Настанот го отворија Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, заменик-министерот за образование и наука на Р. Македонија г. Сафет Незири, градоначалникот на општина Тетово проф. д-р Теута Арифи и директорот на УСАИД во Македонија г. Роберт Вурц.
Ректорот Дика рече дека многу е значаен изборот овој настан да се одржи на нашиов Универзитет.
„ Универзитетот воопшто е место каде што се развива еден од најголемите човечки квалитети –интелектот. Јас сметам дека УЈИЕ е соодветно место каде што овие ученици имаат можност да ги презентираат и да ги имплементираат овие идеи во иднина“ , рече ректорот Дика.
„Образованието ги подготвува младите генерации за животот. Иднината на нацијата и човековата моќ е во образованието. Организирањето на ова образовно рандеву има за цел студентите да се натпреваруваат и да се социјализираат,“рече заменик-министерот за образование и наука г. Незири.
Градоначалникот на општина Тетово проф. д-р Теута Арифи рече „Мило ми е што УЈИЕ е местото за состанок на учениците од средните училишта затоа што УЈИЕ е обележје на градот Тетово. Како општина, ние ќе бидеме целосно посветени за да поттикнеме и да поддржиме иницијативи кои се однесуваат на организацијата и поддршка на новите генерации.“
Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г. Роберт Вурц рече дека „Рандевуто е наменето за студентите да ги покажат вештините со кои се стекнале и меѓусебно да се натпреваруваат. Јас им честитам на овие млади луѓе, на професорите и на УЈИЕ кои учествуваат во рандевуто каде учениците ќе ги демонстрираат нивното знаење преку различен вид на натпревари. “
Овој настан го поздрави и директорот на Економското средно училиште во Тетово, г. Зана Исмани која зборуваше за важноста на овој проект за спојување на младите луѓе и развој на нивните вештини.