Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

2014 успешна година за УЈИЕ

„За да бидеш успешен во ваква образовна средина, како нашава, значајна компонента е и посветеноста да се биде меѓународен универзитет“, рече на своето официјално традиционално обраќање за медиумите, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

„Денес, накратко, ќе се потсетиме на настаните што веќе се регистрирани во календарот на настаните за да не ги забораваме. Но во овој случај, потенцирајќи ги и настаните кои ги планиравме за во годината во која ние се подготвуваме да чекориме. Поставувањето на стандардите како репер за нас - Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува, систематски и структурирано да создава можности за напредок”, рече ректорот Дика.

„Оваа академска година на 15 студиски програми во првиот циклус, на 26 студиски програми во вториот циклус и на 12 студиски програми во третиот циклус се пријавија 15% повеќе студенти за разлика од претходната година. Оваа година, со поддршка на Федералната влада на Германија успеавме да акредитираме три студиски програми кои се реализираат со директна соработка со локалните компании во областа на менаџментот и на информациските технологии. Овие програми се дизајнирани во согласност со најуспешниот модел на таквите програми во Европа - „Двојните универзитетски студии“ во Германија. Уникатноста е во тоа што на оваа иницијатива се придружија и локалните компании со над 20 стипендии и со посветеност да создадат кадар со знаења и компетенции со кои ќе бидат во можност директно да се вклучат во пазарот на трудот. Ние дополнително го отворивме и технолошкиот парк, прв од ваков вид во Македонија. Сега четири компании функционираат таму, а во меѓувреме започнавме со професионалните програми за ИТ сертификати.

Оваа академска година, на Универзитетот на Југоисточна Европа околу 30% од студентите избраа да студираат на програмите на англиски јазик. Секој универзитет во светот каде што англискиот јазик не е мајчин јазик би бил горд да ги има овие бројки за студии на англиски јазик. За мене, овој факт е сигнал: пазарот на високото образование и економијата се глобализирани и желбата на нашата младина од Западен Балкан да стекнат меѓународни компетитивни знаења, за сите нас во академскиот свет станува предизвик. Во ова време на финансиска криза и бавен економски развој, ние освен стратегиите за оптимизирање на финансиите, успеавме да финансираме проекти за развој - од нашите финансиски извори, рече ректорот Дика.

Зборувајќи за сопствените инвестиции на Универзитетот, ректорот Дика рече: „И официјално ги зголемивме капацитетите и нашата академска понуда во Скопје, со инвестиција од повеќе од 700.000 евра. Во рамките на Институтот за животна средина и здравје – и нашите цели да го имплементираме Климатскиот акционен план – ние инвестиравме 200.000 евра за да изградиме фотонапонска централа за производство на електрична енергија. “

За идните планови на Универзитетот, ректорот Дика рече „Ќе продолжиме со нашите амбиции околу научното истражување и иновацијата, во рамките на Хоризонт 2020; Ќе продолжиме со ревидирањето на студиските програми од меѓународни експерти; Ќе продолжиме да ги промовираме интегрираните студиски програми со практика“.

Советникот на ректорот за односи со јавноста и комуникација, Демуш Бајрами им се заблагодари на новинарите за нивната работа и правилното информирање за нашиот Универзитет.

„Кај нас, и оваа година, имаше голем број настани, и тоа благодарејќи ви вам, кои нѐ следевте во секој чекор“, рече Бајрами.

Google+