
Програма: |
Студии за безбедност (2017/2018) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Правен |
Код на програмата: | N-LAWSEC120C |
Академска година: | 2020 / 2021 |
Титула: | Магистер по правни науки - Насока: Студии за безбедност |
ЕКТС: | 120
(2 години)
![]() |
Решение: |
![]() |
Целта на студиската програма по Студии за безбедност е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на областа на овие студии со цел професионално оспособување за базичните професии кои се поврзани со областа како и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на безбедносните системи како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на националната и меѓународната безбедност, со посебен акцент во вршење на професиите во органите на безбедносниот систем во земјава.
Знаење и разбирање
- Има напредни теоретски знаења и практично разбирање на националниот систем за безбедност и репродуцира знаење за цели и стандарди за безбедност;
- Има познавање и увид на конкретни мерки и превентивни и репресивни акции на безбедност во контекст на управувањето со кризни ситуации и приоритети во областа на безбедноста;
- Поседува детални податоци за разбирање и прифаќање на основните принципи на професионалната етика во областа на безбедноста;
- Има специфично значење на технологии и методологии на истражување во областа на безбедноста;
Примена на знаењето и разбирањето
- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Способност за проценка
- Идентификува и спроведува политики, процедури и правила за безбедност во областа.
- Идентификува и анализира најкомплицирани прашања во областа на безбедноста, кои учествуваат активно во сите фази на имплементацијата на политики, процедури и одлуки во областа на безбедност и во воспоставување стандарди за безбедност во организации и институции од областа.
- Толкува и расправа за современите прашања во врска со комплексни ризици, предизвици и закани за безбедноста.
- Формулира планови, извештаи и стратегиски документи од областа на управувањето со кризи ситуации и користи техники и механизми за контрола на безбедносни стандарди.
- Го применува знаењето стекнато преку процесот на истражување на решавање комплексни и практични безбедносни прашања.
Комуникациски вештини
- Донесува одлуки за решавање на најсложените случаи, преку истражување на креирањето практични политики, процедури и одлуки во областа на безбедноста.
- Оценува и разликува стандарди за безбедност на организациите и институциите во областа на безбедноста.
- Поседува напредно критичко размислување, со примена на методот на анализа и споредба;
Вештини на учење
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на безбедноста.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Семестар 1
-
[MCCR1220]
[6 ЕКТС]
Кривично материјално право
Основа за изведување на наставата по овој предмет се програмите на предметите Кривично право - општ дел и кривично право - посебен дел. При изведувањето на наставата по овој предмет, наместо традиционалниот метод екс катедра, активно се применува и методот на студија на случај како и клиничкиот метод.
-
[MCCR1040]
[6 ЕКТС]
Криминологија
Стекнување напредни знаење за предметот на проучување на криминологијата и на главните криминолошки институции, современите проблеми и тенденции како и проучување на влијанието на разните фактори врз извршувањето на кривичните дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и со жртвата на кривичното дело како и идентификување и анализирање на современите криминолошки прашања.
-
[MCSS1070]
[6 ЕКТС]
Транснационален криминал и меѓународен тероризам
Предметот се однесува на основните поими за транснационалниот криминал и на меѓународниот тероризам и облиците преку кои тие се манифестираат, нивниот меѓусебен однос, како и начините за справувањето со нив во рамките на меѓународната политичка сцена, но и од аспект на меѓународното и домашното кривично право. Притоа, студентите активно се вклучени во утврдувањето на одделните инструменти на политичка моќ кои се користат на меѓународен план за справувањето со транснационалниот криминал и со меѓународниот тероризам.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
Семестар 2
-
[MCSS1011]
[6 ЕКТС]
Општа криминалистика
Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство – судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
-
[MCCR1310]
[6 ЕКТС]
Кривично процесно право
Целта на предметот е студентите да стекнат солидни теоретски и практични сознанија за кривично-процесните одредби и институти со кои законски се регулира дејноста на процесните органи и на другите учесници во кривичната постапка како и да се оспособат за нивна практична примена.
-
[MCCR3020]
[6 ЕКТС]
Организиран криминал
Организираниот криминалитет како нова дисциплина ги проучува формите, причините и мерките за спречување и за сузбивање на криминалитетот од сите видови и области. Особено значење се придава на теориите за oрганизиран криминалитет, криминалните организации како и облиците на манифестација.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет
- [MFE01] Реторика
- [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
- [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
- [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
- [MFE05] Професионална комуникација
- [MFE09] Пазар на трудот
- [MFE08] Методологија на наставата
- [MFE10] Филозофија на општествените науки
- [MFE11] Менаџмент на проекти
- [MFE12] Методи на оптимизација
- [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
- [MFE14] Заштита на човековите права
Семестар 3
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[MCCR3010]
[6 ЕКТС]
Виктимологија
Проблематиката на жртвата, процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подложни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се главните теми на овој предмет, бидејќи виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество.
-
[MCSS2030]
[6 ЕКТС]
Полициско право
Во рамките на предметот полициското право се проучуваат: државјанството, надзорот и заштитата на државната граница, работите на општа безбедност на лицата и имотот, полициските работи, патните исправи, странците, функциите на полицијата, начелата за вршење на полициските овластувања, јавните собири, организацијата и функционирањето на полицијата во РМ, организацијата и надлежноста на МВР, државните граници, странците и правото на азил, како и приватната заштита. Во овој предмет низ систематизиран и интердисциплиниран пристап се изучуваат напредните теоретски и практични аспекти на примената на полициското право, тактиката и современите методи во примена на полициските овластувања за остварување ефикасна и ефективна полициска функција во современото општество, како и контрола врз полицијата.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
- [6 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 4
-
[MCSS4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.