Преку последипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.
Дипломираните студенти ќе може да се вработат во низа полиња на професионалниот и општествениот живот:
- Настава: во јазичните школи, гимназии, основните и средните училишта, универзитет.
- Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, интерпретатор на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/интерпретатор во судови и други слични институции, преведувач/интерпретатор во стручните и професионалните организации, преведувач/интерпретатор ви општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ интерпретатор во меѓународните организации.
Знаење и разбирање
Со оваа програма кандидатот се стекнува со разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како за оние еднодисциплинарни така и за оние интердисциплинарни. Со ова тој се стекнува со понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните и литературните проблеми.
Примена на знаењето и разбирањето
Корпусот на знаења му овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат на образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работи како истражувач во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работи како новинар, уредник и лектор, но и како јазичен критичар низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесе за прашањето за аплицирање на литературната норма. Може да работи како преведувач и толкувач на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.
Способност за проценка
Има способност да состави и оценува наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование. Може да ја оцени реализацијата на наставен час по јазик. Има способност да оцени и да спореди преведувања од еден јазик на друг. Може да оцени редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Има способност да биде член во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги процени најдобрите јазични и литературни студии. Има способност да се вклучи во истражувачки тимови, да состави литературни и публицистички текстови, лексички и различни други речници.
Комуникациски вештини
Владее професионална вештина за држење часови по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со план-програмите за основните и средните училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература. Може да преведува научно-лингвистички и литературни дела. Може да учествува на локални и меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења, може да презентира свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Може да напише рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Може да направи независни истражувања и да преземе одговорност за резултатите. Може да издава научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.
Вештини на учење
За да постигне подобри резултати, може да презентира нови знаења, може да ги тренира другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; може да одржи обуки како се подготвува проект, како се пишува научен труд и др. Може да предложи новини кои недостасуваат во некоја институција како што се отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложи методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. Како и да е, треба да продолжи со своето понатамошно учење и надградување и новите знаења да ги презентира и во институцијата каде што работи и надвор од неа.
Семестар 1
-
[AS0103]
[6 ЕКТС]
Албанска цивилизација
Се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
-
[AS0107]
[6 ЕКТС]
Етнолингвистика
Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др.
-
[AS0102]
[6 ЕКТС]
Балканска димензија на албанскиот фолклор
Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EAS0115] Јазиците во контакт
Историја на контактната лингвистика; Поими: мешање на јазиците; Творци на модерната теорија на јазиците во контакт, директни и индиректни контакти; Функција на контактните јазици во средините каде што се реализираат.
-
[AS0112] Стилистика и прагматика
Содржина: прагматичко знаење, разбирање скриени пораки, начин на постигнување цели во процесот на комуникација, употребување елементи како: содржани пораки, имплицитни пораки и претпоставки.
-
[AS0105] Албанска модерна книжевност
Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на маките, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани.
-
[EAS0116] Вовед во општа лингвистика
Цели на предметот:
- Студентите да се запознаат со историјата на линвистиката како научен опит за опишување и за објаснување на човечката вештина за јазикот.
- Да се разгледаат почетоците на лингвистиката од древните цивилизации, па до класичните литургиски јазици, како оние од санскритската граматика на Панини (4-ти век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Грците. Од почетокот на 4-от век п.н.е., ќе биде разгледан и придонесот на разни цивилизации кои развиле свои граматички традиции, како кинеската, арапската и еврејската граматика кои се развиле за време на средновековното доба.
- Почетоците на модерната лингвистика која почнала да се развива во 18-от век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во 19-от век.
- Запознавање со лингвистичките школи, кои почнале да се јавуваат во првата половина од 20-от век, одбележано со структуралното училиште кое се базирало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-тите години има голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и модерната психолингвистика.
-
[EAS0117] Ономастика
Целта на предметот Ономастика на албанскиот јазик е проучување на имињата на местата и сопствените имиња, односно термините топономастика и антропономастика, основите на ономастиката и нејзината врска со други лингвистички и нелингвистички дисциплини. Студентите ќе бидат оспособени и за ономастички истражувања.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
-
[MFE01] Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
[MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
[MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
[MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоците.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
[MFE05] Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[MFE09] Пазар на трудот
Целта на предметот „Пазар на трудот„ е студентите од вториот циклус да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните чинители на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатерланиот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
-
[MFE08] Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[MFE10] Филозофија на општествените науки
Овој модул опфаќа информации кои ќе им овозможaт на студентите да стекнат знаења, вештини и способности, односно да бидат стручни и компетенти во општествените науки, вклучувајќи ја и општата методологија (објаснување, теоретизирање, тестирање), примена на филозофијата (особено индивидуализмот наспроти холизмот), природата на рационалноста и историјата на теории и концепти. Овој модул нуди напредно истражување на актуелните дебати за онтологијата, методологија и за целите на општествените науки. Предметот ќе се фокусира на централните прашања на општествените науки: етнометодологија; еволуција; феноменологија; рационалност; релативизам; научни методи; текстуални толкувања.
