Студиите од втор циклус по германски студии во рамките на Одделот за германски јазик функционираат од академската 2008/2009 година. По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула магистер по германски студии. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и на историја на германското јазично подрачје.
Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот Оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. Во моментов во Одделот се ангажирани 7 универзитетски предавачи (еден вонреден професор, еден доцент, еден лектор и 4 предавачи од земјите во кои се користи германскиот јазик). Соработниците на Одделот се активни и во различни асоцијации, организираат меѓународни научни конференции, развиваат заеднички научни програми и соработуваат со германисти од земјава и надвор од неа (соработка со Универзитетот за едукација од централна Швајцарија (Цуг, Луцерн Швиц), Универзитетот на Бамберг, Универзитетот Хумболт од Берлин, Универзитетот Јена, Универзитетот Ерланген од Нирнберг како и со огромен број оддели за германистика од различни земји во кои не се зборува германскиот јазик. Во нашиот оддел се обрнува огромно внимание на мобилноста на студентите и на предавачите. Предавачите и студентите имаат можност да бидат дел од програмите за академска размена, како на пример во Универзитетот за едукација во централна Швајцарија (Зуг, Луцерн, Швиц), ДААД, БАИХОСТ, СОКРАТЕС И ЕРАСМУС како и други слични програми.
Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои им овозможуваат продолжување на студиите од третиот циклус (докторски студии) или да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и изведувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или, пак, во туризмот.
Знаење и разбирање
- Да има знаење и разбирање во германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од додипломските студии.
- Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
- Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на основен, среден и висок степен.
- Да стекнува академско знаење за независна академска работа.
Примена на знаењето и разбирањето
- Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
- Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
- Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
- Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
- Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на помладите ученици (под 12 години) или предавање бизнис германски јазик за возрасни.
Способност за проценка
- Да ги разгледува различните јазични аспекти на германскиот јазик и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
- Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии.
- Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германскиот јазик: образување и време, определени / неопределени членови, идиоматски изрази, предлози и други граматички категории.
- Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
- Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германските јазични студии.
- Да предаваатразлични лингвистички концепти на учениците со различни способности.
- Да комуницираат на соодветен начин, критички да размисилуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на учениците.
- Да покажуваат комуникативна надлежност во училница во однос на управување на училница на основен, среден и висок степен.
Вештини на учење
- Да иницира и да извршува независно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
- Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
- Да стекнува сознанија во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.
Семестар 1
-
[MCGR1011]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите почетници им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
[MCGR1010]
[6 ЕКТС]
Теорија на валентност
Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со структурата на германскиот јазик според теоријата на валентноста. Исто така ќе се дискутира за нејзините суштински прашања. Во првиот дел на овој научен настан ќе се води разговор околу историјата на теоријата на валентност како и за нацртот за размислувањата околу валентноста опишани во работата на Тесниере и нејзините недостатоци и контрадикторности. Ќе се третираат и следниве теми:валенција, субјект – валентен и депедентен, основни прашања на теоријата на валенција и носителите на валентност.
Во вториот дел ќе биде третирано прашањето по разликувањето на актантите и циркумстантите (Ergänzungen und Angaben bzw. Aktanten und Zirkumstanten). Долго време дискусијата околу валенцијата се третираше одделно од прашањето, но и по барањето на конкретните критериуми за разграничување на овие два поима, при што постои стремеж, валенцијата да не се разбере како дихотомен, туку како постепен феномен. На предавањето ќе бидат дискутирани и претставени различните пристапи и процеси.
Во третиот дел на предметот ќе се третира прашањето околу моделот на реченици и валентност на другите видови зборови (придавките и особено на именките).
