По конфликтите во Западен Балкан, внесувањето на овој предмет во план-програмите на универзитетите се очекува да влијае врз мирното решавање на конфликтите, зголемувањето на довербата, создавањето клима на меѓусебно разбирање и воспоставувањето социјална хармонија.
Обуката се организира од Институтот за човекови права од Универзитетот Колумбија во соработка со Институтот „Макс ван дер Штул“ во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Универзитетот Колумбија е еден од најпознатите во светот во областа на истражувањата во социјалните науки, медицина и уметност.