По завршување на оваа програма студентите ја стекнуваат титулата доктор на филолошки науки во областа на англиските студии. Во фокусот на оваа програма, пред сѐ е на лингвистиката, културата, преводот, Методологијата за подучување на англиски како странски јазик. Со тим од локални професори и професори на кои англискиот им е мајчин јазик кои се најдобро квалификувани да предаваат со користење на најсовремените методи, нашата катедра е мошне почитувана во регионов и го нуди најдоброто од современата јазична настава. Програмата на докторски студии следи иновативен дизајн кој поддржува оригинално истражување заедно со изборните предмети поврзани со предметот кои ќе го продлабочат постојното знаење на студентите во оваа област. Сите предавачи вклучени во докторската програма се искусни истражувачи со докажани публикации од областа на англиската книжевност, лингвистика и подучување на англискиот јазик. Преку програмата студентите следат структурирана патека на академскиот развој со можности да ги презентираат резултатите од истражувањето и да ги објавуваат научните трудови во параметрите на програмата. Студентите ќе имаат корист од можностите за интеракција со врсниците и колегите при што идеите можат да бидат тестирани и развиени. На овој начин, вклученоста во докторските студии за англиски може да биде вреднувано и како искуствен предизвик.
Успешните студенти на програмата на докторски студии по англиски може да очекуваат да имаат широк спектар на наставни можности кои им се достапни во третиот степен на средно ниво (средно училиште). Всушност, само носителите на квалификацијата доктор на науки ќе бидат во можност да предаваат на ниво на универзитет во секторот на високото образование после 2015. Меѓутоа, опциите за кариера не се ограничени на академски професии и успешните студенти можат да изберат да влезат во голем број други области, вклучувајќи: државна администрација, дипломатска служба, да работат во невладини организации во сферата на културната политика и културното посредување и да работат како преведувачи и толкувачи; или во областа на медиумите и во издавачките куќи; или во меѓународните корпорации и во областа на туризмот.
Знаење и разбирање
Покажува систематско разбирање на избраното поле на истражување и перфектно знаење на методите и вештините на истражување.
Демонстрира специјалистичко знаење на применетата лингвистика, англиската книжевност, културата и цивилизацијата на земјите што зборуваат англиски.
Има професионално знаење и разбирање на главните трендови на методологијата на учењето на англискиот јазик на второто и третото ниво.
Стекнува академски капацитет за независно академско истражување.
Примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност да толкува, да дизајнира, да примени и да прилагодува неопходен предмет на истражување со научен интегритет.
- Придонесува со оригинални истражувања кои ги пречекоруваат постојните граници на знаење, развива нови знаења, оценувани на национални и интернационални настани.
Употребува академски англиски во пишувањето и во зборувањето на научен начин со намера да пренесува нови идеи и пронајдоци.
Способност за проценка
- Покажува способност за критична анализа, за евалуација и за синтеза на нови комплексни идеи.
- Покажува способност за независно да иницира и да партиципира на национални и интернационални истражувачки мрежи и случувања.
- Покажува способност независно да иницира истражување и проекти на развој со кои новото знаење ќе придонесува на истражувачкото поле.
Може да направи комплексни методолошки процени во дизајнирање на истражување и анализа во сферата на студиите на англиски јазик и литература.
Комуникациски вештини
- Може да комуницира со своите колеги/ колешки, со пошироката академска заедница и целото општество за избраната сфера на експертиза.
- Покажува комуникациска компетенција во училницата во врска со менаџирањето на училницата во второ и трето ниво.
Покажува способност да одржува јасност на англискиот јазик во дискутирање на комплексни идеи на пишувана и вербална форма.
Вештини на учење
- Способност за промовирање во академски професионален систем.
- Има способност да го унапредува своето истражување со технолошката, социјалната или културната рамка на општеството базирано на знаење.
Независно може да го истражува кој и да било предмет поврзан со неговото/ нејзиното поле употребувајќи учење и истражувачки способности.
Семестар 1
-
[C2469]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат за однесувањето во библиотека, за пишување писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
[C2471]
[10 ЕКТС]
Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
Цели на предметот:
1. Развивање на теоретски знаења за концептите, принципите и современите пристапи во наставата по јазик и литература.
2. Оспособување за критичка анализа на постоечките практики и методи во наставниот процес на јазикот и литературата.
3. Усвојување на ефикасни дидактички методи, соодветни за предавање на јазична и литературна содржина на различни образовни нивоа.
4. Развивање на вештини за наставно планирање, креирање на часови и избор на наставни материјали според потребите на учениците.
5. Поттикнување на компетенции за професионална рефлексија, со цел континуирано унапредување на личниот пристап во наставата.
6. Оспособување за интеграција на технологија и современи алатки во наставниот процес по јазик и литература.
-
[C2470]
[10 ЕКТС]
Пишување на докторската дисертација
Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе стекнат потребно знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискусиите.
Семестар 2
-
[C2608]
[10 ЕКТС]
Предлог-докторски проект
Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EDLCC0104] Изучување на странските јазици
Целата на овој предмет е докторандите да се запознаат со проблемите на теоријата на изучувањето на странските јазици, со различните аспекти на изучувањето на јазикот како и со методолошкото знаење на емпириското истражување во полето на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој предмет ќе се објаснуваат важните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пр. контролирано - неконтролирано - комбинирано), начини на билингвизам, односно мултилингвализам ; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2- стадиум на изучување на јазиците, за латерализација итн., социолингвистички пристап (симплифициран регистар, кодсвичинг итн.); индивидуални варијабилности како возраста или когнитивен стил; проширени концепти, како на пр. психологијата на споредба на културите. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
[EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
Преку овој предмет докторандите ќе се запознаат со основните концепти и со темите на социолингвистиката: варијанти на јазикот, лингвистички варијации и промени, варијабли на говорникот, социјална мрежа и говорна заедница, анализа на дискурсот и етнографија на комуникацијата како и на јазикот и полот. Во фокусот на предметот се варијација на лингвистичките системи и на улогата на говорниците во имплементирањето и ширењето на јазичните промени. Се обработуваат импликациите од овие идеи за области како што се јазикот и образованието . Ќе се разгледуваат следниве апликации на социолингвистиката: јазичната политика и планирање; односите меѓу јазикот и општеството; јазичниот контакт; тековните истражувања, дебати и идеи од различни традиции во социолингвистика.