-
[MCGR1020]
[6 ЕКТС]
Применета лингвистика
Овој предмет има за цел да ги запознае студентите со најважните концепти на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[MCGR1040] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
Се очекува широко знаење и разбирање на терминологијата на германската книжевност низ епохите почнувајќи од периодот од XV до XVII век. Да ги применуваат своите литературни знаење и разбирање во нивната појавa, процеси и дела од периодот од XV до XVII век. Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на германската книжевност за горенаведениот период. Се очекуваат дискусии за германската книжевност од овој период и работење со конкретни примери од избраните авторски дела. Да ги развиваат вештините за учење кои им се релевантни и потребни за понатамошно самостојно едуцирање во областа на германската книжевност од горенаведена област. Овој предмет содржи: читање литература, книжевна анализа, подготвување писмени и усни тези на реферати и дискусија во врска со развојната научната литература за најеминентните автори (со избрани дела), на германската литература, почнувајќи од крајот на германската книжевност на средновековието, па до епохата на класиката на германската книжевност (среден век: Hartman von Auer, Volfram fon Eschenbach, Gottfried von Strassburg, од ренесанса до 18 век: Grifius, Grimmelshausen, Viland, Goethe, Schiller, Heine, Büchner, Kleist, Novalis, Tik, Hoffman, Aeichendorf, Arnim, Brentano, Hajne, Keller, Stifter, Meier, Hebel, Hauptmann; Fontane).
-
[MCGR1030] Историја на германската култура и цивилизација
Преку овој предмет студентите ќе се оспособат за:
- Самостојно обработување на теориите на цивилизацијата, односно културата.
- Разбирање на основните елементи на цивилизациските системи, процеси и развитоци.
- Определување конкретни настани, личности и достигнување според цивилизациско и културното значење.
- Научно сознание и познавање на германскојазичната цивилизација / култура во европски и глобални рамки.
Содржина на предметот:
- Преглед на германскојазичната цивилизација и култура
- Определување на германскојазичната цивилизација и култура во европски рамки
- Улогата на германскојазичната цивилизација и култура во светски рамки.
- Странски влијанија на германскојазичната цивилизација и култура.
- Епохите на германскојазичната цивилизација и култура
- Парадигматските настани на германскојазичната цивилизација и култура
- Егземпларни личности и нивните дела/ достигнувања
Теории на цивилизација и култура и обид на применување на германскојазичната историја.
-
[MCGR3012] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
Целта на предметот е да се запознаат студентите со најважните концепти и модели на методиката и дидактиката на германскиот како странски јазик на универзитетско ниво. Исто така ќе се читаат и ќе се дискутираат најактуелните и на најважните методолошко-дидактички дебати на денешницата.
На крајот на семестарот студентите ќе можат:
- Да покажат широко знаење и разбирање за развојот, тековите и за актуелните тенденции на методиката на наставата по германски како странски јазик, односно за корелација и интеграција на содржини од компатибилни наставни предмети: јазик, лингвистика, културологија, литература и други помалку компатибилни наставни содржини.
- Да ги применуваат своите знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и да ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа од методика на наставата по германски како странски јазик.
- Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област.
- Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област.
Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
-
[MCGR3040] Современа литература на германското јазично подрачје
Целта на предметот е да се оспособи студентите за:
- Самостојно обработување на теоретските основи на модерната литературна интерпретација.
- Моделно обработување на интерпретациски парадигми според разните жанрови на модерната литература.
- Парадигматски истражувања на избрани автори и дела на модерната германскојазична литература од филозофска, социолошка, психолошка, херменевтичка и естетско-поетолошка гледни точки.
Предметна содржина:
- Преглед на модерната германскојазична литература и дискусија за избор на егземпларните автори и дела.
- Преглед на жанровските аспекти.
- Преглед на поетолошките основи, односно теории на авторите.
- Вовед во референтните науки на литературната наука.
- Парадигматски анализи и интерпретации.
- Карактеристики и лоцирања на модерната германскојазична литература во европските и светските рамки.
- Меѓународни односи и рецепции на модерната литература.
-
[MCGR3020] Прагматика
Целта на предметот е да се запознаат студентите со фундаменталното значење на прагматиката како лингвистичка дисциплина и со нејзиното интеркултурно значење. Во тој контекст ќе се обработуваат методите на Austin, Searle и Wunderlich, во врска со односите меѓу јазичните заедници и корисникот на знаците како и прашањето за контекстот во кој се употребуваат знаците. Исто така ќе се даде вовед за терминологијата како и за работните и истражувачките методи на лингвистичката прагматика, особено од областа на граматиката, за разлика помеѓу универзалиите и со културата поврзани разлики во прагматиката врз основа на споредување на јазиците и културата – албанско-германски и македонски-германски. Таа област ги дополнува и ги поврзува традиционалните лингвистички дисциплини на интонацијата (фонетиката), лексиката, синтаксата и семантиката.
