Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународно право (2012/2013)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор по правни науки / Област: Меѓународно право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на последипломската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на меѓународно-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање
  • Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
  • Има продлабочени познавања на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Ги толкува во критичен дух теориите на меѓународното право и релевантните случаи од практиката.
  • Применува теоретски знаење во практични ситуации кои се јавуваат во областа на меѓународното право како заштитата на човековите права, дипломатијата, решавањето спорови и колизијата на закони како и преговорите и медијацијата.
  • Го синтетизира стекнатото знаење и го применува во специфични околности.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [10 ЕКТС] Меѓународно јавно право -продлабочена програма
    Предметот опфаќа работа на случаи од областа на меѓународното право, а во еден дел вклучува и практична работа (intership) во релевантни институции, што, пак, може да опфати и научноистражувачка работа на студентите по групи.
  • [10 ЕКТС] Меѓународно приватно право - продлабочена програма
    Преку овој модул студентите ќе стекнат нaпредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско-правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и за општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.

Семестар 2

  • [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Европско приватно право
    • Меѓународно хуманитарно право
    • Kонкурентно право на ЕУ
    • Меѓународни организации
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Европско приватно право
    • Меѓународно хуманитарно право
    • Kонкурентно право на ЕУ
    • Меѓународни организации

Семестар 3/4

Насока: Semestri 3 / Semestri 4
  • [40 ЕКТС] Научноистражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.
  • [20 ЕКТС] Публикации I
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.

Семестар 5

  • [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+