Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се потпиша меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Еколог

Во Tетово (14ти мај, 2013 год.) Еколог и Универзитетот на Југоисточна Европа потпишaa Меморандум за соработка во кој се истакнуваат заедничките цели на двете страни и визијата за унапредување на високото образование и развојот на работната сила во државава. Во меморандумот посебно се истакнува партнерството на УЈИЕ и на Еколог и нивното здружување на силите во развојот и одредбата за програмата од вториот циклус на студии -Менаџмент со проекти скроена за индустријата која ќе се придржува на трендовите на индустријата и на пазарот на трудот и ќе служи на потребите не само на Еколог туку и на другите локални и меѓународни работодавци кои функционираат во меѓународен и во глобален контекст.

Меморандумот за соработка го потпишаа ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дикаиг. Лазим Дестани, претседател на советодавниот одбор на Еколог во текот на церемонијата на потпишување во просториите на УЈИЕ, материјализирајќи ја заедничката иницијатива меѓу индустријата и високообразовните институции, прва од ваков вид во Македонија .

Соработката ќе се развие во акредитиран заеднички институт за менаџмент со проекти за да обезбеди академски и професионални програми за сертификација и специјализирани обуки во менаџирање со проекти за да ги исполни посебните барања на индустријата,уште еднаш демонстрирајќи го лидерството на Еколог и на УЈИЕ во иновацијата и во најдобрите практики.

Најголемата причина за оваа соработка е добрата волја на двете страни да се осигури имплементација на новите трендови во последипломското образование, рече ректор Дика.

„Многу е важно што компанијата Еколог и семејството Дестани покрај проширување во меѓународни димензии не го заборавија Тетово, за да ја продолжат соработката со нас Универзитетот на Југоисточна Европа за основање на модерно образование преку студиски програми од овој вид“ рече во неговиот говор ректорот проф. д-р Замир Дика.

Преку истакнување на важноста на човечките ресурси и прилагодувањето на образованието со деловната средина , оваа заедничка иницијатива јасно илустрира зошто Еколог е глобален лидер во одредбите на интегрирани решенија за услугите за сложени и динамични средини низ целиот свет.

Претседателот на советодавниот одбор на Еколог, г. Лазим Дестани рече дека е задоволен што е денес тука во оваа академска средина каде што се потпишува меморандумот за соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Еколог.

„Со овој чин ние го отвораме патот за соработка меѓу универзитетот модел во регионов и нашата меѓународна компанија.Овој договор исто така помага на образовниот и на деловниот сектор да се движат со динамиката на модерните развои. Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на ректорот Замир Дика и на академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа“ рече г. Лазим Дестани.

Соработката меѓу УЈИЕ и Еколог предвидува соработка во сите аспекти на развој и одредбата за програмата од вториот циклус на студии – Менаџмент со проекти, вклучувајќи но не ограничувајќи се на инвестирање со доделување одреден број на стипендии по заслуга за оваа програма од Еколог, заеднички одговорности за развој и дизајнирање на наставната програма и испорака на заедничко знаење преку програмата на професори од УЈИЕ и експерти од предметната област со екстензивно искуство од индустријата и академски признати препораки достапни на Еколог преку внатрешни мрежи и центри.

Програмата Менаџмент со проекти е акредитирана од Одборот за акредитација и евалвација на Република Македонија и се развива за да ги исполни високо квалитетните академски и професионални стандарди.

Програмата ќе се нуди од оваа академска година (2013/2014)и има за цел да привлече таленти од целиот регион. Наскоро, заинтересираните кандидати ќе можат да добијат детални информации за оваа единствена можност на веб-страницата на Универзитетот на ЈИЕ.

Google+