ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО
Ни претставува задоволство да Ве поканиме на Меѓународната конференција Креативни и критички пристапи кон литературата која ќе се одржи на Универзитетот на Jугоисточна Европа на 25 и 26 април 2014 година.
Дваесет и првиот век веќе генерира нови предизвици кои се обработуваат преку креативното пишување - колапсот на природната средина, тероризмот, промената на родовите улоги и светската економска криза.
Затоа, ги каниме писателите кои би сакале да пратат предлози за реферати кои се однесуваат на аспектите на креативните практики, критичкото мислење, како и пристапи кон kpeaтивната литература, посебно во релација со современото креативно пишување.
Предлагаме широк опсег на теми кои ќе ги покријат следниве области:
· Современи креативни одговори на современите проблеми
· Концептот на светската литература
· Естетика
· Вештини на пишување
· Промовирање на литературни дела - Мета-анализа на белетристиката
На Конференцијата можат да бидат опфатени и други теми, во зависност од квалитетот и бројот на апликации.
Конференцијата ќе им пружи можности на писателите да ги споредат литературните интереси и достигнувања како и да ги пренесат своите искуства и ставови за креативното пишување.