Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

E - технологии

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор на науки по е-технологии
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација

Третиот циклус на докторски студии по е-технологии при Факултетот за современи науки и технологии  ги поддржуватрадиционалните ИТ-технологии со нагласок на бизнис ориентацијата кон индустријата. Оваа експертиза е уникатна и е од голема важност за пазарот на трудот и клиентите кои сакаат да ги интегрираат своите е-системи во традиционалните ИТ-инфраструктури.  Програмата претставува продолжение на едукацијата на кадрите, кои ги завршиле додипломските и последипломските студии. Програмата ќе овозможи повисок степен на усовршување во научните, истражувачките и професионалните области и во нивните самостојни истражувачки дејности, како и во академската и професионалната кариера. Со овој процес на студирање студентите ќе стекнатакадемски, интелектуални и технички компетенции и вештини за комуникации преку различни форми за подготвување за научноистражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваат и бараат нов пристап кон подготвување на новите генерации со научни звања за потребите на општеството, кои се засновани врз знаења, а се наменети за глобалниот пазар на трудот во областа на е-технологиите.

Програмата предвидува продолжување на образованието на кадри, кои имаат завршено додипломски и постдипломски студии. Програмата ќе им овозможи највисоко ниво на научноистражувачката подготовка во професионална област и сопствени истражувачки активности, како и во професионална и академска кариера. Во овој процес на студирање, студентите ќе стекнатнадлежностите и академски, интелектуални и технички комуникациски вештини преку разни форми и ќе бидат подготвени за научноистражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваати бара нови пристапи за подготовка на нови генерации на научни сознанија за потребите на општество базирано на знаење и се посветени на глобалниот пазар на трудот во областа на е-технологијата.

Знаење и разбирање
  • Поседување на знаење и разбирање од областите е-технологиите и информационитеархитектури, мрежно општество и интернет-култури, интернет и веб-технологии сразмерно проширено во однос на студиите од втор циклус.
  • Способност за развој и примена на оригинални и креативни идеи во околини во коисе преклопуваат или се заемно поврзани областите на е-технологиите.
  • Способност за примена на интердисциплинарно знаење и демонстрација на специјалистички компетенции оде-технологиите.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критично, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати контексти или околини за кои се нема претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална организациска околина.
  • Планирање, водење и евалвација на независни истражувања во областана е-технологиите,имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
  • Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од е-технолошкитепроцеси и соодветно користење компјутерски алатки и околина базирани на дефинирани техники за истражување и испитување.
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со медија-процесите и со користење компјутерски алатки и техники.
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со процеситеспецифични за е-технологиите, за идентификација на соодвети специјализирани инстанци во областа на Интернетоти информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
  • Способност за јасно и недвосмислено донесување заклучоци, резултати, студии и знаење на специјалисти од е-технологиитеи информатичките области со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување за неспецијалисти.
  • Компетентност за критични, независни и креативно аргументирани истражувања, евалвација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
  • Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и групи во случаи во кои комнукациските, организацискитеи информатичките компетенции се од суштинска важност.
Вештини на учење
  • Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување самостојно и автономно во вообичаените бизнис и информатички области.
  • Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани и нови е-технологии.

