Целите на програматасе :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската политикита;
- Да бидат информирании да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
-
[6 ЕКТС]
Напредна економија
Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
-
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент
Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Предметната материја овозможува, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практицираат индивидуална и тимска работа. На тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Применета статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и применат елементите на дескриптивната статистика,теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
-
Пари и банки
Предметот е заснован на апликација на стандардната економска анализа. Се состои од изучување на теориите, моделите, политиките и меѓународните искуства. Целта е оспособување за разбирање и анализа на процесите на растот и развојот. Пререквизити се завршени испити од макро и микроекономија, математика и квантитативна анализа. Подлабоки познавања од одделни дисциплини и субдисциплини како што се применета економија, јавни финансии, монетарна економија, меѓународна трговија, меѓународни финансии, инвестиции и др. се комплементарни и многу корисни за совладување на содржината на предметот.
-
Финансиски пазари и институции
Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да ги запознаат основните принципи на функционирањето на финансиските пазари (пазари на пари, пазари на капитал, девизни пазари, итн.) и финансиските институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови, итн.) кои претставуваат извонредно важен дел од секоја национална економија, како и на светската економија во целина. Финансиските пазари и институции не само што влијаат на нашиот секојдневен живот, туку исто така се занимаваат со трансфер на големи износи на средства кои потоа влијаат на профитите на фирмите, производството на стоки и услуги и на економската благосостојба на нашата и странските економии. Во последните десетина години се случија фундаментални, револуционерни промени на финансиските пазари и институции во светски рамки. На свој начин, низ драматични промени минаа и македонските финансиски пазари и институции. Овој предмет ќе ги запознае студентите со главните насоки и содржината на тие промени. Но со оглед на тоа што е извесно дека интензитетот на промените нема да се намали во иднина, тој е фокусиран кон тоа да им обезбеди на студентите такви знаења и аналитички орудија, кои ќе им бидат потребни да ги разберат финансиските иновации што сигурно ќе се случат кога тие професионално ќе се занимаваат со финансискиот бизнис.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Пазар на трудот
Целта на предметот „Пазар на трудот„ е студентите од вториот циклус да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните чинители на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатерланиот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Финансиско сметководство - меѓународни и национални сметководствени стандарди
Овој предмет ги опфаќа следниве теми: меѓународните сметководствени стандарди, капиталот, постојаните средства и резерви, финансиските средства,обврзниците, хартиитеод вредност, побарувањата од купувачи, активните временски разграничувања, обврските спрема добавувачите, краткорочните и долгорочните резерви, пасивните временски разграничувања, залихите на материјали, производите, трговската стока, материјалните и нематеријалните трошоци, трошоците за плати и амортизација, утврдувањето на обврската за ддв и данокот на добивка, утврдувањето на финансискиот резултат.
-
[6 ЕКТС]
Финансии на корпорации
Предметот претставува можност студентите да ги продлабочат своите познавања од оваа област. При тоа, особено внимание им е посветено на следниве подрачја: извори на финансирање на фирмите, структура на капиталот, финансирање на тековното работење, финансирање на инвестициите, финансиска политика, финансиска анализа.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни финансии
Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соод¬ветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции, итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци. Знаењата од овој предмет претставуваат основа за оние студенти кои очекуваат да најдат работни места поврзани за меѓународните инвестиции, меѓународното банкарство и мултина¬ционалните деловни активности.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2
-
Применета статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и применат елементите на дескриптивната статистика,теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
-
Пари и банки
Предметот е заснован на апликација на стандардната економска анализа. Се состои од изучување на теориите, моделите, политиките и меѓународните искуства. Целта е оспособување за разбирање и анализа на процесите на растот и развојот. Пререквизити се завршени испити од макро и микроекономија, математика и квантитативна анализа. Подлабоки познавања од одделни дисциплини и субдисциплини како што се применета економија, јавни финансии, монетарна економија, меѓународна трговија, меѓународни финансии, инвестиции и др. се комплементарни и многу корисни за совладување на содржината на предметот.
-
Финансиски пазари и институции
Изучувањето на материјата по овој предмет треба да им овозможи на студентите да ги запознаат основните принципи на функционирањето на финансиските пазари (пазари на пари, пазари на капитал, девизни пазари, итн.) и финансиските институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови, итн.) кои претставуваат извонредно важен дел од секоја национална економија, како и на светската економија во целина. Финансиските пазари и институции не само што влијаат на нашиот секојдневен живот, туку исто така се занимаваат со трансфер на големи износи на средства кои потоа влијаат на профитите на фирмите, производството на стоки и услуги и на економската благосостојба на нашата и странските економии. Во последните десетина години се случија фундаментални, револуционерни промени на финансиските пазари и институции во светски рамки. На свој начин, низ драматични промени минаа и македонските финансиски пазари и институции. Овој предмет ќе ги запознае студентите со главните насоки и содржината на тие промени. Но со оглед на тоа што е извесно дека интензитетот на промените нема да се намали во иднина, тој е фокусиран кон тоа да им обезбеди на студентите такви знаења и аналитички орудија, кои ќе им бидат потребни да ги разберат финансиските иновации што сигурно ќе се случат кога тие професионално ќе се занимаваат со финансискиот бизнис.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Пазар на трудот
Целта на предметот „Пазар на трудот„ е студентите од вториот циклус да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните чинители на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатерланиот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Монетарна економија
Предметот е ги вклучува основните монетарни концепти и политики, развојот на монетарната рамка, макроекономска и монетарна анализа и користење на регресиона анализа.Тој треба да им овозможи на студентите (концептуално и методолошки) да ги анализираат различните монетарни политики, врската помеѓу монетарните агрегати и макроекономските варијабли, како и улогата на различните монетарни и финансиски институции во процесот на понуда на пари.
