка на информациите на претпријатието односно поддршка на сèвкупниот процес на управување со истите. Во тие рамки, ќе се посвети внимание на следните аспејкти: вовед во менаџментот на информационите системи, основни типови на менаџмент на информациони системи, информациската технологија и менаџментот на информационите системи, изградба на менаџмент информациони системи во претпријатието.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Менаџмент.
-
[6 ЕКТС]
Слободно изборен предмет 1
-
Меѓународен бизнис
Целта на предметот е студентите:
- Да ја сфатат разликата помеѓу глобалното создавање, одржувањето и модификацијата во споредба со меѓународните стратегии од аспект на меѓународниот бизнис.
- Да стекнат знаења за извршување анализа на трошоци од еден глобален аспект.
- Да извршат анализа SWOT за разни меѓународни компании и да бидат во состојба да осознаат нови глобални пазари.
- Да ја сфатат суштината на глобалниот меѓународен бизнис и користењето на глобалните комуникации.
- Да дефинираат и да користат стратегии за оценување на заедничките вложувања (joint venture), обединување и купување на разни компании со цел да се добие пристап до нови пазари.
- Да носат решенија околу сегментацијата на пазарите како и начините за пристап кон нив.
-
Маркетинг менаџмент
Целта на предметот е на студентите да им овозможува стекнување на знаења од областа на управувањето со активностите на маркетингот, маркетинг-околината и нејзиното влијание врз работењето на претпријатијата, елаборирање на политиката на производот, цените, дистрибуцијата и промоцијата, како и донесувањето на одлуките кои менаџерите ги носат во однос на овие политики. Исто така се елаборираат стратегиите кои ги применуваат менаџерите, како и последиците од тие стратегии, маркетинг-планирањето, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата.
-
Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
- Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.