Семестар 1

  • [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Цели на предметната програма: - Да ги разберат напредните научноистражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките аспекти на истражување. - Да прибираат истражувачки материјал, релевантен материјал кој ќе го користат во своите научни и публикациски активности. - Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност, со напредни техники, да ги употребуваат во научната и професионалната дејност. - Да го проучуваат со напреден пристап односот помеѓу теоријата и истражувачката практика. - Да применат вештини и знаење кои ги стекнале во своите докторски тези.
  • [10 ЕКТС] Напредни теми од областа на облак и ГРИД процесирање
    Целта на предметот е да овозможи детално запознавање со структурите за процесирање во облак и ГРИД процесирање кои се и техничко-технолошка основа за кое и да било е-решение. Презентирани се различните компоненти на овие системи, а исто така презентирано е и како овие компоненти се вклопуваат меѓусебно. Цел на предметов е да се даде тековен преглед на процесирање во облак и ГРИД процесирање кој го отсликува нивниот тековен прогрес, да се даде извештај за реалните искуства и да се објаснат достапните технологии како моментално така и оние кои се најавуваат од лабораториите, компаниите и телата за стандардизација. Процесирањето во облак е: „Дистрибуирана„ процесирачка парадигма од големи-размери, управувана од економијата – на – размер, во којашто постои избор на апстрактни, виртуализирани, динамично-скалабилни, менаџирани пресметувачки снаги, складишта, платформи и сервиси кои се испорачуваат на барање на екстерните корисници - муштерии преку Интернет. Облак процесирањето станува главната моторна сила за информатичките технологии во последниве години и нѐ упатува на тоа дека во иднина нема да процесираме на локалните машини туку ќе користиме централизирана опрема која е управувана од некоја трета-страна. Владите, истражувачките институции и индустриските лидери се во подем и брзаат да го адаптираат процесирањето во облак со цел да ги разрешат своите постојани барања за зголемување на процесирачката снага и за зголемувањето на меморијата во ерата на Интернетот.
  • [10 ЕКТС] Напредни концепти од информациски системи
    Цели на предметната програма: Изучување на напредни концепти од областа на концепти и терминологијата на информациони системи - Напредни информациски системи и концепти: хардвер, софтвер, мрежи - Е-World: напредни решенија за е-бизнис и е-трговија - Развојни процеси Да научат повеќе за напредните информациони системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредноститите и разните бизнис-процеси во организациите. Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. Да ја испитат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и е-бизнисот. Да се оспособат да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можаат да бидат: студии на случај, научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.

Семестар 2

  • [10 ЕКТС] Напредни теми од областа на информатичките и комуникациските технологии
    Целта на предметот е да овозможи во прв ред запознавање со новите светски трендови во развојот на енегетиката (производство, пренос и дистрибуција). Посебен осврт ќе се даде на следниве прашања: Технологии и концепти кои се во согласност со политиката на Европската унија за енергетски системи. Енергетски системи со поголема ефикасност, намален импакт во климатските промени, користење алтернативни извори на енергија и вклучување на потрошувачите во менаџирањето. Квалитет на енергија (Power Quality –PQ). Одржлив развој на енергетски системи. Воведување нови концепции како што се microgrid, smartgrid, inteligent grid, inteligent energy итн. Осврт кон smart metering и новите можности за мерење на физичките величини. Виртуална инструментација и нови методологии за мерења. Нови комуникациски можности во енергетиката. Користење напредни техннологии (IC) за менаџирање (monitoring & control) на современи енергетски ресурси. Концепти, критериуми и ризици во менаџирањето на енергетските системи преку ICT. Меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи. По завршување на предметот студентите ќе бидат запознаени со: - светските трендови во развојот на енергетските системи и мрежи, - политиката на Европската унија за ICT во енергетските системи, - виртуална инструментација и нови методологии за мерења, - напредни техннологии (IC) за менаџирање на енергетски ресурси, - меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Напредни теми од софтверско инженерство
    • Напредни теми од применета статистика
    • Напредни теми од XML и семантичен веб
    • Напредни теми од интернет архитектури
    • Напредни теми од компјутерски архитектури
    • Напредни теми од анализа и дизајн на алгоритми
    • Напредни теми од сигурноста во e-технологии
    • Напредни теми од биомедицинско рударско инженерство
    • Напредни теми од применети информациони процесирања и комуникации
    • Напредни теми од областа на информатичките и комуникациските технологии во енергетиката
  • [10 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Компјутерски криминалитет
    • Професионална комуникација
    • Теорија на игра
    • Јавни институции и менаџмент

Семестар 3/4

  • [20 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација- истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај I
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интерес кади и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

  • [10 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација- истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [20 ЕКТС] Публикации
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентациа на извештај II
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интерес кади и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

Семестар 6

  • [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+