Посетата беше реализирана во средата (8 мај), при што делегацијата се сретна со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р замир Дика и со претставници на Центарот за кариера на Универзитетот. Во текот на средбата ректорот Дика го сподели искуството на УЈИЕ во врска со основањето на Центарот за кариера, прв на регионов, со предизвиците и неговата улога во студентскиот и универзитетксиот живот. Меѓу другото, ректорот покажа подготвеност да им помогне на албанските универзитети во насока на основање на центрите за кариера за кои УЈИЕ веќе развива професионални и докажани активности за студентите. Делегацијата го посети и Саемот за кариера, една од активностите која УЈИЕ ја реализира преку Центарот за кариера и кој многу универзитети од Албанија планираат да го остварат оваа година. Делегацијата на универзитетите од Албанија покажа интерес за реалната улога, соработката со стдуентите и за следењето на нивната кариера преку Центарот за кариера. Претставниците на делегацијата изразија задоволство од можноста ЈИЕУ да им овозможи на албанските универзитети да го сподели своето искуство, затоа што тие се на почетокот на основање на овие центри.
Пет универзитети од Албанија бараат искуство од УЈИЕ за основање центри за кариера
9 мај 2013Делегација од пет универзитети од Албанија, во рамките на проектот „Ритје Албанија“- подржан од УСАИД, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа за да добијат искуство во врска со основањето и функционирањето на Центарот за кариера како и вклучувањето на предметите за развој на кариерата на студиските програми.
Повеќе вести
- На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
- УЈИЕ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на практичната настава и истражувањето во области од општествено значење
- Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
- Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
- Младите против насилството: Едукативна обука со средношколци на УЈИЕ
- УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
- Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