Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ЗАЕДНИЧКИ СЕМИНАР ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ЗА ИСТРАЖУВАЧИ НА ТРЕТАТА ГРУПА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Во фондацијата за истражување и технологија – Хераклион , на островот Крит на 27-28 март се одржа последниот семинар на третата група за стратегијата за човечки ресурси финансирана од Европската комисија .

Дитурије Исмаили- одговорна на канцеларијата за истражување е лице за контакт за Стратегијата за човечки ресурси за истражувачи (Human Resources Strategy for Researchers -HRS4R) и таа учествуваше на семинарот како претставник од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Целта на семинарот беше да се подготви чекор 5 од HRS4R- надворешната евалвација- и исто така да се намали разликата на нивоата меѓу учесниците . Дополнително на главните специфични цели на семинарот за заедничко учење беше и можноста да се зајакнат двете дополнителни цели:

  • Тимски дух меѓу членовите на оваа група со цел ад се олесни соработката и да се постигнат позитивни резултати на активностите на групата

  • Ефектот на мрежно работење со што се олеснува односот помеѓу членовите на различните групи.

Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на третата група подготви GAP анализа и истата се испрати за евалвација до Европската комисија. Доколку има позитивна евалвација на GAP анализата и истата се прифати, УЈИЕ ќе биде потврден со логото „Извонредност на човечките ресурси во истражувањето“.

Google+