SEEU Review е меѓународно, рецензирано, електронско научно списание, , со отворен пристап кoeсе издава од Универзитетот на Југоисточна Европаво меѓународната академска издавачка платформа VERSITAhttp://www.degruyter.com/view/j/seeur
Нашето списание има за цел да обезбеди активен меѓународен форум за истражувања, анализи, дебати и ефективни предлози во различни области како што се: правото, економијата, јавната администрација, меѓународните односи, политичките науки, јазиците, комуникацијата, технолошките науки, животната средина и др.
SEEU Review го охрабрува научното истражување преку издавање на оригинална работа која демонстрира актуелност и релевантност од полето на студии. Доставените трудови ќе бидат рецензирани од страна на анонимни рецензенти од специфични области вклучени во списанието.
Авторите, чии трудови ќе бидат прифатени за објавување ќе бидат обврзани да плаќат 100 €.
SEEU Review се издава два пати годишно.
Упатства за доставување на трудови
Предадените ракописи не треба да бидат дадени на разгледување за издавање на некое друго место и доколку ракописот биде избран за издавање авторите треба да му доделат авторски права на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Ракописите до уредникот треба да бидат доставени на англиски јазик преку следнава е-маил адреса: review@seeu.edu.mk
Авторите треба да ги доставуваат статиите електронски до Научното списание на УЈИЕ во микрософт ворд формат и сите ракописи пред да се доставаат треба да бидат лекторирани од од лектори чиј мајчин јазик е англискиот. Сите материјали кои ќе бидат доставени треба да го следат стилот за формат и референци APA (American Psychological Association). Ракописите треба да содржат најмногу 8000 зборови вклучувајќи го тука и апстрактот (кој треба да биде да содржи од 200 до 300 зборови), референците и другите елементи.
Целосниот ракопис вклучувајќи го и апстркактот, референтната листа, и табелите треба да бидат презентирани во А4 формат печатени со единечен проред со големина на букви 12 во тајмс њу роман (TimesNewRoman). Треба да се започне со насловната страна на која ќе биде наведен насловот на трудот, името на авторот, институцијата и адресата за коресподенција, е-маил адресата, предложените кратки наслови за поглавјата и од три до пет клучни зборови. На следната страна треба да се стави називот на статијата и апстрактот а потоа да се продолжи со содржината на статијата. Сите страни мора да се нумерирани.
Авторите не треба да користат фигури. Доколку постои причина за употреба на фигури авторите мора да достават оригинални електронски копии во EPS,
Краен рок са доставување на трудови е 31 мај 2013!