На свечена церемонија, на 7. ноември 2012 година на Универзитетот на Југоисточна Европа на г. Стјепан Месиќ му се додели звањето почесен член. На церемонијата присуствуваа амбасадорот на Хрватска, Златко Крамариќ, амбасадорот на Албанија Арбен Чејку, градоначалникот на Тетово- Сади Беџети,градоначалникот на Гостивар- Руфи Османи, градоначалникот на Ѓаковица, членови на дијаспората во Хрватска, број на студенти и граѓани на Тетово.
Во говорот ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, проф.д-р Замир Дика, меѓу другото рече дека биографските податоци од г. Месиќ јасно ја одразуваат личност на човек со сензационална политичка кариера , полна со предизвици и ефективна мисија која ја покажува неговата храброст во одбрана на слободата, демократијата и мирот , секогаш промовирајќи го дијалогот и разбирањето меѓу луѓето.
„Присуството на г.Месиќ на нашиот Универзитет денес ја покажува посебната почит која ја имаме кон него и кон хрватскиот народ. Исто така, треба да ја споменам и интеруниверзитетската плодна соработка со Универзитетот во Загреб, кој цело време не поддржуваше во изградбата на капацитети, особено во областа на научното истражување“ рече меѓу другото ректорот Дика.
Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, изрази благодарност и задоволство што добива звање од познат универзитет како што е УЈИЕ.
„ Вашето присуство на оваа церемонија ме прави горд за извршената работа.Хрватска и Македонија направија многу во нивните најнови истории, но исто така има и многу други работи кои треба да се завршат. Наша цел би требало да биде борба против корупцијата и организираниот криминал. Ние мора да градиме и да ја зајакнуваме вистинската демократија и постојано да ја почитуваме политиката за човекови права Македонија и Хрватска немале меѓудржавни спорови и поради тоа односите меѓу двете земји се на највисоко ниво.“ рече претседателот Месиќ.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика исто така му додели благодарница и на познатиот активист од регионот во Хрватска, Идриз Сулејмани.