-
[EMCGR3010] Интеркултурна комуникација
Целта на предметот е студентите да се оспособат за:
- Самостојно обработување на историјата на теориите и критична рефлексија на теоретските пристапи.
- Оформување парадигматски настани и емпириско засновани модели на реципрочни процеси меѓу разновидни култури.
- Научно опишување, анализа и интерпретација на реципрочни рецепции во избрани историски епохи.
Предметна содржина:
- Антрополошки, социолошки, етнолошки и психолошки импликации на перцепцијата на туѓото.
- Претстави на туѓинец и на туѓото.
- Другите и групната динамика.
- Туѓото, правење туѓо, отуѓување.
- Конструкции на туѓоста.
- Етноцентризмот и други центризми.
- Националноста и рецепцијата на туѓото.
- Епистематската функција на рецепцијата на другото и туѓото.
- Теории на цивилизација/ култура и теории на меѓукултурна рецепција.
- Херменевтика и интеркултурната наука.
-
[EMCGR3011] Јазична политика и мултилингвализмот во Европа
Целта на предметот е да се запознаат студентите со проблемите на јазичната политика и мултилингвализмот во Европа. Што всушност е јазичната политика и кој ја управува? Покрај разјаснувањата на овие прашања ќе се обработуваат и почетоците на германската јазична политика и актуелните проблеми, особено во однос на ЕУ. Која улога ја игра германскиот јазик како и другите важни јазици, како на пр.: англискиот, францускиот, шпанскиот итн. во институциите на Европската унија? Дали за луѓето од германско говорно подрачје е предност ако нивниот јазик игра важна улога во институциите на ЕУ? Доколку одговорот е да, како може да се засили позицијата на германскиот јазик како деловен јазик во институциите на ЕУ? Во овој контекст ќе се дискутираат различните позиции на јазичната политика во ЕУ. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.

Семестар 2
-
[MTGR2010]
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
-
[MFE01] Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
[MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
[MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
[MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
Да се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоците.
Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
[MFE05] Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[MFE09] Пазар на трудот
Целта на предметот „Пазар на трудот„ е студентите од вториот циклус да стекнат основни и продлабочени знаења за теоријата на пазарот на трудот и за механизмите за функционирање на пазарната економија. Студентите ќе ги совладаат категориите, законите и основните принципи преку кои функционира пазарот на трудот. Се прави детална анализа на моделот на однесување и на улогата која ја имаат клучните чинители на пазарот на трудот: индивидуите, компаниите и владата. Анализата се базира на две основни категории на пазарот – побарувачката и понудата – кои се применуваат речиси на сите теми кои се обработуваат за овој предмет. Знаењето кое ќе го добијат студентите со овој предмет претставува теоретска основа потребна за разбирање и на различните теории и политики кои се применуваат на пазарот на трудот. Преку предметот студентите ќе разберат како пазарите на трудот ефикасно го распределуваат и го користат реткиот фактор на производството - трудот. Предавањата вклучуваат знаење за: концептите на побарувачката и понудата и нивната практична примена; однесувањето на индивидуите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира нивната корисност; однесувањето на компаниите на пазарот на трудот со цел да се максимизира профитот; улогата на владата на пазарот на трудот, различни структури на пазарите на трудот: пазарот на трудот во целосна конкуренција, монополот на пазарот на трудот, улогата на синдикатите на пазарот на трудот, билатерланиот монопол на пазарот на трудот. Предавањата и дискусиите во текот на предавањата се однесуваат и на материјалот кој не е содржан во книгата и на некои аспекти од материјалот кој се содржи во основната литература нема да се дискутира на час туку студентите преку активно учење сами ќе го совладаат. Поради тоа, со цел студентите да постигнат успех во учењето содржините од предметот ќе бидат обработувани преку предавања и работилници со активно учество во дискусиите на различни теми кои се однесуваат на пазарот на трудот.
