Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон во посета на Молдавија за реформите во образованието

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон во својство на експерт реализираше посета во Молдавија и се сретна со претставници на Министерството за образование на Молдавија.

За време на состанокот беа разменети искуства за реформите во високото образование, при што професорот Фарингтон им препорача на молдавските власти да работат во модернизацијата на молдавските универзитети.

На овој состанок исто така се констатира дека основните принципи на флексибилност, искреност, новиот модел на менаџирање и јакнење на врските со бизнис-заедницата треба да се опфатат во новиот Код на образованието на Молдавија.Исто така се зборуваше и за двојните дипломи.

„ Јавноста мора да се мобилизира и да каже да, ние сакаме да се подобри квалитетот на образованието, ние сакаме да им дадеме на младите подобри можности “, рече експертот на Советот на Европа и претседател на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон.

Google+