Резултати од учењето:
По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат способни:
• Да ги разберат целта на општествените науки и разликата меѓу објаснувањето и разбирањето на човековото однесување.
• Да го објаснат различниот пристап во општествените науки, да ги споредат природните науки, особеностите за луѓето и општествените феномени.
• Да ги разберат општествените структури, практики, норми, институции итн., како и односот меѓу поединците и поголемите општествени структури.
• Да се потпираат не само на факти за поединците и за нивната ментална состојба, туку и на случаите во кои општествените феномени не можат да се објаснат што се однесува до индивидуалното однесување.
• Да разберат и да прифаќаат одреден збир на вредности на еден поинаков начин од природните науки, да добијат можност за објективност во општествените науки.
-
[MFE11] Менаџмент на проекти
По успешното завршување на наставата, студентите треба да бидат способни:
Да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ја идентификуваат нивната меѓузависност во поглед на времетраењето и трошоците.
Да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја реализираат целокупната потребна комуникација меѓу проектот и клиентот, како и меѓу членовите на тимот и другите стејкхолдери.
Да го структурираат проектот со своите составни активности.
Да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот.
Да користат софтвер МС Проект како алатка во процесот на планирање, иимплементација и при надзор врз проектот.
Да го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и неговите цели, како и да развијат проектна спецификација.
-
[MFE12] Методи на оптимизација
Целта на овој предмет е да се презентираат текниките на моделирање и оптимизација со цел да се оспособи студентитет за развивање модели кои се користат за решавање реални проблеми од областа на компјутерските науки. Целта на овој предмет е да се анализира важноста на матричното факторизирање како една важна алатка што нуди модалитети за оптимизација на решенијата на различни нумерички алгоритми кои се од основен интерес за решавање проблеми од областа на компјутерските науки. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основите на теоријата на оптимизација и со методите на изнаоѓање на оптимумот. Ќе се анализираат различни методи на оптимизација, како што се: симплекс методата, проблемот на дуалноста и сензитивноста на проблемите на линеарното програмирање. Ќе се анализира компјутерската примена на секој анализиран проблем, предложувајќи и соодветен модел за оптимизација.
-
[MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
Цели на предметната програма:
Да се разбере реалниот однос меѓу компјутери, технолошки промени, општеството и законот.
Да се истакне моќната улога која компјутерите и компјутерски професионалци ја имаат во технолошкото општество.
Да се разберат правните области, кои се релевантни за компјутерската дисциплина.
Да се разберат етичките концепти кои се важни за корисниците на компјутери и за професионалците.
Да се стекне искуство за разгледување етички прашања и за решавање етички дилеми.
-
[MFE14] Заштита на човековите права
Целта на овој предмет е: да ги запознае студентите со концептот на меѓународното право за правата на човекот, спроведување на тие права во праксата, нивното влијание во креирањето на националните политики; да ги поттикне студентите да размислуваат критички на односот меѓу меѓународното право и националното право; да ги направи свесни за сегашните меѓународни настани, како тие влијаат врз секојдневниот живот на луѓето во светот; да ги поттикне студентите да го дадат својот придонес во областа на изготвување на законите за заштита на човековите права, со надеж дека донесувачите на одлуки ќе ги земаат во предвид во процесот на создавање и спроведувањена државните политики.
Семестар 2
-
[AS0104]
[6 ЕКТС]
Дијалектологија - микросистем во контакт
Главните теми се историскиот развиток на дијалектите, класификација на дијалектите и поддијалектите во сите земји каде што се зборува албанскиот јазик, промените на дијалектите од фонетски, морфолошки, синтаксички, лексички и фразеолошки аспект, транскрибирање на дијалекти.
-
[AS0106]
[6 ЕКТС]
Анализа на литературниот текст
Детално се презентираат литературните текстови и нивните претставници, од анализа на различни теми и мотиви, прашања од стилистиката и начините на толкување на книжевниот текст.
-
[AS0108]
[6 ЕКТС]
Експериментална фонетика
Предметот ја опфаќа историјата на фонетиката, експерименталната фонетика, фонолошките компоненти, фонемите, нивното формирање и начинот на одвојување по групи и подгрупи, улогата на фонолошките елементи, разликата меѓу стариот албански јазик и денешниот стандарден албански јазик.

Семестар 3
-
[AS0101]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањата на индивидуалната истражувачка научна работа со своите специфични карактеристики.
