Програма: |
Кривично право (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Трет циклус (докторски) |
| Факултет: | Правен |
| Код на програмата: | N-PhDLAWCR180C |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Доктор по правни науки - Насока: Кривично право |
| ЕКТС: | 180 (3 години) |
| Решение: |
Целта на студиската програма е да се понудат напредни и специјализирани модули кои ќе обезбедат продлабочени, теоретски и практични сознанија од областа на кривичното право, со цел подготвување на студентите за високо-стручна и академска работа во правничките професии кои се поврзани со оваа област. Програмата има за цел да изгради високо квалификувани кадри кои ќе поседуваат цврсти, критички и систематизирани знаења за институциите, теоријата и основите на кривичното право во Република Северна Македонија, како и компаративни увиди од правните системи во регионот и Европската унија.
Како докторска програма, таа е наменета за кандидати кои веќе имаат солидна основа во областа на правото и кои се подготвени да развијат напредни истражувачки и аналитички способности. Преку интердисциплинарен пристап и примена на современи научно-истражувачки методологии, програмата ги поддржува студентите во градењето на сопствени академски ставови, во критичкото преиспитување на постојните правни теории и практики, како и во создавањето на оригинални научни придонеси во областа на кривичното право.
Дополнително, програмата има за цел да одговори на актуелните општествени предизвици, вклучително и појавите на организиран и транснационален криминал, прашањата поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата, како и заштитата на човековите права во кривичната постапка. На тој начин, докторската програма не само што ќе го зајакне научно-истражувачкиот капацитет на академската заедница, туку и ќе придонесе кон создавање на критичка маса на експерти способни за научно, институционално и општествено дејствување во насока на унапредување на правниот систем во земјата и пошироко.
Дипломата од оваа студиска програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да се оспособат за научно-истражувачка работа во областа на казнено-правните науки, како и за вршење на наставна дејност на универзитетите во земјава и во странство. Исто така, преку ова, тие ќе бидат активно вклучени во процесот на зајакнување на институционалните капацитети на државната власт, со цел унапредување на процесот на евроатлантските интеграции на земјата.
Знаење и разбирање
Студентите стекнуваат напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења во областа на казнено-правните науки, како и напредни познавања на законодавството и судската практика во сферата на спречување на криминалитетот. Тие има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции, особено во полето на компаративното казнено право и казненото процесно право, теоретската и применета криминологија и пенологија, организираниот криминал, како и форензичните науки (судска медицина, психијатрија и психологија).Исто така, студентите поседуваат специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
Студентите идентификуваат и анализираат комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, што му овозможува да игра активна улога во сите фази на казнената постапка и да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучително и во улоги како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавството на Република Северна Македонија).Тие го применуваат знаењето стекнато преку истражување при решавањето на проблеми, преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалитетот.
Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка, а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или како адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РСМ).
Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
Студентите развиваат напредно критичко мислење преку примена на методи на анализа и компарација. Тие развиваат вештини за решавање проблеми преку работа на покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јурисдикција.
Комуникациски вештини
Студентите употребуваат соодветна и прецизна терминологија при обработка на комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки. Тие донесуваат напредни и аргументирани одлуки и работи непосредно и ефективно во преткривичната и судската постапка. Активно се вклучуваат во научна аргументација и стручна дебата. Ги користат официјалните јазици на Универзитетот и поседуваат напредни информатички вештини неопходни за научно-истражувачка работа.
Вештини на учење
Студентите развиваат правилник за истражувачка работа кој се употребува во нивната професија.
Тие развиваат практика на продолжено учење ангажирајќи се при обука на лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[DLAW0101]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Предметот има за цел студентите: • Да стекнат продлабочено разбирање за природата и улогата на научното истражување во областа на кривичното право; • Да се оспособат за формулирање и структуирање на истражувачки проект во согласност со академските и методолошките стандарди; • Да вршат анализа, споредба и критичка евалуација на примарни и секундарни правни извори; • Да применуваат напредни техники за собирање, обработка и цитирање на научни и правни податоци; • Да демонстрираат академски интегритет и свесност за етичките норми во научното истражување.
-
[DCR0102]
[10 ЕКТС]
Кривично право - применета програма
Цели на предметот 1. Да се продлабочи разбирањето на студентите за клучните правни концепти и доктрини во општиот и посебниот дел на кривичното право, преку критичко изучување на релевантни и значајни судски пресуди. 2. Да се развијат напредни аналитички вештини кои овозможуваат прецизна класификација и примена на кривичноправните норми во комплексни фактички ситуации. 3. Да се негуваат практични компетенции за анализа и решавање на кривични случаи со користење на клинички метод кој ја поврзува теоријата со практичната примена. 4. Да се унапредат способностите за правно аргументирање, расудување и застапување, преку работа со автентични случаи и симулирани судски процеси. 5. Да се овозможи стекнување практично искуство преку супервизирани клиники за правна помош, со што се зајакнуваат етичката одговорност и професионалните вештини во кривично-правната пракса.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 2
-
[C2879]
[10 ЕКТС]
Кривично процесно право - применета програма
Казненото процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредуваат положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти што учествуваат во кривичната постапка, како и видот, формата и условите за преземање процесни дејствија. Предмет на изучување на оваа дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки. Во рамките на предметот, студентите стекнуваат продлабочено разбирање за начелата на кривичната постапка, ги анализираат предностите и недостатоците на различни процесни решенија и применуваат теоретски знаења преку практична работа. Наставата вклучува решавање конкретни примери и задачи, изработка на процесни акти, како и симулација на случаи.
-
[C2609]
[10 ЕКТС]
Пенологија
Цели на предметот: Предметот „Пенологија“ на докторските студии има за цел да им обезбеди на студентите напредна теориска и методолошка рамка за научна анализа на казните, институциите за нивно извршување и ефектите од казнената политика врз општеството. Целта е развој на компетенции за самостојно, критичко и научно засновано истражување во областа на извршувањето на санкциите, реформите во казнениот систем, заштитата на правата на осудените лица и улогата на казнениот систем во демократска правна држава.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 3
-
[C2610]
[10 ЕКТС]
Предлог-докторски проект
Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
-
[C2611]
[20 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година, кандидатот продолжува со научно-истражувачката работа во согласност со одобрениот индивидуален план. Менторот врши континуирана евалуација на реализираните активности и поднесува писмен извештај до Наставно-научниот совет.
Семестар 4
-
[C2612]
[25 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2020]
[5 ЕКТС]
Студентска мобилност
Во текот на четвртиот семестар, студентите се должни да реализираат мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела вон државава. Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност, студентот доставува до менторот соодветна потврда издадена од институцијата домаќин.
Семестар 5
-
[C2613]
[10 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
-
[C2614]
[20 ЕКТС]
Публикации II
Публикации (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[CR-PhD-THESIS ]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и интерпретација и презентирање на резултатите на систематски и научен начин. Целта е студентите да покажат способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата ги подготвува студентите за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница. По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.