Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Менаџмент на животната средина

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Институт за животна средина и здравје
Академска година: 2019 / 2020
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Студиската програма има за цел:

  • Придонес кон еколошките трендови кои се развивaат во нашево општество;
  • Поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми;
  • Научна истражувачка дејност;

По завршување на докторските студии, студентите ќе се здобијат со 180 ЕКТС. Своето знаење ќе можат да го применат во областа на Менаџмент на животна средина за истражувачки цели. Исто така, тие ќе бидат во можност да се вработат во институции кои што се специјализирани во областа на Заштита на животната средина каде што своето стекнато знаење ќе можат и практично да го применат.

Знаење и разбирање

Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на  методи и   вештини  за  истражување  во  рамките  на  тоа поле  согласно  највисоките  меѓународни стандарди;

  • Напредни знаења за природните процеси кои се одржуваат во животната средина.
  • Напредни еколошки теми кои што се ефектот на стаклена градина, кисели дождови, загадување на воздухот;
  • Напредни знаења за значењето на ефективната акција за заштита и уредување на животната средина;
Примена на знаењето и разбирањето
  • Покажува  способност  да  толкува,  дизајнира, применува  и  адаптира  суштински  предмет  на истражување со научен интегритет; 
  • Дава  придонес  преку  оригинални  истражувања кои  ги  надминуваат  постојните  граници  на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво  на  национални  и  меѓународни рецензирани публикации;   
  • Знаења на еколошки,економски и едукативни процеси;
  • Проследување на научните светски  трендови;
Способност за проценка
  • Способност  за  критичка  анализа,  оценување  и синтеза  на  нови  и  сложени  идеи,  имајќи компетенции за проценка; 
  • Способност за независно иницирање и учество во  национални  и  меѓународни  истражувачки мрежи и настани со научен интегритет; 
  • Способност  за  независно  иницирање  на истражувачки  и  развојни  проекти,  преку  кои  ќе генерира  ново  знаење  и  вештини  за  развој  на истражувачкото поле; 
  • Познавање на напредни концепти, стратегии и можности и нивна примена во решавање на одредни проблеми  од областа на управувањето  со животната средина;
  • Разбирање на заемната врска меѓу оштеството о околината;
  • Вештини на собирање, подготовка, анализа и прикажување на податоци за животната средина, неопходни за нејзино управување;
Комуникациски вештини
  • Може  да  комуницира  со  своите  колеги, пошироката  академска  заедница  и  со  општеството  во  целина  во  рамките  на  својата област на експертиза; 
  • Вештините кои ќе се научат преку обие програми можат да се поделат во вештини на делување (интелектуални и преносливи) и технички (практични и базирани на знаење); Според избраната програма резултатите од учењето со кои ќе се здобие студентот можат да се групираат во следниве групи;
Вештини на учење
  • Се очекува да биде  способен да  сe  промовира во  академски  и  професионални  рамки  и  во технолошкиот,  општествениот  или  културниот развој во општество засновано на знаење;
  • Составување на погодни прашања да упатуваат на значајна студија и истражување;
  • Дефинирање такви фундаментални концепти како што се животниа средина, заедница, развој и технологија, и примена на дефиниции кон локално, национално и глобално искуство;
  • Развој на хипотези   базирани на балансирани информации, круциални анализи и внимателни синтези, и нивно тестирање  наспроти новите информации, личното искуство и верувања;

Семестар 1

  • [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Цели на предметната програма: - Да ги разберат напредните научно истражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките аспекти на истражување. - Да прибираат истражувачки материјал, релевантен материјал кој ќе го користат во своите научни и публикациски активности. - Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност, со напредни техники, да ги употребуваат во научната и професионалната дејност. - Да го проучуваат со напреден пристап односот помеѓу теоријата и истражувачката практика. - Да применат вештини и знаење кои ги стекнале во своите докторски тези.
  • [10 ЕКТС] Право на животна средина
    Цели на предметната програма e да им овозможи на студентите да се здобијат со најзначајните знаења за правото на животна средина, почнувајќи од меѓународното па се до националното право. Особено, ќе се здобијат со знаења за меѓународната рамка на правна регулатива за животната средина и стандардите кои треба да се почитуваат во оваа област. Така, ќе се студира правото на животна средина како академска дисциплина,перспективите, концептуалните теоретски и практични проблеми при имплементација на правото за животна средина. Целта е да се здобијат со понапредни знаења за правото на животна средина и да им се помогне на студентите да ги развијат нивните знаења во оваa област.
  • [10 ЕКТС] Институционална поставеност и соработка во областа на животна средина
    Цели на предметната програма (компетенции): - Да ги прошираат знаењата и да ги развијат сознанијата за институциите што имаат надлежности во областа на животна средина, - Да ја разберат институционалната мрежа, која донесува одлуки во областа на животна средина, - Да ги разберат меѓусебните релации и соработката помеѓу институциите во областа на животна средина, - Да се оспособат да ги анaлизираат одлуките во областа на животна средина и да ги развијат своите аналитички и критички способности , - Да се оспособат за изготвување на стратешки и плански документи во областа на животна средина , - Да се оспособат за самостојна научно истражувачка работа.

Семестар 2

  • [10 ЕКТС] Напредни концепти од информациски системи
    Цели на предметната програма: Изучување на напредни концепти од областа на концепти и терминологијата на информациони системи - Напредни информациски системи и концепти: хардвер, софтвер, мрежи - Е-World: напредни решенија за е-бизнис и е-трговија - Развојни процеси - Да научат повеќе за напредните информациони системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредноститите и разните бизнис-процеси во организациите. - Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. - Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. - Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. - Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етичките и социјалните прашања. - Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и е-бизнисот. - Да се оспособат да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научно истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Економија и менаџмент на животна средина
    • Менаџмент на информациони системи
    • Одржлив развој и животна средина
    • Природни ресурси
    • Технолошки развој и животна средина
    • Оперативен менаџмент
    • Културата и свеста за животната средина
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Економија и менаџмент на животна средина
    • Менаџмент на информациони системи
    • Одржлив развој и животна средина
    • Природни ресурси
    • Технолошки развој и животна средина
    • Оперативен менаџмент
    • Културата и свеста за животната средина

Семестар 3/4

  • [20 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација- истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај I
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интереси каде и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

  • [10 ЕКТС] Истражување и организирање работилница за истражувачката практика
    Истражување и организирање на работилница за истражување е составен дел на студиската програма. Докторантите ќе ги прошират своите знаења, ќе го прошират истражувачкото мислење, ќе ги подобрат размислувањето и комуникациските вештини. Присуство и учество во работилницата, заедно со сродните дискусии со колеги истражувачи на теми опфатени во работилницата, на докторантите ќе им помогне во процесот на изработка на дисертацијата.
  • [20 ЕКТС] Публикации
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај II
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интереси каде и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

Семестар 6

  • [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот/Институтот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+