-
[AS0109]
[6 ЕКТС]
Албанска социолингвистика
Предметот го опфаќа теоретскиот и практичниот дел и ги има за цел основните концепти кои се однесуваат на односот на јазикот и општеството, односно со начинот на кој јазикот го користиме на различни општествени контексти, како и за основните разлози на јазичните вариации. Функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонталната и вертикалната стратификација на јазикот, социолекталната диференцијација, јазичната политика и нормирањето на стандардизацијата.
-
[AS0113]
[6 ЕКТС]
Студии на современата албанска проза и поезија
Цели на предметот:
- Студентот добива општи позвања од современата албанска литература, методологија и проучување и високите вредности на уметничката литературна култура.
- Се здобива со знаења од уметничките литературни вредности.
- Се здобива со знаење за подетален пристап кон анализи и интерпетации на избрани романи од најбажни романсиери од 20 век.
- Добиваат познавања од областа на албанската современа литература, методологијата и проучубањето на високите вредности.
- Се подготвуваа за сопствен научен труд кој ги аплицира теоретските знаења врз конкретни дела од овој книжевен период.
- Се запознава со предизвиците на пристапувањето кон херметичкиот текст.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EAS0115] Јазиците во контакт
Историја на контактната лингвистика; Поими: мешање на јазиците; Творци на модерната теорија на јазиците во контакт, директни и индиректни контакти; Функција на контактните јазици во средините каде што се реализираат.
-
[AS0112] Стилистика и прагматика
Содржина: прагматичко знаење, разбирање скриени пораки, начин на постигнување цели во процесот на комуникација, употребување елементи како: содржани пораки, имплицитни пораки и претпоставки.
-
[AS0105] Албанска модерна книжевност
Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на маките, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани.
-
[EAS0116] Вовед во општа лингвистика
Цели на предметот:
- Студентите да се запознаат со историјата на линвистиката како научен опит за опишување и за објаснување на човечката вештина за јазикот.
- Да се разгледаат почетоците на лингвистиката од древните цивилизации, па до класичните литургиски јазици, како оние од санскритската граматика на Панини (4-ти век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Грците. Од почетокот на 4-от век п.н.е., ќе биде разгледан и придонесот на разни цивилизации кои развиле свои граматички традиции, како кинеската, арапската и еврејската граматика кои се развиле за време на средновековното доба.
- Почетоците на модерната лингвистика која почнала да се развива во 18-от век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во 19-от век.
- Запознавање со лингвистичките школи, кои почнале да се јавуваат во првата половина од 20-от век, одбележано со структуралното училиште кое се базирало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-тите години има голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и модерната психолингвистика.
-
[EAS0117] Ономастика
Целта на предметот Ономастика на албанскиот јазик е проучување на имињата на местата и сопствените имиња, односно термините топономастика и антропономастика, основите на ономастиката и нејзината врска со други лингвистички и нелингвистички дисциплини. Студентите ќе бидат оспособени и за ономастички истражувања.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EAS0115] Јазиците во контакт
Историја на контактната лингвистика; Поими: мешање на јазиците; Творци на модерната теорија на јазиците во контакт, директни и индиректни контакти; Функција на контактните јазици во средините каде што се реализираат.
-
[AS0112] Стилистика и прагматика
Содржина: прагматичко знаење, разбирање скриени пораки, начин на постигнување цели во процесот на комуникација, употребување елементи како: содржани пораки, имплицитни пораки и претпоставки.
-
[AS0105] Албанска модерна книжевност
Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на маките, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани.
-
[EAS0116] Вовед во општа лингвистика
Цели на предметот:
- Студентите да се запознаат со историјата на линвистиката како научен опит за опишување и за објаснување на човечката вештина за јазикот.
- Да се разгледаат почетоците на лингвистиката од древните цивилизации, па до класичните литургиски јазици, како оние од санскритската граматика на Панини (4-ти век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Грците. Од почетокот на 4-от век п.н.е., ќе биде разгледан и придонесот на разни цивилизации кои развиле свои граматички традиции, како кинеската, арапската и еврејската граматика кои се развиле за време на средновековното доба.
- Почетоците на модерната лингвистика која почнала да се развива во 18-от век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во 19-от век.
- Запознавање со лингвистичките школи, кои почнале да се јавуваат во првата половина од 20-от век, одбележано со структуралното училиште кое се базирало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-тите години има голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и модерната психолингвистика.
-
[EAS0117] Ономастика
Целта на предметот Ономастика на албанскиот јазик е проучување на имињата на местата и сопствените имиња, односно термините топономастика и антропономастика, основите на ономастиката и нејзината врска со други лингвистички и нелингвистички дисциплини. Студентите ќе бидат оспособени и за ономастички истражувања.
Семестар 4
-
[MCAS4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.