-
[6 ЕКТС]
Анализа на финансиски извештаи
Овој предмет ги опфаќа следниве теми: основи на финансискa аанализа, видови финансиска анализа, аналитичка рамка за анализа нафинансиски извештаи, систем на финансиско известување, основни финансиски извештаи,сметководствена добивка и средства,анализа на паричните текови, финансиските показатели и финансиската анализа, интегрирана анализа,анализа на долгорочни средства, анализа н афинансиски обврски, анализа на финансиски извештаи, синтеза, анализа на структурата на капиталот.
-
[6 ЕКТС]
Сметководство на трошоци и управувачко сметководство
Овој предмет ги опфаќа следниве теми: пресметување на трошоците на производите и услугите, видови трошоци, пресметување и евидентирање на директните и индиректните трошоци, утврдување на трошоците на нарачана работа, утврдување на трошоците на производсвото, распределба на индиректните трошоци врз база на методот АБЦ, критична точка на рентабилност, мастер буџет, флексибилен буџет, капитално буџетирање, контрола на трошоците, центри на трошоци, центри на профит, Центри на инвестирање, донесување на деловни одлуки врз база на релевантни информации.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 3
-
Портфолио менаџмент и менаџмент на ризик
Предметот ја опфаќа анализата на главните и основните поимии функции на финансискиот систем, пазарните посредници, инструменти, принципи на организација и работење, нивната улога во економијата,воопшто и во финансискиот систем на националните економии посебно.Овие пазари и финансиски инструменти се од понов датум. Функционираат во развиените економии на западот. Нивната појава и развој го поттикнува развојот на реалниот сектор, оптималното користење и алокација на скудните ресурси, влијаат врз макроекономските величини и вредности.
-
Ревизија
Предметот е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на ревизијата во современото турбулентно окружување. Креирањето на програмата е инспирирано од желбата на студентите кои се определиле да студираат на насоката сметководство и ревизија да им се овозможи во континуитет со изучуваните сметководствени дисциплини да ги заокружат стекнатите знаења од сметководството и ревизијата, подлабоко да навлезат во тајните на ревизорската професија и да станат успешни ревизори во практиката. Основна цел на предметот е да укаже на клучните проблеми со кои, на почетокот на новиот милениум, се соочува ревизорската професија во светот и кај нас. Материјата што ќе биде обработена во рамките на овој предмет ги расветлува фундаментите на ревизорската професија и амбиентот во кој истата непречено и континуирано егзистира, со потесно фокусирање на имплементирањето на професионалната регулатива, етичките норми на професионалното делување и релевантната законска регулатива. Во интерес на полесно совладување на материјата на студентите им се нуди комплексен пристап односно постапно чекор по чекор следење на процесот на ревизија од иницијалната фаза на договарање на ангажманот, преку планирање на активностите и спроведување на постапките за ревизија до финалната фаза - презентирање на извештајот за извршената ревизија.
-
Теорија на игрa
Целта на овој предмет е да ја подобри стратешка способност за донесување одлуки во конкурентни ситуации во кои оцената за исходот од акцијата не зависи само од изборот што ќе се направи, туку и од направениот избор од другите. Ние се концентрираме на аналитичкиот метод кој произлегува од теоријата на играта, која предвидува ригорозна аналитичка рамка за структурирање конкурентни ситуации, идентификување на алтернативи и за изборот меѓу нив. Нашиот основен пристап ќе биде да се пробие комплексноста во делови, преку користењето на теоријата на играта за анализа на деловите. Нашата цел е да се стане подобар стратешки донесувач на одлуки во однос на конкурентни предизвици. Главни цели ќе биде да се користи теоријата на играта, да се идентификуваат, да се дијагностицираат и да се анализираат предизвици со кои се соочуваат фирмите во динамичната индустрија и да ја применуваат теоријата на играта, концептите и алатките за развивање стратегии за конкурентната предност. Сето ова ќе биде направено со анализа на различни игри.
-
Урбана економија
Овој предмет ќе ги запознае студентите со економските сили кои го обликуваат развојот на градските средини и на метрополите. Предметот согледува зошто градовите воопшто постојат и зошто сите градови не се развиваат со исто темпо. Освен ова се согледуваат и аспекти како сиромаштијата, сегрегацијата, криминалот, како и загадувањето на животната средина.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 4

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Финансии и сметководство.