-
[MFE08] Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
[MFE10] Филозофија на општествените науки
Овој модул опфаќа информации кои ќе им овозможaт на студентите да стекнат знаења, вештини и способности, односно да бидат стручни и компетенти во општествените науки, вклучувајќи ја и општата методологија (објаснување, теоретизирање, тестирање), примена на филозофијата (особено индивидуализмот наспроти холизмот), природата на рационалноста и историјата на теории и концепти. Овој модул нуди напредно истражување на актуелните дебати за онтологијата, методологија и за целите на општествените науки. Предметот ќе се фокусира на централните прашања на општествените науки: етнометодологија; еволуција; феноменологија; рационалност; релативизам; научни методи; текстуални толкувања.
Резултати од учењето:
По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат способни:
• Да ги разберат целта на општествените науки и разликата меѓу објаснувањето и разбирањето на човековото однесување.
• Да го објаснат различниот пристап во општествените науки, да ги споредат природните науки, особеностите за луѓето и општествените феномени.
• Да ги разберат општествените структури, практики, норми, институции итн., како и односот меѓу поединците и поголемите општествени структури.
• Да се потпираат не само на факти за поединците и за нивната ментална состојба, туку и на случаите во кои општествените феномени не можат да се објаснат што се однесува до индивидуалното однесување.
• Да разберат и да прифаќаат одреден збир на вредности на еден поинаков начин од природните науки, да добијат можност за објективност во општествените науки.
-
[MFE11] Менаџмент на проекти
По успешното завршување на наставата, студентите треба да бидат способни:
Да ги планираат активностите неопходни за реализација на проектот, да ја идентификуваат нивната меѓузависност во поглед на времетраењето и трошоците.
Да ги подготвуваат потребните извештаи и да ја реализираат целокупната потребна комуникација меѓу проектот и клиентот, како и меѓу членовите на тимот и другите стејкхолдери.
Да го структурираат проектот со своите составни активности.
Да изработат гантограм и мрежен дијаграм на проектот и да го утврдат најкраткото време за реализација на проектот.
Да користат софтвер МС Проект како алатка во процесот на планирање, иимплементација и при надзор врз проектот.
Да го дефинираат проектот, да ги идентификуваат неговиот обем и неговите цели, како и да развијат проектна спецификација.
-
[MFE12] Методи на оптимизација
Целта на овој предмет е да се презентираат текниките на моделирање и оптимизација со цел да се оспособи студентитет за развивање модели кои се користат за решавање реални проблеми од областа на компјутерските науки. Целта на овој предмет е да се анализира важноста на матричното факторизирање како една важна алатка што нуди модалитети за оптимизација на решенијата на различни нумерички алгоритми кои се од основен интерес за решавање проблеми од областа на компјутерските науки. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основите на теоријата на оптимизација и со методите на изнаоѓање на оптимумот. Ќе се анализираат различни методи на оптимизација, како што се: симплекс методата, проблемот на дуалноста и сензитивноста на проблемите на линеарното програмирање. Ќе се анализира компјутерската примена на секој анализиран проблем, предложувајќи и соодветен модел за оптимизација.
-
[MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
Цели на предметната програма:
Да се разбере реалниот однос меѓу компјутери, технолошки промени, општеството и законот.
Да се истакне моќната улога која компјутерите и компјутерски професионалци ја имаат во технолошкото општество.
Да се разберат правните области, кои се релевантни за компјутерската дисциплина.
Да се разберат етичките концепти кои се важни за корисниците на компјутери и за професионалците.
Да се стекне искуство за разгледување етички прашања и за решавање етички дилеми.
-
[MFE14] Заштита на човековите права
Целта на овој предмет е: да ги запознае студентите со концептот на меѓународното право за правата на човекот, спроведување на тие права во праксата, нивното влијание во креирањето на националните политики; да ги поттикне студентите да размислуваат критички на односот меѓу меѓународното право и националното право; да ги направи свесни за сегашните меѓународни настани, како тие влијаат врз секојдневниот живот на луѓето во светот; да ги поттикне студентите да го дадат својот придонес во областа на изготвување на законите за заштита на човековите права, со надеж дека донесувачите на одлуки ќе ги земаат во предвид во процесот на создавање и спроведувањена државните политики.