Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албански јазик и литература (2026/2027)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-PhDALBALL180C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Доктор по филолошки науки - Насока: Албански јазик /Албанска литература
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Студиската програма од трет циклус (докторски студии) Албански јазик и литература е дизајнирана со цел студентите да стекнат знаења кои ќе ги ориентираат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието. Исто така, студентите стекнуваат вештини и компетенции за вработување во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.

Докторираните студенти на оваа студиска програма ќе можат да се вработат во различни сфери на професионалниот и општествениот живот.
Настава: во училишта за јазик и литература, гимназии, основни и средни училишта, како и на универзитети. Вработување: како јазичари, новинари од областа на литературата и уметноста, како и во различни институции како лектори, преведувачи и толкувачи по албански јазик и литература во министерства и други владини институции; преведувачи/толкувачи во судови и други сродни институции; преведувачи/толкувачи во стручни и професионални организации; преведувачи/толкувачи во општествениот и во приватниот сектор, како и во меѓународни организации.

Знаење и разбирање

Преку оваа студиска програма кандидатите стекнуваат знаења од повеќе јазични и литературни полиња како еднодисциплинарни така и интердисциплинарни. Преку овие студии  тие ќе  стекнат понови и значајни современи сознанија, кои ќе им овозможат да бидат покреативени и попрофесионални во решавањето на јазичните  и на литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на стекнати знаења им овозможува на студентите од третиот циклус различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и професионалниот живот. Стекнатите знаења може да се имплементираат во образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Може да работат како истражувачи во полето на лингвистиката и литературата низ разните албанолошки институти. Може да работат како новинари  во областа на литературата и уметноста, уредници и лектори, но и како јазични критичари низ разни електронски или пишани медиуми, каде што  тие ќе можат да придонесат за аплицирањето на литературната норма. Може да работат како преведувачи и толкувачи на албанскиот јазик и литература во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и во приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Студентите ќе бидат способни да составуваат и да оценуваат наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во средното образование, како и во високото образование. Тие ќе бидат во можност да организираат и да ја оценуваат реализацијата на наставен час од областа на јазикот и литературата. Исто така, ќе имаат способност да оценуваат и да споредуваат преводи од еден јазик на друг.Понатаму, ќе бидат во можност да го оценуваат редактирањето и лекторирањето на различни јазични текстови и публикации, препознавајќи високо ниво на лекторирање и идентификувајќи евентуални граматички грешки. Ќе имаат способност да анализираат и проценуваат дела од содржински и композициски аспект, како и да ги истакнуваат нивните јазични и литературни вредности.Студентите ќе можат да се вклучуваат и да бидат членови на професионални жири-комисии од областа на јазикот и литературата, со цел да ги проценуваат најдобрите јазични и литературни студии. Исто така, ќе можат да се вклучат во истражувачки тимови, како и да подготвуваат литературни и публицистички текстови, лексикони и различни видови речници.

Комуникациски вештини

Младите доктори на науки поседуваат високи професионални компетенции за изведување на настава по литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласност со наставните планови и програми за средното и високото образование. Тие се оспособени да реализираат курсеви за изучување на албанскиот јазик и литература, како и да преведуваат научно-лингвистички и литературни дела. Докторите на науки можат активно да учествуваат на локални и меѓународни научни симпозиуми и семинари, презентирајќи оригинални научни резултати од различни јазични и литературни дисциплини. Тие се оспособени да подготвуваат рецензии за научни и литературни публикации, како и за литературни студии, граматики и наставни текстови. Исто така, тие се способни самостојно да спроведуваат научноистражувачка работа, да преземаат одговорност за постигнатите резултати и да објавуваат научни трудови и дела од областа на јазикот и литературата.

Вештини на учење

Тие можат да работат како асистенти во албанолошки институти и да учествуваат во научни експедиции. Исто така, можат да раководат институции од областа на јазикот и литературата и да придонесуваат за нивниот развој и унапредување. Со цел постигнување подобри резултати, можат да презентираат нови знаења и да обучуваат други преку организирање курсеви од различни области, како што се: правопис, лекторирање на литературен текст, како и примена на нови методи и техники во наставата. Тие можат да одржуваат обуки за подготовка на проекти и за пишување научни трудови. Исто така, можат да предлагаат нови иницијативи во институциите, како отворање литературни и јазични секции, формирање библиотеки и организирање промоции на литературни и јазични дела. Покрај тоа, можат да предлагаат методи за изучување на албанскиот јазик по нивоа за странски студенти. Воедно, тие континуирано треба да го унапредуваат своето знаење и стекнатите искуства да ги применуваат и споделуваат во институцијата каде што работат, како и пошироко во академската и  во општествената заедница.

Семестар 1

  • [DLCC0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научната работа, кои често претставуваат предизвик за студентите. Практичните вежби ќе им помогнат да се запознаат со правилата на академската работа, како што се користење на библиотечни ресурси, подготовка на писмени работи, реферати, семинарски трудови и слично. Во рамките на предметот ќе бидат опфатени следниве теми: избор и определување тема, подготовка на библиографија, правила за цитирање, користење научни ознаки и шифри, како и организација на научноистражувачката работа.
  • [DLCC0102] [10 ЕКТС] Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
    Цели на предметот: 1. Развивање на теоретски знаења за концептите, принципите и современите пристапи во наставата по јазик и литература. 2. Оспособување за критичка анализа на постоечките практики и методи во наставниот процес на јазикот и литературата. 3. Усвојување на ефикасни дидактички методи, соодветни за предавање на јазична и литературна содржина на различни образовни нивоа. 4. Развивање на вештини за наставно планирање, креирање на часови и избор на наставни материјали според потребите на учениците. 5. Поттикнување на компетенции за професионална рефлексија, со цел континуирано унапредување на личниот пристап во наставата. 6. Оспособување за интеграција на технологија и современи алатки во наставниот процес по јазик и литература.
  • [DLCC0103] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат самостојно да спроведуваат научно истражување и да го пишуваат својот докторски труд. Студентите ќе стекнат потребно знаење, вештини и самодоверба за успешно изведување на истражувачката работа. Поради тоа, наставата е ориентирана кон соработка и дискусии, наместо кон класично предавање, и се очекува студентите активно да учествуваат во дискусиите.

Семестар 2

  • [C2607] [10 ЕКТС] Предлог-докторски проект
    Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDALL0105] Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • [EDALL0106] Студии од албанската книжевност – проза
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDALL0108] Литературна критика
    • [EDALL0109] Теорија на литературата
    • [EDALL0110] Фолклор
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDALL0105] Студии од граматиката на албанскиот јазик
    • [EDALL0106] Студии од албанската книжевност – проза
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDALL0108] Литературна критика
    • [EDALL0109] Теорија на литературата
    • [EDALL0110] Фолклор
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација

Семестар 3

  • [C2662] [30 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година кандидатот продолжува со научно-истражувачката работа според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.

Семестар 4

  • [C2663] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2664] [10 ЕКТС] Студентска мобилност
    Во текот на четвртиот семестар студентите треба да реализираат мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела надвор од државава. Целта на мобилноста на докторандите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [ALL-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    „Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и толкување и презентирање на резултатите на систематски и научен начин. Целта е студентот да покаже способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата го подготвува студентот за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница. По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.
Google+