-
[E2545] Напредно академско пишување
Главните цели на овој предмет се стекнување јасен академски стил на пишување и за подобрување на структурата и доследноста на текстови и параграфи. Посебно внимание се обрнува на граматичката точност и проширувањето на вокабуларот подеднакво. По воведувањето на општиот академски стил и вокабулар, во фокусот на предметот се и различни делови на научни трудови (апстракти, испитување на литература, воведни делови, излагања, дискусии, заклучоци). Голем дел од овој предмет е посветен на критичкото разгледување на писмената работа на оние кои го слушаат предметот. Притоа ќе обрне внимание на развојот на речникот, со посебен фокус на нијанси меѓу синоними во глаголски времиња и модални глаголи и ќе се освежат јазичните знаења на кандидатите.
-
[EDLCC0101] Мултикултурализам
Целта на овој предмет е разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: монокултурност и мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, каде има најмалку две форми на ваков национализам, кога едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата во третиот циклус на студии ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
[E2856] Меѓународна комуникација
Во фокусот на предметот е развојот на оние меѓународни комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладаат процесот на анализа на различни меѓународни комуникациски ситуации и ќе можат соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и меѓународната комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[EDELL0102] Шекспир и неговото време
Овој модул има за цел да се истражат пет до шест клучни текстови на Шекспир од широк спектар на перспективите, вклучувајќи извори и прекурзори, контекстите на продукција и рецепција, и претставите „afterlives“ во печат, работа и работата на другите писатели. Преку овој модул ќе истражува како драмите започнале да постојат, како тие го постигнале својот уникатен статус во англиската литература и култура, и како доминацијата на Шекспир била предизвик и сеуште останува да биде. Преку модулот се обраќа поголемо внимание на одредени можности на театарот како начин на културна продукција. Затоа, внимание ќе му биде посветено на развојот на драмскиот жанр, интеракцијата помеѓу различни драматурзи преку испитување на други видови на текстови напишани во периодот (памфлети, поезија и еден превод на една класична драма) и поврзаноста меѓу драмите и прашањата кои ја преокупираат современата публика.
-
[EDELL0103] Книжевна теорија
Во рамките на овој предмет се опфаќаат критички и теоретски пристапи за литературни и филмски студии, вклучувајќи ја работата на авторството, текстови и читање, идеологијата и моќта, полот, сексуалноста, расата, местото и пост- колонијализмот. Притоа ќе се следи промената во теорискиот дискурс од либерално-хуманистичките перспективи во почетокот на дваесеттиот век и ќе се анализираат разните облици на постструктурализмот и постмодернизмот. Теориите на дискусија ќе вклучат деконструкција, видови на феминизам, теории на „другите" и пост-колинијални дискурси, смртта на авторот и теориите на прием на читателот. Се охрабруваат студентите да го признават дијалогот и несогласувањето во рамките на теренот со што се воведуваат основните правила за унапредување во дисциплината на книжевните студии.
-
[E2613] Трансатлантски модернизам
Цели на предметот:
- Студентите ќе треба да покажат способност да пишуваат задачи кои инволвираат истражување на соодветен академски начин, да употребат соодветна литературна терминологија и да дискутираат и презентираат материјал соодветен за ниво на докторски студии во усна дискусија или на презентација.
- Студентите ќе треба да напишат два истражувачки есеи и една формална презентација за да ги анализираат детално трендовите и значајните фигури во Модернистичкото движење, со посебен акцент на разликите и интеракциите помеѓу Европскиот и Американскиот Модернизам. Секој труд ќе вклучи споредување од полето на историјата и уметноста.
- Студентите ќе треба да направат споредби меѓу значајните фигури , жанрови и наративни техники со релевантни историски и социјални коментари.
- Студентите ќе треба да спроведат формално истражување кое ќе резултира со есеј за два посебни модернистички автори или поети и академска презентација за разликите помеѓу нив. За овие задачи студентите ќе треба да го извршат истражување во социјален, историски и културен контекст поврзан со избраните автори.
- Од студентите ќе се бара да демонстрираат и да развијат вештини на истражување, пишување, аналитички вештини, вештини на усно аргументирање и дебатирање и создавање на соодветни истражувачки проекти.
-
[E2538] Анализа на англиски јазик
Целат на предметот е да се истражат прашањата за јазично образование поврзано со јазичните способности и образовните потреби на студентите кои бараат двојазична или мултијазична настава. Темите за кои се дискутира вклучуваат стекнување јазик, јазична педагогија, модели на програми, културни влијанија, обука на наставници и насоки на истражување. Исто така, целта на овој предмет е да се идентификуваат и анализираат ставовите, претпоставките и верувањата со цел да се артикулира какво е нивното влијание врз учењето на студентите.

Семестар 3
Семестар 4
-
[C2672]
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2673]
[10 ЕКТС]
Студентска мобилност
Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела надвор од државава. Целта на мобилноста на докторандите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.
Семестар 5
-
[DLCC0105]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[ELL-PHD-THESIS]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
„Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и толкување и презентирање на резултатите на систематски и научен начин.
Целта е студентот да покаже способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата го подготвува студентот за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница.
По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.